89. Збор-Зборување
Јас со збор, во збор и за збор. Јас со зборови, во зборови и за зборови. Во игра лесна, тешка, со грижи, безгрижна? Некогаш лесна, некогаш тешка,поретка со грижи, безгрижна во мое време. Кога се од мене за други и со други.
Зборови слаби, преслаби, јаки, прејаки; стари, излишни, нови, неистрошени; еднозначни, многузначни; весели, тажни, спокојни, возбудени: смирувачки, немирни, трепетни, вљубени; докажани, за докажување. Какви да се, ни јас можам без нив, ни тие без мене.
Зборувам и молчам со моите зборови, зборуваат и молчат тие со мене. И никогаш не ме уморуваат,и секогаш внимавам да не ги премалам од употреба.
Зборувам, мислам, промислувам; раскажувам, пеам, стихувам со моите зборови за секој што сака да ги споделува, што посакува да ни бидат заеднички постојано или одвреме-навреме. Додека откријат, пронајдат, соберат, приберат свои.
Јас и моите зборови најслободни во творечка игра, во создавање мои дела.
Македонски народни пословици и изреки
Не враќај се од зборот како жена од пазарлакот.
Брз коњ се втасуа, ама брз збор не се втасуа.
Воденица многу зборои се праат.
Железото железо трие, а збороите умо.
Зборо збор да ни бидит, неќум утре да се пишманит.
Зборои треба да се арџиш кога сакаш нешто да продаиш.
Зборојте сет како цреши: една вати, сите ќе се кренат.
Зборот дупка не дупнуа, ама се паметуа.
Зборот дури не го предумаш и преживаш, не зборуј го пред секого.
Зборот збор отворат.
Зборот зборче отворат.
Зборот како коа крава јазикот да му го изел.
Зборуав, зборуав, устата ме доболе и пак не ме разбра.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Зборуат како празна воденица.
Зборуј кога те прашаат, не молчи како ќос на јајца.
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта.
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат.
Јаас на моите очи зер не ќе се веруам, ами на туѓите зборои?
Кај збор не помага, тамо стап помага.
Каков што ет чоекот, таков му ет и зборот.
Камењето и песокта сет тешки, ама збороите лоши од безумнио сет потешки.
Којшто разбира, од еден збор разбират; а кој не разбират и илјада да му велиш, пак не ќе те разберит.
Лоши ѝ се на момето веѓите, ама чесни ѝ се збороите.
Мевлем на рана-збор на жалба.
Ми помина зборот како на камен.
Многу зборои сет стребрени, а помалку позлаќени.
Многу зборои-торба ореи.
На лош чоек секој не можи да му `и јади збороите.
Не менуј се од зборо како времето во марта.
Од збор на збор пијаницата ќе се ватит за суроицата.
Од кај што излегуа збор, и душа.
Окото порано нека му излезит на чоеко, а лош збор да не ум излезит.
Поарно ет да се слизниш со нога одошто со збор.
Поарно ет да си веруаш твоите очи одошто туѓи речои.
Поголем залак касни, поголем збор не речи.
Сечит со зборот како сабја.
Си дадоа лоши зборои, си зедоа од триста години.
Сите луѓе еден збор немаат.
Ќе го робеше кога го завати со зборои да му вели.
Чоек се учи со збор, а мечка со стап.
Како што зборуа, така и мисли.
Во зборо го гледаш благ, а во срцето лукав.
Збор од устата не му излегуат, ама од срцето афрат му излегуат.
Зборојте му се убаи, ама срцето му е гнило.
Зборот нему му је сенет.
И тој од збор се разбира, ако е големџија.
Со клешти збор не му се вади, многу темерут јет.
Мојо збор во устата твоја.
Чапрашик оди во зборот, ама ќе си го земит дарот.
Ќе му врати ако му призборуа.
Еден збор, еден алт`н је чинит коа да прогоорит.
За зборо нејзин секој се чудит кога да ѝ го чует.
Секој збор-и алт`н му се чини.
Ретко има чоек што да си стои на зборот.
Тој што не те разбира со еден збор-и со илјада нема да те разберит.
Тој коа ќе речи, не је чаре да излажит.
До еден збор што ќе го речи, сè ќе те излажит.
Еден збор дури да речит, чаршијата ќе се затвори.
Голем залак голтни, голем збор не речи.
Лошио збор на дно во темело да го закопаш, на гирамиди ќе излези, за секој да го види и да го чуе.
