Потребно време за читање: 16 минути

138. Совршенство-Несовршенство

Совршеноста на едно творечко дело е во неговата несовршеност. Но зошто се бара таа во него? За што е потребна? За споредбено согледување? Особено ако се има предвид дека несовршеноста е најчесто последица на-незавршеноста. Одамна е докажано дека творецот го создава делото додека е жив, постојано доближувајќи го до сопствената совршеност.

Во врска со совршеноста и несовршеноста на животот најпрвин е постојаноста. Таа, пак, се докажува помеѓу едната и другата. Потоа иде едноставноста.

Македонски народни пословици и изреки

Напред, а не пронајдување меѓу совршено и устрем.

Некој е нај во нешто, значи совршен зашто поттикнува совршенство во други.

Работливоста е пат до совршенство.

Мудрото за змиите може да е нивното чудно совршенство. Којзнае што мислат.

Нема права убавина без малку несовршенство во совршенство.

Љубов е кога двајца несовршени не се откажуваат еден од друг.

Пословици и изреки од народи на светот

Ако сакаш да создадеш нешто големо, вложи го во тоа сиот свој живот. (Руска)

Секој творец е роб на своето дело. (Француска)

Да се повторуваш себеси не е помал грев, отколку да повторуваш други. (Англиска)

Бев на крајот на земјата. Бев на крајот на водите. Бев на крајот на небото. Бев на крајот на планините. Не пронајдов ништо што не ми е пријател. (Индијанци-Навајо)

Многу е полесно да се стремите кон совршенство кога никогаш не ви е досадно. (Арапска)

Животот до совршенство ја совлада уметноста за да нè разочара со изненадувањата што ги претстави. (Германска)

Не е потребно совршенство. Треба да се минува време со здрави луѓе чиј мозок е вклучен. (Романска)

Имам длабоки чувства за благосостојбата и удобноста на другите. Мојата амбиција е мир и совршенство. (Полска)

Направете го секој детал совршен и ограничете го бројот на детали до совршенство. (Италијанска)

Бараме совршенство во уметноста затоа што таа сè уште ја нема во животот. (Шведска)

Тој научи одамна: семејната среќа не се гради на совршенство. (Холандска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Со помош на умот и интелектот спречи ги сетилата да се врзат за предмети на уживање; тие тогаш ќе се прочистат со светлина на внатрешна светлост и таа светлина ќе заблеска.
Упанишади

Дојдов од совршенство и се враќам во совршенство.
Зен филозоф

Можат да се наследат вондредни предиспозиции, но само непрестан напор може да ги трансформира во трајни вредности.
Анонимус

Од десет изуми, девет се плод на мрзеливост.
Анонимус

Кога не би било она „но“, сите би биле совршени.
Анонимус

Латински изреки

Работата дојде до јажето. (Res rediit.)

До шајка (до совршенство). (Ad unguem.)

Сите до еден; сите без исклучок. (Ad unum (omnes).)

За употреба. (Ad usum.)

Ништо над тоа; врвот на совршенството, нешто недостижно. (Nec plus ultra.)

Никој не може да биде подобар лекар од верен пријател. (Nec quisquvam melior medicus quam fidus amicus.)

Рекле, издумале        

Совршениот човек го користи својот ум како огледало: тоа не доловува ништо, тоа не одбива ништо; тоа прима, но не задржува.
Чуанг-Це

Најсовршен човек не е оној што има најмногу добродетелства, туку оној што има најмалку пороци.
Луциј Анеј Сенека

Луѓето се далеку од совршенство: добрите се немоќни, моќните се без добрина, мудрите се рамнодушни, а на оние што сакаат им недостасува мудрост.
Перси Биш Шели

Најголемо совршенство е: да се мисли разборито, да се зборува вистина и да се работи според природата.
Хераклит

За достигнување на духовно совршенство е неопходно да се биде беспрекорно чеден во мислите, говорот и делото.
Махатма Ганди

Белата, таа не е чист недостиг на боја; таа е сјајна и позитивна, дива како црвена, јасна како црна. Бог слика во различни бои, но никогаш не слика толку со драж, би се осмелил да кажам шарено, како кога слика во бело.
Гилберт Кит Честертон

Бог кој е вечно целосен, кој ги  насочува ѕвездите, кој е господар на судбината, кој го крева човекот од неговата понизност кон себеси, кој зборува од вселената на секоја човечка душа, е најбрилијантна манифестација со цел совршенство.
Алфред Адлер

