Симо и сарма

Виц-блиц

Изедува Симо сарма и таа се сместува во желудникот. Малку потоа доаѓа пиво и ѝ вели на сармата:

„Ми рече Симо да ми направиш место“, и таа се поместува.

По две минути влегува вотка и вели:

„Ми рече Симо да ми направиш место“, и таа се поместува.

По две минути влегува вињак и вели:

„Ми рече Симо да ми направиш место“.

Сармата шизнува, па одлучува:

„Мрднете малку, одам надвор да видам што тој Симо сака!“

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.