ДУМА, ОПИТ, УКА 47

Потребно време за читање: 4 минути

47. Навика

Македонски народни пословици

Навиката е една м’ка, а одвиката девет.

Оној што не се навикнал-не го навикнувај; оној што се навикнал-не го одвикнувај.

Навиката е кошула што ја носиме до смрт.

Мајчините навики преоѓаат на ќерката.

Старата навика може да се свитка, но не и да се скрши.

Кој е навикнат на пекол, за него тој не е мачилиште.

Пословици од народите на светот

Навиката е шесто чуло што ги победува останатите пет. (Арапска)

Навиката е ‘рѓа што ѝ се потсмева на секоја турпија. (Германска)

Навиката му го одзема вкусот и на најдоброто јадење. (Германска)

Старата навика и старата бочва не остануваат без свој вкус. (Германска)

Навиката лесно се менува кога во телото повеќе нема душа. (Чешка)

Клучевите на навиката се наоѓаат во волјата. (Финска)

Навиката има железна кошула. (Словенечка)

Таткото му ги предава на синот своите навики. (Корејска)

Навиката не е чевел да го собуеш од нога. (Руска)

Навикнал песот да трча по кола, па трча и по санки. (Руска)

На лошата навика треба да ѝ се претепаат нозете. (Шпанска)

Навиката е една мака, а одвиката две. (Босанска)

Не дава кој има, туку кој се научил да дава. (Босанска)

Будалиот живее таму кај што се навикнал, а паметниот таму кај што му е подобро. (Босанска)

Навиката е челична кошула. (Словенечка)

Човек попрво ја остава верата одошто навиката. (Грузиска)

Латински изреки

Почестите ги менуваат навиките. (Honores mutant mores.)

Најлоша е навиката на среќа.

Навиката е како друг нарав.

Домисла, гесло, мисла водилка

Ние сме она што постојано го правиме и го повторуваме. Затоа перфекцијата не е дело, туку навика.
Анонимус

Рекле, издумале

Навиката, ако не ѝ се спротивставиме, набргу станува нужда.
Аврелиј Августин

Оптоварен со две нешта, човекот-сосем сигурно-го наоѓа своето место во пеколот. Кои две? Со лошите навики и погрешните ставови.
Гаутама Буда

Навиката е појака од разумот.
Џорџ Сантајана

Прво ние ги создаваме навиките, а потоа тие нè создаваат нас.
Џон Драјден

Твојата вистинска вредност на овој свет се добива кога твоите лоши навики ќе се одземат од добрите навики.
Бенџамин Френклин

Лошите навики е полесно да се спречат одошто да се лечат.
Бенџамин Френклин

Поради добрите навики вреди да се биде фанатичен.
Џон Ирвинг

Навиката е проклетство за мудрите и идол за будалите.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Навиката и рутината имаат неверојатна моќ на уништување и разурнување.
Анри д Лубак

Моќта е слатка; таа е дрога, таа е желба која се зголемува со навика.
Бертранд Артур Вилјем Расел

Навиката ни е дадена од небото; таа е замена на среќата.
Александар Сергеевич Пушкин

Направи си ги навика две нешта: да помагаш или во најмала рака никому да не му наштетуваш.
Хипокрит

Карактерот е само долготрајна навика.
Плутарх

Љубовта е дело на бескрајно простување и благ поглед кои ти стануваат навика.
Питер Устинов

Навиките се ќерки на постапката.
Џереми Тејлор

Љубовта се раѓа од љубопитност, а трае од навика.
Масимо Бонтемпели

Бракот мора непрестано да се бори против чудовиштето кое голта сè-против навиката.
Оноре де Балзак

Најдобра навика е да се нема никакви навики.
Жан-Жак Русо

Човекот е постојан само во едно: во своите навики.
Анри Бек

Навиките се посигурни од правилата; не морате да ги гледате. А не морате ни да ги задржите. Тие ќе ве задржат вас.
Франк Кејн

Добрите навики формирани во младоста се она што ве разликува од другите.
Аристотел

Квалитетот не е чин, туку навика.
Аристотел

Кога ќе отпадне нокт, го заменува друг. Исто е и со навиката.
Дезидериус Еразмо

Оковите на навиките се премногу мали за да се почувствуваат додека не станат премногу тешки за можеме да ги раскинеме.
Ворен Бафет

Втората половина на секој човек не е ништо друго, освен збир на навики стекнати од првата половина.
Фјодор Достоевски

Мотивацијата прави да го направите првиот чекор. Навиките праварт да стасате до крајот.
Џим Рајан

Империјата на навиките е навистина моќна.
Публилиј Сириј

Несреќа на овој свет е што е многу полесно да се одрекнеш од добрите навики одошто од лошите.
Сомерсет Могам

Победувањето е навика. За жал и губењето навики.
Винс Ломбарди

Сите луѓе се слични. Се разликуваат само нивните навики.
Конфучиј

Човек може да ги победи лошите навики само денеска, а не утре.
Конфучиј

Навиката е јаже. Ги плетеме нишките секој ден додека јажето не стане толку јако да не може повеќе ништо да го искине.
Хорас Ман

Малите навики рано спроведени можат да го достигнат достоинството на злосторството.
Хана Мор

Недобична работа се тие навики. Понекогаш ни самите луѓе не знаат дека ги имаат.
Агата Кристи

Секој возрасен човек има куп навики иако некои не се свесни за тоа, а многумина одбиваат да ги признаат.

Џорџ Гудриеф

На луѓето со кои се опкружувате влијаат врз вашето однеусвање. Затоа опкружете се со луѓе кои имаат здрави навики.
Ден Бетнер

Многу луѓе немаатг волја да прекинат лоша навика. Имаат многу изговори и се претставуваат како жртви.
Карлос Сантана

Постојаноста на навиката е пропорционална на нејзината апсурдност.
Марсел Пруст

Навиката е втора природа.
Цицерон

Се вели дека навиката е втора природа; таа е десет пати појака од самата природа.
Артур Велингтон

Навиката е втора природа која ја уништува првата.
Блез Паскал

Човек колку повеќе има навики, толку е помалку независен.
Имануел Кант

На добрите навики на телото треба да им претходат добри навики на умот.
Шарл Де Гол

Единствен начин на кој лошите навики можат да се совладаат е тие да се заменат со добри.
Џефри Чосер

Одгледувајте ги само оние навики за кои сте волни да станат ваши господари.
Лафајет Роналд Хабард

Навиката е највисока власт во човечкиот живот.
Френсис Бекон

Навиката не може просто да се изфрли низ прозорец, туку треба полека и внимателна да се спушта низ скалилила.
Марк Твен

Без навика тешко би се снашле и во сопствената соба.
Вилјем Хазлит

Бистрата река на разумот не ја губи својата патека во сувиот песок на навиките.
Рабиндранат Тагоре

Никогаш нема да ја поправи својата положба оној што го менува само местото, а не и животот и навиките.
Луј Арагон

Каде да најдам човек со кој владее разумот наместо навиките и принудите?
Калил Џибран

Кога на својата врата напишав: „Оставете ги своите навики и традиции надвор пред да влезете“-никој не се осмели да ми зачука на врата.
Калил Џибран

Leave the first comment