410. Гледаш, не ти се верува шо гледаш, а ништо не преземаш макар сал за твое добро.
411. Веќе не знајш шо и како да излажиш, та почна да се прајш наудрен. То ти је најлесно оти си напраен таков.
412. Ќе се докажи ли барем еден во северџганскава власт ко чесен, умен и зналец?
413. Поарно ич да не носат гашти, одошто да одат стално со симнати.
414. Нашиве властодршци сè појќе се прикажуаат ко лудаци кои глумат лудило.
415. Ојде во неврат, а никој ни да се праша оти.
416. Кој го знај ко свршуач, не мора ич да му плати.
417. Ѝ ебавте мајката на таткојната, голи пилиштари низаедни!
418. Ме следи некој по задача али ми је следбеник?
419. Не знам ништо за љубовта ми. Зато шо ја нема нигде.
420. Белки знајш оти стока је за стока и со стока.
421. Не можите ни да домислите како ем колку народо ќе ви врати за сè шо му напрајвте ем му прајте.
422. Сè помачно работам и творам оти ми је веќе смачено од сè.
423. Не можиш да избегаш од вистината. Поарно за тебе шо поскоро да се фатиш во костец со неа.
424. Ем грмам ем сум громогласен. Ама шо оти кога не ме послушуаат оние шо треба!?
425. Ништо арно од политиканти, апашишта и измеќари на власт.
426. Одамна ни миг заедно во живот.
427. Се гледа и се слуша оти си неарен во умо. Али ти је помрачен али ти је заробен. А можи и то и то.
428. Со мракобесие навалиле на мудроста на народо.
429. За слобода кон слобода во слобода.
430. Живото минува, а ти сè поназад од него.
431. Успокоен од љубов.
432. На безумен му порачуаш да бери ум зашто му привршуа времето?!
433. Будала не предводи слепи и глуви, ами будали.
434. Ја редат работава ко шо им је наредено.
435. Нему умо не му сечи толку, ами не му сечи ич.
436. Сè помалу со здравје и исправена снага, а сè појќе со болештини, премален и наземи ничкосан.
437. Ако си во љубов, ти се можи сè.
438. Не ми треба од ними извинение за сторените зла и неправди. Достатно је ако им тежат.
439. Народо не ве сака, а вие прајте уште за да не можи да ве поднеси.
440. Ќе ми пукни срцево од шо не ме сакаш.
441. Шо друго да очекуаш, освен предавства и велепредавство од измеќарски и платенички партии на власт?
442. Ја знам, а ти мислиш оти знајш.
443. Ќе биди шо је дамна замислено, смислено, пишано и нацртано.
444. Да ти кажи стар бел дедо, детуле:
Не е важно шо ќе научиш дури учиш, ами да научиш оти цел живот треба да учиш.
445. Големо гајле си имам дали је ова сушна ем неплодна година, али сушно ем неплодно невреме шо ќе трај до којзнае кога.
446. Џганов владеј и кради оти џган го владеј и на џган му измеќари.
447. Многу од мене за тебе без нас.
448. Водата ја матат мативоди од изворо до вливо.
449. Треба да си чоек за да бидиш чоек.
450. Чудовишни властољупци на власт за злосторства врз народо.
451. Ем гнило сè ем смрдеа сегде.
452. Доста се прашуаш до кога ќе трпиш изроди, измеќари, апашишта и велепредавници на власт. Веќе нема до кога.
453. За ука и поука на опозиција:
Фрли му на куче коска и то ќе престани да лае.
454. За чудовишни властодршци секое чудо за три дена. Дури ни за три.
455. Згрозени на власт кои заташкуаат и бранат грозоморие!
456. Дно и по дно. Оти нема дно.
457. Достоен за љубов.
458. Не можи со нечоек шо било чоечки.
459. Апашиште на власт и утрешо го има испокрадено.
460. Треба да ти је срам шо дозволуаш да те предводи чоече со изветреан ум.
461. Од мафијашки јазли саде со меч и огон можиме да се ослободиме.
462. Да сум на нозе, би стоел бестрашно испраен пред ветриштево и црниве облачишта.
463. Ако си свој на своему, никој ништо не ти можи.
464. Ми прај мачнотија во стомако и гнев во срцево кога ги гледам и слушам властодржачкиве гојда впрегнати во јареми.
465. Љубима, нема за мене спокоен сон дури ми идеш на сон.