62. Благодарност-Неблагодарност
Благодарен сум за секоја насмевка, за секој поглед што иде од љубов, искреност, радост, нежност, верба и доверба. Благодарен сум за спокојот што ми го дарува создаденото за препознавање и опстојување.
Благодарен сум за секоја, каква било и најмала помош во живеачкава, во времево, во постоењево.
Неблагодарност за сторено добро оти не требало да се стори. Не e грешено стореното, ами мислата дека кога нема возврат ќе има барем благодарност.
Колку неблагодарни луѓе на чекор од нас, во чекор со нас. Во недоброј, во недоглед, во немерност. Од што луѓе ни на времето кое по ред си иде не му се благодарни.
А куче што не те знае и да го раниш ќе те лае.
Македонски народни пословици и изреки
И куче од сој се бара, а не чоек да не се бара.
Како он, така ѓон.
Како таткото, така и сино.
Како семката, таква и ластинката.
Којшто не се чести сам, никој не го честит.
Крушата под круша паѓа.
Курвино копиле.
Богат, ама не од сој.
Рани куче да те лае.
На габер сливи не се раѓа.
У бесчестен чоек чоештина не барај.
Сој ковар.
Од турцки: по сој се тера.
Сојо му је таков.
Лош.
Од лајно плитар не се праи.
Од лош чоек чоештина не барај.
Од лепешка зелник не бидуа.
Од свиња мев не бидуа.
Од црн излезе поцрн.
Пословици и изреки од народи во светот
Само човекот не е благодарен за добрата што се чинат. (Арапска)
Ако не можеш да наградиш, тогаш заблагодари се. (Арапска)
Ако сееш кактус, не очекувај грозје. (Арапска)
Кога јадете зелје од бамбус, запомнете го човекот што го засадил. (Кинеска)
Кога уживаме во слаткиот плод, би требало со благодарност да се сетиме на оној што ја засадил овошката. (Виетнамска)
Ако при секоја пријателска услуга мислиш на благодарноста, тогаш не си дарувал туку си продал. (Руска)
Благодарноста спрема родителите ја чувствуваме дури откако ќе ги изгубиме. (Етиопска)
Неблагодарноста порано или подоцна ќе се покаже кобна. (Иви-едно од двете исчезнати племиња (второто е Ирутси), од вкупно 12 од кои потекнуваат Науруанците-микронезиски народ на островската држава Науру.)
Доброто со добро се враќа. (Босанска)
Рани куче- на тебе да лае. (Бугарска)
Прави стопати добро, а еднаш не направи сè е заборавено. (Српска)
Не фрлај кал во бунар од кој некогаш си пиел. (Еврејска)
Кога ќе стигнеме на брег, повеќе не се молиме. (Англиска)
Домисла-Гесло-Мисла водилка
Благослови од бладораност:
Благодарноста е израз на духовниот живот.
Ги поттикнуваме другите со тоа што ќе бидеме благодарни.
Примањето на Божјата благодат преку делото на спасението нè тера да бидеме благодарни.
Недостигот на благодарност може да е знак дека си изгубен.
Недостигот на благодарност ги намалува можностите за сведочење.
Ние сме повикани да бидеме благодарни и да ја искажеме благодарноста.
Не постои ниедна состојба во која не би требало да сме благодарни.
Недостигот на благодарност е грев.
Библија
Секогаш кога ќе ја научев вештината на гаѓање со стрела, подоцна станував мета.
Суфи мудрец
Среќата доаѓа кога ќе престанеме да се жалиме поради сите неуспеси кои нѐ снашле и ќе станеме благодарни поради неуспесите кои нѐ ни се случиле.
Анонимус
Рекле, издумале
Да се сеќаваме на минатото со благодарност, да ја живееме сегашноста со ентузијазам, да ѝ се радуваме на иднината со доверба.
Свети Иван Павле II
Благодарноста гледа во минатото, ја сака сегашноста и ги отстранува стравот, алчноста, копнежот и амбицијата.
Карл Стејплс Луис
Во животот е клучно дали нештата ги земате здраво за готово или со благодарност.
Гилберт Кејт Честертон
Јас верувам дека благодарноста е највисоката форма на размислување; и таа благодарност претставува среќа двојно зголемена благодарение на чудо.
Гилберт Кејт Честертон
Кога бевме деца им бевме благодарни на оние што ги исполнуваа нашите чорапи за Божиќ. Зошто не му благодариме на Бога што ги наполни нашите чорапи со нозе?
