2. Во вител на река
Предолго во вител на река
што ја сомничи стварноста
во свеста.
Вителот
е ту мал ту голем,
е ту слаб ту силен,
а реката
незапирна до понирање
најдалечно од изворот.
Не е верно дека скоро
тој ќе го надмине
постоењето
на минливи времиња,
ниту дека некогаш таа
ќе остане без брегови
по порој таговен.