ДУМА, ОПИТ, УКА, 182

Потребно време за читање: 23 минути

182. Зрелост

Македонски народни пословици и изреки

Во беда и што ти треба зрел си од рано.

Децата не се за зрелоста и староста на татка си мајка си, ами на своето детинство.

Дојде ли старост, и присмев дојде.

Збирај на младост, да имаш на старост.

Зрелост-слава на годините.

Иде зрелоста без или со наше сакање, за добро или лошо.

Немаат секогаш врска годините и зрелоста.

Пословици и изреки од народи на светот

Зошто децата ги учиме најпрвин на тешкотиите во зрелата доба? (Турска)

Зрелост е кога се мисли, заклучува и дејствува самостојно. (Италијанска)

Како зрел го чувствуваш движењето на времето како да си во љубов со него. (Француска)

Нема човек во зрела доба кој не ја мрази незрелоста. (Германска)

Се помируваш со своите слабости-значи си созреал. (Норвешка)

Латински изреки

Болката во душата не иде од незрелост, туку од реално гледање на нештата.

Во зрелоста човек станува сè поосамен.

Зрелоста почнува од младоста.

Љубомората е својствена на незрела душа.

Младост-непостојаност, зрелост-спокојство.

Зрела смеа во зрели години.

Свидетелство за зрелост. (Testimonium maturitatis.)

Што нема да научиш во младоста, нема да го знаеш и во зрелоста. (Nam quod in iuventute non discitur, in matura aetate nescitar.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Има луѓе кои живеат како созреани плодови и затоа се чувствуваат силни.
Анонимус

Кога ќе се искачиш на врв на рид, не си поблиску до ѕвездите, туку ги гледаш подобро.
Анонимус

Кој нема страв, не живее долго во зрелоста. Умира паѓајќи од дрво, давејќи се во река или доживува некоја друга смрт.
Анонимус

За слободните луѓе зрелиот живот се состои од низа лични избори и решенија.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако веќе во зрела состојба тој прима помош од своите родители и не забележува дека тие самите веќе имаат потреба од помош, тој е непристоен човек.
Дмитриј Лихачов

Ако религиозното образование беше дозволено само при достигнување на интелектуална зрелост, би живееле во сосем различен свет.
Кристофер Хиченс

Ако се искушите да го „научите“ вашето дете преку вина, срам или казна, вие ќе создадете обесхрабрувачки верувања кои е тешко да се прретворат во зрелоста.
Џејн Нелсон

Америка достигна политичка и економска зрелост, а во културата останува гигантско дете.
Јохан Хуизинга

Ароганцијата е плод на незрелата младост.
Ерик-Емануел Шмит

Бебињата имаат околу 30.000 сетила за вкус, само околу една третина од нив преживуваат во зрелоста, така што чувствителноста на детето спрема екстремности на слатки, кисели и горчливи вкусови се влошува.
Јотам Отоленги

Бев премногу млад татко, тоа е најучтивиот начин да се изразам. Мислам дека бев прилично незрел и сè што можам да кажам е дека мислам оти станав многу подобар дедо…Не мислам дека бев подготвен да бидам татко, да бидам искрен.
Мајкл Морпурго

Безмилосните исмевања на туѓата слабост се јавуваат како еден од начините за добивање предност во борбата наречена зрелост.
Греам Џојс

Блажен е оној што во младоста беше млад, блажен кој навреме созреал.
Александар Сергеевич Пушкин

Вашата возраст не ја определува вашата зрелост; вашите оценки не ја определуваат вашата способност; и она што луѓето го кажуваат за вас не определува кој сте вие.
Ники Гембл

Велат дека не пораснуваш додека не ги изгубиш родителите. Искрено речено, претпочитам да сум незрел.
Џонатан Келерман

Веројатно тоа е зрелоста: кога ќе престанете да читате инструкции и ќе започнете само да се вртите во круг, тонејќи во секојдневјето, тоа значи дека конечно сте пораснале.
Тибор Фишер

Верувам дека употребувани одговорно и на зрел начин, ентеогените посредуваат до пристапот до нуминозните димензии на постоењето, имаат голем исцелувачки и трансформативен потенцијал и претставуваат многу важен инструмент за духовен развој.
Станислав Гроф

Вие, о зрели, правите друштво единствено со други зрели, а зрелоста ви е толку зрела што може да избувне само со зрелост!
Витолд Гомбрович

Вистинскиот критериум за духовна зрелост е колку често вашите зборови и дејствија се усогласени со љубовта.
Мат Кан

Во дејствителност секој момент од нашиот живот е творба; за едно свесно суштество „да постоиш“ значи да се менуваш; промена додека созреваш; и зрел во бескрајно самосоздавање.
Анри Бергсон

Во детството сè се случува така: невиноста и мечтаењето одат рака под рака. Потоа иде зрелоста и мечтите отстапуваат; но има нешта кои не се забораваат.
Сузана Фортес

Во едно зрело семејство јасно се гледа дека човечкиот живот и чувствата на луѓето се најважни, поважни од сè друго.
Вирџинија Сатир

Во истите случаи кога мајката е негативна, ќерката од самиот почеток се соочува со потешкотии со емоционалната регулација и не е во состојба да тргне по природен пат кон зрела женственост.
Мерион Вудман

Во младоста е возможно да се разликуваш со мажественост, но во староста е неопходен зрел ум.
Вилфред Бион

Во нашата младост живееме за да сакаме; во зрелоста сакаме за да живееме.
Шарл де Сент-Евремон

Во неа живееше навика кон осаменост-толку смирувачка, толку зрела.
Паскал Кињар

Во својата младост смртниците се однесуваат повеќе како нимфи. Зрелоста изгледа неверојатно далечна, да не зборуваме за ослабувањето на староста. Но, несмасно, неизбежно, те достигнува.
Брендон Мул

Во суштина, ние стануваме избирливи во однос на она што нè возбудува. Тоа се нарекува зрелост.
Марк Менсон

Возрасните никогаш не објаснувале ништо. Тие ги гледаа децата како сродни на мали животни, суштества кои требаше да бидат влечени и тепани до зрелоста, пред да бидат достојни за информација и дискусија.
Ајан Хирси Али