Подобро нешто да се направи несовршено, одошто нешто совршено.
Роберт Харолд Шулер

Да чекав на совршенство, јас никогаш не би напишала збор.
Маргарет Етвуд

Има нешто гнило таму кај што се големи добродетелствата.
Бертолд Брехт

Јас го бркам совршенството.
Коби Брајант

Едноставноста е крајно совршенство.
Леонадо Да Винчи

Кога човечката сила е еднакво поделена, создава само глупаци или просечно надарени, а кога е поделена нееднакво ги создава оние неускладености на кои им се дава името гениј, и тие во видливиот свет би изгледале како чудовишта. Истиот закон владее со телото: совршената убавина речиси секогаш ја придружува студенината или глупоста.
Оноде де Балзак

Убавината е само друг облик на Генијалноста-посовршена, секако, од Генијалноста зашто не ѝ требаат никакви објасненија.
Оскар Фингал Вајлд

Минутите на совршенство вредеа труд. Моментот е најмногу што кога било можел да очекува од совршенството.
Чак Паланиук

Можеш да бидеш само личност на овој свет, но за некој ти си цел свет.
Габриел Гарсија Маркез

Најбитна работа која можете да ја направите е грешката-не можете ништо да научите од совршенството.
Адам Озборн

Не се плаши од совршеноста-никогаш нема да ја достигнеш.
Салвадор Дали

Не сум совршена, само мислам дека несовршеностите се преубави.
Леди Гага

Тој не е совршен. Не си ни ти. А ни вие двајца никогаш нема да бидете совршен пар. Но ако успее да те насмее еднаш, да те натера секогаш да размислиш двапати, и ако признае дека е само човек и дека прави грешки, задржи го и пружи му најмногу што можеш. Тој нема да ти цитира поезија, не мисли на тебе во секој момент, но ќе ти подари дел од себе за кој знае дека можеш да го скршиш. Немој да го повредиш, немој да го менуваш и не очекувај повеќе отколку што може да ти даде. Немој да го анализираш. Смеј се кога ќе те усреќи, викај на него кога ќе те налути, и нека ти недостасува кога не е тука. Сакај јако, кога љубовта е веќе тука. Зашто совршени мажи не постојат, но секогаш постои еден совршен за тебе.
Боб Марли

Совршената љубов е онаа што нè прави несреќни.
Серен Кјеркегорд

Совршенството е непријател на доброто.
Кристофер Еклстон

Секогаш кога ќе паднеш, Он ќе те дигне. Он знае дека твојот сопствен напор никогаш нема да те одвлечка никаде близу до совршенството.
Клајв Стејплс Луис

Сите сакаат да сум совршена, но јас се плашам да бидам совршена.
Викторија Џастис

Тагата го пренесува човекот од поголема совршеност во помала.
Барух де Спиноза

Уметници кои бараат совршенство во сè се оние кои не можат да го постигнат во ништо.
Тревис Лендон Баркер

Големите умови размислуваат сами.
Виз Калифа

Ги сакам оние документарци во кој секој е неверојатен и секогаш совршен.
Кети Пери

Знам дека не сум совршен. Но на крајот од денот, кој е?
Бруно Маркс (Питер Џин Хернандез)

Кога молчите, забележувате многу повеќе. Понекогаш нашата несовршеност нè прави посебни.
Аби Глајн

Ова е самото совршенство на човекот, да ги открие сопствените несовршености.
Свети Августин

Наместо да се стремите кон совршенство, стремете се кон задоволство.
Адам Ј. Курц

Светот е несовршен, а можеби неговото совршенство не може да трае вечно.
Алберт Санчез Пињол

Прифаќам дека совршенството на формата и убавината е содржано во збирот на сите луѓе.
Албрехт Дирер

Животот никогаш не достигнува целосно совршенство.
Алесандро Барико

Екстремна вознемиреност поради неуспехот да се постигне совршенство.
Алис Фини

Не постои такво нешто како совршенство; да се разбере тоа е врвна прослава на човечкиот разум.
Алфред де Мусет

Најсигурната среќа во животот е потрагата по морално и ментално совршенство.
Ен Редклиф

Уметноста е нужно убавина, комплетност, совршенство, хармонија, благодат, елеганција, пропорционалност.
Анатолиј Ефрос

