НЕКОГАШ ПОНЕКОГАШ ИГРА, поетска студија за играта

Потребно време за читање: < 1 минута

39. Се раѓа срце

Во твоето и моето срце
се раѓа срце
што ќе ја продолжи играта
на нашите тела,
на нашите мисли
и на нашите настроенија.
Самостојна, за нов свет.

Скоро ќе се роди,
можеби во рани зори
на спокојно будење,
можеби уште во сон
за непорочна, непокорна,
нескротлива љубов.

Ќе го земеме за раце
кога ќе се роди,
па заедно ќе тргнеме
кон догледен хоризонт,
без недоумици,
без недоследности
и без бесмислености.

Leave the first comment