Во зрел човек, ако не е безнадежно рамнодушен човек, се разбира дека останува нешто од детето.
Зинаида Гипиус

Враќањето на способноста да ги согледате сопствените чувства е најдобриот начин да ја откриете жртвата на своето „јас“ дури и во целосно зрела возраст.
Абрахам Маслоу

Времето е секогаш узреано, местото е тука и времето е сега.
Јохан Галтунг

Времето изгледаше како секогаш во зрелоста, штом ќе заврши еден период, без разлика колку тежок или непријатен е периодот да се издржи, тој навистина минал брзо.
Кертис Ситенфелд

Времето ми се лизга низ прстите како зрела банана.
Хендрик Хрун

Всушност, мерката на нашата интелектуална зрелост, претполага еден филозоф, е нашата способност да се чувствуваме сè помалку задоволни од нашите одговори на сè подобри проблеми.
Гордон Олпорт

Го вложив најдобриот дел од мојот политички живот во зрела возраст за да помогнам да се обидам да го изградам тоа движење и далеку сум од совршен, но сметам дека сум во состојба преку медиумите да пренесам добро, едноставно и разбирливо послание.
Најџел Фараж

Голема уметност-да умееш да бидеш стар. Уште поголема уметност-да умееш да бидеш млад. Да умееш да разбереш како во младоста, така и зрелоста е соодветно да се однесува кон староста.
Едвард Григ

Горд сум на мојата незрелост и политичко неискуство.
Емануел Макрон

Губењето на зрелоста во нечија измислица во име на чудата и чудовиштата може да значи и губење на коректност, а тоа не е секогаш лошо.
Хал Данкан

Да бидеш глупав е сè уште дозволено, не е исклучено од зрелоста. Она што е исклучено од зрелоста е непромисленоста, така што да бидете внимателни и глупави.
Хенк Грин

Да бидеш организиран ти помага да станеш „професионалец“ во животот, да живееш продуктивно, во хармонија со својата суштина. Хармонијата е енергично попривлечна од хаосот. Кога зрачите спокојство, изгледате сигурен, зрел, економичен човек.
Чери Картер-Скот

Да се ​​занимаваш со работа која одговара на твоите способности-ете тоа е знак на зрелост на личноста.
Бети Фридан

Девојката ја плени детската забава, на млада возраст-уметноста, зрела жена-освојувањето на оние што ѝ се доверени.
Ватсајана Маланага

Дел од зрелоста на науките е оценка за тоа кои прашања е најдобро да им се оставаат на други дисциплинарни пристапи.
Хауард Гарднер

Денес знам дека да си зрел, да си целосен не значи ништо повеќе од разбирање дека си зол, суштински и пред сè друго.
Мирча Картареску

Детски илузии-покрај сета нивна неприродност, тие не нè напуштаат ни во зрелоста.
Јасутака Цуцуи

Детството е гордост, за една капка за која би ги дал сите освојувања на зрелоста.
Јуриј Олеша

Детството не е од раѓање до зрелоста. Детето расте и ги напушта детските забави. Детството е царство во кое никој не умира.
Една Сен-Винсент Миле

До кој степен жената развива самостојно, силно, зрело „Јас“ и презема одговорност за својот живот, се научува да мисли самостојно, без да погледнува назад кон мислењето на другите, таа исто така ќе биде женствена.
Џон Бејнс

Додека им дозволувате на вашите чувства да бидат и престанувате да ги разберете, тоа искуство ќе ви помогне да станете поинтегриран, зрел човек со повеќе емпатија кон себеси и другите.
Линдзи Гибсон

Докажаните болести на околната средина, како ракот на дебелото црево, коронарната артериска болест и дијабетесот во зрелоста, сите се јавуваат во семејства-не нужно поради гените, туку затоа што членовите на семејството споделуват едни исти диететски модели.
Џон А. Мекдугал

Докажано е дека луѓето се единствените суштества кои ја задржуваат својата способност да играат и во зрелоста.
Вилајанур Рамачандран

Дури и ако човек добил добро образование, но не достигнал емоционална зрелост, со текот на времето неговите способности можат да се претворат во негови недостатоци.
Стивен Кови

Духовите живеат во времето; ја имаат својата младост, зрелост и старост.
Патрик Зискинд

Духовната зрелост започнува кога ќе престанеме да чувствуваме дека треба да се грижиме за светот.
Николас Гомез-Давила

Духовната зрелост која човек ја стекнува по бессона ноќ покрај креветот на болно дете, веројатно е еквивалентна на онаа што се стекнува од долгогодишна монашка практика.
Даглас Абрамс

Духовната зрелост се мери не со култивираноста на мислењата на човек, туку со нивната искреност и храброста неопходни за нивно изразување и одржување.
Каролајн  Мис

Душата достигнува полна зрелост само во љубовта.
Фридрих Шилер

Еден од даровите на зрелоста е тоа што со текот на годините стануваме доволно храбри за да ја кажеме вистината, без да стравуваме што ќе кажат или помислат другите.
Наполеон Хил

Еден од знаците на новонастанатата зрелост е осознавањето на фактот дека ништо во животот не може да се повтори. Веќе направен, потегот е засекогаш.
Жауме Кабре

Една зрела и мудра дама никогаш нема да го испрашува лутиот маж за причината за неговиот гнев.
Филипа Грегори

Една навистина голема книга треба да се чита во младоста, одново во зрелоста и уште еднаш во староста, како една убава градба треба да се гледа на утринска светлина, напладне и на месечева светлина.
Робертсон Дејвис

Една од најважните фази на емоционална зрелост е признавањето на валидноста на множество вистини и разбирањето дека луѓето мислат, чувствуваат и реагираат на различен начин.
Хариет Лернер

Едноставноста е највисоката точка на контакт на животот и уметноста. Оној што се однесува со презир кон едноставноста, предизвикува само сожал. Ако човек се плаши од едноставноста, значи тој е далеку од зрелоста.
Јукио Мишима

