Почитувана техничка поддршко,
Минатата година го унапредив својата Дечко 5.0 програма во верзија Сопруг 1.0 и забележав дека новата програма прави неочекувани промени во модулот за книжење. Го ограничи пристапот Цвеќе и Накит со апликации кои работеа совршено под верзијата Дечко 5.0. Освен тоа, Сопруг 1.0 ги деинсталира повеќето мои програми, како што е Романтика 9.9, а инсталира некои модули кои ни самата не знам што значат, како што се Лига на фудбалски шампиони 5.0 и НБА 3.0. Од друга страна, Дијалог 8.0 и Чистење куќа 2.6 едноставно го уриваат целиот систем. Пробав ситуацијата да ја исчистам со програмите Кавга 5.3, 5.4 и 5.5, но за жал не постигнав ништо.
Очајна
Совет како одговор:
Драга Очајна,
Не сте обрнале внимание на декларацијата. Дечко 5.0 е забавен пакет, а Маж 1.0 е оперативен систем. Обидете се да ги внесете следниве команди> C:/МИСЛЕВ ДЕКА МЕ САКАШ и да ја инсталирате програмата Солзи 6.2. Тогаш би требало апликацијата Маж 1.0 автоматски да ја придвижи програмата Виновен сум 3.0 и Цвеќе 7.0. Но запомнете, претераната употреба на овој метод може да ја придвижи Непријатна Тишина 2.5 и Пиво 6.1. Посебно Пиво 6.1 е непријатна апликација! Никако не инсталирајте Тешта 1.0 и не се обидувајте да реинсталирате некоја од постарите верзии на апликацијата Дечко. И двете аликации не се поддржани, па само ќе го урнете Маж 1.0 системот. Во суштина, тоа не е лоша програма, но има ограничена меморија и не може да научи нови апликации брзо. Подразмислете за набавка на нов софтвер, лично го препорачувам Зачинета храна 5.3 и Секси долна облека 1.0. Внимателно користете ја апликацијата Кавга, зашто тогаш може да дојде до тајна инсталација на вирусот Љубовница 1.0, кој единствено може да го избришете со Приватен детектив 5.8 или дури со Адвокат 9.8. Тоа е мошне тешко да се изведе правилно, зашто може да дојде до ресетирање на системот Маж 1.0, што е неповратно и бара инсталација на Маж 2.0.
Ваша техничка поддршка