НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 617-666

Потребно време за читање: 3 минути

617. Парите се отепуачка чим се отепуаш од праење пари.

618. Свето је голем али мал колку шо је наш.

619. Рекло мудро старче и уште је живо:
Вчера било шо било, денес је ко шо је, а утре ќе биди шо не било али не треба да биди.

620. Отровна пизма во тебе од шо знајш шо ти следуа по сето зло шо му го стори на народо.

621. Мораме сè да прајме за однапред и никако со оние шо се научија сè да им праат одзади.

622. Ако не можи инаку, тогаш нека биди како било.

623. Појќе учи се сам, отколку шо те учат друзи.

624. Бегај од ојаденио. Некоаш не знај шо прај.

625. Од шо се мрази себеси, мрази секого.

626. Тргај навреме за да стасаш кај шо си наумил.

627. Измачена душа на чоек чоечен.

628. Некоаш повторувам речено оти галиба не било дочуено.

629. Не го љубиш оти нит го знајш, нит сакаш од него бар понешто да узнајш.

630. Да ви кажам прао, ич не ми је гајле дали ви је криво али право.

631. Не велам оти нема таков, ама ја во живото мој не сум сретил богатник со богат дух.

632. Се качиле соседски петли на туѓо буниште за да им пеат на петли шо ги онадат и нив и нивните кокошки.

633. Пред да тргнеш кон нов крај, треба да знајш до каде и до кога во меѓувреме.

634. Пајако ја плети својта мрежа за во неа сами да се уловат оние шо му се за ловење.

635. Не сечи дрво шо ти прај ладовина за почин.

636. Денеска да знајш како за утрешна арнина.

637. Убоо живеј чоек ведар ем насмеан.

638. Појќе пиши, помалце бриши. Поготово кога пишаното не је за бришење.

639. Пријателите се пред сè за спомагање со добро.

640. Нигде те нема откога најмногу ми требаш.

641. Ај шо се мешаш во готвењето на манџата, ами уште ти ја солиш и забиберуваш.

642. Можи да се испрај грешка шо је грешка. Ама кога је злодело, то мора да се казни.

643. Не ти се ни близу, та те оддалечуаат шо подалеку од себеси.

644. Од чист чоек бегаат извалкани.

645. Чиста сметка по чиста пресметка.

646. Почитуањето на редо и поредоко значи оти си за ред и поредок. Кој то не го почитуа, не је за со лујѓе и је злодеец.

647. Подобрио мора секоаш да се докажуа оти је.

648. Чоек је дури је при ум. Ко ќе го изгуби, никој не го гледа ко чоек.

649. Нема живот без љубов права со некој али спрема нешто.

650. Шо било појќе да не биди, а да биди шо требало и шо мора да биди.

651. Ништо не прифаќај здраво за готово, туку гледај со својте очи и мисли со својо ум.

652. На стари години чоек неќи да мисли за она шо било оти морало да биди.

653. Дури можам, ќе бидам каков шо ме знајте.

654. Не барај ни ука ни поука од оној кој изминатио живот го минуал од лесно полесно.

655. Ништо од мене кажано не било, ниту је за колку да биди кажано.

656. Саде на сон ми идиш оти нигде те нема на јаве.

657. Шо и да прајш, прај го со усул. Да не можи никој ништо нито да ти преречи, нито да одречи.

658. Ако не се попраа, ја растури го ја батали го.

659. Глупавштината секоаш на виделина. Поготово онаа шо скапо се продаа.

660. Не се подмачкуа саде еднаш. Ко ќе почниш, нема крај до крајо.

661. Сечи го совреме гнилото за да остани здраво уште здравото.

662. Паметнио никоаш не им дели ум на будали. Заошто? Зато шо никоаш не се најдува меѓу ними.

663. Немерливо зло сторено врз исконски народ од изроди, апашишта и платенички лигуши. Немерливо и ако се остаат на слобода.

664. Шо подалеку од оној кој не те есапи ни за жив али те разнебитуа за да те нема.

665. Или ќе сме шо сме или појќе нема да нè биди.

666. Боли шо меѓу нас веќе не можи ништо да биди.