846. Непроменливо зашто не е грешка што може да се поправи:
Моето грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот (докажано и лесно проверливо)-целосно објавено на Интернет, му припаѓа на современата македонска мисла, литература и култура, а е непризнаено и за него нема место во неа.
Така е и така треба да остане по моето одење во неврат!
847. Решението е нов Устав!
Со нов Устав на Македонија, подготвен од домашни и странски експерти, автоматски стануваат неважечки и Рамковната спогодба и Преспанскиот договор.
Може и ново име на државата-без обликот на владеење (моментно република), придавки и додавки и без уценувачкиот Договор за „пријателство и соработка“ со Бугарија (внесување, поточно спомнување на бугарското малцинство во сегашниот Устав).
848. Нè уништуваат со самоуништување.
849. Јас прв, а сите други први по мене.
850. Баш неважно:
Колку се читани моите мислечки и книжевни дела? Сигурно многу повеќе објавевните на Интернет, одошто во книжен формат.
851. Избран од народот само нему одговорен.
852. Најпрвин од сè прво:
Вредности за квалитетен живот.
853. Сè многу тешко? Ништо полесно со самосвесност, мудрост, опитност, знаење и совесност.
854. Од мене за малкумина многу, за мнозина доволно и ако може уште понешто.
855. Ненадминлива рамнодушност што иде од близост на смртта.
856. На сончева жештина во земјена ладовина.
857. Слободната мисла од сè е најплодородна.
858. На глупаците никако да им се дозволи да завладеат со своите глупости.
859. Никаде не сме кога во љубов не сме.
860. Навреме за исто пред него или за ново време по него.
861. Не постојам за тебе штом не ме гледаш, не ме слушаш, не ме читаш, а ни трага не ми следиш.
862. Од залудност до конечно затворање во себе. И исчезнување.
863. Ништо не се случува со мене и за мене, па продолжувам исто. Неуморно.
864. Задоцнето и предоцна за какво-годе признание?! Не, туку бесцелно.
865. Критикувај самокритично.
866. Можеби е жив, можеби е мртов. Како да пропаднал во земја.
867. Богат човек е човек кој знае за достоинство на сиромав човек.
868. Меѓу нас е, а никој не знае ништо за него. Дури ни дали е уште со нас.
869. Години на љубов и во и по години.
870. Со малкумина се смее, на многумина им се потсмева.
871. Последна надеж во очајна состојба.
872. Човек кој е на крајот на своето време, со ништо не може да се изненади.
873. Макар уште еден чекор напред со последни сили.
874. Без елан кон никаде.
875. Човек може додека може, а сè повеќе сака откога почнува да може сè помалку.
876. Невозвратената љубов се искажува повеќе со молк одошто со збор.
877. Јас само кажувам и мислам, но најмногу кажувам што мислам.
878. Лесно се забораваме кога ретко излегуваме од своите кожурци.
879. Напротив, од тебе најмногу зависи што и колку живот ќе споделиш со оној со кого си.
880. Безидејни политичари во мртва како уште жива политичка партија.
881. Мечтаат еден за друг оние чија близост била длабока и неизмерна.
882. Лесно создавам дела во моево време? Не, туку со лесно и за лесно.
883. Во безвреден живот, дребнавост, микнливост:
Човек и творец, со грандиозно дело, единствено на светот. Никаде и за никаде!
884. На секој член на мртвата СДСМ треба да му е срам поради велепредавството на нивниот предводник-политикантскиот хохштаплер Зоран Заев.
885. Моето грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот, не е за полнење регали и собирање прашина во библиотеки. Ниту за поддршка на приватното издаваштво (печатење книги), бизнис од кој не може да се живее само со чесно работење.
Засега, секој заинтересиран за него може да го (про)најде на Интернет.
886. И невреме дел од ниедно време.
887. Кога е сè за никаде, мора да се почне секаде.
888. Твојата бесрамност е поголема од на оној што те срамотел додека сте биле заедно.
889. Сте можеле, ама не сте смееле против оние што ве плаќале за туѓи интереси.
890. Тешко е дури не се почне. После е сè полесно.
891. Мислам на сè што се случило и се случува, а поготово на она што допрва треба да се случи.
892. Не сакам да мислам на оние што биле со мене некое време само од интерес и користољубие.
893. Ги сожалувам оние што се заедно, а не се.
894. Посветеноста била, е и секогаш ќе биде единствен предуслов за каков било личен успех.
895. Политичарот умее вешто да го прикрие, дури и сокрие своето политикантство, а политикантот невешто изигрува политичар.
896. Во материјалниот свет зависноста ја надвладува слободата. Во духовниот единствена е зависноста од слободата.
897. Генијалноста е непроценлива.
898. Квалитетот на животот се живее и се учи цел живот.
899. До никаде за никаде.
900. Веќе разбегани и сокриени сосе испокраденото азно од народот, од неговото минато и неговата сегашност?!
901. Против развластена мафија мораше од прв ден. Сега е веќе доцна, а уште малу ќе биде предоцна.
902. Критичар:
Ни добронамерен ни злонамерен. Само намерен.
903. Никако поинаку:
Строго, доследно и доблесно според закони за сите.
904. СДСМ и ДУИ, уште не сте свесни дека сте мртви?! Смешни сте зашто ни за жалење не сте!
905. Прво треба да се издржи, па да се издржува.
906. Предавствата на развластените мафијаши се со огромни, незамисливи последици за државата и општеството.
907. Воопшто не сум спокоен кога ги согледувам состојбите и промислувам што сè мора да се стори за однапред.
908. Дилема:
Обврски за или против личната слобода?
909. Нема добро, туку домаќинско владеење. Исто како што нема домаќинлак без ред и поредок.
910. И времето и невремето се контролираат од владеачки интерес.
911. Снеможен, а громогласен стар бел дедо.
912. Не научил да владее со себе, а сака да владее со други!
913. Неверна, ранлива љубов и омраза.
914. Суштина на бугарската недобронамерност и асимилаторство:
„Јас сум Македонец, роден сум и живеам во Скопје. Мој прв братучед живее во Софија и се смета себеси за Бугарин. Ми доаѓа на гости и ме убедува дека сум Бугарин!“
915. Ти не жив ееш и не зависиш од тоа што го работиш? А како си го постигнал тоа?!
916. Штом е без аргументација, значи е манипулација.
917. Кога е сè на продажба, глупоста има највисока цена.
918. Никој не може против мал, а голем народ кого зли соседи и нивни сојузници се обидуваат да го збришат на негова исконска земја.
919. Уште само бесрамни мафијашки предавници членови и приврзаници на мртвите СДСМ и ДУИ.
920. Игнорираш или обезвреднуваш, омаловажуваш, маргинализираш, исмеваш-што ти треба тоа?! Те храни до наситка?
921. За тебе не е добро да не знаеш.
922. Секој кон свој највисок врв.
923. Смисла на животот:
Борба без здив за одбрана на сè што ни е свето.
924. Си се возвишил оти ти е длабок коренот.
925. Проста, чиста, искрена, стамена и доблесна душа од човек.
926. Што можеш да сториш за мене? Ти си знаеш.
927. Како со соседи непријатели? Никако!
928. Моја цврста заложба:
Формирање на МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНА АКАДЕМИЈА.