fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

МОЛКНАТИ ДИЈАЛОЗИ, раскази/ескизи

55. Одамна без значење

-Ти грешев?

-Нема врска…Беше одамна.

-Мислиш на времето кога бевме јас и ти?

-Мислам. Си грешевме еден на друг помалку или повеќе од обично кога се луѓе заедно. Нема значење. Има сега како отсега ние оддалечени еден од друг толку, што многу скоро нема да се препознаваме меѓусебно.

-Денес нема непремостливи оддалечености. Најмногу два-три часа. Освен ако некој или нешто не нè спречува.

-Бевме одамна доволно долго. Сега има смисла да се видиме?

-Можеби има, но е безнадежно. Освен скришно од светот.

-Кој свет?! Мојот? Твојот? Нашиот?

-Овој…во кој сме сè уште живи.

-Пак ти згрешив?

-Нема врска…Драго ми е што се слушнавме. Се надевам и другпат.

-И мене ми е драго. Да знае, помислував и помислувам на тебе…Каде си сега?

-Негде кај што ти не си, ниту можеш да бидеш.

-Да разберам дека намерно веќе нема да се случи?

-Ќе биде полесно за обајцата.

-А зошто тешко?!

Прочитај и за ... >>  За мудрите луѓе

-Зашто би морале пак скришно…Нема значење.

-Те следам и ќе те следам.

-И јас тебе.

-Тоа нека биде доволно.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.