Непознат, а знаен

Потребно време за читање: < 1 минута

ОН Е ОДАМНА НЕПОЗНАТ, А ЗНАЕН. МОЖЕБИ ОД ПРЕД ДВА-ТРИ ВЕКА. ИСТО КАКО УШТЕ ЖИВ И УШТЕ УМРЕН ОД ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ. ИСТО КАКО ДА НЕ БИЛ НИКОГАШ И ЌЕ БИДЕ УШТЕ КОЈЗНАЕ КОЛКУ.

ГО ПРОНАЈДЕ НЕГОВОТО ИМЕ БЕЗ ПРЕЗИМЕ ВО  НЕКОИ СТАРИ, ГРИЖНО ЧУВАНИ КНИГИ. МУ ТРЕБАШЕ МНОГУ ВРЕМЕ ДА РАЗБЕРЕ ЗОШТО ТАКА: ДЕКА ОДАМНА, МОЖЕБИ ОД ПОРЕД ДВА-ТРИ ВЕКА БИЛ МНОГУ ЗНАЕН И СЕКАКО ПОЗНАТ НА СИТЕ СО НЕГО, ОКОЛУ НЕГО, ПРЕД НЕГО, ЗАД НЕГО И КРАЈ НЕГО. СПОРЕД ШТО? СЕКАКО СПОРЕД ДЕЛОТО ИЛИ ДЕЛАТА ШТО ГИ СОЗДАВАЛ И ГИ СОЗДАЛ. СПОРЕД ШТО ДРУГО БИ МОЖЕЛО?

ДОЛГО ВРЕМЕ ПРОМИСЛУВАШЕ ЗОШТО Е ОДАМНА НЕПОЗНАТ. СИ ОДГОВОРИ БУДЕН ВО НИЕДНО ДОБА НА ЕДНА НОЌ: ЗАТОА ШТО ДОСЕГА, ДО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ СЕ НАШОЛ НЕКОЈ ДА ГО ИЗВАДИ, ДА ГО ИЗВЛЕЧЕ, ДА ГО ИЗДВОИ ОД НЕКОИ СТАРИ, ГРИЖНО ЧУВАНИ КНИГИ!  

ЗНАЧИ, ОН Е ОДАМНА НЕПОЗНАТ, А ЗНАЕН. И ШТО? ШТО ШТО?! ПА ТОА ДЕКА Е ТОА АПСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВО. НИТУ ЗА ЛУЃЕТО, НИТУ ЗА НИВНОТО ВРЕМЕ, НИТУ ЗА ВРЕМИЊАТА ШТО ИДАТ. МОРА И НАТАМУ ДА СЕ ЧУВААТ ГРИЖНО СТАРИТЕ КНИГИ, ОД ПРЕД ДВА-ТРИ ВЕКА, НЕКОИ И ПОВЕЌЕ И ПОМАЛКУ, СОСЕ НЕГО НЕПОЗНАТ, А ЗНАЕН. НО, И ОН ДА СЕ ИЗНЕСЕ НА ВИДЕЛИНА. СЕ РАЗБИРА, СО ИСТОВРЕМЕНО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ НА НЕГОВОТО ДЕЛО ИЛИ ДЕЛАТА ШТО ГИ СОЗДАВАЛ И ГИ СОЗДАЛ.

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 43