ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 137-152

Потребно време за читање: < 1 минута

137. Менталитет

Што да правиме со крадачкиот и корумпирачкиот властодржачко-партиски менталитет?

138. Наредено

Дојде, виде, согледа, раздели, завладеа, растури.

139. Образование

Кај нас вреди неформалното образование. Формалното е безвредно.

140. Несоница

Несоница навалила на оние кои знаат што следи и што им следува.

141. Ја чекаат

Ја чекаат во нивното дувло владетелката на протекторатот за да ја нагостат.

142. Жртви

Восклик:
„Поднесовте големи жртви и јас ви се восхитувам. Сигурно ќе ја поднесете и најголемата досега-саможртвувачката“.

143. Пари

Не ни требаат вашите валкани пари. Ни требаат чисти.

144. Маски

Почнаа да им паѓаат маските, та брзаат да си стават нови.

145. Писателско говедо

Едно писателско говедо со признаени и наградени шкрабаници во богатство си ја одживува староста.

146. Изнасилени насмевки

Од небо се гледа колку им се изнасилени насмевките на вознемирените лица на властодржачките главатари.

147. Без двојба

Единствено авторитетна и со дела докажана личност и од него избрани и собрани авторитетни и со дела докажани личности можат преку ноќ да го исчистат политичко-политикантското ѓубре и да почнат нештата да ги доведуваат во ред.

148. Чистење

Првин се чисти во својата дома, а потоа пред својот праг.

149. Прав живот

Најздраво и најсреќно се живее во семејство збрано.

150. Мудрите

Секогаш малкумина мудри со народ.

151. Мало дете

Мало дете прашува големи, а тие не знаат да му одговорат!

152. Да сме начисто

Ништо не правиме и во небиднина одиме без чесност, искреност и доблест.

Leave the first comment