Гилберт Кејт Честертон
Благодарноста е мерило на секоја среќа.
Гилберт Кејт Честертон
Благодарноста е богатство. Приговарањето е сиромаштво.
Дорис Деј
Човечката неблагодарност е гроб на добродетелта.
Алфред де Мисе
Оној кој не е задоволен со она што го има, нема да биде задоволен ни со она што би го сакал да го има.
Сократ
Да се биде благодарен не значи дека е сѐ во ред. Тоа само значи дека сѐ привлекуваме со благодарност.
Рој Т. Бенет
Ако не си благодарен за она што го имаш, зошто мислиш дека би бил благодарен кога би го имал она што го немаш?
Рој Т. Бенет
Најдобро кај дарот на благодарноста е што колку повеќе сме благодарни толку повеќе го добиваме.
Роберт Холдон
Треба да научиме да го сакаме она што го имаме, да не го имаме она што го сакаме, за да добиеме стабилна и постојана среќа.
Далај Лама
Благодарниот ум е голем ум кој еднаш ќе привлече големи работи.
Платон
Нема да бидете среќни со поголеми нешта (или повеќе нешта) додека не станете среќни со она што веќе го имате.
Вики Кинг
Сега не е време да се мисли на она што го немаш. Мисли на тоа што можеш да направиш со она што го имаш.
Ернест Хемингвеј
Есенција на убавите уметности, големите уметности е благодарноста.
Фридрих Ниче
Ако единствена молитва која ја кажувате во животот е само едно „Благодарам“, тоа е веќе доволно.
Мајстер Екхарт
Нека благодарноста биде перница на која ќе клекнеш да ја кажеш ноќната молитва. И нека верата биде мост кој го градиш за да го надминеш злото и да го прифатиш доброто.
Маја Ангелоу
Најдобра дефиниција за човек е: битие кое се движи на две нозе и е неблагодарно.
Фјодор Михајлович Достоевски
Ако при секоја пријателска услуга веднаш мислиш на благодарност, тогаш не си дарувал, туку си продал.
Фјодор Михајлоович Достоевски
Подла душа, ослободувајќи се од јарем, самата угнетува.
Фјодор Михајлович Достоевски
Секогаш од дното на душата сум го мразел порокот на неблагодарноста. Кога би морал да му бидам благодарен и на самиот ѓавол, би зборувал сè најдобро за неговите рогови.
Франсоа Аруе Волтер
Секогаш кога му давам некому едно упразнето место, создавам стотина незадоволници и еден наблагодарник.
Луј XIV
Благодарноста е плод на голема култивираност; нема да ја пронајдете меѓу некултурен свет.
Семјуел Џонсон
Поостро од забот на змијата е да се има неблагодарно дете.
Вилјем Шекспир
Господи, кој ми даваш живот, позајми ми срце исполнето со благодарност.
Вилјем Шекспир
Ја мразам неблагодарноста во човекот, повеќе од лажењето, суетата, озборувањето, пијанството или кој било друг порок.
Вилјем Шекспир
Луѓето кои ја гризат раката која ги храни често и ја лижат чизмата која ги удира.
Ерик Хофер
Оној кој не ја изразува својата благодарност кон луѓето, никогаш нема да му биде благодарен на Бог.
Мухамед
Доброто што сме го примиле од некого бара да го прифатиме и злото што ни го прави.
Франсоа Ла Рошфуко
Благодарноста, кај повеќето луѓе, е само потајна желба за уште поголемо добродетелство.
Франсоа Ла Рошфуко
Оние што исполнуваат должност на благодарност, не можат да си ласкаат на себеси дека се благодарни.
Франсоа Ла Рошфуко
Не е голема несреќа да се задолжи неблагодарник, но е неподносливо да му се должи благодарност на нечесен човек.
Франсоа Ла Рошфуко
Луѓето не само што се наклонети на тоа да ги забораваат добродетелствата што им се сторени, туку дури и ги мразат оние на кои мораат за нив да им бидат благодарни.
Франсоа Ла Рошфуко
Не е толку опасно да им се прави зло на луѓе, колку што е опасно да им се прави зло.
Франсоа Ла Рошфуко
Нблагодарноста е како острица на меч. Понекогаш му ја сече главата и на својот ковач.
Љубомир Ненадовиќ
Да се чувствува благодарност, а да не се искажува, исто е и да се завитка подарок, а да не се предаде.