Направете нешто мало, но совладајте го до совршенство и третирајте го како нешто големо.
Андре Мороа

Секој момент е или движење кон совршенство или деградација.
Ендрју Метјус

Депресијата ја покажува несовршеноста на љубовта.
Ендрју Соломон

Длабоко уверување дека знаењето и добрите манири се знак на внатрешно, вродено совршенство.
Ени Ерно

Честопати мораме да живееме со несовршеност.
Анита Амиррезвани

Стремежот за совршенство често е помалку поттикнат од грижата за децата отколку од личната нарцисоидна траума.
Ана Бикова

Никогаш нема да победите затоа што барате совршенство. Совршенството е добро само за музеите.
Антоан де Сент Егзипери

Страдачите водат кон совршенство.
Антон Павлович Чехов

Потрагата по совршенство само завршува со создавање апсурдни количини на стрес и фрустрација.
Ариел Форд

Не го знаеме законот на совршенството, но совршенството порано или подоцна ќе се достигне.
Аркадиј и Борис Стругатски

Досадните пресметки и непроспиените ноќи се мојата исплата за совршенство.
Б.А. Парис

Да се ​​одржи совршенството, значи да се изврши креативно самоубиство, а секој вистински уметник знае дека ремек-делото е несреќа.
Бери Хјухарт

Само будала може да очекува совршенство на овој свет.
Бернхард Келерман

Неписменоста е духовна несовршеност.
Бернхард Шлинк

Дури и совршенството е досадно.
Борис Вијан

Сакам да живеам, а да живеам навистина значи секогаш да се стремам напред, кон повисокото, кон совршенството и да го достигнам.
Борис Пастернак

Највисокиот врв на духовното совршенство е спознанието за Врховната Божја Личност.
Бхактиведанта Свами Прабхупада

Човештвото сè уште не е подготвено за совршен свет. Не знаеме како да го измериме совршенството.
Берни Сигел

Само тишината е моќна-сè друго е слабост. Може да постигнете совршенство размислувајќи за вашите несовршености, како и со подавање рака на некој на кој му треба.
Василиј Јан

Секоја несовршеност полесно се поднесува ако се служи во мали дози.
Вислава Шимборска

Невозможно е да се постигне целосно совршенство, освен за момент давење во потокот на промени.
Всеволод Овчиников

Има повеќе совршенство во обична капка вода, отколку во сите машини што ги измислиле луѓето.
Алберт Ајнштајн

Кога не работам ништо се чувствувам како да плутам во топла вода. Лагодно, совршено.
Ава Гарднер

Не ми зборувај дека не можеш да ми простиш, зашто никој не е совршен.
Џеси Џи (Џесика Елен Корниш)

Совршенството се состои во тоа душата да биде лишена од секоја страст.
Јован Крстител

Совршенство…недостижно за луѓето. Несовршеноста може да се претвори во предност.
Гај Габриел Гаи

Луѓето кои ја прифаќаат непредвидливоста и несовршеноста на светот немаат друг избор, освен да се фрлат во неговите прегратки.
Гери Џон Бишоп

Парадоксот на совршенството: во некои случаи, особено во личните односи, ја добиваме контролата само со откажување.
Гордон Ливингстон

Тајната е да бидете сигурни дека бизнисот работи до совршенство, со или без мене.
Гордон Ремзи

Животот е премногу краток за да го потрошиме во потрага по совршенство.
Дејвид Фоенкинос

Напнатоста не е недостаток на совршенство, туку постојан стремеж кон него и постојано обновени обиди да се задржиме на него.
Даниел Глатауер

Апсолутно совршенство во сите човечки потфати од изградба на ракети до воспитување деца е недостижно.
Дејвид Шварц

Стремете се кон совршеност и поттикнете ги другите да го прават истото.
Дејл Карнеги

Земете го совршенството и фрлете го низ прозорец. Секогаш постои нешто што можете да го направите подобро.
Денис Остин

Природата не поднесува совршенство.
Џејмс Џојс

Апсолутната чистота се смета за прва манифестација на совршенство.
Џејмс Клавел

Постојат сите причини да се верува дека нашиот систем наскоро ќе го достигне највисокиот степен на совршенство за кој се способни човечките институции.
Џејмс Манро

Таков е животот-од немирниот простор на човечките судбини до недостижното совршенство. Ти и јас сме составени од она што го направивме заедно.
Греам Џојс

