СОВРЕМЕ, Самосвест, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

43. Можеби сам јас

Јас со тебе? Може, ама зошто?
Не знам кога ти сама можеш
ноќе, па и дење во секое време.

А нѐ дели, а нѐ оддалечи
непотребен, отфрлен, од нас
заборавен и минлив збор
без никакво значење,
за проштевање.

Ти уште со мене? Зошто може?
Не знам кога јас сам можам
во свет уште неразбран
од сонувачи кои никако
да излезат на виделина.

А меѓу нас сѐ мртво како живо,
што никогаш нема да заживее
за по нас некоја трага од нас
да остане неизбришлива.

Можеби сам јас?
Можеби некогаш.

Leave the first comment