Вилјем Артур Вард
Неблагодарен е оној кој порекнува дека добил некаква љубезност или услуга која му била дарувана. Неблагодарен е оној кој тоа го сокрива. Неблагодарен е оној кој ништо не возвраќа за тоа, а најмногу неблагодарен е оној кој тоа го заборава.
Луциј Анеј Сенека
Уживај во малите нешта бидејќи еден ден можеби ќе се свртиш назад и ќе видиш дека тие биле големи нешта.
Роберт Броу
Додека ние искажуваме благодарност, никогаш не смееме да заборавиме дека најголема благодарност не е да изговараме зборови, туку да живееме според нив.
Џон Ф. Кенеди
Размислете за вашите сегашни благослови, од кои секој човек има многу; не на вашите минати несреќи, од кои секој човек има по нешто.
Чарлс Дикенс
Признавањето на доброто што веќе го имате во вашиот живот е основа за сите изобилства.
Екарт Тол
Благодарноста она што го имаме го претвора во доволно, и повеќе. Го претвора одрекувањето во прифаќање, хаосот во ред, збунетоста во јаснотија… Му дава смисла на минатото, донесува мир за денес и создава визија за утре.
Мелдои Бити
Земјата не произведува ништо полошо од неблагодарен човек.
Авзониј
Бидете благодарни за она што го имате, само така на крајот ќе имате мног повеќе. Ако се концентрирате на она што го немате, никогаш ништо нема да ви биде доволно.
Опра Винфри
Благодарноста не е само најголемата доблест, туку е и мајка на сите други.
Марко Тулиј Цицерон
Некои луѓе не ги сакаат розите бидејќи имаат трње. Јас сум благодарен што трњата имаат рози. Жан-Баптис Алфонс Кар
Тоа е волја да бидеме благодарни што претставува благодарност.
Јосеф Кук
Покрај неблагодарноста, најболното нешто што треба да се носи е благодарност.
Хенри Ворд Бичер
Кога некој би ми дал сад полн со песок и би рекол дека во него има парчиња железо, можеби би почнал да ги бара со поглед или со неспретни прсти, па не би ги пронашол; но допуштете да земам магнет и со него да ја прочешлам песокта, па ќе видите како со гола привлечна сила би ги привлекол и најситните честички. Неблагодарното срце, како мојот прст во песокта, не открива никаква милост; но нека благодарното срце го прочешла денот и тоа, како магнетот во потрага по железото, во секој час ќе пронајде некој небески дар. Само што железото во Божјиот песок е всушност злато!
Хенри Ворд Бичер
Може да се каже дека сме живи само во оние моменти кога нашите срца се свесни за нашите богатства.
Торнтон Вајлдер
Човекот го сака и цени оној што му направил некоја услуга, но само дотогаш додека смета дека може да ја возврати; ако услугата е голема, тој почнува да го мрази својот добродетел, зашто го потсетува на сопствената слабост.
Лев Николаевич Толстој
Ако сретнеме некој што ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа. Колкупати, пак, сме сретнале некого кому му должиме благодарност, па на тоа не сме се сетиле?
Јохан Волфганг Гете
Неблагодарноста е сепак ознака на слабите. Јас сè уште никогаш не сум видел дека вистински човек е неблагодарен.
Јохан Волфганг Гете
Применото зло луѓето го впишуваат во мермер, а доброто на песок.
Томас Мор
Во природата човекова лежи благодарноста да не ја одведува во љубов, туку во потајна омраза. Благодарноста е чувство на инфериорност спрема друг.
Јован Дучиќ
За ништо не сме толку благодарни како за благодарноста.
Мари фон Ебнер Ешенбах
Биди му благодарен на пламенот, на неговата светлина, но не заборавај на оној што ја држи ламбата и стои во сенка истрајно и трпеливо.
Рабиндранат Тагоре
На пресушено корито не му сме благодарни за даровите како порано.
Рабиндранат Тагоре
За сите добра што ги правам, благодарна сум му на Бога.
Мајка Тереза
Животот станува поподнослив помеѓу луѓето кои си заблагодаруваат едни на други.
Јерг Зинк
Кога ќе му ја довериш својата неволја на соседот, му даруваш дел од своето срце. Ако во него има голема душа, ти благодари; а ако е мала, те омаловажува.
Калил Џибран
Благодарното однесување донесува среќа.
Џон Маркс Темплтон
Биди благодарен за тоа што го имаш, па во сè ќе изразуваш благодарност.
Џон Маркс Темплтон
Луѓето кон вас ги привлекува изразувањето благодарност, а не жалбите.
