МЕНИ НА ИГРИ ЗБОРОВНИ, поезија/припеви, 91-93

Потребно време за читање: < 1 минута

91. Нешто

Што ли е ова нешто
што изртело на сонце
и ко да ќе летне
кон свој небосклон?
Ми личи на тревка
плевелна
која нигде со мене
нема да заживее.

92. Слабак

Од кога си слабак,
човеку,
што да не можеш сам
ни чекор нов напред
да направиш
ни што било за живот
во еден свој свет
да прибереш?

93. Иде

Силна песна жаловна
од душа напатена иде
за да се запамети
и да се пее
од колено на колено,
сè додека последен
потомок
не испушти душа
непомирлива.