175. Завист
Човек му завидува на човек кој е понапред, создал подобро, поголемо, повредно, оставил неизбришлива трага зад себе. Човек, кој му завидува на човек поради сето тоа или поради нешто од тоа, се докажува како дребнав, кој не знае, ниту се обидува да научи како би можел да си ја надмине сопствената дребнавост.
Завидливецот никогаш не мирува, а секогаш се труди најпрвин како било да му напакости на човек кому не може да му биде рамен, кого не може да го достигне, ако веќе не да се најде пред него. Не мирува и кога тоа некако ќе му успее. Се труди да го сопне, да го сопре, да го турне, наместо да продолжи самостојно, со свој стамен чекор. Завидливецот не постигнува личен успех затоа што таа го прави безличен.
Варди се од слепата, глувата, немата,безумната и безмилосната завидливост. Која лесно и многу брзо го прави човекот нечовек.
Македонски народни пословици и изреки
Ако имаш, ќе ти завиди; ако немаш, ќе те куди.
Ако те види со отворени очи, тој ќе ти завиди.
Во добра положба.
Во него му остана окото.
Гајле бери оти комшијата се обогати.
Завислив богат од сиромав ум не прима.
И на Бога му завидоа, а не на чоека.
И на Еѓупците му завиде на чергите.
На коњ вјават, дисагите на рамо `и носи, за некој да не му `и земе.
Од комшијата поголема му била кокошката или поголемо јајце несела.
Пустата завис од сиромав ум неќи.
Со зависливи очи го гледа.
Со злобливо срце си е.
Пословици и изреки од народи на светот
Им завидуваш, но не сакаш да бидеш еден од нив. (Руска)
Колку човечката завист освојува, толку е поотровна нејзината реа. (Англиска)
Дали староста се потврдува со тоа што не завидува, туку сожалува? (Романска)
На глупоста не ѝ завидуваат. (Француска)
На завидлив човек јава ѓавол. (Српска)
На покојниците им се чини дека живите секој ден јадат алва. (Ерменска)
Подобро да ни завидуваат, одошто да нè сожалуват. (Српска)
Силни луѓе сожалуваат слаби, а слабите се осудени на завист. (Италијанска)
Соседовото јајце има две жолчки. (Турска)
Латински изреки
Во јазикот на завидливиот секогаш има штета, а не помош. (Invidia loquitur id quod obest, non quod subest.)
Зависта го нагризува човечкото срце.
Зависта е непријател на честа. (Hostis honori invidia.)
Зависта не почитува празници (не знае одмор). (Invidia festos dies non agit.)
Зависта е постојан придружник на славата. (Invidia gloriae assiduus come est.)
Зависта е слепа. (Caeca invidia est.)
Зависта е слепа и не знае ништо друго освен да ја куди добродетелта.
Колку е вредноста поголема, поголема завист предизвикува.
Колку поголем имот, толку повеќе завист.
Нека зборот биде слободен од завист. (Absit dicto (verbo) invidia.)
Три работи треба да се избегнуваат: омраза, завист и презир. (Tria vitanda sunt: odium, invidia, contemptus.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Взаемната завист е посилна и потрајна од взаемната љубов.
Анонимус
За оној што има сè зависта е губење време.
Анонимус
Зависта има толку остро сечиво што може да пресече сè.
Анонимус
Зависта предизвикана од добро на други е болест на духот.
Анонимус
Љубовта трпи, не завидува, не противречи и не мисли зло.
Анонимус
На завидливецот никој не му завидува.
Анонимус
Најдобар пријател е кучето затоа што не завидува.
Анонимус
Немоќниот непријател е наш најдобар пријател, а завидливиот пријател најлош од сите наши непријатели.
Анонимус
При тага ти не завидуваш на болка, а јас ти завидувам на болката.
Анонимус
Успевате со завидливост!
Анонимус
Рекле, издумале
Ако е лошо, ќе го мразам затоа што мразам лошо писание. Ако е добро, уште повеќе ќе завидувам и ќе го мразам.
Вуди Ален
Ако завидувате, значи не сте се откриле себеси.
Дмитриј Лихачов
Ако зависта беше придружена од треска, целиот свет ќе трепереше.