Добата во која живееме е зафатена ера; во која знаењето брзо напредува до совршенство.
Џереми Бентам

Светоста е совршенство на сите негови други својства. Неговата сила е света сила; Неговата милост е света.
Џери Бриџис

Гледам совршенство во работи кои веројатно другите ги сметаат за несовршености.
Џесика Парк

Но, да се стане возрасен значи, меѓу другото, помирување со идејата да се донесе совршенство во светот.
Џеф Линдзи

Кога очите гледаат само совршенство, дури и совршенството престанува да се восхитува.
Џин Сасон

Постојат два пата во животот: еден до совршенство, а друг до рутина.
Џо Витал

Моралот е кодекс на закони на природата кој ви овозможува да постигнете совршенство и хармонија со себе и со Универзумот.
Џон Бејнс

Во несовршеноста на нашиот ум интересите на вистината бараат поинакво мислење.
Џон Стјуарт Мил

Апсолутното совршенство не му припаѓа на човекот, ниту на ангелите, туку само на Бога.
Џон Весли

Духовното уживање во Бог првенствено произлегува од неговата убавина и совршенство, а не од благословите што тој ни ги дава.
Џонатан Едвардс

Елитизмот води кон конкуренција, а конкуренцијата до совршенство.
Џонатан Коу

Во секое добро има зло; и во секое зло има добро. Несовршеност-тоа е она што го цениме кај нашите пријатели.
Џони Деп

Кај другите не нè нервира отсуството на совршенство, туку отсуството на сличности со нас.
Џорџ Сантајана

Просторот за подобрување е бесконечен токму затоа што совршенството е недостижно.
Џорџ Сорос

Ништо не може да се направи од совршенство.
Џозеф Кембел

Молчењето е чудесен излез од непријатните ситуации, го доведов до совршенство.
Џули Бери

Развојот е важен, а не совршенството.
Џулија Камерон

Може ли некој да го цени совршенството ако е трајно?
Џулија Квин

Не го сакам совршенството затоа што нема основа.
Дмитриј Биков

Ако не постои живот после смртта, како може да се најде смисла во ова суштество кое далеку од совршено се нарекува живот?
Даглас Кенеди

Задачата на секоја душа е непрестајно самоподобрување. Душата која достигнува целосно совршенство се соединува со Бог кој ја создал.
Едгар Кејс

Не во познавањето на надворешни предмети, туку во внатрешното совршенство е целта на човекот кој е нестрплив да стане совршен човек.
Едвард Булвер-Литон

Никој од нас не е совршен, па затоа е мудар оној што ја открива несовршеноста на својата идна сопруга уште пред свадбата.
Едвард Морган Форстер

Вие се сметате себеси за совршенство на постоењето, додека во дејствувањето сте најнесовршени и имбецилни.
Едвин А. Абот

Совршенството во доброто е недостижно, но совршенството во злото е вистинско.
Елизабет Костова

Стареењето го прави човекот несовршен, а несовршеноста е убава.
Ема Ватсон

Цивилизацијата нема да го достигне своето совршенство дотогаш, додека последниот камен на последната црква не падне врз главата на последниот светец.
Емил Зола

Носталгијата, повеќе од сè, нè тера да трепериме од сопствената несовршеност.
Емил Чоран

Зошто ги губиме нервите? Затоа што го сакаме совршенството. Создадете малку простор за несовршеност во вашиот живот.
Ерик Вајнер

Слободните мажи се свесни за несовршеноста својствена на човечките дела и се подготвени да се борат и да умираат за она што не е совршено.
Ерик Хофер

Практиката го прави совршенството.
Ерика Спиндлер

Еволуцијата веќе не е нужно прогресивна; веќе не се стреми кон совршенство или кон некаква друга цел.
Ернст Мајр

Очекувам совршенство. И тогаш малку повеќе совршенство кога се предлага совршенство.
Есте Лаудер

Нема ништо попоетично од човечкото совршенство. Човечката природа е намален, но многу прецизен и целосен одраз на вечноста.
Жорж Санд

Љубовта е кадифен вел, таа ја крие несовршеноста на човештвото.
Жоржи Амаду

Успесите на науката не треба да го надминат совршенството на постапките.
Жил Верн

Не се грижам за сензациите и новото, туку за совршенството на мојот стил.
Ив Сен Лоран

