fbpx Прескокни до главната содржина

ЌЕ ДОЈДЕВ ВО МИНАТО ОД УТРЕ, довршени, а недовршени песни

Апстракција 37

6. Скаменети пејажи

Сум ги минувал
па сум ги надминувал
не знам колкупати
сум бил дел од нив
некој непрепознатлив
скаменет.

Се сеќавам
дека станував како нив
како престапувајќи ја
границата што нè дели
бавно силно забрзано
напросто несопирливо
се скаменувам
па потем дури имам сили
во мене
дури ги наоѓам вон мене
негде
ту сум пејзаж скаменет
ту успевам некако
да ја повратам свеста
за опстанокот на жива
стварност
непостоечка без мене.

Па совреме се повраќам
како во мене па вон мене
успевам да престанам
да се скаменувам
всушност за некое време
да го одложам процесот
на мое скаменување
до некое друго
минато време од утре.

Се загрижувам сè повеќе
дека се множат забрзано
скаменети пејзажи
и сегде и нигде без мене.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.