СОВРЕМЕ, Навалици, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

18. Дека не совреме љубовта

Кога не беше, кога не е
и кога секако нема да биде
совреме
навалицава на оган
како страст и смирение,
навалицава на немост
како пеплосан миг
на предаденост на љубов,
навалицава на сомнеж
дека е сѐ
сал бесплодна игра
како ветер заробен
во сопствен вител,

ништо од нас,
ниту трага во минато
една,
ниту искра надежна
на наше траење,
ниту верба дека
ќе создаваме наш
нов свет
единствен на светот,
во кој ќе има
место, живот и паметење
за секој подготвен
да ја брани стаменоста
на сечиј чекор со нашите
кон непорекливи
срца и срцевини
на опстојот

совреме не може да се случи,
совреме не треба да се случи
и  нема совреме да се случи.      

Leave the first comment