ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 4 минути

78. Активен, дејствен, работлив
Активност, дејственост, работливост

Треба да се биде активен, да се биде дејствен секој ден, секој час, ако може секоја минута од животот. Постојано, незапирно, дури без здив. Зашто и здивот треба да ни биде активен, да ни биде дејствен. На пример кога е одмор за собирање на сила и енергија пред нова активност. Активизмот, дејственоста ја одржува виталноста на човекот, го покажува и докажува во неговата целосност. Затоа со право се бара тој да биде прва негова задача.

Блазе си му на работливиот. Тој создава, гради и надградува. Зашто не му е ништо тешко. Зашто се научил да работи за себе и за други; за себе како за други, за други како за себе. Ниедно време, ни нашево не е за денгубење, безделничење. За денгуби, за безделници секое и какво време им е бреме.

Македонски народни пословици и изреки

Бадијала да работиш откоа не те брка работата, нема што да спечалиш.

Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.

Гулаби рани, работа губи.

Играчките за децата,а за мажите работата.

Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата.

Којшто работи и молчи, поеќе работа ќе свршит.

Многу работи кој заваќат, не `и довршуат.

Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.

Поеќе милуј ја работата одошто празнотата.

Работа што ќе ватиш, крајот да ѝ го мислиш.

Работи како за сто години да живеиш, а мисли како за утре оти ќе умриш.

Силната работа сиромаштија потеруа.

Ти напредуа работата како рако во батако.

Ќе ја работи работата како вол за сламата.

Вода не ќе му даи коа ќе ја вати работата.

Мезе по ракија му је нему најтешката работа.

Од пусти с`клет за работа курдеши изваде.
Се с`к`лдисал од работа, тики изваил зрна како од волк заби.

Ќе се раскини од работа.

Дури не ја ватиш работата, сама не се сработуа.

Чапрашик ојт во работата.

Арнио мајстор сама работата го валит.

Напраил работа за голема приказна.

Од секаква работа око не му трепнуа.

Насрди го некој глупав да си ја остаи работата.

Гледа со четири очи на работата.

Пословиците и изреки на народи во светот

Во размислувањето биди сличен на полжавот, во дејствувањето на птицата. (Јапонска)

Бунарите кои често се употребуваат имаат секогаш свежа вода. (Германска)

Од одење нешто, од седење ништо. (Бугарска)

Торба која многу шета го рани својот сопственик. (Француска)

Кој излегува на море, мора или да едри или да потоне. (Данска)

Врзаниот пес лае и на своите болви; пес кој лови не обраќа внимание на нив. (Кинеска)

Латински изреки

Hominem agnoscis ex operibus suis. (Човекот го препознаваш според неговите дела.)

Домисла-Гесло-Мисла водилка

Големите луѓе достигнале совршенство само низ акција, а од љубов спрема човештвото. Што било што го прави големиот човек, истото тоа го прават и останатите луѓе; што било што тој ќе постави како начело, целиот свет на тоа се покорува.
Бхагавад гита

Рекле, издумале

Активноста е во човековата природа; целосното мирување е смрт.
Блез Паскал

Коњ кој долго време стоел, нема добро да трча.
Овидиј

Човек кој треба да се убедува за некоја активност, не е човек од акција…Вие морате да дејствувате како што дишете.
Жорж Бенжамин Клемансо

Оние што само стојат и чекаат, нема да бидат услужени.
Џон Милтон

Треба да се дејствува како човек од мисли, а да се мисли како човек од акција.
Анри Бергсон

Како ќе се запознаеш самиот себеси? Со посматрање никогаш, но со дејствување. Обиди се да ја извршуваш својата должност, па ќе дознаеш колку вредиш.
Јохан Вофганг Гете

Да се биде активен е прва задача на човекот, а сето време кога е принуден да се одмора би требало да го употреби за стекнување на јасно спознание за светот, за тоа спознание во иднина да му ја олесни работата.
Јохан Волфганг Гете

Активноста е израз на инфериорната сила, мирнотијата на супериорната.
Свами Вивекананда

Надвор од акција ние сме надвор од општеството.
Тин Ујевиќ

Луѓето од активност во општеството се со многу поголемо влијание одошто луѓето од дух.
Богдан Поповиќ

Секоја активност уживањето го прави целосно.
Аристотел

Нема жнеење кај што немало сеење.
Квинтилијан

Акцијата не мора секогаш да биде среќна, но нема среќа без акција.
Бенџамин Дизраели

Грам акција е повреден од тон теорија.
Фридрих Енгелс

Големите луѓе се одликуваат со големи акции.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Акцијата е вистина мера на успехот.
Оливер Наполеон Хил

Ако мораш да прашаш дали си направил добро, не си. Секој ден донесува и можност да се направи повеќе од вчера.
Стив Мараболи

Ако одлучите, почнувајќи од утре да вложувате во својата работа многу повеќе отколку што сте платени за тоа, чуда ќе почнат да се случуваат во вашиот живот.
Ог Мандино

Галериите, а сите тие се исти, и тоа со право, тие продаваат дело.
Ким Вестон

Одењето е најдобра вежба. Навикнете се да одите многу далеку.
Томас Џеферсон

Јас сум сведок за огромната енергија на масата. Врз тој темел е можно да се оствари која било задача.
Мао Цетунг

Единствени часови во кои човек без проблем се поднесува себеси се оние што ги минува гледајќи во оган, а себеси дури и се сака кога огнот ќе тргне кон гаснење.
Џевад Карахасан

Креативноста е само плус назив за редовни активности. Секоја активност станува креативна кога сторителот ја извршил правилно или подобро.
Џон Апдајк

Се надевам дека секогаш ќе сакам повеќе од што можам да постигнам.
Микеланѓело

Не суди го денот според собраниот род, туку според засеаните семенки.
Роберт-Луис Стивенсон

Ништо друго освен делувањето кон одредена цел не е она што го прави животот поднослив.
Фридрих Шилер

Препознајте го големото додека е уште мало.
Сун Цу

Сите таканаречени практични луѓе се подобни да служат: токму тоа ги прави практични; било за други, било за самите нив.
Фридрих Ниче

Ти постоиш само во она што го работиш.
Федерико Фелини

Кој е замислен не е безработен. Работата може да биде видлива и невидлива.
Виктор Иго

Да се знае не значи да се биде. Наученото мора да се обидете да го пренесете во секојдневниот живот.
Блез Паскал

Leave the first comment