Емоционалната зависност не е незрела или патолошка; тоа е нашата најголема сила.
Сузан Џонсон

Емоционална зрелост е способност храбро да ги искажувате своите чувства и убедувања, притоа да ги почитувате чувствата и убедувањата на другите.
Стивен Кови

Желбата да го одложиме задоволството за поголем резултат е знак на зрелост.
Дејв Ремзи

Желбата да шокирате е инфантилна особина која исчезнува со настапувањето на зрелоста.
Стеф Пени

Животниот пат на човекот значи тековно надминување не толку на надворешните пречки, туку и на застарените облици на сопствената свест, за да се прероди на повисок степен. Тоа е патот на човекот кон зрелоста.
Ромен Ролан

За време на младоста мажот сака секс, а жената љубовта. И само во зрелоста тие сакаат едно и исто: љубов, а таа секс. И само во старост го сакаат истото: мир.
Константин Мелихан

За многумина од нас поседувањето дом е сигнал за преминување во зрела  возраст, што се совпаѓа со почетокот на кариера и семејство.
Бен Бернанке

За среќа, со искуството иде зрелоста, а со неа и смирението.
Исак Адизес

Забележав дека таа не е многу млада, во секој случај не е млада мома. Таа е зрела за верност, страдање и вера.
Џозеф Конрад

Затворените очи беа покриени со неизмерниот цинизам на зрелата возраст.
Вилијам Голдинг

Збогувањето со младоста не е толку трагично, ако е проследено од зрелоста.
Јуриј Андрухович

Знаев дека таа ми замерува, но ми недостигаше зрелост и искуство да видам како негодувањето може да се зарази и да стане одмаздољубиво.
Кејт Бетс

Знам секако дека треба да потекнуваме од подобро семејство за да можеме да си го погребаме детството-ние самите треба да лежиме под слој нечистотија, но времето за тоа сè уште не е зрело.
Маријке Лукас Рајнефелд

Значење има не продолжителноста, туку интензивноста на преживеаното искуство. Преку страдањето таа достигна духовна зрелост.
Томас Харди

Зрелите, здрави луѓе имаат потреба од други луѓе; тие не се изолираат…Потребата од љубов не е незрела. Поскоро ни ја дава енергијата што ни треба за да излеземе и да ги убиеме нашите змејови.
Хенри Клауд

Зрелоста вклучува два елемента: 1) непосредна потчинетост во конкретни ситуации и 2) долгорочно растење на карактерот.
Лоренс Краб

Зрелоста е горчливо разочарување и ништо не може да го излекува, освен ако смеата не се смета за лек за сè на светот.
Курт Вонегат

Зрелоста е многу преценета.
Кели Армстронг

Зрелоста е прекрасно нешто и кратко. Треба да сте сигурни дека ќе уживате во неа додека трае.
Мерилин Робинсон

Зрелоста е рамнотежа меѓу храброст и чувствителност.
Стивен Кови

Зрелоста е состојба на умот кој се успокоил, се навикнал на постојната ситуација и ги напуштил лудите мечти за возбудливи приклученија и големи достигнувања.
Питер Л. Бургер

Зрелоста е способност да ја осознаваме границата на нашите можности.
Курт Вонегат

Зрелоста започнува кога се задоволуваме со чувството дека сме во право за нешто без да доживуваме потреба да докажеме дека некој друг греши.
Сидни Харис

Зрелоста значи да ги гледаш разликите, но да сфатиш дека тие немаат значење.
Тед Чан

Зрелоста и искуството се дел од моето ослободување.
Алиша Кис

Зрелоста иде кога ќе се навикнеш на оваа вистина: една лага може да биде покорисна од самата вистина.
Емир Кустурица

Зрелоста иде со искуството. Една лекција од зрелоста е дека не треба да ги прифаќаме нашите мисли премногу сериозно и треба да се научиме да го зауздуваме нашето его и да ја гледаме поголемата слика.
Хејмин Суним

Зрелоста преминува од верувањето дека светот не те разбира погрешно, до сфаќањето дека ти не го разбираш светот.
Грег Хурвиц

Зрелоста го разбира она за што младоста нема ни интуиција.
Џенифер Албин

Зрелоста, ако прифатиме дека постои, не е ништо друго освен лицемерие.
Хулио Кортасар

Зрелоста, како што ја разбирам јас, е способност да ги гледаме лошите и чудни страни на животот, да сфатиме дека тие ќе останат такви и да живееме потпирајќи се на најдобрите страни.
Ричард Форд

Зрелоста, според дефиницијата на еден од моите колеги, е способност да правиш нешто, дури ако за тоа те посоветувале твоите родители.
Пол Вацлавик

Зрелиот систем за барање задоволство, во комбинација со незрелиот орбитофронтален кортекс, значи дека тинејџерите се не само емоционално преосетливи, туку и помалку способни да ги контролираат своите емоции, отколку возрасните.
Дејвид Иглман

Зрелата и последователна филозофија станува неподнослива. Ако поезијата треба да е глупава, тогаш филозофијата треба да е луда, како целиот наш живот. Во една разумна филозофија толку перфидност и предавство, колку и во обичниот здрав разум.
Лев Шестов

Зрелата љубов, според мое мислење, се заснова на фактот дека човек кој се грижи за своите интереси се радува, ја поддржува својата сакана во сè, без да ја обврзува на ништо.
Хорхе Букај

Зрелост-тоа е навлегување во возраст кога човек започнува да губи коса, заби и илузии.
Марти Ларни

Зрелост е пред сè сето формирање на внатрешно морално чувство кое му кажува на човекот што е добро, а што лошо.
Борис Акунин

Зрелост е способност да дејствуваш во името на интересите на оние околу тебе.
Џон Максвел

Зрелоста не се години, туку состојба на познавање на самите себе.
Џон Фаулс

И денот кога нашата човечка раса целосно ќе созрее, нема да се дефинира како збир на жителите на земјината топка, туку како бескрајно единство на нивните взаемности.
Франц Фанон

И така, верувајќи дека треба да биде излекуван, израснав во зрела возраст.
Сајака Мурата