Поарно да речи чоек мед, али шеќер, ошто да речи пелин.
Поарно да речиш јагне ошто да речиш ѓаоле.
Претегни го зборо и после речи го.
Зборо му је збор, рече ли, тој умира и од зборо не се враќа.
Лош збор не вади од устата за да не те чуе ѓаоло и да те пиши во тевтеро.
Недоџвакани зборои зборуа.
Недомислени.
Зборојте сет бруќе.
Пословици и изреки од народи во светот
Зборовите што доаѓаат од срцето досегнуваат до срцето, а оние од устата најдалеку до ушите. (Арапска)
Човекот е сè уште господар на зборовите што не ги изговорил, но е роб на оние кои му се оттргнале. (Арапска)
Кога јазикот е појак од зборовите, тогаш главата ќе биде повредна. (Персиска-Иранска)
Говорот на мудреците е како музиката што ја слушаат во тишина. (Персиска-Иранска)
Убавите зборови не чинат ништо, па зошто да не ги употребиме кога е збор за нечија среќа? (Виетнамска)
Мудрите зборови се како шеќерна трска: ги сечиме, но нивната сласт е неисцрпна. (Мадагаскарска)
Зборовите се како јајцата: штом ќе се отворат, веќе имаат крилја. (Мадагаскарска)
Ако еден збор не погоди во целта, илјада зборови губат смисла. (Кинеска)
Студен чај и студен ориз уште можеме да ги поднесеме, но студените зборови никако. (Кинеска)
Зборовите треба да се мерат, а не да се бројат. (Српска)
Истурениот ориз може да се собере, но искажаните зборови не можеш да ги вратиш. (Корејска)
Со зборови пилав не се прави зашто сака ориз и маст. (Турска)
Не удирајте со копје-убедете со збор! (Руска)
Каква е употребата на зборовите, ако се празни во делата? (Руска)
Латински изреки
Секој е најдобар толкувач на своите зборови. (Quisque suorum verborum optimus interpres.)
На глув да му кажуваш приказна (залудно му зборуваш). (Surdo fabulam naras.)
Зборовите летаат, она што е запишано останува. (Verba volant, scripta manent.)
Секој е најдобар толкувач на своите зборови.
Зборовите учат, а примерите привлекуваат.
Од зборови на ќотек!
Најбрз е грдиот збор.
Домисла, гесло, мисла водилка
Ова се четирите магични зборови: знаење, сакање, смеење, молчење.
Анонимус
Кој претерува во зборовите, навлекува грев.
Талмуд
Ако зборовите што човек ги изговорува изгубиле душа, човекот повеќе не е жив.
Зен пословица
Зборот е сребро, молчењето е злато, а дошепнатиот збор дијамант.
„Литературнаја газета“
Кога мудреците ги создадоа зборовите ги просеаја низ својот дух како брашно низ сито, луѓето на светот се препознаа во пријателство чиј благословен знак лежи сокриен во река.
Риг Веда
Најмногу нè интересираат оние зборови што се изговараат со шепот.
Јогини
Внимавајте на зборовите што ги кажувате.
Нека бидат кратки и слатки.
Никогаш не знаете, од ден на ден,
кои ќе морате да ги јадете.
Анонимус
Рекле, издумале
Зборот треба да биде залога за дела и дури тогаш има своја вредност.
Балтазар и Моралес Грацијан
Не им верувајте на зборовите ни свои ни туѓи; верувајте им само на делата свои и туѓи.
Лав Николаевич Толстој
Зборовите ги зближуваат луѓето и поради тоа треба да се трудите да зборувате така што да те разбираат сите и да ја зборуваш само вистината. Избегнувај сè неприродно, необично, сè што може да ти го сврти вниманието. Ништо не помага во зближувањето на луѓето како едноставноста.
Лав Николаевич Толстој
Сите наши зборови од немарна употреба ја изгубиле својата острина.
Ернест Хемингвеј
Убавите зборови се најкус пат до успехот.
Јован Дучиќ
Убавите зборови не чинат ништо, а сепак постигнуваат многу.
Блез Паскал
На светот нема ништо појако ни понемоќно од зборовите.
Иван Тургењев
Исти зборови имаат различно значење за разни луѓе. Исти зборови имаат различно значење за исти луѓе во разни времиња.