Боговите не го сакаат човечкото совршенство.
Иван Јефремов

Во сè воопшто совршенството се постигнува не кога нема што повеќе да се додаде, туку кога нема што да се прави со постојното.
Ивон Шуинар

Човекот со помош на науката може да ја поправи несовршеноста на својата природа.
Илија Мечников

Со генијален талент само големите работници можат да достигнат апсолутно совршенство во уметноста. Тоа е скромната способност на трудот да биде основа на секој гениј.
Илја Репин

Просветлувањето е излегување на човекот од состојбата на своето несовршенство, во која се наоѓа по сопствена вина.
Имануел Кант

Во еволуцијата не е важно совршенството, туку способноста да ги прифатите вашите недостатоци и да направите непобитни предности од нив.
Јорг Зиталу

Човекот со доволна проникливост за да си ги признае ограниченостите, е најблизу до совршенството.
Јохан Волфганг Гете

Трагачот по совршенството треба да го открие во сопствениот живот одразот на својата внатрешна светлина.
Какузо Окакура

Современата цивилизација достигнала совршенство само во едно-во механиката.
Карел Чапек

Воинот го бара совршенството во сопствените очи и го нарекува смирение.
Карлос Кастанеда

Некои луѓе не се навикнати на средина во која се очекува совршенство.
Кармин Гало

Всушност, мора да има изразено отсуство на совршенство во музата-дупка помеѓу она што таа е и она што може да биде.
Кетлин Тесаро

Не ме интересира ништо друго, освен неговото совршенство.
Кетрин Еплгејт

Човечката состојба е несовршеност.
Кетрин Сентер

Една од предностите на несовршеноста на умот е способноста на човекот да се восхитува.
Кетрин Веб

Понекогаш совршенството ја открива лагата, а не вистината.
Кејси Вест

Не сум убедена дека ме привлекува „Мистер совршенство“.
Кејт Аптон

Често нема граница меѓу совршенството и злото.
Кен Лиу

Може да се изморите од сè, дури и од совршенство ако стане многу тешко.
Керстин Гир

Во реалноста, совршенството постои само во нас, во она што ние веруваме дека е совршено.
Килијан Џорнет

Да ​​постигнеш совршенство во својата работа, достигнувајќи до границата е голема среќа, но заедно со тоа и опасност.
Константин Паустовски

Тоа беше вечната убавина-жестоко студено совршенство.
Крег Расел

Вишновиот цвет паѓа, умира-умира на есен-и тоа е совршенство.
Кристијан Крахт

Секогаш се тешите да ја откриете понижувачката несовршеност на човек која има моќ над вашата судбина.
Кристофер Бакли

Човекот секогаш е привлечен од слободата, но неговото сопствено несовршенство му ги врзува рацете и нозете.
Лаура Хиленбранд

Во уметноста на современото постоење мравките стасале до совршенство на многу начини побрзо од нашиот сопствен вид.
Лафкадио Херн

На еволуцијата не ѝ треба совршенство, туку ефективност.
Леонард Млодинов

Сознанието за илузорноста на овој свет дава сили да се помириме со неговото несовршенство.
Леонид Јузефович

Она што отсекогаш најмногу го сакав кај мажите е несовршеноста.
Лив Улман

Да ​имаш гордост значи и да се стремиш кон совршенство, за некаков идеал.
Лиз Бурбо

Вистинската љубов значи да сакаш човек и покрај неговата несовршеност, па дури и поради него.
Лиза Сиј

Но, смислата на животот се состои во развојот, а не во достигнувањето совршенство.
Лејси Харисон

Она што отсекогаш најмногу го сакав кај мажите е несовршеноста.
Лин Улман

Природата не поднесува совршенство.
Линколн Чајлд

Кога можеме да изградиме заедница заснована на вистина и автентичност, а не на маски, лажно совршенство и да бидеме лажни, ние лекуваме, се поврзуваме и напредуваме.
Лиза Ранкин

На нашите деца не им треба совршенство од нас.
Лора Маркам

Не постои такво нешто како совршенство и дури да постои, мислам дека би било прилично досадно.
Лорејн Хит

Ние успеваме да го толкуваме библиското учење за да го поддржиме нашиот копнеж за совршенство. Како резултат на тоа, го мериме нашиот напредок со стандарди кои никогаш нема да ги постигнеме.
Лоренс Краб

