НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, III, 906-1.000

Потребно време за читање: 5 минути

906. Сум ти помогал некако? Сум заборајл.

907. Џабе ти викам да не збориш џабе.

908. Нема кој да ти поможи да станиш? Е па веќе нема.

909. Шо си дробел ќе се искркаш и па гладен ќе бидиш.

910. Кој решил усвет да вати, никоаш нема да се врати.

911. Не ти вреди имањето ако немаш за кого да го имаш.

912.-Како ти је?
-Како било.

913. Било шо било со него, бил шо бил, а не остајл ништо негоо за паметење.

914. Не мојш да ме прескокниш оти сум високо, та превисоко за тебе.

915. Он си ја ебал мајката, ама во меѓувреме нешто заебал, па наебал.

916. Да те пуштиме да бидиш над нас ко шо си? То никако!

917. Ко шо не бидуа од ништо нешто, не бидуа ни нешто за ништо.

918. На старос сè помачен је чекоро по стоење во место и стануање на свои нозе.

919. Не је исто ко шо беше, ама добро је.

920. Не си чул за мене и не знајш ништо од мене? Па научи бе, чоек.

921. Голем за големи и со големи, мал за мали под големи.

922. Ако сакаш ќе узнајш, а ако не сакаш ќе си останиш на шо си.

923. Ми го болиш срцево со твојто молчание.

924. Ќе те сечи, ќе те боди, па ќе те остај некое време за после пак да навали. Дур не те ничкоса наземи шо појќе да не си.

925. Не моом да се изнагледам на слободна и горда убајна.

926. Чудо едно како жилаво се бранат бездарните со непризнание на оние шо се на својте врвој.

927. Одењето во неврат бидуа ко ќе биди.

928. Оти сакаш да знајш шо је со мене кога од дамна не сум ти пред очи?

929. Пишаното во паметење не се бриши.

930. Шо прајш кога веќе немаш време за допрва почнуање? Продолжуаш.

931. Се смејш кисело оти нема да бидиш последен шо ќе се смеј најслатко.

932. Пука тивката од шо има мака, а не од презрејување.

933. Не соли ум на безумен.

934. Некако не ми је ко шо се докажуаше како ќе биди.

935. На правио стопан не му је до негоо богатење, ами до од напред понапред со стопанисуањето.

936. Предвреме и совреме во свое време.

937. Зошто ти пречи шо ке од мене кога не ти се натура?

938. То засега не ме засега.

939. Мои дела за мене, ако сакаш и за тебе.

940. Само ми је жал оти не си со мене.

941. Заболуа, доболуа, надболуа, преболуа, па се забораа.

942. Ич не се думам шо и како. Гајлето ми је до кога вака.

943. А бе ја неам проблем со трпението, ама веќе нејќам то да биди за спасение на оние шо ги трпев.

944. За себеси чоек создаа дури је жив, а создаеното можи да биди и за други.

945. Секој си знај како му је. Секако му је полесно ако си знај и зошто му је.

946. Би сакал па да бидам макар маку време со драги и убај луѓе од дамнина.

947. Никој не живеј во минато. Се разбира оти секој живеј денес и за утре. Судбинско је шо без минато нема ништо за паметење ни денес ни утре.

948. Ако си добронамерен, не ми треба да знам кој си и шо си.

949. Оддаден на љубов и добрина.

950. Живото не се живеј како било, ами ко шо сакаш ти или ко шо можиш.

951. Со мене и за мене си? Тогај, тргај напред не запирајќи.

952. Неубоо је да преречуаш или доречуаш шо сум рекол ја. Убоо је да речиш ти шо мислиш.

953. Ја си знам дал ми је лесно и колку ми је тешко. Не мора да знај никој друг.

954. Ништо не бидуа шо било, кога веќе друго бидуа.

955. Нашите светој се толку далечни, колку да не можат ни малу да се доближат.

956. Штом ти влезат в срце за да видат дал ти је здраво али треба нешто да се попраа…

957. А бе, не земај ми го зборо секоаш ко здраво за готоо. Можи ми је за шо сакам да кажам, за поткажуање и недокажуање.

958. На добрите соседи добар сосед, на лошите сал сосед.

959. Посега по туѓо оној кому негоото му је ја мало ја и то мало не је негоо.

960. Лош домаќин не прима добар гостин в куќа. Или го прима за да му напакости али да го понижи како било.

961. Тапоумнио се припознаа оддалеку.

962. Простако никако не можи да го сокрие својо простотилак.

963. Страво је немерлив од мал, а голем народ.

964. Љубовта не је сè во живото, ама без неа живото не је живот.

965. Кога је свршено меѓу двајца:
Кај сум не ти кажуам, кај си не те прашуам.

966. Првин распрашај се кој знај, а после прашај го тој шо знај. Ако ти је да знајш.

967. Секоаш се појќе патиштата до целта, а саде еден је правио, најлеснио и најбрзио. Маката је да го избериш.

968. Неќу да те познаам и крај!

969. Ја си пишуам, а ти ништо не читаш.

970. Ако сакаш да поживејш здраво, мирно и чоечки, бегај шо подалеку од град преполн со секакво ѓубре и отруен со секакви отрови, алчност, себичност, злост и пизма.

971. Остај го сам да покажи дал го бива или не. Ама не му давај да ти штети.

972. Не ти чини работата оти неќиш, а мораш да ја работиш.

973. Без тебе ништо не ми значи ко со тебе.

974. Лопшотилако низ нос ќе ти излези.

975. За народ си ако си народен, а не однароден.

976. Не вади од уста прав збор за прав чоек.

977. Ќе беше ако не беше шо мораше да биди.

978. Ја со вас крај домашно огниште.

979. Ништо не прајте чим не сте со добра мисла меѓу лујѓе.

980. А бре голтари ниедни, прво најдете си го срамо шо ги загубивте, та после излезете на виделина.

981. Ни ѓаоло не прај ѓаолштини за ништо.

982. Не си сам кога си сам со својта љубима.

983. Не можите за ништо да ми се ватите.

984. Шо си, кај си и со кого си-то си.

985. Некоаш ми иди да остаам сè со мене шо је од мене. Ама си велам шо ќе ми го то сè без мене.

986. Се разминавме и не се поздрајвме оти во меѓувреме се заборајвме.

987. Госпо ми дал шо је во мене за да раздаам на лујѓе.

988. Ни сум чул ни сум разбрал нешто за тебе. Зато се чудам од кај ти знајш за мене.

989. Со маки се раѓа чоек за ко чоек маки да трга до умирачка.

990. Ја излези на порти за да се збогуаме пред да си го ватам пато шо ќе ме води кон којзнај каде.

991. Он је ем голем ем виден ем радо послушуан со својте мисли и дела.

992. Ти си ко ниедна друга љубов во мојто време.

993. Рани куче не да те лае, ами да ти го поддржи властољубието.

994. Јас си со власта и за неа, ја си за никаде.

995. Оти некој дури со судни маки пробуа да те замолчи? Зато шо го боли то шо му го плескаш во сурато.

996. Колку појќе зависиш од факторо, толку помалце он те есапи ко фактор.

997. Припомагај со љубов.

998. Никој не је од денес, па нито од вчера. Секој је од време, со време и за време.

999. Кој остаа безимена трага, тој је за во бестрага.

1.000. Љубовта је за заедно и меѓу блиски и меѓу далечни.