Свами Сивананда
Ние сме она што нашите мисли направиле од нас, така што водете грижа за тоа што мислите. Зборовите се секундарни. Мислите живеат, тие далеку патуваат.
Свами Вивекананда
Не поганува човек што влегува в уста, туку што излегува од уста. Тоа го погани човекот.
БМ (Биг Метју)
Најизбраните зборови без добро расположение се суви и непријатни.
Доситеј
Сите зборови се веќе речени, но бидејќи никој не слуша треба постојано да се повторуваат.
Андре Жид
Што значи името? Она што го нарекувам ружа би мирисало и со друго име.
Вилјем Шекспир
За да го одржиме својот збор најдобро е никогаш да не го даваме.
Наполеон I Бонапарта
Цени ги зборовите! Секој од нив може да стане твој последен.
Станислав Јержи Лец
На почетокот беше Зборот. Дури потоа настанало Молчењето.
Станислав Јержи Лец
Дури откако ќе се исцрпат сите зборови, човекот почнува да разговара со човек.
Станислав Јержи Лец
Подобар од илјада бескорисни зборови е еден единствен збор кој донесува мир.
Лао-Це
Добрината во зборовите создава доверба. Добрината во мислите создава длабина. Добрината во давањето создава љубов.
Лао-Це
Најтивките зборови се оние што донесуваат бура; со светот управуваат оние мисли што доаѓаат на гулабови нозе.
Фридрих Вилхелм Ниче
Зборовите будат чувства, зборовите нè смируваат или нè тераат во очај, зборовите се најсилно средство на влијание на луѓето.
Сигмунд Фројд
Зборовите не му се дадени на човекот за да ги прикрие мислите.
Хозе Сарамаго
Зборовите се како листовите, и таму кај што ги има најмногу ретко под нив се наоѓаат многу плодови на разумот.
Александер Поуп
Зборовите живеат подолго отколку делата.
Пиндар
Колку е бракот подолг, зборовите и речениците се пократки.
Душко Радовиќ
Изговорениот збор не може да се врати.
Хорациј
Ако зборот е во речникот погрешен, како би можеле да знаеме?
Стивен Врајт
Ако сакаш да запознаеш нечија мудрост, слушај ги неговите зборови.
Сијао Хе
Делата зборуваат погласно од зборовите.
Сијао Хе
Изговорените зборови можат да одлетаат; перото остава трага.
Сијао Хе
Се плашам од големи зборови што сите нè прават така несреќни.
Џемс Џојс
Често сум жалел поради зборови што сум ги изговорил, поради молчење никогаш.
Публилиј Сириј
Ми се чини дека секој збор е непотребна дамка на тишината на ништожноста.
Семјуел Бекет
Човекот е господар само на неизговорените зборови. На изговорениот или напишаниот му станува роб!
Нура Баждуљ-Хубијар
Да чекав совршенство, јас никогаш не би напишала збор.
Маргарет Атвуд
Добрите зборови вредат многу, а чинат малку.
Џорџ Херберт
Добро направено е подобро од добро речено.
Бенџамин Франклин
Како што мораме да сметаме за секој празен збор, така мораме да сметаме и за секоја празна тишина.
Бенџамин Франклин
Зборовите можат да ја покажат човековата памет, но делуваат во неговото значење.
Бенџамин Франклин
Кај што зборовите не вредат, музиката прозборува.
Ханс Кристијан Андерсен
Кај што се потребни раце, зборови се одвишни.
Езоп
Има тишини на кои се сеќавам повеќе одошто на најубави зборови.
Ѓорѓе Балашевиќ
Кога зборот ќе премине преку усните, дел од човековата душа побегнува засекогаш и никој не може да се наведе да се врати назад.
Хомер
Кој е паметен, тој во разговор ќе мисли помалку на она за што зборува, а повеќе на она со кого разговара. Ако прави така, може да биде убеден дека нема да каже ништо поради што подоцна би можел да се кае.
Артур Шопенхауер
Мудроста не може да се рече. Мудроста која мудрецот се обидува да ја каже звучи секогаш како лудост.
Херман Хесе
На крајот нема да ги паметиме зборовите на нашите пријатели, туку молчењето на нашите пријатели.
Мартин Лутер Кинг
Најмногу има што да кажат оние кои најмногу молчат.
Александар Солженицин
Нашиот јазик е богат со зборови како: осамен, изолиран, издвоен, неповрзан, напуштен, тажен- и сите тие силно асоцираат на несреќен однос.
