134. Пад
Не се бројат падовите и кревањата-станувањата во животот. Исто како и поразите и победите. Ама само доколку си научил да го живееш мигот во сета негова полнота, со сите немири и спокои, доживелици и преживелици, сомневања и надевања.
Секој пад не доаѓа по устрем, по растење, по воздигнување. Може да се паѓа и никогаш да не се падне на дното. Не само зашто е тој на крајот од животот, туку и поради превисоко летање.
Македонски народни пословици и изреки
Падна и веднаш стана.
Паднал како чоек: еден Господ не паѓа.
Не кревај се на големо да не падниш на колено.
Не паднал на тесла да се делка.
Змијата кога се влечит сè се кривит, ама кога ќе се приближи до дупката сакат-неќит ќе се испраит.
В море на дно влезе и пак сув излезе.
Пословици и изреки од народи на светот
Не се радувај на падот на твојот непријател, но немој да му помогнеш да се крене. (Еврејска)
Секој човек го создава својот бродолом. (Еврејска)
Немој да се спушташ кога друг паѓа. (Индиска)
Премногу брзото воздигнување е почеток на пад. (Индиска)
Не е срамота да се падне, срамота е да не се стане. (Балкански народи)
Оној што паѓа, нема пријатели. (Турска)
Многу прашина кога голема куќа се урива. (Германска)
Кога ќе падне бик, над него се наднесуваат стотина ножеви. (Арапска)
Од што ќе падне човек, од тоа и се крева. (Српска)
Кога ќе паднеш во вода, лути се на себеси, а не на потокот. (Корејска)
Латински изреки
Гордоста/ароганцијата му претходи на падот. (Condritionem praecedit superbia.)
Колку нешто повеќе се издига, повеќе е изложено на пад. (Quo quid altius surrexit, opportunius est ad occasum.)
Капките длабат камен не паѓајќи двапати, туку често.
Домисла, гесло, мисла водилка
Кога ќе паднеш, ја поправаш круната и тргнуваш натаму.
Анонимус
Рекле, издумале
Не му се смеј на оној што паднал прв.
Лукан
Нашиот човек не умее лесно и правовремено да застане и при искачување и при паѓање.
Иво Андриќ
Луѓето сакаат да зборуваат за падот и понижувањето на оние кои ќе се издигнат премногу високо и ќе полетаат.
Иво Андриќ
Ако сме паднале, сме биле наклонети на пад.
Бранко Миљковиќ
Од сите урнатини на светот, човековата е најтешко да се гледа.
Теофил Готје
Никој не гледа во блескаво Сонце. Сите тоа го прават кога Сонцето заоѓа.
Балтазар Моралес Грацијан
Оние кои невешто паѓаат на голомразица, не треба да ја обвинуваат голомразицата, туку својата невештина.
Артур Рубинштајн
Додека не паднеме, нема да знаеме колку сме биле слаби.
Тереза Авилска
Кој ќе падне, да мудрува му бранат.
Петар Петровиќ Његош
Кога ќе падне стебло, сите доаѓаат со свои секири.
Џорџ Херберт
Човекот може да се запре кога се качува, но не и кога паѓа.
Наполеон I Бонапарта
Оној што паѓа и станува е многу појак од оној што никогаш не паднал.
Шон Конери
Нашата најголема слава не е во тоа никогаш да не паднеме, туку секогаш кога ќе паднеме да се подигнеме.
Конфучиј