Полјаците ја градат најтенката куќа на светот, широка „цели“ 72 сантиметра, во која ќе може „да се живее нормално“.
Израелскиот писател Етгер Керет ѕида мошне необична куќа во градот Вол во Полска. Тој нема како останатите „смртници“ да има проблеми со изнајмување на работници кои наместо него ќе внесуваат ормани, брачен кревет, машина за перење…зашто најверојатно ќе ги нема.
Неговата куќа во најтесниот дел е широка сенасе 72 сантиметра, а во „најширокиот“ 122. Ова ремек- дело на архитектурата, што се води како „уметничка инсталација“ оти не ги исполнува градежните прописи на градот, го дизајнирала компанијата „Централ“ од Полска.
Писателот мошне, мошне стеснето ќе живее во куќата, а ќе има се што имаат оние со конвенционални, нормални димензии- ходник, тоалет и спална соба.
Најтенката куќа на светот пополнува празен простор помеѓу две згради.