ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

28. Род

Родот со род живее,
памети, не заборава
што било, како било.
Род со род за живот.

 

29. Распеана

Се распеала птица
на ведро небо,
високо, високо;
скоро недогледна,
а гласовита.

 

30. Неспокој

Неспокој од сомнеж
ежедневен
ми капнува снага
сè уште стамена,
сè уште исправена:
дека иде невреме
кое од корени корне
угаснати и урнати
родни огништа.

Leave the first comment