31. Исправен на сонце
Поблизу до сонцето,
потопло во срцето,
годините, времето;
на мој светол ден.
32. Нȇма ноќ
Буден во нȇма ноќ,
умор од црнотија.
Како јас со неа,
како таа низ мене?
Не ќе е ноќ
дека сум којзнае
од кога буден.
33. Желен
Желен за тебе уште
откога ме обѕида
тишина непрозрачна.