Потребно време за читање: 5 минути

49. Работа-Труд

Македонски народни пословици

Ако ми е весел комшијата, побргу да си ја свршам работата.

Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата.

Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата.

Ако немаш работа, стани испат; ако имаш пари, стани кефелен.

Бадијала да работиш, од коа не те брка работата, нема што да спечелиш.

Вати ја работата од порано, да ако сакаш да ја свршиш побрго.

Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.

Гулаби рани, работа губи.

Да ошчурее и работа и ѓаволо шчо го нема.

Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.

Дури не ја ватиш работата, сама не се сработуа.

Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула.

Играчките за децата, а за мажите работата.

Ја врзавме работата со бубаќерен конец.

Ја тиква, ја лубеница ќе му излезит работата.

Многу работи кој заваќат, не и довршуат.

Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.

Немал дедо работа, што си купил маторица.

Не оставај сегашната работа за утре.

Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.

Пословици од народите на светот

Ако работат рацете, работи и устата. (Калмичка- Калмиците се народ во Калмичка република, а ги има и во Астраханската, Волгоградската и Ростовската област, како и во Старополскиот крај на Руската федерација; Калмичката република се простира на површина од 74.731 км кв, помеѓу реките Волга и Дон, на бреговите на Каспиското езеро. Главен град е Елиста. Официјални јазици се руски и калмички. Има вкупно 283.166-мина жители (според пописот од 2010. година). Калмиците се единствен европски народ од монголско потекло, додека Калмикија е единствен европски регион каде што преовладува будизмот кој потекнува од Тибет. )

Треба брзо да се работи она што не е важно, за да може полека да се работи она што е важно. (Кинеска)

Својата работа мери ја со време. (Узбечка)

Блазе си му на оној што живее од своите раце. (Албанска)

Учени без работа како облак без дожд. (Арапска)

Учени без работа-како облак без дожд. (Арапска)

Со работа се постигнува сè. (Француска)

Кој ѝ е верен на работата, нема да го изневери лажна љубов. (Германска)

Кој не сака да работи, доволно му е да се вљуби. (Германска)

Подобро е неплатено да се работи одошто да не се работи никако. (Персиска)

Бескорисната работа е исто што и неработата. (Руска)

Од работа волот никогаш не се здебелил. (Италијанска)

За осум дена живот се потребни девет дена работа. (Турска)

На скалилата на животот човек не може да се искачи со рацете во џебови. (Американска)

Латински изреки

Зграпчи го (искористи го) денот. (Carpe diem.)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА 51

Работата го прави своето. (Labor omnia facit.)

Во работата е спасот./Работата победува сè. (Labor omnia vincit.)

Преку трње до ѕвезди. (Per aspera ad astra.)

Со сила направено не е сигурно.

Работата значи краток ден и долг живот.

Што било да работиш, работи го паметно и мисли на крајот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Работата е голема зашто го грее оној што ја врши.
Талмуд

Срамота е за човек кому му советуваат да се угледа на мравката, а двапати поголема ако тој совет не го послуша.
Талмуд

Ако добро не промислиш за сите околности, ќе почнеш со одушевување, но ќе мораш да ја оставиш работата и да се вратиш посрамотен.
Дхама-падам

Работата ги смирува судирите во душата и во човекот предизвикува желба да живее сто години.
Упанишади

Рекле, издумале

За сè што правиш добро промисли и дури потоа фати се за работа.
Епиктет

Работата нè ослободува од три големи зла: досада, порок и мнемаштија.
Франсоа Аруе Волтер

Свиркања додека работиш.
Волт Дизни

За да направиме големи дела, мораме да живееме како да нема да умреме никогаш.
Лук де Клапиер Вовенарж

Одговорни сме за она што го работиме, но и за она што не го работиме.
Лук де Клапиер Вовенарж

Работи секогаш така како некој да те посматра.
Балтазар Грацијан

Не е страшмно ако она што треба да го направиш го оставиш за утре, туку ако тоа ни утре не го направиш.
Балтазар Грацијан

Блажен е оној што нашол работа која ја сака-нему не треба да му се пожела друго блаженство.
Томас Карлајл

Најубава работа на светот е работа здружена со љубов.
Перси Биш Шели

Треба да се сака она што се работи, а не да се работи она што се сака.
Винстон Черчил

Да се мисли е лесно, да се работи е тешко, а да се работи следејќи своја замисла е најтешка работа на светот.
Јохан Волфганг Гете

На човек не му доликува да биде невработен меѓу оние што работат.
Јохан Волфганг Гете

