1. Не постои никаков „билатерален проблем“ меѓу Македонија и нејзиниот сосед Бугарија. Има проблем Бугарија со постоењето на исконскиот македонски народ и неговата земја од памтивек, со древно име Македонија (сосе Пиринска и Егејска Македонија).
Истиот проблем го има и Грција.
2. Единствено достоинствено решение на „проблемот“ меѓу Македонија и Бугарија е:
1. Веднаш еднострано раскинување на Договорот за (не)пријателство и (не)добрососедство меѓу Македонија и Бугарија (од страна на Македонија), и
2. Веднаш почнување процес на пишување нов Устав на Македонија, со ангажирање на домашни и странски врвни-светски реномирани експерти-уставотворци. (Со што „најбезболно“ за меѓународниот „фактор“ ќе стане ништовна извршената промена на името на македонската држава и македонскиот народ-неговиот идентитет.)
3. Барањето да се внесат македонски Бугари во Уставот на Македонија „со одложено дејство“ е сосема погрешно и со далекусежни последици за Македонија и македонскиот државотворен народ!
Особено ако се има предвид дека Бугарија бара не внесување на бугарско малцинство, туку на бугарски народ-значи државотворен.
(Што посредно и на долг рок е веќе овозможено со идиотската измислица „делови од народи“.)
Единствено вистинско добрососедско решение:
Не уставна промена-внесување на бугарско малцинство во македонскиот Устав, но со одложно дејство, туку:
Внесување на бугарското малцинство во македонскиот и истовремено внесување на македонското малцинство во бугарскиот Устав (реципроцитет)
4. Наша единствена одбрана на личното и националното достоинство од наци-фашистичките соседи на Македонија и европскиот наци-фашизам:
Никаква средба, ниту контакт на кое било ниво со нивните власти. Освен со македонското малцинство во нив-заеднички заложби и конкретни активности за негова афирмација.
(Турција е добар пример.)
А што бараме ние Македонците во недемократска-неслободарска ЕУ?!
Што бара која било демократска-слободарска европска држава во национал-шовинистичка, наци-фашистичка, геноцидно-етноцидна, блудничко-вавилонска ЕУ?!
5. Знае ли некој наш-македонски политикант, на власт или во опозиција. што е тоа лично и колективно-национално достоинство?
Кој ќе ѝ грмне на бриселска ЕУ, па и ќе ја отера во мајчина ѝ, сосе нејзиниот наци-фашизам?
ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 100