Реанимација

Потребно време за читање: 2 минути

Со реанимација се прави обид по вештачк пат да се поддржат и засилат компензационите функции на организмот и да се доближат што повеќе до нормалната физиолошка рамнотежа.

Реанимацијата почнува веќе од првата помош и општата медицинска помош, а се завршува во високоспецијализирани здравствени установи. Во ваквите болници постојат неопходни апарати за оживување и следење на животните функции, како што се работата на срцето, белите дробови, мозокот, бубрезите и крвотокот.

Реанимацијата мора да ја познаваат сите лекари, а со неа најмногу се занимаваат лекари специјалисти- анестезиолози, хирурзи, травматолози и други, познати уште и како реаниматори.

Во распределбата на професионалната работа во шок-собите или реанимационите одделенија значајна улога имаат медицинските сестри и техничарите со средна и виша школска подготовка.

Видови реанимација

Реанимацијата може да биде: респираторна- воспоставување на функциите на дишењето, кардијална- отстранување на застој на срцето и нормализација на крвотокот, или општа- која во борбата против шокот подразбира отстранување на болката, запирање на крвавењето, надомест на крв и течности, хируршка обработка на рана или изгореница, како и имобилизација на скршена рака, нога, карлица или ‘рбетник.

Од сите наведени видови на реанимација, за одржување на животот е можеби најважна кардијалната односно кардиопулмоналната (KPR-срцево-белодробно оживувње).

Во потесна смисла, се работи за постапка која се спроведува по застој на работата на срцето (арест) со цел заштита на мозокот од оштетување поради недостатна или прекината циркулаџија на крвта, воспоставување на срцево-белодробна акција и избегнување на компликации. Ја почнува обично првиот кој ќе го затекне лицето во арест (на пример, на место на сообраќајна или некоја друга несреќа).

Во поширока смисла, тоа се одредени постапки чија цел е да не дојде до арест на срцето, значи обид да се воспостави нормална циркулација, работа на срцето и белите дробови, како и примерено функционирање на мозокот и останатите органи. Во таа смисла се спроведува ислучиво во медицинска установа, а ја изведува лекар со помош на медицински персонал.

Стандардите за KPR го препорачуваат следниот редослед на постапки

-Airway (дишен пат)
-Breathing (дишење)
-Circulation (циркулација)
-Дефинитивна (конечна) терапија)

Целта на првата фаза е да се заштити мозокот од оштетување со довод на крв збогатена со кислород, што се постигнува со ефикасна масажа на срцето и вештачко дишење. Мозочните станици се најчуствителни на недостиг на кислород и затоа се најнапред подложни на негово намалување, поради што настануваат трајни промени и нивно пропаѓање. За таа фаза се одговорни пред се срцевата акција и воспоставувањето на циркулација, т.е. масажа на срцето и вештачко дишење.

Постапките од втората и третата фаза ги спроведуваат медицински лица (итна медицинска помош или во медицинска установа).

Втората фаза подразбира воспоставување на спонтана работа на срцето, најчесто со медикаменти (кардиотоници, т.е. лекови за подобрување на неговата работа) и со електроопрема ( на пример, апарат за дефибрилација).

Третата, последна фаза претставува грижа за пациентот по воспоставување на работата на срцето, а поради заштита на мозокот и превенција од трајни оштетувања.

Leave the first comment