Оди пијаница в кафеана и му вели на келнерот:
-Јас само една и веднаш си одам.
Келнерот:
-Не служиме пијани гости.
Пијаницата излегува надвор, прави пет-шест чекори назад-напред, па се враќа ми вели:
-Јас само една и веднаш си одам.
Келнерот повторува:
-Не служиме пијани гости.
Пијаницата пак излегува и еве го пак:
-Јас само една и си одам.
Келнерот пак:
-Не служиме пијани гости.
А пијаницата му вели:
-Можам ли нешто да те прашам?
Келнерот:
-Може.
-Добро, има ли некоја кафеана во која ти не работиш?