И тука ја гледаме неопходноста од подлабоко дејствие на Светиот Дух, бидејќи тој е автор на единството, вистината и зрелоста.
Џон Стот

Иако читањето на класици на латински во училиште може да не е толку исполнето, колку што би било во позрела возраст, малкумина учени можат да си дозволат време за таква забава подоцна во животот.
Џорџ Ола

Идејата дека животот и свеста ни се подарени од Бог, чиј блесок претставува целата вселена, но поседува емоционална зрелост на 12-годишно дете, е шокантно нелогична.
Мајк Дули

Избегнувајте ги драмите. Оддалечете се молчаливо од сè што не ви го подобрува животот. Спокојството среде хаос е знак на емоционална зрелост.
Векс Кинг

Има дел од тебе кој секогаш си останува дете, независно колку си зрел, софистициран или уморен.
Барбара Стрејсенд

Има разлика помеѓу незрелост и неподготвеност и има извесна зрелост во признавањето дека не си подготвен.
Ејприл Легаси

Имаме работа. Работа! Нашата награда по години обука! Работевме напорно во младоста за повторно да работиме напорно во зрелоста. Работа! Врвот на нашиот живот!
Том Хоџкинсон

Интелигентна дама, малку презрела за непромисленост, малку премлада за претпазливост.
Кони Броквеј

Испуштањето на секое чувство не е зрело. Да се научиме да се справуваме со неудобни и непријатни чувства е важен аспект на зрелоста.
Лаура Шлезингер

Истражувањата покажуваат дека тестовите за интелигенција претставуваат околу 10% од варијациите во тоа колку се успешни луѓето во различни аспекти од нивниот живот во зрелоста.
Роберт Стернберг

Јароста не е знак на ништо друго, освен на незрелост. Силата на секоја вера не иде од нејзината принуда кон критичарите и неистомислениците. Тоа иде од моралниот интегритет и интелектуалната сила на своите верници.
Мустафа Акјол

Јас сум созреала за промените.
Луси Кларк

Јас сум целосно, зрело, самодоволно суштество.
Фредерик Тејлор

Јас треба да ја преодолеам празнотијата меѓу блесокот на младоста и пламенот на зрелоста.
Силвија Плат

Каењата на свеста станаа баран сопатник во неговиот живот на зрела возраст. Се обидуваше да поправи сè, се покаја со целото свое срце, но понекогаш спомените од училиштето, прободени со илјада игли, го надвиваа. Толку силно.
Рагнар Јонасон

Како е можно нештата толку тривијални и толку лесни за корегирање да имаат моќ да збунат и да апсорбираат интелект толку зрел како вашиот, кој е толку подготвен да собори и да помине низ многу поголеми тешкотии?
Мигел де Сервантес Сааведра

Кога возрасна жена и возрасен маж одгледуваат дете од рана детска возраст до зрелоста, тие се соочуваат со сите проблеми што човештвото некогаш ги познавало.
Вирџинија Сатир

Кога ги воспитуваме нашите деца, треба да се спуштиме на нивното ниво во една смисла (смирение) за да ги доведеме до нашето ниво (зрелост).
Даглас Вилсон

Кога сум на сцената, навистина сум среќен. Можеби е тоа единствениот момент во мојот зрел живот кога се чувствувам како себеси.
Дејв Шапел

Кога татко ми го напушти јавниот живот, бев на 13 години. Поминав низ моите тинејџерски години и во зрелата возраст во релативна анонимност. По погребот на татко ми, ненадејно бев препознаен од луѓето што ги поминував на улица.
Џастин Трудо

Кога ќе остариш како уметник и имаш можности, талент и среќа и ти е обезбедено сè, за да остариш, тогаш тоа е фантастично затоа што истата маска што си ја поставил е позрела и попродорна, отколку што била кога си бил млад.
Карел Апел

Кој не сака да угине меѓу луѓе, мора да научи да пие од сите чаши. Кој сака меѓу луѓе да остане чист, мора да умее да се испере и во валкана вода.
Фридрих Вилхелм Ниче

Колку и да го сакате вашиот тинејџер, имате вградено ограничување, а тоа е следното: можете да сте родител само на вашето ниво на зрелост.
Џон Таунсенд

Колку повеќе сакаме, толку позрела станува нашата мудрост. Колку сме помудри, толку поприродно е да дејствуваме несебично.
Амит Госвами

Љубовта е минлива и завршува со брак. Во бракот од љубовта останува само мирисот на незрело овошје.
Ралф Валдо Емерсон

Љубоморниот човек е незрел човек.
Анатолиј Некрасов

Мислата паѓа како узреан плод од дрвото на безделничењето.
Натали Барни

Ми се допаѓа да растам, да станувам позрел и, соодветно, разумен. Сите собитија што потекнуваат од мојот живот, сега ги воспримам полесно.
Анџелина Џоли

Ми се чини дека секој, без оглед колку непријатности има во зрелоста, треба да има среќно детство на кое ќе може да се сеќава.
Џин Вебстер

Младата среќа е секогаш незрела.
Михаил Шолохов

Младост-заблуда, зрела возраст-борба, старост-сожалување.
Бенџамин Дизраели

Младоста е многу поубедувачка од зрелоста, потсетувајќи нè на она што сме го заборавиле, дека сегашноста е единственото нешто што всушност суштествува.
Марио Ескобар

Младоста мисли само на сегашноста, зрелоста е онаа возраст која не ја пренебрегнува ниту сегашноста, ниту минатото, ниту иднината.
Фернандо Рохас

Младоста нè заблудува да мислиме дека има бескрајни патишта за избор во животот; зрелоста нè доведува во заблуда да мислиме дека постои само еден.
Алис Фини

Младоста се вљубува во лицето, зрелоста во телото, а староста во душата.
Константин Мелихан

Младоста се задоволува со парадоксите, зрелоста со поговорките, староста со афоризмите.
Дон Аминадо

Младоста троши толку многу сили за имагинарни тешкотии, што зрелоста речиси нема сила да се справи со реалните тешкотии.
Јуриј Полјаков

