ДУМА, ОПИТ, УКА 45

Потребно време за читање: 5 минути

45. Младост-Старост

Македонски народни пословици

Збирај на младос, да имаш на старос.

Староста не ет радосна како младоста.

Пилците си ведат поилиња и ‘и ранат, без да се надеаат оти на старос ќе ‘и гледаат.

Да ти имам младоста, (а) да ти немам срцето.

Да сум млад како тебе, но не и мрзелив како тебе.
Со оваа пословица старите, пргави луѓе ги укоруваат младите, мрзеливи момци.

Којшто на младос дење преспива, на старос ќе гладуа.

Којшто на младос растура, на старос ќе страда.

Којшто сака да се починит на старос, нека се помачит на младос.

Младос лудост-матна вода.

Младос(та) течит како река, ама не е за два века.

Младоста поминува, таа кратко трае, а речиси сè истекува.

Староста не ет радосна како младоста.

Пословици од народите на светот

Младоста е богато утро од кое треба да се позајми за вечер. (Германска)

Младоста треба да има три нешта: мудрост во главата, молчење на устата и срам на лицето. (Германска)

Млад бидуваш еднаш, а дете двапати. (Финска)

Мислите на младите се менуваат како брановите на морето. (Финска)

Младата месечина не свети цела ноќ. (Руска)

Млад човек, млади и мисли. (Руска)

Младата месечина не свети цела ноќ. (Руска)

Младоста е радост на животот; радоста е вечна младост на духот. Деновите на нашата младост, тоа се денови на нашиот сјај. Младоста ги презира последиците, и во тоа е нејзината сила. Власт на младите е добра додека учителот е во одделението. Младите и лудите мислат дека дваесет години и дваесет рубљи немаат крај. (Руска)

За да успееш, советувај се со тројца старци. (Кинеска)

Младоста предлага, староста одлага, а средината извршува. (Кинекса)

Човек старее онака како што живеел. (Кинеска)

Старите реки не пресушуваат. (Јапонска)

Во осумнаесеттата година и ѓаволот е убав. (Јапонска)

Старите раскажуваат стари приказни. (Јапонска)

Зеленото дрво дава повеќе дим одошто оган. (Данска)

Младоста и белата хартија примаат сè што на нив ќе се втисне. (Англиска)

Секое пиле сака да ја разбие својата лушпа. (Италијанска)

Би било добро кога младоста би знаела сè што може, а староста би можела сè што знае. (Бурманска)

Младите не знаат што е старост, а старите забораваат што била младоста. (Ирска)

Б огат, кој не е должен, млад, кој е здрав. (Српска)

За неукиот староста е зима; за учениот тоа е време на жетва. (Еврејска)

Латински изреки

Од постар вол помладите се учат да ораат. (A bove maiori discit arare minor.)

Плаши се од староста, зашто таа не доаѓа сама.

Домисла, гесло, мисла водилка

Со своите години треба да се бројат и своите дела.
Јогини

За староста немка поубава утеха од сознанието дека човекот сета своја младост ја вградил во делата кои не стареат.
Јогини

Светот поднесува старец само ако е духовит или богат.
Анонимус

Рекле, издумале

Старецот е човек кој го довршил својот ручек и гледа други како уживаат во јадењето.
Оноре де Балзак

Староста сите сакаат да ја дочекаат, а кога ја дочекале се лутат на неа.
Цицерон

Бедно е предвреме да се стане старец.
Цицерон

Здодевно е да се старее, ама е тоа единствен начин долго да се живее.
Џорџ Бернард Шо

Староста на сите ни е единствена сигурна иднина.
Џорџ Бернард Шо

Старите можат да бидат поопасни, за што не им е важна иднината.
Џорџ Бернард Шо

Почитувај го старецот ако поради ништо друго, зашто толку долго го носел товарот на животот.
Јохан Лудвиг Рунеберг

Старецот губи едно од најголемите човекови права: него повеќе не го оценуваат нему еднаквите.
Јохан Волфганг Гете

Бескорисно е во староста да се продолжува животот. Младоста треба да се продолжува.
Иво Андриќ

Безгрижната рамнодушност е голем дар и моќно оружје на младоста.
Иво Андриќ

Стареејќи, човекот станува и полуд и помудар.
Франсоа Ла Рошфуко

Ниеден мудар човек не посакал да биде помлад.
Џонатан Свифт

Старците и кометите се почитувани од иста причина; поради долгата брада и претензијата да се претскажат настани.
Џонатан Свифт

Многу е подобро со шеесет години да се биде млад, отколку со четириесет години стар.
Волт Дизни