Јануш Вишњевски
Ако земјите или луѓето си завидуваат, тогаш тие имаат голем потенцијал за развој.
Олга Маховска
Ако можете да се ослободите од гордост, самосожалување, егоцентризам, егоизам, ревност, завист, нетолеранција, нетрпение, алчност, лакомост, страст, мрзеливост, ароганција и нечесност, тогаш има состојба на спокојство и поврзаност внатре.
Расел Бренд
Ако наеднаш станеме успешни речиси без напор, тогаш луѓето завидуваат. Навистина ги дразни што не моравме да ги поминеме сите маки, болка и страдање за да стигнеме дотаму. Нивните умови веруваат дека подобната мака е цената што треба да се плати за успехот.
Дејвид Хокинс
Ако не сте направиле ништо, можете само да завидувате. Но, не го злоупотребувајте тоа.
Лоран Бине
Ако никој не ве осудува, ако никој не ви завидува, ако никој не ве критикува, ако никој не ве пресекува, значи одите по погрешен пат. Еден од моите омилени цитати. Непознат автор.
Максим Батирев
Ако престанат да ти завидуваат, тогаш талентот ти е изгубен.
Чеслав Виткевич
Ако сакате да стекнете внатрешна сила, треба да се инспирирате од среќата и добрата среќа на другите. Човек со внатрешна сила не завидува.
Ерик Бертран Ларсен
Ако срцето не му завидува на човек со знаење, тоа може да биде озарено од зраците на просветлувањето. Како глупоста, интелигенцијата е заразна.
Андреа Хирата
Ако ти си талентиран, значи ти си рамноправен човек. А рамноправниот човек е лишен од завист. Никому не му завидува. Тој има полнота.
Људмила Гурченко
Ако човек почне да им завидува на пријатели кои решиле да се разведат, време му е да сфати дека неговиот сопствен брак пукнал.
Сесилија Ахерн
Актерите се непостојани по природа; алхемиски суштества составени од запаливи елементи: чувства, его и завист. Ако ги загреете и измешате, понекогаш можете да добиете злато. Другпат тоа е катастрофа.
М.Л. Рио
Алчноста и зависта горат сè на својот пат.
Грегоар Делакур
Алчноста не е подарок, а зависта е сто пати полоша.
Алистер Греј
Амбицијата има само два чекора: најнискиот-крвта; највисокиот-зависта.
Вилијам Лили
Аристократијата цврсто ја држи за узди сопствената ароганција и туѓата завист.
Вилхелм Швебел
Арогантното однесување создава повеќе непријатели, отколку едно унапредување во ранг-завидливци.
Анри Бодриралар
Бев многу завидлив и страшно им завидував на оние кои можат да го направат она што јас не го можам. Бидејќи не знаев да направам ништо, имаше многу причини за завист.
Павел Санаев
Бедата и незнаењето се во основата на многу злосторства и зависта.
Алисон Вир
Бедните често гледаат на успехот на другите со негодување, ревност и завист. Тие ги критикуваат: „Имаат толку среќа…“
Т. Харв Екер
Безвредните не завидуваат.
Џоел Дикер
Бидете достоен човек. На крајот на краиштата, никој нема да ви завидува.
Антоан де Риварол
Благодарение на мозокот ние чувствуваме љубов, но и страв, ревност и завист. Нашите мисли се резултат на размена на сигнали меѓу невроните во една иста мрежа. Слични се и нашите чувства.
Каја Нурденген
Благодарноста е противотров за негативните емоции, неутрализатор на зависта, непријателството, тревогата и раздразливоста. Во него се ужива; не ги прима нештата за даденост; таа е ориентирана кон сегашноста.
Соња Лубомирски
Благородно им завидуваше само на оние луѓе кои имаа повеќе книги отколку што имаше тој и повеќе време да ги чита.
Јануш Вишњевски
Вашата завист е одраз на вашата длабока желба.
Габриел Бернштајн
Величието буди завист, зависта раѓа злоба, злобата раѓа лага.
Џоан Роулинг
Веројатно нема таков губитник кој не би позавидил на друг, уште поголем губитник.
Владимир Санин
Вистинската среќа е она што другите не го гледаат и затоа не завидуваат.