Џон Маркс Темплтон
Искажувањето благодарност донесува нови причини за благодарност.
Џон Маркс Темплтон
Никој не може да биде благодарен на самиот себе, зашто благодарноста оди од поединец спрема друг човек.
Тома Аквински
Школувањето на самиот себе за чувство на благодарност значи да не се зема ништо здраво за готово, за што било да е збор, туку секогаш да се бара и цени таа добра волја која е во заднината на одредена постапка. Принудете се на тоа сè добро што се прави за вас да го сметате за вообичаено и сосема разбирливо. Сè потекнува од желбата за добродетелство која е насочена кон вас. Ако настојувате сериозно и непрестано самиот себе да се школувате за чувството на благодарност, вашата непопустлива човечка природа ниту вам, ниту на други нема да им предизвикува никакви неволји.
Алберт Швајцер
Понекогаш нашата светлина се гаси за повторно да ја распламти некое друго суштество. Секој од нас им должи длабока и искрена благодарност на оние кои таа светлина одново ја оживеале.
Алберт Швајцер
Секој што со својата волја му благодари на Бога и самиот станува богат.
Алберт Швајцер
Добродетелта на благодарноста директно ги допира крајните темели на човечкото постоење, зашто тешко дека постои некоја друга човекова одлика која е толку примерена на откривање на состојбата на неговото внатрешно духовно и морално здравје, како што е тоа неговата способност за покажување благодарност.
Ото Фридрих Болнов
Во секојдневниот живот тешко препознаваме дека примаме многу повеќе отколку што даваме и дека само со благодарност животот станува побогат.
Дитрих Бонхефер
На благодарниот човек Бог му го покажува патот на спасението.
Дитрих Бонхефер
Сладок е дахот на пролетниот пороен дожд,
Пчелиното богатство слатко е;
Слатка музика, се топи,
Но посладок е уште едвај чујниот глас на благодарноста.
Томас Греј
Немаш пријател со кој можеш да го споделиш или да му се радуваш на животниот успех-не би можел ли да се свртиш кон оние на кои им должиш благодарност или да погледнеш кон оние на кои би требало да им дадеш заштита, и натаму си еднакво должен цврсто да чекориш по патеката на обврските; зашто својот активен труд не му го должиш само на општеството, туку и на понизната благодарност на Суштеството кое ти овозможило да станеш негов дел, со моќите да служиш на себеси и на други.
Валтер Скот
И кога не мислам на сиот тој јад, туку на блесокот што преостанува. И во тоа лежи разликата помеѓу мене и мајка ми. Таа ми советува: „Помисли само на сиот тој јад во светот и биди благодарна за тоа што не го доживуваш“. А јас велам: „Излези на полиња, во природа и на сонце, излези и побарај ги сите оние нејаснотии во себе и во Бога. Размисли за убавината која секогаш одново и без престан зрачи и со тебе и без тебе и биди среќна“.
Ана Франк
Изразувањето благодарност потекнува од предисториски ретки магли со дожд, универзално за сите периоди и сите вери. Без оглед колку во одделни ситуации сме морале да се фаќаме за одредени сламки, секогаш има време за благодарност и нов почеток.
Џон Роберт Москин
Кога ќе научиме да изразуваме благодарност, се учиме во животот да се концентрираме не на лошите, туку на добрите работи.
Еми Вандербилт
Да им бидеме благодарни на будалите. Ако ги немаше, ние останатите не би успеале.
Марк Твен
Ако прифаќаш прегладнет пес и го нахраниш, тој нема да те касне. Тоа е главната разлика меѓу човекот и песот.
Марк Твен
Кој очекува благодарност за својата љубов, всушност и не љуби.
Хајнрих Волфганг Сидел
Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден не бараме ништо, а од денешниот со благодарност го примаме она што ни го носи.
Херман Хесе
Бидете благодарни на советите, а не на пофалбите.
Жан д Ла Фонтен
Повеќето луѓе враќаат мали услуги, ги признаваат средните услуги и ги плаќаат големите услуги-со неблагодарност.
Бенџамин Франклин
Неблагодарни сме можеби само затоа што не сме во можност да се оддолжиме.
Оноре де Балзак
Неблагодарноста е недостаток на култура.
Бјернстјерне Бјернсон
Неблагодарникот прави зло и на себеси и на други зашто ја убива волјата на други да бидат добродетели.
Емануел Кант
Најмногу нè мразат оние што ни должат.
Душан Радовиќ