418. Го налегнаа лута болештина и голема секирација, та веќе не стана кутриот. Чека да умри.
419. Доста прајш будалаштини, будалиште ниедно!
420. Никој не ти је крив оти си уште прав.
421. Шо ќе им кулртура кога не знаат шо је то?!
422. Мал простак на село, голем во град.
423. Бедна је секоја богата власт шо владеј со беден народ.
424. Бре луѓе, шо таксират нè снајде. Сранци да ни се серат на глајте ни!
425. За пуста власт дозволуаш да те праат будала, а не си!
426. Не мојш стално да го лажиш народо. Мојш еднаш али два-три пати, и толку.
427. Најжално је шо сè помалу имаме за радуање.
428. Не сум овде? Важи! А шо је важно кај сум дури сум?
429. Мене ми се чини оти чоечево не да не сака да мисли, ами толку му сечи умо.
430. Поарно не прај појќе ништо. За работава со тебе да сврши побрго.
431. Кога саде се кради, нормално је еден ден да снема пари и сè да пропадни.
432. Како бе не ви текнуа?! Се напаѓа системо за да не се знај кои се шо краделе и кој колку украл.
433. Смени денеска нешто на поарно. Не прај исто ко вчера али уште полошо од завчера.
434. Не мачи се да ми се прикажуаш ко шо не си. Сите се знајме одамна.
435. Не мојш ни да замислиш колку је мачно да ја љубиш, а она да не сака ни да чуе за тебе.
436.-Ти си оној шо наводно умре пред некое време?!
-Да бе, оној сум наводно!
437. На лице ти се гледа оти не чиниш. Брго ќе падниш за појќе да не станиш.
438. Нит` ќе ме видиш, нит` ќе се видиме. Чим ти сакаш така.
439. Кој ѓаол ве тера да запињате сè да биди по ваше?
440. Си фалиме, ама за нас нема назад.
441. Наместо да му ја летнеш одавде оти нејќеш да ползиш али да коленичиш, испрај се и сила покажи.
442. Мене ич не ми је убоо вака. А тебе како сакаш, така нека ти биди.
443. Ти можи да не знајш, ама ја знам оти љубовта ќе нè надживеј. Ич да не се секираш за неа.
444. Не се одљубуа чоек на стари години.
445. Ја сум поприлично стар за да можам да се замислуам оти сум млад.
446. Ко секој друг, и ја имам некои нешта шо не се за кажуање.
447. И ја сè поначесто си велам за мене и за мојто дело „Нека биди шо ќе биди“.
448. Не прајте ништо за шо не сте го прашале народо. Оти ако прајте, не мојте ни да замислите шо он ќе ви напрај.
449. И да знајш и да не знајш да владејш со други, со мене нема.
450. Мене сè ми кажуа оти гнилио Запад скоро ќе изгние.
451. Стварно е да се чудиш како можи дребнаво старче да создај најголемо дело на свето.
452. Мојте зборој и мојто молчание на љубовнио огон во твојто срце не му даваат да згасни.