И далечното и блиското минато ни се откриваат еднакво како сегашнината. Се разбира, доколку сме за откривање, дознавање и сознавање. Особено кога станува збор за обични и необични, маргинални и значајни, случајни и намерни луѓе. Врз нив и врз она што го сториле или го создале-создавале може да падне прашина на заборавот, но секогаш се наоѓа некој што ќе ја исчисти, издува, симне.
-Паоло Гвидоти (1560-1629), од Лука-Италија, бил градски математичар, астроном, анатом, архитект, скулптор, сликар, музичар, пејач, танчер, артист, поет и правник;
-Рене Бордеро (1770-1828), девојка која барала одмазда за своите 42-ца роднини убиени во Француската револуција, им се приклучила на француските ројалисти. Маскирана како маж, таа убила 42-ца револуционери! Учествувала точно во 100 битки и била ранувана 40 пати;
-Мере Хусеин, голем везир на Турција, пред да биде назначен на големата функција во Империјата бил готвач во султантската кујна. По две години, како голем везир, тој ѝ се вратил на својата поранешна служба и готвел за новиот султан Мурад IV;
-Шевалие Дандрие, француски благородник, пред да наполни 30 години, во 1610. година, се борел во 72 двобоја, и тоа убивајќи ги сите противници;
-Постојат жени кои секогаш го добиваат својот маж! Имено, племето Калабит од Борнео дозволува само жените да нудат брак, а пак на мажите им е забрането да ги одбијат;
-На жените во племето Шадозаи, Пакистан, им е дозволено да носат пантолони само еднаш во текот на целиот свој живот-на денот на својата свадба;
-Жан- Луис Понс (1761-1831), директор на астрономската Опсерваторија во Марсеј, Франција, пред неговото унапредување во директор бил домар во неа. Во таа улога има откриено дури 17 нови комети во период од 7 години;
-Џамијата на султанот Селим II во Адријанопол, Турција, конструирана од еден обожавател на книгата „Арабиски ноќи“, била изградена со 999 кристални прозорци. Самата книга се состои од 1001 приказна, но на архитектот не му се допаднале две приказни од неа;
-Првиот воен авион, тн. Аргус, кој бил управуван од полковникот Радул Милков, член на Бугарската армија, фрлил две бомби со тежина од 1,5 килограми врз една турска железничка станица, на 17. октомври 1912. година. Авионот се урнал во една вијулица, 8 дена подоцна.