Многумина немаат време да станат возрасни додека не умрат. Не дека остануваме деца, но нашето однесување, особено со нашите ближни не може да се нарече зрело.
Јеспер Јул

Моделите на зрела возраст исчезнуваат брзо. Како може две души да имаат нов брак, ако никој од нив не е возрасен?
Роберт Блај

Моето убедување е дека кога ќе умреш, тоа е сè. Како зрел човек треба да го прифатиме тоа. Но, и покрај целосниот недостаток на конкретни докази, милијарди на оваа планета се убедени дека има уште. Најљубопитно.
Лиз Јенсен

Можеби зрелоста е едноставно прифаќање на сите исчезнувачки можности на животот.
Мигел Сихуко

Можеби на дваесет години ти сè уште не си целосно созреан, но младоста, што и да кажете, веќе е завршена.
Мартин Амис

Можеби проблемот со зрелоста беше тоа што премногу внимателно ги одмеруваш последиците од твоите постапки, на начин кој ти остави живот што го презираш.
Кристен Рупенијан

Можеме да жалиме за изгубените сили и спомени или да се радуваме за стекнатите знаења и зрелост, според вкусот.
Сајмон Блекбурн

Може насилници, за мене непознати, го окупираа мојот ум во текот на целиот мој живот на зрела возраст.
Мишел Мекнамара

Мојата идеална цел е да „созреам“ до детството. Тоа би било вистинска зрелост.
Бруно Шулц

На крајот на краиштата, во зрелата возраст многу побрзо сфаќате дека сте го направиле вистинскиот избор.
Јунас Јунасон

На крајот на краиштата, зарем тоа не е она што навистина ја повлекува границата помеѓу детството и зрелоста, знаејќи дека вие сте одговорни единствено за себе? Ако е така, тогаш моето детство заврши на петнаесет години.
Лиз Мареј

Најдобар би бил оној човек што плашливо и внимателно би размислил за секоја работа што сака да ја преземе, а потоа бестрашно би ја извршувал таа работа.
Херодот

На дваесет и две години таа се чувствуваше како зрел плод кој е предодреден да изгние на гранка, ако никој не го бере.
Тереза ​​Ен Фаулер

На младиот човек често му е нужна поддршка-поткрепата на зрел и искусен ум.
Едуард Лимонов

На паркингот како мравки на зрела круша навалуваа коли.
Рејмонд Чендлер

На патот да станете лош теоретичар, земете ја својата сопствена незрела теорија, престанете да ја проверувате за грешки, не слушајте колеги кои ги откриваат слабостите и започнете да се восхитувате на сопствената непогрешлива интелигенција.
Герард ‘т Хофт

На прагот на она што се чувствуваше како вистинска зрелост, и двајцата беа исплашени. Но, тие беа исплашени заедно, искрени еден со друг на секој чекор од патот и се престорија во одличен тим.
Теса Бејли

Највисокиот талент лесно може да се посрамоти, ако е премногу самоуверен и сака од еднаш да ја промени својата моќ во овој случај, што бара огромни претходни знаења, зрелост на умот во расудувањето и искуство во животот.
Николај Пирогов

Насмевката беше едвај не единственото што тој го носеше со себеси од детството во зрелоста.
Арундати Рој

Научив дека ако работите напорно и креативно, можете да имате речиси сè што сакате, но не сè што сакате. Зрелоста е способност да се отфрлат добрите алтернативи за да се бараат уште подобри.
Реј Далио

Нашето општество е зрело. Промената е нестабилност. Ете зошто секоја институција што ја имаме се спротивставува на промената. Да се ​​одржи статус кво е нашата единствена цел во животот.
Питер Ф. Хамилтон

Нашиот елемент е бескрајна незрелост.
Витолд Гомбрович

Не жалам за ништо во мојот живот. Возрасните жени не можат да жалат, бидејќи зрелоста иде точно кога животот веќе те научил на сè.
Брижит Бардо

Не заборавајте дека привлечноста е само еден дел од врската. Лојалноста, ангажираноста, одговорноста и зрелоста го сочинуваат останатото.
Рут Вестхајмер

Не знам како да ти помогнам, освен уверувањето на човек на зрела возраст и многу тешко искуство дека не можеш да пропаднеш, ако решиш решително дека нема да го направиш.
Абрахам Линколн

Не се притеснувајте да учите во зрелоста: подобро е да учите доцна, отколку никогаш.
Езоп

Не служење, туку соработка, не „распаѓање“, туку спојување на двајца достојни луѓе, не самопонижување, туку взаемен развој и поддршка, сето тоа треба да носи вистинска љубов. Тогаш тоа ќе биде зрела врска која со текот на времето само ќе се засилува.
Наталија Правдина

Не си создадена да бидеш мала. Ти не си мало девојче. Ти си зрела жена и е време да пораснеш.
Рејчел Холис

Не сум доволно зрел како читател за да уживам во книга во која се мразат сите луѓе.
Ен Пачет

Не сум ни огорчен ни циничен, но сакам да има помалку незрелост во политичкото мислење.
Франклин Рузвелт

Не треба да се чувствувам должен да игнорирам нешто денес затоа што сум го отфрлил во минатото. Книги кои се чини дека не содржат ништо вредно кога ги прочитав првпат, може да имаат што да научат кога се читаат од очите на позрело искуство.
Ежен Делакроа

Не фрлајте добра стока само затоа што пазарот уште не созреал за неа.
Марк Твен

Невоспитаноста во зрелата возраст зборува за отсуство на срце.
Фаина Раневска

Недостојно е човек да погледне назад. Детството е блажено време, но што можете да кажете за зрел сопруг кој вади штракалка од рацете на дете за да си игра самиот со себе?
Иља Еренбург

Независно од тоа дали ни се допаѓа или не зрелоста, како што рековме, да оставиме зад себе сè што веќе го нема.
Хорхе Букај

Незрелата љубов вели: Те сакам затоа што ми требаш. Зрелата љубов вели: Ми требаш затоа што те сакам.
Ерих Фром

Незрелоста значи егоцентричност, неспособност за компромис, издигнување над повредените чувства, одложување на моментни задоволства во корист на идните придобивки или извршување на непријатни домаќински должности кога треба да се завршат.
Арнолд Џозеф Тојнби

