70. Од корен
Гласна мисла од корен
кон зрак светлина
што ја довикува човек
преуморен а уверен
дека на крајот од сè
ќе почне нови години
во жизнена природа.
71. Ветрови на сенки
Минат молчешкум
ветрови на сенки
низ сушни и пустошни
предели на свест
за траги испишани
со неизбришлива крв
во книга на смрт
како живот.
72. Паметење
Беа некогаш негде
човек и диви ѕверки
во согласност
на два нивни света
блиски, а далечни,
од гладост и жедост,
страдни со векови;
да се питомат
сами и меѓусебно
за да преживеат.