Писмо на плавуша

Потребно време за читање: 2 минути

Му пишува плавуша писмо на својот син:

„Мил синко мајчин,
Ти го пишувам писмово за да знаеш дека ти пишувам. Ако го добиеш, значи стасало. Ако не, јави ми за повторно да ти го испратам. Пишувам бавно, зашто знам дека ептен читаш бавно.

Пред некој ден татко ти прочита во весник дека според статистиките повеќето сообраќајни незгоди се случуват 1 километар далеку од куќата-домот, така што неодамна и ние се преселивме малку подалеку од дома.

Куќата ни е преубава, имаме дури и машина за перење, но не знам дали работи. Вчера ставив облека да се пере, водата повлече и облеката веќе ја немаше.

Овде времето не е така лошо. Минатата седмица само двапати врнеше дожд-првиот пат траеше 3 дена, а вториот 4.

Во врска со онаа јакна што ја сакаше, вујко ти Перо ми рече дека ако ти ја испраќаме треба да ги извадиме копчињата, бидејќи се мошне тешки и тоа би нѐ чинело повеќе. Така што ги извадивме и ги ставивме во еден од нејзините џебови.

Најпосле го погребавме твојот дедо: го пронајдовме неговото тело кога ја чистевме куќата. Беше во орманот од оној ден кога избега додека си игравме криенка.

Пред некој ден во кујната експлодира плинската боца. Татко ти и мене експлозијата нѐ исфрли низ прозорец. Какво чувство! По толку години, татко ти и нас излеговме надвор заедно.

Бидејќи веќе го спомнав татко ти-тој доби нова работа! Мошне е горд, под него се наоѓаат 500 луѓе…Го вработија на градските гробишта, го одржува тревникот.

Сестра ти Стојна, ја знаеш онаа што се омажи за својот маж, најпосле роди! Сѐ уште не го знаеме полот, така што не знам дали си станал тетка или вујко. Ако биде девојче, сестра ти ќе ја именува според мене…Ми изгледа малку чудно својата ќерка да ја вика „мамо“.

Твојот роднина Стево се ожени…По цел ден се моли пред жена му зашто е девица.

И да знаеш дека повеќе не го гледаме твојот вујко Цветко, оној што умре минатата година.

А да не зборувам за твојот брат Аце…Тој е неверојатен! Замисли само, ја затвори вратата од автомобилот, а внатре останаа клучевите. Мораше да се врати во куќата за да го земе дупликатот и сите да нѐ извлече од возилото. Катастрофа!

Добро, синко мајчин, нема да ти ја напишам нашата нова адреса, зашто не знам која е. Семејството што живееше овде пред нас го зеде куќниот број од ѕидот и го однесе со себе.

Ако ја видиш Стојна поздрави ја, а ако не ја видиш не ѝ кажувај ништо.

Ти пишува мајка ти која те сака многу.

ПС. Сакав да ти испратам малку пари, но веќе го затворив пликото.

Leave the first comment