fbpx Прескокни до главната содржина

Скала

Навнатре и однатре

Ја замислува скалата на својот живот која не почнува од првото скалило, туку од блиските до средината. Инаку речено, скалилата од блиските до средината веќе ги има искачено со еден или два чекора, а скалилата по нив, до средината и кон врвот сè подалечни едно од друго, значи за сè потешко искачување, со сè поголем напор. Не догледува чисто и јасно, па со уште поголемо замислување си докажува на себеси дека последните скалила, најмногу оддалечени едно од друго всушност не се тоа, Ги гледа како испрекинати линии кои он ќе ги поврзе, од кои ќе направи онолку колку што до нив ќе му преостанат здравје и сила.

Не може да си одговори зошто ја замисли скалата на својот живот толку голема, висока, до небото; исправена, со благи свијоци, без платформа, без каква било ограда и без да се потпира на дрво, ѕид или друго.

Се замислува себеси на замислената скала на својот живот искачен неколку скалила по скалилата на средината. Задоволен е оти се искачил до нив, особено оти има здравје и сила да продолжи да се искачува.

Прочитај и за ... >>  Докажан творец

Сепак, решава да се искачува не како до нив, со исти брзи и стамени чекори, туку забавено и внимателно. Затоа што скалата не му се гледа баш сигурна, стабилна. Настрана што нема каква било ограда. Дури како да се искривува ту на едната, ту на другата страна, прудолу кон земјата, под тежината на неговата снага. Згора и му ја разнишува рамнотежата.

Продолжува да се искачува, скалило по скалило, и веќе замислува не една, а сè повеќе платформи на кои ќе застанува и ќе зема здив за новите, до небото.

Се исплаши од помислата дека скалата што ја замисли може да се скрши сама од себе или да се сруши од немоќ во бурно невреме.

НАВНАТРЕ И ОДНАТРЕ, раскази/ескизи, 51

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.