Дејвид Фоенкинос
Вљубените кои немаат што да прават освен да се сакаат, всушност не се за завидување; љубов и ништо друго многу скоро нема да биде ништо друго.
Волтер Липман
Во дополнение на закоравените песимисти и гласини има и гневни луѓе, завидливци и главно луѓе кои би сакале да ослабат, но едноставно немаат смелост и решителност за тоа, па се обидуваат да ги спречат другите да следат диета.
Пјер Дукан
Во еден живот постигнав сè што човек може да постигне, пред ѓаволот да почне да завидува.
Марион Цимер Бредли
Во женските групи главните моменти што ги зближуваат луѓето се зависта и гласините.
Олег Рој
Во нашите убави градови е задушливо, сите знаат сè еден за друг, непрестани интриги, завист и омраза и одвратна себичност.
Клаус Ман
Во неговата способност да биде благодарен-о, човекот е ограничен! Под опаковката на благодарноста се крие завист. И под зависта-универзална рамнодушност и плукање.
Едгар Лоренс Доктороу
Во оваа завидлива земја да изгледаш смешен е единствениот безопасен начин да се прославиш.
Андре Мороа
Во очите на зависта најдобрата репутација не е ништо поразлично од јавна заблуда.
Жан Батист Масијон
Во политиката, како и во сè друго што е така или инаку поврзано со власта, се пројавува најдоброто што е во човекот-идеализам, саможртва, великодушност, и најлошото-жестокост, честољубие, завист, лицемерие.
Марио Варгас Љоса
Во средниот век зависта се сметала за една од основните причини за човечкото страдање. Како очајот, таа е вкоренета во одвојувањето на индивидуата од предметот на неговите желби, во комбинација со чувството на беспомошност, неможноста да го добие она што го сака.
Даниел Естулин
Возможно ли е да се промени сушноста на човекот, такви особини како алчност, завист, жестокост и најважното-егоизмот? Силно се сомневам.
Владимир Познер
Војна, омраза, завист, расизам-што се тие ако не пројави на страв?
Ф. Пол Вилсон
Времето ги брише дури отровните рани на зависта.
Александар Бестушев
Главната причина за непријателството меѓу луѓето е зависта.
Иван Ефремов
Гледате ли, има девојки за кои сметате дека изгледаат лошо и завршуваат лошо, но потајно длабоко во вашата душа сè уште им завидувате.
Рју Мураками
Гледајте, постојат седум срцеви чувства: завист, омраза, страв, копнеж, забава, љубомора и љубов. Повеќето од нив се или лоши или себични. Само љубовта е добра и насочена кон друг.
Андреј Волос
Гневот е она што нè прави слепи и глуви. А исто и страв, завист, недоверба.
Јан-Филип Зендкер
Гордоста, гневот, лакомоста и безделничењето понекогаш се победуваат, но преобразувањето на зол и завидлив ум е своевидно чудо.
Жан Мари Лепринс де Бомонт
Да бидеш во сегашноста со некој друг е подарок. Дарбата на вниманието е можеби највредната и најзавидувачка од сите, иако секогаш не го сфаќаме тоа.
Пјеро Феручи
Да бидеш среќен значи да ги натераш другите да завидуваат. А секогаш ќе има некој што ќе ни завидува. Главно е да разберете кој е тој.
Жил Ренар
Да одиш зад другите по пат по кој патуваш заедно, да им даваш предност на другите без завист-тоа е болно за поединец и болно за народ.
Густав Штреземан
Да, се разбира дека солидарноста на служителите суштествува-солидарноста на завидливите против ефективноста. Таква солидарност суштества!
Ханс Фалада
Да се тревожиш за тие последици од крајната нееднаквост нема никаква врска со тоа да им завидуваш на богатите и сè е поврзано со стравот дека брзорастечките високи приходи се закана за благосостојбата на сите други.
Ангус Дитон
Да се чувствува завист е човечка слабост; да се ужива во злоба е слабост ѓаволска.
Артур Шопенхауер
Да, слободните пазари се склони да произведуваат нееднакви приходи. Не треба да се срамиме од тоа. Напротив, нашиот систем предизвикува завист во светот и треба да биде извор на гордост.
