Предание за изворот од реката Црна
Старците од селата на Железничката река (Битолско) знаат за изворот од реката Црна оти е затната со безброј руна волна, да се запри да не течи. Арно ама не можеле да го затнат да не течи ич, како стерната наша. При се што не го затнале сиот, пак велат бериќетверс`н, што го затнале да не извират, како тогај што се полнело сето поле Битолцко. (Санким сега не е удаено полујната поле Битолцко од реката Црна, де!)
Изворот од реката Црна
Село Железник се наоѓат помеѓу Прилеп, Крушоо и Битола. До селото имат една планина што се викат Лубен. Под планината извират реката Црна; арно ама, од кај што извират да до с. Бучин ја викаат Железничка Река. Од кај што течит сега, во старо време не извирала, ами извирала горе на Лубен- Планина и отаде слегуала долу, кај што течит сега. Еве што се прикажуат за горниот извор што се затнал.
Имало еден овчар со многу овци, што `и пасел на планината. Овчарот си имал едно дете и често го праќаше кај изворот да залеит вода. Еднаш не знам како сторило детето и беше паднало во изворот, та беше се удаило. Откоа го најде овчарот детето, голема жал беше му паднало. Се вратил кај овците и кренал сета волна од овците што беше остригол. Тогај брго зел измеќарите со себе и му отишле кај изворот, та беше го затнал со волната велејќи:
-Еве вака аз тебе, бре црни изворе, ти ми го удаи детето и ме поцрна мене, ама и јас тебе ќе те затворам во црната земја.
Ете од тој збор, од овчарот што рекол, му останало името Црна.
А откоа го затнал изворот арно и јако, многу дни што се тресела планината од зор што имала од затнатиот извор, најпосле пробила долу, кај што течит сега, а од кај што течеше напред се познаат местото кај што врвела реката и од кај што извирал изворот и ден- денеска трага имат.
(Запишал: Марко К. Цепенков)