Не трошете го вашето време стремејќи се кон совршенство; наместо тоа, стремете се кон совршенство-правете сè возможно.
Лоренс Оливие

Да ​​сакаш друг човек во сета негова величественост и несовршено совршенство, тоа е величествена задача.
Луиз Ердрих

Отсуството на совршенство-во излитена облека, на места погодни за живеење и кај обични луѓе-дава удобност.
Луиза Томсон Бритс

Суштината на грешките е во тоа да можеш да претпоставиш совршенство кога самата идеја е неверојатна.
Луис Фиго

Во секоја несовршеност има своја убавина.
Луси Кларк

Вашите очи никогаш, дури и за милион години не можат да видат само убавина и целосно совршенство во вашата сакана.
Мајкл А. Сингер

Обичните луѓе се премногу вознемирени од сопственото несовршенство за да забележат нечие друго.
Мајкл Канингем

Несовршенството на расудувањето е најголемиот недостаток на умствената работа во секоја област.
Мајкл Фарадеј

Доследноста е подобра од совршенството. Сите можеме да бидеме доследни-совршенството е невозможно.
Мајкл Хајат

Евангелието е исполнување на сите надежи, совршенство на сета филозофија, толкување на секое откровение, клуч за сите привидни противречности.
Макс Милер

Човекот не е плод на совршенство, туку плод на болест.
Мануел Ривас

Луѓето не се совршени-односно сè уште надворешно не го изразуваат своето внатрешно совршенство.
Миријам Вилијамсон

Секој се плаши од нешто и совршенството не е реално.
Маријана Запата

Да се ​​стремиш кон совршенство е да ја убиеш љубовта, бидејќи совршенството не ја препознава човечноста.
Марион Вудман

Имено, тишината е таа што дава совршенство на звукот.
Марк Хелприн

Бидејќи трпението е мојата најголема добродетел, а совршенството моја цел, јас сум добро подготвена за исполнување на кулинарски задачи.
Марлен Дитрих

Вежбањето е средство за поканување на посакуваното совршенство.
Марта Греам

Вистинската убавина е во несовршенството.
Мет Хејг

Лажењето е уметност која малку луѓе ја владеат до совршенство.
Матијас Едвардсон

Често се велеше дека ако тој бара совршенство на карактеристиките, убавина на лицето, тоа е затоа што самиот тој ги нема наполно.
Матијас Енард

Културата не се заснова на љубопитност, туку на љубов кон совршенството; културата е познавање на совршенството.
Метју Арнолд

Практиката не не прави совршени. Вежбањето проследено со ноќен сон води до совршенство.
Метју Вокер

Ние сме совршени во нашето несовршенство.
Меган МекКаферти

Убеденa сум дека стремежот кон совршенство е она што го разликува добриот живот од успешниот.
Мерил Стрип

Несовршеноста е убавина, лудоста е генијална.
Мерилин Монро

Најголемата лага во човечката историја е лагата на несовршеноста.
Мигел Руиз

Немој да бидеш во ништо просечен.
Балтазар Грацијан

Најсовршено дело е она што личи на самото себе.
Весна Крмпотиќ

Ако убавината е во совршенството, тогаш зошто обичниот елен е поубав од најсовршениот крокодил?
Мајкл Велер

Јас знам дека всушност никој не е совршен, дека под секоја маска на совршенство се крие згрчена плетеница на тајни тага и прикривање.
Морин Џонсон

Зборот „напредок“ никогаш не значел идеално совршенство.
Морис Друон

Прекумерната срамежливост често станува пречка на патот кон совршенството.
Мусараки Шикибу

Ако децата не можат да го видат идеалот за морално совршенство, тогаш ни најмалку не можеме да претпоставиме дека тие се многу поморални од возрасните.
Николај Доброљубов

Сушноста на човекот е несовршенството.
Норман Казинс

Убавината е природа, достигнала совршенство.
О. Хенри

Господ го создал човекот за среќа. Затоа што без среќа нема совршенство. И без совршенство нема хармонија во природата.
Павел Амнуел

Важно е да се ослободиме од чувството на вина поради сопствената несовршеност.
Памела Дракерман

Клиентите не очекуваат совршенство од давателите на услуги кои ги ангажираат, но очекуваат чесност и транспарентност.
Патрик Ленциони

Вечниот неуспех во потрагата по совршенство-тоа е единственото нешто што му го откраднува чинот на создавање на вродениот праведен ужас.
Патриша Хајсмит