Артур К. Брукс
Дали ви се случувало да се посомневате дека човекот кој се однесувал лошо со вас и ве понижувал потајно ви завидувал, дури и стравувал од вас?
Барбара Де Анџелис
Добрата работа е единственото нешто што ме тера да се чувствувам љубоморен или завидлив.
Филип Сејмур Хофман
Добро е да завидуваш-но само на човек што се стремиш да станеш.
Ролф Добели
Доказ дека човекот е роден со големи особини е што е роден без чувство на завист.
Франсоа Ла Рошфуко
Драго ми е кога ме караат бедници, зашто кога би ме фалеле би се чинело дека сум им сличен.
Пјетро Аретино
Дури и во оние градови кои изгледа се радуваат на благословите на мирот и каде што уметностите процутуваат, жителите се обземени од завист, грижи и беспокојство, кои се поголеми неволји од кој било доживеани во град кога е под опсада.
Франсоа Мари-Аруе Волтер
Егалитарните општества ја задушуваат вообразбата, без дури да ја задоволат зависта.
Николас Гомез-Давила
Единственото нешто што го имаше беше глува, разурнувачка завист.
Федерико Андахази
Еднаквоста не беше слобода, тоа беше само погрешниот копнеж да станеме како луѓето на градот. А кој сакаше да стане како оние од кои се плашат и мразат? Зависта не беше слобода.
Надин Гордимер
Едни од најраспространетите пројави на агресија се љубомората и зависта.
Уте Ерхард
Едно од најголемите нешта на кои трагедијата е способна, е примањето на нова смисла на оние зборови што ги користиме секој ден: љубов, дом, семејство, посветеност и завист.
Бен Кингсли
Жената што бев изгледа безнадежно наивна. Јас ѝ завидувам.
Лиза Анџер
Живите не им завидуваат на мртвите.
Џеј Кристоф
За луѓето е карактеристично, и тоа е речиси закон на човечката природа-брзо и лесно да се влезе во негативна програма, на омраза кон непријателите, завист кон оние што живеат подобро, отколку кон нешто позитивно, конструктивно како задача.
Фридрих Хајек
За љубомората велат дека е усилена завист; во неа или жалиме за изгубената среќа или завидуваме оти друг ја поседува.
Алексеј Писемски
Завидливата женска злоба не е најстрашното во животот.
Филипа Грегори
Завидливиот не умира еднаш, туку онолку колку што пофалби чувал за својот соперник.
Балтазар Грацијан
Завидливите луѓе се опседнати со некого или од завист или од критика. Човек кој те мрази ти завидува. Ете зошто тој критикува и сета своја енергија ја вложува во омраза, наместо да си го гради сопствениот живот. Не гледајте никого и не се расејувајте, растете колку можете повеќе.
Бернардо Стаматеас
Завидливците умираат, но зависта-никогаш.
Молиер
Завидувам на вашето умеење да бегате од реалноста.
Греам Грин
Завидувам на нејзината увереност дека нема да биде искористена против неа, но не и на нејзиното однесување, а јас ја познавам помалку од еден ден.
Ребека Јарос
Завидувам на слободата на луѓето кои можат да ги прошират своите хоризонти, завидувам на способноста да се занимаваат сами, а наместо да се радуваат овие луѓе се жалат-од морска болест, од копнеж по Европа.
Виктор Клемперер
Зависта ги суши коските.
Соломон
Зависта е валкана, зашто ѝ е неопходна лагата.
Нада Маринковиќ
Зависта е вид на пофалба.
Гај Јулиј Цезар
Зависта е најдобар доказ колку луѓето се чувствуваат несреќни.
Артур Шопенхауер
Зависта му е вродена на секој човек, макар тој да не ја признава или во себе да не ја сузбива.
Јован Дучиќ
Зависта му се умилкува на богатството. Имено, таа никогаш не се вовлекува во празни амбари.
Кристијан Фридрих Хебел
Зависта сама со себе им е казна на завидливците.
Курал
Зависта се храни со живи, по смртта мирува.
Овидиј
За да предизвикаш мака кај завидливците, треба да си во добро расположение.
Диоген
За некои љубовта ја победува љубомората. За некои љубомората и зависта имаат предност пред љубовта. Кој си ти и кој е тој е прашање на кое само вие двајцата можете да одговорите.