Кому среќата му нуди најубава палма? На оној што работи радосно, кој се радува на делото.
Јохан Волфганг Гете

Јас ја обожавам работата. Така можам со часови да посматрам како други работат.
Марк Твен

Кој е замислен, не е невработен: работата миоже да биде видлива и невидлива.
Виктор Иго

Зошто ни во една религија не постои како прва заповед „Да се работи!’?
Ерих Ауербах

Една од најдобрите и најчистите радости е одморот по работа.
Имануел Кант

Работата ги враќа долговите, очајот ги зголемува; мрзеливоста сè прави тешко, работата полесно.
Бенџамин Франклин

Кога цела година би се претворила во празник, забавата би станала поздодевна од работата.
Вилјем Шекспир

Кога работата е задолжителна, животот е ропство.
Максим Горки

Кога човек работи со радост и одушевување, однапред е платен.
Саша Гитри

Работата нека не биде ничија мака, зашто е сечија должност.
Роза Луксембург

Кој за маса седнува гладен, а во кревет легнува уморени, нему не му се потребни ни апетит ни пердувеста постела.
Роза Луксембург

Работата истовремено ни е наметната и како осуда и како ослободување.
Франц Лист

Ослободувањето на самиот себе од работа е срамота.
Алфред де Мисе

Ништо не работејќи, се навикнуваме да правиме зло.
Лудовико Антонио Муратори

Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори; кој така не прави, мора да пропадне.
Никола Тесла

Чесниот човек никогаш не работи тајно и не се срами од она што го работи.
Луиџи Сетембрини

Кај што еден е неработник, таму е и еден гладен.
Лав Толстој

Кој не работи ништо, секогаш има многу помошници.
Лав Толстој

Секој човек за да може да работи мора да ја смета својата работа важна и добра. Затоа, без оглед каква положба има, тој задолжително ќе изгради за себе такво гледиште за човечкиот живот воопшто, во кое неговата работа ќе му изгледа добра и важна.
Лав Толстој

Работи! Те треба да го платиш својот живот со својата работа. Мрзеливците го поткраднуваат општеството.
Фоцилид

Кој работи со труд, со уживање јаде.
Минг-Син-Пао

Знам само една вистина: самата работа создава среќа. Убеден сум во тој факт, но сепак често го заборавам.
Алфонс Франсоа Ренард

Да се работи и да се љуби! Сè другом нема смисла.
Миќа Данојлиќ

Работата за некои е страшно едноставна, а за некои едноставно страшна.
Роналд Фишер

Мнкогумина толку работат и штедат за својата животна есен, што и не ја доживуваат.
Алфред Ронер

Нашата глупост толкава што работата ја сметаме не само за чесна, туку и света, а таа е всушност жална потреба.
Реми де Гурмон

Човекот е роден за работа, како птицата за лет.
Мартин Лутер

Да се работи, да се заврши, да се објави.
Мајкл Фарадеј

Работата е извор на сето богатство, велат политичките економисти. Таа е тоа и навистина-заедно со природата која му дава материјал кој тој го претвора во богатство. Но таа е уште бескрајно повисока од тоа. Таа е прв основен услов на човечкиот жиквот, и тоа во толкава мера што во извесна смисла мораме да кажеме: работата го создала самиот човек.
Фридрих Енгелс

Кога Адам живеел во рај, наредбата гласела: моли се! Кога бил избркан, гласела: работи! Кога се појавил Христос, гласела: моли се и работи!
Серен Кјеркегор

Работата храни благородни духови.
Луциј Анеј Сенека

Целото општествено богатство, без исклуичок, се состои во неговата работа.
Димитриј Иванович Писарев

Човек може да спие каде било, но мора да има место за работа.
Шарл Луј Милер

За човек да се излечи од сè-од беда, болест, меланхолија-потребна е единствено смисла за работа.
Шарл Бодлер

Работата е единствен лек против празнината во животот.
Иван Гончаров

Ништо не деморализира една нација така како презирањето на работата.
Махатма Ганди

Подобро е да се работи со луѓе кои нешто сакаат, отколку со оние што веќе го постигнале она што го сакале.
Френсис Бекон

Денес се бараат луѓе кои умеат грда ствар да ја претстават како убава.
Теренциј

Зошто во работата да нема и малку романтика? Ние сме луѓе со чувства, а не сметачка машина.
Џорџ Бернард Шо

Полесно е човек да се прави достоен на службата што ја нема, одошто онаа што ја врши.
Франсоа Ла Рошфуко

Луѓето ја избираат работата, а работата ги проценува луѓето.
Душан Радовиќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here