Вилијам Гласер
Не може да се мери заемното внимание на двајца луѓе според бројот на зборовите што ќе ги разменат.
Милан Кундера
Некои нешта треба така да се читаат: рано наутро, потоа попладне, па навечер, па во глуво доба на ноќта. Секогаш тие зборови, иако на изглед се исти, кажуваат сосема други нешта.
Давид Албахари
Немој да користиш зборови преголеми за темата. Немој да речеш бескрајно кога мислиш многу; инаку, ќе немаш зборови кога сакаш да зборуваш за нешто навистина бескрајно.
Клајв Стејплс Луис
Пакосните зборови можат да ти наштетат на чувствата, но тишината ти го крши срцето.
Клајв Стејплс Луис
Оној што навистина сака, сака во тишина; во дела, а никогаш со зборови.
Карлос Руиз Зафон
На паметниот еден збор му е доста.
Тит Мациј Плаут
Поезијата е ритмичко создавање на убавина во зборови.
Едгар Алан По
Сета љубов на светот копнее да прозбори, само не се осмелува зашто е плашлива! Тоа е трагедијата на светот.
Џорџ Бернард Шо
Сè што имам да кажам е во музиката. Ако имам нешто да кажам, напипшувам песна.
Пол МекКартни
Во брачниот договор би морало да биде речено: се обврзуваме дека ќе се одрекнеме од последниот збор.
Ханс Хабе
Во животот треба мудро да молчиш. Но ако збор кажеш, нека биде тежок како секоја вистина. Нека биде кажан за човек.
Мак Диздар
Жената повеќе сака нежен збор, макар бил и глупав, одошто паметен ако е груб.
Меша Селимовиќ
Потпирањето на својот авторитет со тежок и комплициран речник отсекогаш била привилегија на плитки глави, брзоплети и неуки пера.
Јан Парандовски
Зборот никогаш не е совршено средство на спогодување. Сè што е смисла, сè што е вистина, сè што е вистинска содржина-бега низ слоговите и речениците како пареа низ прсната цевка:
Камил Петреску
Зборовите…ги спојуваат луѓето како мостови, создавајќи во исто време меѓу човек и човек непремостливости мошне често подлабоки од најмрачна бездна.
Мирослав Крлежа
Како во школките во кои децата наслушнуваат шум на ветришта и морски бранови, така и во човечките зборови шуми сè, сè што се случило со човекот од почетокот. Зборот нè спојува со ѕвездите и со мајмуните…
Мирослав Крлежа
Кога зборовите би биле со краток век како што е звукот кој ги изговорил! Но, тие често живеат со години, како срамни рани болат и го жегаат и го трујат животот.
Иво Андриќ
Зборот е единствено човечки и низ него само може да се појми она што е човекот. Со него престанува немуштиот јазик во природата, со кој се разбираат животните и стварите. Таа е чудо и магија на човечкото битие. Човек кога молчи и човек кога зборува се два поима. Овој вториов е поголем и повеличествен.
Милан Богдановиќ
Заблудата, глупоста, лагата не почнуваат од мисла, туку од збор.
Карел Чапек
Кога луѓето подобро би сфаќале каква опасност се крие во употребата на некој збор, речниците во излозите на книжарниците би имале црвена лента со натпис: Експлозив! Внимателно ракувајте!
Андре Мороа
Агитаторот зема збор. Уметникот го обзема збор.
Карл Краус
Еден збор не еден те ист кај еден и кај друг писател: едниот го откорнува од своите гради, а другиот го извлеклува од џебот на наметката.
Шарл Пегуи
Реториката, многуречовитоста е фрлање прав в очи.
Антун Густав Матош
На светот нема поголемо мачење од мачење со зборови.
Семјон Јаковлевич Надсон
Речник-тоа е цел свет нареден според азбучен ред.
Анатол Франс
Зборот, таа слика на мислите, може само да изрази општи и обични страсти. Таа ни дава профили, но ни светлина ни сенки. Таа не умее да прикаже ни длабочини ни она што стрчи; па ни големи радости, како ни големи болки.
Игинио Тарчети
Не е секој збор само затоа што е ставен во некој речник достоен да премине во сеопшта употреба.
Фран Левстик
Речникот е историја на човекот.
Паоло Мантегаца
Сите наши зборови се само трошки кои паѓаат од празникот на умот.
Калил Џибран
Поезијата е пламен во срцето, а реториката е снегулка. Како можат да се сложат пламен и снегулка?