Нејзиното чувство дека општеството, зрелоста, бракот, мајчинството, сите овие нешта се некако мајсторски проектирани да ја постават жената на нејзиното место и да ја задржат таму-таа идеја почна да ѝ тежи.
Рејчел Јодер

Некаде меѓу детството и зрелоста можеме да го изгубиме чувството за совест, ако не сме внимателни.
Алисон Дубоа

Некои трагични грешки често се прават од оние кои ги добиваат уздите на контролата, пред да бидат доволно зрели за да се справат со нив.
Џејмс Добсон

Нема ништо позагадочно од појавата на зрелоста.
Даниел Пенак

Неопходен е мултидисциплинарен начин на размислување за зрелоста да биде ефективна…Треба да научите многу нешта на таков начин, што тие се ментално вмрежени во вашата глава и автоматски ги користите до крајот на животот.
Чарли Мангер

Неопходни се години и зрелост за да се открие дека моќта на верата е поблагородна од моќта на сомнежот; и дека има небесна мудрост во искрената склоност кон доверба, која им припаѓа на чесните и благородни природи.
Хариет Бичер Стоу

Неуспехот води до зрелост, зрелоста води до успех.
Стивен Бруст

Нештата беа некако толку добри што имаше опасност да станат многу лоши, бидејќи она што е наполно зрело е многу блиску до гниење.
Кларис Лиспектор

Ние натрапливо се стремиме кон зрелоста, но остануваме деца.
Анатолиј Алексин

Ние сите сме убијци и проститутки-без оглед на која култура, општество, класа, нација припаѓа човек, без оглед колку нормален, морален или зрел човек мислите дека е.
Роналд Лејнг

Никогаш не ме запишувале за улога на „детенце“. Јас се чувствувам позрела од мојата возраст, а моите хероини се позрели од мене.
Сирша Ронан

Никој од нашите родители не го гледа она што ние можеме да го видиме, што нè натера да одлучиме дека растењето до зрелоста треба да значи да ослепиме.
Нова Рен Сума

Ништо не е поважно за зрело христијанско учење од свежа, јасна, вистинска визија за автентичниот Исус.
Џон Стот

Ништо не ја поттикнува решителната природа на акција, како признавањето на сопствените грешки кога е зрела желбата да ги поправиш.
Жозеф Кесел

Но, ако сме навистина среќни внатрешно, тогаш возраста со себе носи зрелост, длабочина и сила што само го зголемуваат нашиот сјај.
Дејвид Деида

Но, еден од карактеристичните белези на емоционалната зрелост е признавањето на валидноста на множество реалности и разбирањето дека луѓето мислат, чувствуваат и реагираат на различен начин. Често се однесуваме како „блискоста“ да значи „еднаквост“.
Хариет Лернер

Но каде, откако сме ја донеле големата одлука да ја напуштиме сигурноста на детството и да преминеме во пространоста на зрелоста, дали некој некогаш се чувствува целосно како дома?
Мадлен Ленгл

Но, кога мажот ќе облече зрелост и неповредливост, се чини дека тој нужно станува рамнодушен кон многу работи што му носат радост.
Патрик О’Брајан

Но, можеби премногу сериозно ги сфатив чувствата и ја преценив зрелоста на зрелите.
Витолд Гомбрович

Но, таа ја поседуваше несреќната особеност на бедните-предвремената зрелост.
Вилијам Текери

Од еволутивна гледна точка децата се буквално проектирани да учат. Детството е посебен период на заштитена незрелост. Тоа им дава време на младите кои дишат да ги овладеат нештата кои ќе треба да ги знаат за да преживеат како возрасни.
Алисон Гопник

Особено ревносно Светот ја оддалечува мајката од детето кога неговата душа е зрела и иде со големи задачи.
Анатолиј Некрасов

Откритијата во физиката се прават кога им е зрел моментот за нив, а не пред тоа.
Клинтон Дејвисон

„Оче!…“ Колку ропско потчинување, колку доброволна послушност е исполнета со овој простодушен призив во устата на зрел човек полн со сила.
Андреј Упит

Песимизмот е карактеристичен за младата возраст, а оптимизмот за зрелата.
Јуриј Левитански

Пет години од младоста му беа одземени и сега сакаат да ги откраднат годините на зрелоста, најдобрите, највредните, кога човек веќе чувствува што е способен да изгуби и се радува со сите сили.
Ирина Немировскаја

Повеќето мажи се толку обземени од грижи кои ја придружуваат зрелоста, што ја забораваат својата пролет и не помислуваат на небесното.
Франсоа Моријак

Политичка зрелост-тоа е кога вие гласате така, како јас.
Адлај Е. Стивенсон

Полната зрелост не се разликува многу од детството.
Лајонел Шрајвер

Полнотата на кошничките во супермаркетите е информација. Зрелоста на јаболките е дадена. Снимките од вселената се дадени. Кривината на усните е дадена. Сè е дадено! И со сите овие нови дадености, најнакрај можеме да ги проѕреме лагите на луѓето.
Сет Стивенс-Давидовиц

Поразен од емоции, се замислив за моите основни и средношколски години, кога бевме принудени да го читаме: тоа не беше четиво за деца, туку погодно за зрел и чувствителен читател. Понекогаш имате потреба од правилната можност навистина да се запознаете со писател.
Ју Хуа

Постигнувањето зрелост, од психолошка гледна точка, може да се каже дека е осознавање и прифаќање дека ние едноставно не можеме да живееме независно од светот и затоа треба да живееме во него, со какви било компромиси што тоа го носи.
Пол Мареј

Претпоставка за кичот е присуството на целосно созреана културна традиција, чии откритија кичот може да ги искористи за свои цели. Таа ја црпи крвта, така да се каже, од овој резервоар на натрупано искуство.
Клемент Гринберг

Признак на незрелост кај човекот-тоа е дека сака благородно да умре за вистинското дело, а признак на зрелост е тоа дека сака смирено да живее поради вистинското дело.
Џером Дејвид Селинџер

