ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 153-169

Потребно време за читање: < 1 минута

153. Со пари и за пари

Со пари не можеш да се купиш себеси, ама за пари можеш да се продадеш.

154. На очи

На очи те лаже и те краде, а ти уште му веруваш!

155. Се знае до кога

Никогаш не е доцна сè дури некогаш не биде предоцна.

156. Неверба во љубов

Ти си љубов непреболна, а ти не веруваш дека си.

157. Ненормални

Ненормални властодршци ненормално трошат народни пари!

158. Најголеми идиоти

Нема поголеми идиоти од идиоти на власт!

159. Зад нас со нас

Децении зад нас со нас во заборав.

160. Дела

-За кого создаваш дела?
-За никого! Ни за себе!

161. Решено

Се случува не неминовно, туку што е решено да се случи.

162. Љубов и по смрт

Љубов и по смрт која во живот не заживеала.

163. Излезот

Излез од оваа состојба секако има, ама треба да се догледа, да се согледа и да се тргне кон него.

164. Живот без љубов

Живот без љубов не е живот. Умирачка е. Зашто нема смисла и не вреди.

165. Недвојбено

Во Северџганијава сеопшта калакурница!

166. Многу просто

Многу е просто:
Не постојам за тебе зашто не ме знаеш, ниту ме познаваш.

167. Среќен сиромав

Немате поим колку сум среќен оти сум сиромав и нема шанса, ниту ќе си дозволам да станам прекуноќен политикантски богаташ на власт

168. Во првите редови

Не може во првите редови умни, учени и опитни луѓе кога сите, од првите до последните ги зазеле неписмени, полуписмени, неуки, неспособни, неискусни и идиоти.

169. Врв

Не сум со вас на врвот зашто сум на свој врв.

Leave the first comment