Калил Џибран
Голем број луѓе мислат дека повеќеслоевите се знак на интелигенција.
Барбара Валтерс
Со зборови учиме мисли, а со мислите живот.
Жан Батист Жирар
Боите бледнеат, храмовите се уриваат, царствата пропаѓаат, но мудрите зборови издржуваат.
Едвард Ли Торндајк
Должност е највозвишениот збор на нашиот јазик. Вршете ја својата должност во сите работи. Не можете повеќе. Никогаш не би смееле да работите помалку.
Робер Е. Ли
За мене зборовите се облик на акција која може да влијае на промените. Нивната артикулација претставува целосно, проживеано искуство.
Ингрид Бенгис
Колку било свети зборови да прочитате,
колку-годе да зборувате,
каква корист ќе ви направат
ако не постапите според нив?
Буда
Сакам добри и јаки зборови кои нешто значат.
Луиза Меј Олкот
Ако треба зборови да влезат во човечкиот ум и да донесат плод, тоа мора да бидат вистински зборови лукаво обликувани да ја минат одбраната на луѓето и тивко и ефектно да експлодираат во нивните мисли.
Џон Бертрам Филипс
Ако разговарате со човек на јазик што тој го разбира, тоа му иде во главата. Ако разговарате со него на неговиот јазик, тоа иде во неговото срце.
Нелсон Мандела
Ако сакате да бидете остри, бидете кратки; зашто тоа со зборовите е како со сончевите зраци-колку се повеќе згуснати, толку подлабоко согоруваат.
Роберт Сутеј
Во одредена смисла зборовите се енциклопедии на незнаење зашто ги замрзнуваат перцепциите во еден момент на историјата, а потоа инсистираат да продолжиме да ги користиме овие замрзнати перцепции кога би требало да ни оди подобро.
Чарлс Франсис Публиус де Боно
Не залудно зборот останал главна човекова играчка и орудие: без значењата и вредностите што ги одржува, сите останати човекови орудија би биле безвредни.
Луис Мамфорд
Ми се чини дека немам никаква врска со пишувањето на песните кои добро дошле како било. Зборовите само ми ползеле низ ракавот и излегувале на страница.
Џоан Баез
Љубезните зборови се творечка сила, сила која се вградува во изградбата на сè што е добро и енергија што го благослови светот.
Отец Лоренс Ловасик
Најдрагоцен од сите таленти е никогаш да не се користат два збора кога еден ќе го стори тоа.
Томас Џеферсон
Една од најтешките работи во животот е да имате зборови во срцето кои не можете да ги изговорите.
Џејмс Ерл Џонс
Многу е тешко да се прикажат различните значења и несовршености на зборови кога немаме ништо друго освен зборови со кои тоа можеме да го сториме.
Џон Лок
За мене најголемо задоволство на пишувањето не е она за што станува збор, туку музиката што ја прават зборовите.
Труман Капот
Зборовите се модел, зборовите се алати, зборовите се штици, зборовите се шајки.
Ричар Ли Роудс
Зборот е мртов
Кога ќе се изговори,
некои велат.
Велам дека само
почнува да го живее
тој ден.
Емили Дикинсон
Зборовите се моќно оружје од сите причини, добри и лоши.
Менли Палмер Хол
Зборовите се најмоќна работа во вселената…Зборовите се контејнери. Содржат вера или страв и произведуваат според својот вид.
Чарлс Емит Капс
Зборовите прават две главни работи: обезбедуваат храна за умот и создаваат светлина за разбирање и свест.
Џим Рон
Зборовите, како природата, наполу ја откриваат, а наполу ја сокриваат душата во себе.
Лорд Алфред Тенисон
Зборовите-онака невини и немоќни колку што стојат во речникот, колку стануваат моќни за добро и зло во рацете на оној што знае како да ги комбинира!
Натаниел Хоторн
Видете ги овие диктатори на нивните пиедестали, опкружени со бајонети на своите војници и пендреци на нивната полиција. Сепак, во нивните срца постои неискажан-неискажлив!-страв . Тие се плашат од зборови и мисли! Со зборови изговорени надвор ги разбрануваат мислите дома, сè помоќни зашто им е забрането. Тие ги застрашуваат. Во собата ќе се појави мало глувче-мало малецкаво глувче!-мислите, па дури и најсилните потенцијали се фрлаат во паника.
Винстон Черчил