Принципиелно, жена ми беше незрела. Јас ќе бев дома во мојата када, а таа ќе сакаше да влезе и да ми ги потопи чамците.
Вуди Ален

Прифаќањето или модифицирањето на реалноста бара голем напор на волјата и висока доза зрелост и одговорност, додека создавањето сценарио и живеењето во измама е многу полесно.
Томас Наваро

Прифаќањето на вистината за вашите чувства и мисли не ве прави лош човек. Тоа ве прави целосен човек и доволно зрел за да го поззнавате сопствениот ум.
Линдзи Гибсон

При читање, најдобриот принцип е да му веруваш на својот вкус, макар и наивен и незрел.
Вистон Хју Одн

Проблемите се изворот на духовното пребарување. Ако човек не се чувствуваше несреќен и лишен, немаше да се чуди што да прави. Човек расте, добива зрелост во борба.
Тицијано Терзани

Проблемот е само во тоа да се придаде духовно значење на современиот свет, или подобро кажано само да се даде можност на секој човек, маж и жена да ја достигне полнотата на човечката зрелост во современиот живот.
Џозеф Кемпбел

Проблемот со зрелоста беше чувството дека сè доаѓа со тајмер.
Ема Штрауб

Професионалната зрелост не е нужно придружена од телесна.
Тес Геритсон

Психолошката зрелост е разбирање на тоа колку многу нешта во светот немаат потреба од вашите коментари или вашето мислење.
Мики Нокс

Разликата меѓу детството и зрелоста беше признанието дека светот не е поделен на добри и лоши луѓе-само на добри и лоши решенија.
Виктор Метос

Разумниот живот на една или друга планета достигнува зрелост кога нејзините носители за првпат ќе достигнат смисла на своето сопствено постоење.
Ричард Докинс

Рамнодушноста кон смртта-одговори лекарот-ја карактеризира зрелоста на умот, а привлечноста кон вечниот живот е претходник на наближувачката старост.
Болеслав Прус

Револуцијата не е јаболко што паѓа кога е зрело. Треба да ја натераш да падне.
Бриџит Кемерер

Режимот кој комбинира постојан надзор со целосно уживање, едвај ли е поволен за здравиот развој. Ако од рана детска возраст се однесувате кон децата како кон богови, тие се склони во зрела возраст да се однесуваат како ѓаволи.
П.Д. Џејмс

Родителите ја трошат својата младост во обиди да си ги разберат децата; децата ја трошат својата зрелост обидувајќи се да ги разберат своите родители.
Алис Фини

Сакам да бидам зрел уметник со поинаков вид размислување.
Марија Калас

Сакам сценарија за взаемните односи и сакам да гледам како љубовта кон кученцето се развива во оваа зрела љубов и комуникација.
Хоакин Феникс

Само во зрелоста секое интелигентно разбирање на смислата на постоењето во овој свет може да биде стекнато од нечии искуства во него.
Бруно Бетелхајм

Само еднаш си млад, но можеш да бидеш незрел засекогаш.
Џермејн Грир

Само искуството и незабележливиот секојдневен труд го прави уметникот зрел и му дава можност да создаде нешто повистинско и завршено.
Винсент ван Гог

Самоконтролата, како и сите квалитети, се развива преку практика. Кој сака да ги контролира своите страсти во зрелоста, треба да се научи тоа во своите младешки години.
Херберт Спенсер

Се вели дека сочувството е симптом на емоционална зрелост; тоа не е морална обврска или чувство што иде од размислување.
Марија Дуенас

Се обидов да докажам дека последната инстанца на човекот е човекот, а не некаква апсолутна вредност, и се обидов да дојдам до тоа најтешко царство на незрелоста, вљубено во себе, каде што е создадена нашата […] митологија.
Витолд Гомбрович

Се сеќавам како дете кога за првпат разбрав дека само половината од секое дрво се гледа дека корените во почвата се еднакви на гранките во небото, дека цела друга половина е под земјата. Во зрелоста ми требаше многу повеќе време за да сфатам дека луѓето се исто такви.
Илан Мастаи

Сè требаше да се случи наеднаш, бидејќи беше одамна созреано.
Хајнрих Бол

Сè уште не е созреана таа определба, која сама може да даде резултати.
Пјотр Столипин

Секоја етапа на постоењето има свој мирис: детството мириса на млеко, младоста-дивост, зрелоста-парфеми, староста-лекови.
Паскал Брукнер

Секоја култура поминува низ старосните фази на поединецот. Секој има свое детство и младост, своја зрелост и старост.
Освалд Шпенглер

Сите добри тајни имаат добар вкус пред да им ги раскажете, и ако одвоевме малку време да ги размавнеме околу устата, можеби ќе ја забележиме киселината на една незрела тајна откината прерано, открадната и пренесена пред нејзината сезона.
Брит Бенет

Смирението е плод на внатрешна сигурност и мудра зрелост. Да ​​бидеш смирен значи да си толку сигурен во себе и својата мисија, што да можеш да се откажеш од привлекувањето на прекумерно внимание на себеси и на својот статус.
Корнел Вест

Способноста да апстрахирате и синтетизирате, тоест да размислувате за идеите, се јавува признак за зрелост.
Хадон Робинсон

Способноста да се губи контролата над себеси во соодветно време и на соодветно место е признак на зрелост и правилно поседување на себеси.
Александер Ловен

Стана многу позрел, како заборавањето за неговите внатрешни цели да ја забрза староста.
Роберт Персиг

Старите луѓе не живеат толку лошо како што обично се смета. Тие постојано си спомнуваат на минатото време и нивните спомени се како вино: колку позрело, толку подобро.
Марсел Еме

Староста на нашите патенти нè шокира на ист начин како растењето на нашите до зрелост, но без радост.
Азар Нафизи

Страдањето го прави човекот позрел и во исто време го претвора во дете, го враќа обратно во состојбата кога сака да биде заспиван и заштитен од надворешниот свет.
Али Ланд

Стремежот кон апсолутна сигурност е незрела, ако не и инфантилна особина на размислување.
Херберт Фајгл

