ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 296-300

Потребно време за читање: < 1 минута

296. Слепци

Се собрале слепци на непрегледни буништа.

297. Иде

Незапирно и сè побрзо иде крај на крај.

298. Крај на пораз

Дигнати раце за пораз и предавство.

299. Пад

Брз пад на стена од врв.

300. Полет

Восхит од полет пред лет на дете.