3. Сè поблизу од дамна
Од каде ли од каде ти
ме среќаваш сè поблизу
до твојот спокоен
а длабок воздив како
да ќе биде твој и мој
скоро последен утре.
Ти раскажувам
прикажувајќи ти
колку е светот мал
што го минувам
сосем рамнодушно
од почеток мој
до крај твој
неменлив и менлив
истовремено
дека сме биле дека сме
јас плодно семе
ти еднакво изречена
еднакво недоречена.
Јасно е уште
од самиов почеток
на нашиве прелети
на безмерни
небесни и земни
сончеви и темни
пространства:
ние пак исто пак исти
колку што сме минливи
во нечие безвремие.
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.