Посета на генерал на Легија на странци во пустина

Виц-блиц

Дошол нов генерал на должност во тврдина на Легија на странци во пустина. Тргнал првиот ден во обиколка и додека ја обиколувал здогледал мазга врзана за еден столб. Го прашал најблискиот стражар за што служи.

-Господине Генерале, мазгата е за забава на војниците. Знаете, тука сме долго без жени…

-Па тогаш средете го малку тоа место, направете ѝ настрешница и слично.

Си ја продолжил генералот прошетката. По месец дена во пустината не можел да издржи, па решил и тој малку да се позабави со мазгата. Му наредил на стражарот да ја држи, а тој свршил работа. Додека се облекувал, олеснет и задоволен, го прашал стражарот:

-Кажи ми, дали и обичните војници тоа го прават вака како ние генералите?

-Па, Господине Генерале, обичните војници ќе ја јавнат мазгата и ќе одјаваат до најблиската населба со јавна куќа!

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.