Колку што станувам постар, сè помалку верувам дека мудроста доаѓа со годините.
Хенри Луис Менкен

Млад е оној кој навечер се чувствува како наутро, а стар оној кој наутро се чувствува како навечер.
Тадеуш Котарбински

На младоста често ѝ се префрлува оти верува дека светот со неа почнува. Но, староста верува, уште почесто, дека светот со неа престанува.
Фридрих Хебел

Млад човек без надареност е стар човек.
Жил Ренар

Додека си млад уживаш, а кога ќе станеш свесен за тоа почнуваш да старееш.
Жил Ренар

Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста за по тие глупости да жалиме.
Ернест Хемингвеј

Пропуштените лудости во младоста не може да ги надомести сета мудрост на староста.
Бертранд Расел

Јас некогаш бев млад, а ти никогаш не си бил стар; значи, имам нешто повеќе-му рекол старец на младич.
Герхард Хауптман

Гледиштето на младите е едноставно: го сакаат сето она што не го сакаат постарите.
Жан Кокто

Почнав да работам млад за да живеам; сега работам за да останам млад.
Морис Шевалје

Треба со насмевка да се простиме од некои работи.
Морис Шевалје

Во младоста треба да се љуби, во зрелоста да се пишуваат книги, а во староста најпосле да се говори вистината.
Анри Мијон д Монтерлан

Кога е човек млад има премногу сила за своите работи, а кога ќе остари премногу работа за својата сила.
Виктор Борге

Несреќа е да не се биде никогаш младм а глупост да не се сака да се биде стар.
Божидар Кнежевиќ

Уште во младоста треба да отсечеш стап на кој ќе се потпираш во староста.
Конфучиј

Младоста е нешто што го имаат само младите, а што го ценат само старите.
Никл

Побудите на младите се вредни толку, колку што е искуството на старите.
Карл Хајнрих Теодор Кнор

Твојата моќ како личност се мери со твојата способност работите да ги направиш докрај.
Роберт Ентони

Младите луѓе радо би биле верни, а не се; старите сакале да бидат неверни, а не можат.
Оскар Фингал Вајлд

За да се поврати младоста, треба само да се повторуваат нејзините лудости.
Оскар Фингал Вајлд

Да се остане млад, не треба да се подава на непријатни чувства.
Оскар Фингал Вајлд

Тајната како можеме да останеме млади е во тоа да не се возбудуваме без потреба.
Оскар Фингал Вајлд

Секој час изгубен во младоста е изгледен за несреќа во иднината.
Наполеон Бонапарта

Штета е што со животните тешкотии не се соочуваме во седуманесеттата година, кога мислиме дека сме најпаметни.
Шели Питерман

Младоста е среќна зашто за неа постои иднина.
Николај Василевич Гогољ

Човекот не може ништо да направи против тоа да старее, но мора да се бори да не застари:
Сомерсет Могам

Јас никогаш нема да бидам стар човек. Според мене, стар човек е секогаш петнаесет години постар од мене.
Книга на пророкот Барух

Не е најстар оној што е најмногу оддалечен од колевката, туку оној што најблиску до гробот.
Мор Јокаи

Староста е секогаш срамота на младоста која не се грижи за неа.
Душан Радовиќ

Колку сте постари, сè послични сте на самиот себе.
Душан Радовиќ

Стар човек е незгоден; кавгаџија и фалбџија на минати времиња.
Хорациј

За жал, во поодминати години секој е одговорен за своето лице.
Албер Ками

Кога ќе се остари, навиките стануваат тирани.
Гистав Флобер

Грдо е да се види старец војник и старец љубовник.
Овидиј

Брчките во староста треба само да ги заменат трагите на смеата од младоста. Да се вардиме староста да не ни остави повеќе брчки на духот одошто на лицето.
Мишел де Монтењ

Кога се доближиме до деведесеттата, тогаш роденденските честитања се како генерљална проба на погребување.
Игор Стравински

Уште го сакам цвеќето, но веќе не го берам.
Шарл Огистен Сент-Бев

Тешко на оној дом кај што старечкиот глас не се слуша и кај што старечкиот стап не владее.
Марин Држич

Ништо толку не покажува колку човек остарел, колку неговото мислење за младите.
Роберт Луис Стивенсон

Колку станувам постар, толку сè помалку верувам дека мудроста доаѓа со годините.
Хенри Луис Менкен

Луѓето стареат, но не созреваат.
Алфонс Доде

Старецот е човек кој го довршил својот појадок и гледа други како уживаат во јадењето.
Оноре де Балзак

Leave the first comment