386. Страшливецо најмногу се страши од сенки нечоечки.
387. До чоеко је најмногу.
388. Се појќе се уморуаш? Не ќе је од годињето, ами од премрежињата во живото.
389. Варди се од древни волци во јагнешка кожа.
390. Поарно совреме смени се или промени се. За да не те отераат во бестрага.
391. По пораз је доблесно и чесно да се повлечиш достоинствено.
392. Почнува се од почеток откако ќе заврши крајо.
393. Убоо чупе милно ми се смее, ми игра и ми пее.
394. Ништо не прајме без љубов.
395. Бадијала си го арчиш умо пробајќи да му го дотераш умо.
396. Белосветскине биле поглупај од шо мислевме.
397. Им се расипаа сметките, та стануваат уште порасипани од досега.
398. Никој не можи против исконски народ на своја земја исконска.
399. Не је нормално ти со туѓ интерес против својо.
400. Првин да ги збришеме душманите во нашите први редој.
401. Љувов таена му го скина срцето.
402. Безумни и безразумни соседи, а се перчат, а се силат.
403. Кажи шо мислиш, па шо сака нека биди.
404. Не греши за некогаш друг да ти ги поправа грешките.
405. Не се ни познаваме, а ти сегде лошо им збориш за мене на оние шо ме познаваат.
406. Злото никогаш не го победува доброто на крајо.
407. Правам за да не се доправа и поправа од друг шо не знај да прај.
408. Варди при се зијан да не бидиш.
409. Од сеир нема аир.
410. Љубима, да тргаме кон изгрејсонце.
411. Никоаш ништо лесно нито почнало, нито ќе почни.
412. Тврд орев крши и расипуа заби.
413. При неверуање, барем надеање.
414. Чесно и искрено за леснина.
415. Ќе разбериш кога сакаш оти треба.
416. Саде беда од прескапа власт.
417. Ти брго ме заборај, а ја тебе уште не.
418. Треба заедничко време за се шо је наше.
419. Да се помагаме за нас колку шо можиме, ама и да се вардиме од секој шо има ниет да одмага.
420. Со свето владеј саде интересо? Саде со него не свето, ами чоеко нема да преживеј.
421. Не барај ме ако не си требаме.
422. Стамено напред, па до кај ќе стасаш.
423. Ти си со ними, а ја не сум со никој. Па шо?
424. Убајната е најубаа на виделина.
425. Нечистио ум слободарски ќе го стај во пранги.
426. Предавнико можи да избега или да се сокрие, ама предавствата нема да му се забораат.
427. Горд је мирнио и трпелив, а непризнаен народ.
428. Духо светол го прај чоеко чоек.
429. Тежок и мачен живот, ама не молчи и не можи да се замолчи.
430. То је шо је-засега.
431. Од вистината се страши оној шо пробуа со лаги да ја сокрие пред свето.
432. Таена љубов до смрт не умира.
433. Да се прибериме, да се собериме, да се сплотиме, та заедно да си го напрајме животецо спокоен и надежен.
434. Не биди толку жолчен. Така се прикажуаш слабак и ништожен.
435. Појќе пати мери, па сечи да биди по мера сечено.
436. Политиката је проста за недоветни политичари.
437. Никој не те верува откога му излезе на народо ко гол цар.
438. Живејш во време шо било, та не си за времево шо је.
439. Доста је шо се уште ми идеш во спокоен сон.
440. Фатиле уплав, та се пењават јадејќи трици.
441. Допрва ќе ви се удираат од глајте пакостите и злодејанијата шо ги напрајвте.
442. Мирно ќе спиеш и мирни соној ќе сониш ако ти била чиста работата.
443. Чисти пред себе за да остани чисто по тебе.
444. Политикантине белосвецки кога им гори под нозе се покажуваат ко шути и рогати.
445. Трча ко прле пред магаре, а је муле.
446. Ти за мене не си нигде.