МЕНИ НА ИГРИ ЗБОРОВНИ, поезија/припеви, 40-42

Потребно време за читање: < 1 минута

40. Смет

Цел свет се обградил со смет
што го збира во својата
минливост;
толку го насобрал што достига
дури до меѓу земја и небо.

Веќе нема каде да го премести,
нема ни јота сила да го покрие
за свој чист воздух во градите
и срцето.

41. Игри со смрти

Додека луѓе ги играат
игрите со смрти
им се чини дека тие
се далеку од нив.

Па играат ли играат,
како да ќе живеат
без време.

42. Силник

Застанале луѓе пред силник
кој не знае пред нив
ни како се вика ни што бара;
толку силно навалува на нив,
што од силата заборавиле
зошто ги презира и мрази.