fbpx Прескокни до главната содржина

Слово

Препев на пев и повев

Почнал со едно слово
па продолжил до друго
надевајќи се дека потоа
со нив ќе достаса трето
за најпосле да заврши
во многу за разбирање
со еднакви
блиски и далечни
близу и далеку.

Кој да го праша
му одговара дека
му било најтешко
да почне со едно слово
бидејќи не му биле
на располагање повеќе
згора на тоа тој бил
без никакво значење
и без никаков свој знак.

Кога никој не го прашува
тој си одговара дека
колку повеќе слова
по првото за почнување
му биле слични
особено по звучност
толку разбирањето
било полесно и поточно
без продолжување
со некакви знаци
или некакви симболи.

На почетокот може
знаел како се почнува
со едно слово
за да се продолжи
до друго
дури не се достаса трето
но во меѓувреме научи
колку сите по првото
се а не би требало
да личат еден на друг
формално и структурално
особено семантички.

Сега стравува
да не го онемат словата
неброени
што ги присобрал
низ своите животи
со блиски и далечни
близу и далеку.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 72

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.