Суштествува тенденцијата да се смета сè во човечкото однесување што е невообичаено, не добро познато или неразбрано како невротично, психопатско, незрело, перверзно или израз на некаков друг вид психолошко растројство.
Алфред Кинси

Суштинските страсти на срцето нашле подобра почва во која ќе можат да ја достигнат својата зрелост; остануваат под помалку ограничувања и се прошируваат во својата природна состојба.
Дејвид Хјум

Таа живееше во навика на осаменоста-толку успокојувачка, толку зрела.
Паскал Кињар

Тажното, се разбира, црта на зрелоста што ја гледате, токму тоа што никогаш не се навикнувате да се појавува на хоризонтот и да ви се приближува.
Ричард Форд

Таму кај што нема вистинска младост, невозможна е и вистинска зрелост.
Хенри Милер

Темниот човек се појавува во женските соништа кога посветеноста е неизбежна-преминот на душата од едно ниво на познание и поведение на друго, позрело или поенергично.
Клариса Пинкола Естес

Тоа беа моментите кога се формира зрелата возрат, не роденден, туку сознанието дека таа сега е таа што истура шака бонбони во детските торбички, дека сега се очекуваше таа да дава, а не да добива.
Брит Бенет

Тоа дека научуваш нешто во зрелата возраст не значи дека е лажно.
Лајонел Шрајвер

Тоа е возбудата на зрелоста. Можете да одлучите сами и да ги исплукате сите останати од високата камбанарија.
Џо Спејн

Тоа е тајната на зрелоста: не можам да ги натерам луѓето да се променат, но кога јас се менувам други можат да се променат; а кога другите ќе се менуваат, јас можам да се променам.
Гретчен Рубин

Тоа едноставно требаше да биде зрелата возраст-стекнување вештина да ги погребуваш нештата подлабоко. Надвор од видното поле и, кога е можно, надвор од умот.
Ричард Русо

Тогаш нема да мине многу време пред сите тие да се покажат шокирани и тажни дека се сосема пораснале во своето подебело, финализирано зрело јас без речиси никаква шанса за реинвенција.
Мег Волицер

Тогаш сите беа на дваесет години; добро, околу триесет. Сега, околу седумдесет години, сите овие години на зрелост или расцутување на животот или како и да го наречете, изгледаа како интервал помеѓу два напада на повраќање.
Кингсли Амис

Тој ги презирал луѓето кои зборувале необмислени зборови, затоа го презирал речиси целото човештво.
Томас Бернхард

Тој е како зрела лубеница добиена по цел живот жед. Тој е како воздух по години под вода. Тој е како животот.
К.А. Такер

Тој им рече дека колку и да изгледам зрела, сигурно ќе пораснам уште повеќе како тинејџер.
Кетрин Еплгејт

Тој се чувствуваше надвор од себеси. За првпат во неговиот живот на зрела возраст тој почувствува сенка на страв во своето срце-страв за неа, за тоа што всушност го сака од неа-и за себеси, за тоа што може да го направи.
Шана Абе

Увереноста иде со зрелоста, да се прифаќате повеќе себеси.
Никол Шерцингер

Уметноста е изложеност. И додека не развиете одреден степен на зрелост за да се справите со тоа знаење, вие откривате како други луѓе го кријат.
Шели Винтерс

Управувањето со плодноста е една од најважните функции на зрелоста.
Џермејн Грир

Успех: во средината на зрелоста станете она што сакате да бидете на крајот од вашето детство. Сè друго е од недостаток на самоконтрола.
Насим Талеб

Целиот мој зрел живот се занимавам со новинарство и често сум го заштитувал од колеги конзервативци кои тврдат дека новинарскиот бизнис е суштински корумпиран.
Такер Карлсон

Чесно, лудоста во семејството се засилува и влошува поради незрелоста на родителите, а не поради незрелоста на децата. Не се работи за тоа што нашите деца нè тераат да се јадосуваме, туку поскоро дека нивните постапки можат да ја откријат нашата избувлива личност.
Емерсон Егерих

Чесноста се состои во несакањето да ги лажете другите; зрелоста која е исто толку тешка за постигнување, се состои во несакањето да се лажеме себеси.
Сидни Харис

Често се случува собитијата што се случиле во текот на годините на нашето детство, да се доловат појасно во нашата меморија, отколку оние на кои сме сведоци во зрелоста, кога умот преовладува над сите наши сетила.
Бенито Перез Галдос

Човек кој решил да потроши дури еден час од своето време, сè уште не е доволно зрел за да ја разбере полната вредност на животот.
Чарлс Дарвин

Човек кој чувствува наклонетост кон својата земја е како дете. Човек кој го чувствува истото за другите земји достигнал зрелост. Но, оној што ги има истите чувства кон целиот свет како кон другите земји е совршен човек.
Ен Хикјун

Човек притиска едно копче и животот му избувнува во домот. Може ли таквиот живот да го направи духовно зрел? Воопшто не. Целиот свет за него станал играчка. Нема ништо чудно во тоа што се однесува како дете.
Јохан Хуизинга

Човечката природа е да го сака и да го сака сега; тоа е и знак на незрелост. Желбата да го одложите задоволството за поголем резултат е знак на зрелост.
Дејв Ремзи

Човештвото го достигна сегашното ниво на развој не поради здравиот разум, одговорноста и претпазливоста, туку поради младешката разиграност, самозадоволство и незрелост.
Том Робинс

Што и да се случи со човек во зрел живот, секогаш можете да најдете објаснување „тоа е така поради моите родители“. И во симболичната бочва со благодарност кон родителите секогаш има чајна лажичка прекор.
Ана Бикова

Што правиш кога ќе откриеш дека твојот живот во зрела возраст е срам?
Нејтан Хил

Што се случува кога децата ќе достигнат пубертет порано, а зрела возраст подоцна? Одговорот е: голем дел од тинејџерски чудности.
Алисон Гопник

Што ќе посееш во младоста, тоа ќе жнееш во зрелоста.
Хенрик Ибзен

Штом ќе достигнат зрела возраст, луѓето изгледа ги живеат своите години како по графикон.
Дијана Вриланд