С. Џеј-Џонс
За никого не е тајна дека речиси половина од понежниот пол, независно од нивното потекло, станува објект на подигравки родени од завист, ревност и дребнаво соперништво.
Бернардо Гимараес
Завист-постојана потреба на умот, ретко подложна на третман со култура и филозофија.
Семјуел Џонсон
Завист-признавање на себеси дека си губитник.
Александар Николаевич Скрјабин
Завист, завист! На неа се држи царството на злото.
Софија Прокофиева
Завист! Зависта е обратната страна на монетата наречена суета. Никој никогаш не им завидува на другите кои прво не се гордеат со себеси.
Џон Стот
Завист, љубомора, самозадоволство-тоа се трите компоненти на успехот.
Кендис Бушнел
Завист што зборува и писка, вообичаено неактивна; се плашам од онаа завист која е без зборови.
Антоан де Риварол
Зависта вели: Она што е внатре во мене е лошо. Она што е надвор од мене е добро. Мразам секој што има нешто што го сакам јас.
Хенри Клауд
Зависта во срцето раѓа стомачно растројство.
Џамбатиста Базиле
Зависта, гневот и глупоста се пороци кои лесно се забележуваат. Ако нешто лошо се случи во светот, погледнете внимателно и ќе видите дека тие три пороци не изостануваат.
Јуриј Бурносов
Зависта го разурнува организмот на оној кој подлегнува на тоа чувство.
Парацелзус
Зависта е вечен извор на хранење за најзлите, опасни и штетни гласини.
Бол де Жур
Зависта е дух на незадоволство или противење на просперитетот или среќата на други луѓе.
Џонатан Едвардс
Зависта е желба за одмазда; твојот сјај ги затапува завидливите.
Бернардо Стаматеас
Зависта е кога сакате да го имате она што некој друг веќе го има; а злорадоста е желбата, е за она што го немате.
Ширли Конран
Зависта е крокодил кој лее солзи убивајќи и со воздишки голта секоја нова жртва.
Питер Акројд
Зависта е лошо чувство.
Јуриј Олеша
Зависта е мајка на злобата и омразата.
Никита Михалков
Зависта е навистина глупав грев бидејќи е единствениот со кој никогаш не би можеле да се забавувате. Има многу болка и никаква забава. Зошто сакаш да се качиш на таа количка?
Чарли Мангер
Зависта е најискрената форма на признание.
Вилхелм Буш
Зависта е неизбежна.
Ли Куан Ју
Зависта е нешто лошо. Ја слабее вашата внатрешна сила. Понекогаш чувството на неправда е оправдано: сите понекогаш се соочуваме неправедно однесување. Но, зависта е дребно чувство. Најдобрите луѓе се вдахновени, а не љубоморни.
Ерик Бертран Ларсен
Зависта е нуспроизвод на успехот.
Дејвид Николс
Зависта е опасна. Таа ве разурнува и може да убие секое пријателство и кариера во еден миг.
Брус Вилис
Зависта е основа на демократијата.
Бертранд Расел
Зависта е прекрасен стимул за развој на творечкиот потенцијал кој не лишува од ништо разумно.
Мерил Стрип
Зависта е разурнувачка.
Зигмунд Фројд
Зависта е религија на недугавите.
Фазил Искандер
Зависта е секогаш неразумна.
Прија Басил
Зависта е слепило што ги вади очите од корен.
Карлос Сафон
Зависта е супа во која се вари светот, зачинет со злоба, претворајќи го човекот во вкусно јадење.
Стивен Хантер
Зависта е тага за благосостојбата на другиот.
Јаков Књажин
Зависта е ужасно чувство, но ја кажува вистината. По правило, ние им завидуваме на луѓето кои го имаат она што ние самите го сакаме.
Сузан Кејн
Зависта е уште понепопустлива од омразата.
Франсоа Ла Рошфуко
Зависта е црна преврска на очите на разумот.
Фазил Искандер
Зависта и љубомората на девојката се трансформираа во бескорисност и загриженост кон другите.
Том Батлер-Боуден
Зависта и љубомората произлегуваат од основната неспособност да се радуваме на туѓата среќа или успех.