Не секој може да стекне еднакво совршенство, но на некои им е дадено во помал или поголем степен.
Пјетро Помпонаци

Треба да се занимаваш само со она во што можеш да достигнеш совршенство.
Питер Акројд

Наместо да го чекате совршенството, бегајте со она што го сакате и поправајте по пат.
Пол Арден

Филозофската потрага по просветлување и потрагата на уметникот по совршенството на делото можат да се сретнат и обединат.
Пол Брунтон

Не можете да постигнете совршенство, но можете да поверувате во асимптота по која постојано се движите напред.
Пол Каланити

Поетот беше во право: несовршеноста е јазикот на уметноста.
Пол Теру

Стремежот кон совршенство некои ги прави совршено неподносливи.
Перл Бак

Во Невиноста навистина била сокриена голема мудрост, зрното на вистината родено од совршенство.
Р.А. Салваторе

Не ударот на чеканот, туку танцот на водата ги доведува камчињата до совршенство.
Рабиндранат Тагоре

Кога луѓето ме прашуваат како еден говорник може да постигне целосно совршенство, секогаш одговарам дека нема потреба да се стремиме кон тоа.
Радислав Гандапас

Вашите недостатоци, недостатокот на самодоверба, физичкото совршенство или социјален и економски успех-ништо од тоа нема значење.
Рам Дас

Разбрав дека може да се измориш од сè, дури и од совршенство, ако тоа стане премногу.
Ренсом Ригс

Смислата на животот е во тоа да достигнеш совршенство и да им раскажеш на другите за него.
Ричард Бах

Не се задоволувате со ништо помалку од совршенство.
Робин Шарма

Човек со голема мака се навикнува со сознанието за своето несовршенство.
Роберт Грин

Надежта на науката е совршенство на човечкиот род.
Роберт Ингерсол

Кога ќе ви се даде можност, обезбедете совршенство и никогаш не се откажувајте.
Роберт Родригез

Поетите секогаш ги мразат властодршците. За нив совршенството е секогаш зад последниот агол или подалеку од следниот.
Роберт Хауард

Таму кај што сум гледал недостаток, сега гледам совршенство-совршенството на животите кои се развиваат токму онака како што сме ги планирале.
Роберт Шварц

За да бидете верни на идејата, мора да го цените изразот пред совршенството, жизненоста над финалето, движењето над статиката и формата над функцијата.
Род Џадкинс

Ги гледаме нашите проблеми низ филтерот на сопствената несовршеност.
Роланд Меруло

Убавината е сенката на несовршеноста.
Сајмон ван Буј

Не плаши се од совршенството, ти никогаш нема да го достигнеш.
Салвадор Дали

Ако не се научите да се одрекувате себеси, не можете да постигнете напредок во совршенство.
Сан Хуан де ла Круз

Не постои индикација во Библијата дека љубовта има различни степени на совршенство. Или сакате или не. Или вашата љубов е безусловна и бескорисна, или таа не е вистинска љубов.
Сандра Браун

Сфатив дека е невозможно да се постигне совршенство.
Сандра Булок

Да ​​очекувате совршенство од сите е премногу. Секој има недостатоци.
Сара Десен

Мојата сила стана зависна од висината на моите постигнувања. Но, совршенството може да е илузија, а силата-проблем.
Сејал Бадани

Ние жедуваме за совршенство, а околу нас владее вулгарност.
Сергеј Довлатов

Катастрофите, ужасите со кои постојано се бориме, се последица од нашето духовно несовршенство.
Сергеј Николаевич Лазаров

Убавината е совршенство, односно максимумот на она што секогаш се очекува и секогаш се посакува.
Сергеј Снегов

Чекањето на „некој ден“ е, како на стремежот кон совршенство, всушност се просто извинување.
Сид Филд

Не постои такво нешто како совршенство, а само безмилосното, жедно совпаѓање на даден организам со неговата околина.
Сидарт Мукерџи

Кругот ги одразува единството и совршенството.
Синди Дејл

Книгите се машини кои ги доведуваат луѓето до совршенство.
Скот Вестерфилд

Ако вашето тело е далеку од совршено, вашата кожа не е толку проѕирна колку што би сакале, ако сте ниска, ова не е трагедија.
Софија Лорен

Усовршувањето се однесува кон совршенството, како времето-кон вечноста.
Станислав Буфлер

