ЗРЕЛОСТА
Со зрелост во зрели години и до длабока старост.
Македонски народни пословици и изреки
Во беда и што ти треба зрел си од рано.
Децата не се за зрелоста и староста на татка си и мајка си, ами на своето детинство.
Дојде ли старост, и присмев дојде.
Збирај на младост, да имаш на старост.
Зрелост-слава на годините.
Иде зрелоста без или со наше сакање, за добро или лошо.
Немаат секогаш врска годините и зрелоста.
Пословици и изреки од народи на светот
Зошто децата ги учиме најпрвин на тешкотиите во зрелата доба? (Турска)
Зрелост е кога се мисли, заклучува и дејствува самостојно. (Италијанска)
Како зрел го чувствуваш движењето на времето како да си во љубов со него. (Француска)
Нема човек во зрела доба кој не ја мрази незрелоста. (Германска)
Се помируваш со своите слабости-значи си созреал. (Норвешка)
Има луѓе кои живеат како созреани плодови и затоа се чувствуваат силни. (Српска)
Кога ќе се искачиш на врв на рид, не си поблиску до ѕвездите, туку ги гледаш подобро. (Германска)
Кој нема страв, не живее долго во зрелоста. Умира паѓајќи од дрво, давејќи се во река или доживува некоја друга смрт. (Романска)
За слободните луѓе зрелиот живот се состои од низа лични избори и решенија. (Француска))
Латински изреки
Болката во душата не иде од незрелост, туку од реално гледање на нештата.
Во зрелоста човек станува сè поосамен.
Зрелоста почнува од младоста.
Љубомората е својствена на незрела душа.
Младост-непостојаност, зрелост-спокојство.
Зрела смеа во зрели години.
Свидетелство за зрелост. (Testimonium maturitatis.)
Што нема да научиш во младоста, нема да го знаеш и во зрелоста. (Nam quod in iuventute non discitur, in matura aetate nescitar.)