Матје Рикар
Зависта и омразата одат заедно. Взаемно потсилени од фактот дека следат една и иста цел.
Жан де Лабрие
Зависта и ривалството се хранат со едно и исто нешто: сопственоста или заслугата на другите.
Клод Роа
Зависта кон другите нè јаде најмногу.
Александар Солженицин
Зависта, копнежот и огорченоста го трујат самиот извор од кој ги црпите вашите креативни моќи. Колку побрзо ќе се ослободите од нив, толку подобро ќе пишувате.
Дороти Брант
Зависта на другите уметници отсекогаш била мерило за мојот успех.
Салвадор Дали
Зависта не е најважното нешто. Главното нешто е прифаќањето: ние сме подготвени да ве прифатиме само ако сте свои.
Мајкл Бут
Зависта не остава место за радост.
Даглас Ејбрамс
Зависта не умее да простува.
Елчин Сафарли
Зависта некогаш се сметала за еден од седумте смртни гревови, пред да се престори во една од најпочитуваните добродетели под неговото ново име „социјална правда“.
Томас Совел
Зависта, одлучи таа, е навистина непријатна емоција. Кажа нешта за тебе што не сакаше да ги слушнеш.
Сара Морган
Зависта речиси секогаш се маскира како снисходлив презир.
Сергеј Минаев
Зависта се претвори во восхит, восхитот од своја страна беше заменет од страв.
Павел Санаев
Зависта се раѓа од чувството на неблагодарност кон судбината за она што веќе го имате.
Нина Рубштајн
Зависта се развива предимно таму каде што се познавате себеси. Таму кај што не се издвојувате од другите. Завист-тоа значи дека не сте се нашле.
Дмитриј Лихачов
Зависта секогаш претполага свесна инфериорност, каде и да се наоѓа.
Плиниј Постариот
Зависта создава работни места. Оставете ја на мира.
Џорџ Карлин
Зависта треба да биде заработена, но сочувството ќе го добиете бесплатно.
Неле Нојхаус
Зависта треба да има на своето лице некаков израз на завист.
Марсел Пруст
Зависта често е поим дека има нешто латентно во вас што треба да биде изразено.
Мари Форлео
Зад ласкањето стои завист.
Абрахам Вергезе
Закон на политиката: поопасно е да создадеш четворица незадоволни, отколку еден задоволен и тројца завидливи.
Гилберт Сесброн
Запомни ги трите НЕ-велеше баба:-НЕ плаши се, НЕ завидувај, НЕ љубомори. И ти ќе бидеш среќна цел живот.
Дина Рубина
Започнав да им завидувам на робовите. Тие имаат силни убедувања.
Јуџин Шварц
Змејовите живеат долго, а умните змејови не само што живеат долго, туку и го менуваат своето име одвреме-навреме, така што луѓето да не знаат колку долго продолжува животот на змејот и да не е исполнет со завист.
Роџер Зелазни
Зошто да завидувате на туѓата среќа, ако имате своја сопствена?
Владислав Крапивин
Злобата и зависта кај детето е израз на немоќ.
Масару Ибука
Знам што сум-и што не сум. И не ги обвинувам за нивната љубопитност. Понекогаш си мислев дека тие може да чувствуваат само завист-желба да бидат повеќе од она што се. За да избегаат од здодевноста на нивниот обичен живот.
Шаи Ерншо
И им завидувам на сиромашните и немоќните. Тие сигурно знаат дека ако се сакани, тоа е просто така.
Александар Снегиров
И ние ќе сакаме да го наречеме завист, бидејќи ако го наречеме сожалување, ќе си ги скршиме срцата.
Андре Асиман
И никаде не сум сретнал толкава завист, гнев, неволност, раздори и кавги како меѓу браќа, сестри и други крвни роднини, особено кога треба да поделат наследство.
Јакоб фон Гримелсхаузен
И погледнете ги со завист оние кои спокојно чекорат, восхитувајќи се на небото и сонцето, разговарајќи со децата, гушкајќи ги своите сопрузи-тоа се безгрижни странци!
Ана Кирјанова
И со безброј страдања светот е даден, но каснувањата на зависта се меѓу најжестоките рани, најдлабоките, најтешките за лекување и многу подостојни за сожалување од сите други.