Земете го ОВОЈ ден, ОВОЈ момент и доведете го до совршенство. Моќта да си го промените животот се крие во наједноставните чекори.
Стив Мараболи

Бракот не е смртна казна. Тој самиот е совршенство.
Стив Харви

Може да се каже дека ние навистина го обожаваме Бога, иако ни недостасува совршенство; но, не може да се каже дека Му се поклонуваме ако ни недостасува искреност.
Стивен Чарнок

Вистинското уметничко дело е само сенка на божественото совршенство. Потребно е многу време да ги изразите најдлабоките и најискрените чувства.
Сузи Хоџ

Луѓето можат да живеат според високи стандарди, но не можат да живеат до совршенство.
Темпл Грандин

Знаете не помалку добро од мене за опасноста со која е оптоварено совршенството-привлекува засмејување и подигравка.
Тереза Ен Фаулер

Ако ја практикуваме љубовта кон ближниот со големо совршенство, ќе направиме сè. Можеме да зборуваме за љубов и смирение како вистински цветови на духот.
Тереза Авилска

Некои луѓе дури и не го гледаат она што е точно под нивниот нос. Но, совршенството е превисоко и никој не може да го достигне.
Тес Геритсон

Она што не го сфаќате е дека светот нема потреба од повеќе совршенство.
Теса Даре

Патот кон совршенството е да престанеш да правиш несовршени нешта.
Том Питерс

А главно е да не се меша напредокот со совршенството.
Том Стопард

Уметноста е совршенство на природата.
Томас Браун

Во секое несовршенство има свој идеал, свое совршенство.
Томас Де Квинси

Постои само еден вид живопис-оној живопис кој на очите им дарува вид на совршенство, убавина и беспрекорен емајл.
Вилијам Адолф Бугеро

За несовршеноста зборуваат многу, но најразбирливото несовршенство очигледно страда од несовршенство.
Умберто Еко

Да се научиш да го губиш совршенството е премногу жестоко и да го проследуваш цел живот е залуден гест на гордост.
Фабио Стаси

Нашата возвишена остроумност ни овозможува да знаеме што е совршенство.
Филип Сидни

Несовршеноста е претпоставка за благодат.
Филип Јенси

Совршените меланхолии имаат високи стандарди, прават сè до совршенство, но кога ќе ги наметнат своите стандарди на другите, оваа особина се претвора во слабост.
Флоренс Литаур

Ќе се стремиме кон совршенство. Нема да го постигнеме веднаш-но сепак ќе се стремиме.
Френклин Рузвелт

Ако барате совршенство или ништо, секогаш ќе завршите без ништо.
Френсис Шефер

Доказ за совршенството е отсуството на тврдења дека сме совршени.
Франсоа Фенелон

Животното искуство нè збогати токму со тоа што не можеме да го замислиме совршенството без неговите безобразни спротивности.
Фридрих Хелдерлин

Ако ги држиме нашите пријатели на стандард на совршенство, или ако тие нè држат до стандард на совршенство, на крајот ќе бидеме многу поосамени отколку што сакаме да бидеме.
Харолд Кушнер

Да си ​​жеден и да пиеш вода е совршенство на сензуалност, што ретко се постигнува.
Хозе Бергамин

Секое оправдано, неправедно, себично чувство не држи во состојба на несовршеност.
Хуан Карлос Онети

За да пишуваш за весник не е потребна никаква квалификација, но за да го читате потребно е совршено познавање на нештата, светот и луѓето.
Хуго Штајнхаус

На луѓето им е дадено само едно нешто до совршенство-разочарување едни со други.
Хуберт Селби Јуниор

За мене потрагата по совршенство не е толку интересна како да се обидете да го најдете својот сопствен глас.
Чарли Тротер

Тој не очекува совршенство во созданието и затоа не се разочарува кога не го наоѓа.
Чарлс Х. Спарџон

Наша работа е да го уништиме совршенството на празната страница.
Чак Вендиг

Ништо што гледаме или слушаме не е совршено. Но, токму таму во несовршеноста е совршената реалност.
Шунрју Сузуки

Имено, нашата несовршеност, нашите недостатоци се тие што нè привлекуваат еден кон друг.
Ирвин Шо

Страста е идеална средина во која човечката душа се манифестира во својата полнота и совршенство.
Јукио Мишима

Сепак, совршенството доаѓа од индивидуалниот напор.
Јан Моран