Дино Буцати-Траверсо
Иако молчи, завидливецот е непријател.
Публилиј Сириј
Идејата за еднаквост, нашата природна страст, е убава за возвишените души, но за ниските души не значи ништо друго освен завист.
Франсоа Шатобријан
Изгледа дека жолтиот печат се движи исклучиво од црна завист.
Том Стопард
Изгледа дека срцето на момчето беше редок исклучок: недопрено од алчноста и неспособно за завист.
Александра Бракен
Изневерата има истрајност на која бракот може само да завидува.
Естер Перел
Или можеш да се восхитуваш на нешто на што не завидуваш? Или можеш да завидуваш на нешто на што не се восхитуваш?
Алберт Еспиноза
Има само еден збор-ревност. Обична старомодна ревност. А сепак-завист која не е подобра. Неодамна прочитав дека за бракот е дури поопасна од ревноста.
Кингсли Амис
Им завидувам на луѓето. Дадено им е да избираат меѓу доброто и злото. Ние боговите немаме ниту добро, ниту зло, само нашата волја.
Пол Галико
Им завидуваме на луѓето како тебе и сакаме да бидеме ти; не можеме, затоа те ништожуваме.
Азар Нафизи
Испреплетените врски меѓу преведувачот и авторот (стапици, завист, злоба, ласкање) го засенуваат плотскиот предизвик.
Гезуалдо Буфалино
Јас сум непријател на секакви чуда и не верувам дека луѓето можат да бидат воскреснати. Но, им завидувам на верниците-за нив има утешение.
Виталиј Гинзбург
Каде и да погледнете, со текот на времето зависта ќе избледне и ќе се радувате дека сте таму кај што сте.
Сузан Вриланд
Кај нас ни зависта немаше сила.
Варлам Шаламов
Кај што има многу тајни, таму има завист и криминал.
Вилхелм Швебел
Кај што исчезнува христијанството, алчноста, зависта и страста измислуваат илјадници идеологии за да се оправдаат.
Николас Гомез-Давила
Како многу луѓе, сакам да набљудувам луѓе, но понекогаш си мислам дека се гледаме премногу внимателно. Тоа раѓа корозивна завист.
Џенет Скеслин Чарлс
Како му завидувам на стариот семеен живот, како би сакал да имам мајка и татко. Не граѓани со броеви наведени како татко ми и мајка ми.
Николај Фјодоров
Како прво, на самите нас ни недостасува единство и затоа со завист гледаме на оние кои успеваат да се држат заедно и да не се чувствуваат осамени покрај браќа по крв и култура.
Антон Первушин
Како што железото го кородира ‘рѓата, така и завидливите се трошат од сопствената страст.
Антистен
Како што `рѓата го разјадува железото, така зависта го уништува завидникот.
Плутарх
Клевета-орудие за зависта.
Софија Сегур
Кога мртовец должи пари, не му завидувате на кредиторот.
Владимир Василев
Кога нашите срца се во состојба на усогласување, ние полесно доживуваме чувства како љубов, грижа, признателност и добрина. Од друга страна, чувствата како раздразливост, гнев, повреденост и завист се посклони да се појават кога главата и срцето не се усогласени.
Џед Дајмонд
Кога ни е лошо, ние им завидуваме на луѓето кои се сега добро.
Дмитриј Нагиев
Кога ни е лошо, ние завидуваме на туѓата среќа.
Греам Грин
Кога ќе застанат оние што одат по нас, упорно тврдат дека сме на погрешен пат.
Мари фон Ебнер-Ешенбах
Кога ќе се појави зависта, пријателството и посветеноста завршуваат.
Лесли Пирс
Кога човек остава тестамент, тој треба да размисли за тоа неговите роднини да не станат предмет на потсмев и презир…Завист-да! Но, не потсмев и презир.
Едгар Валас
Колку би бил подобар животот, ако би го започнувале денот со песна, а не со празни приказни на весниците, со нивната диета на страв, омраза, завист и ревност.
Том Хоџкинсон
Колку и да е чудно, зависта ни ја одзема желбата да дејствуваме, додека дејствието е клучот кон слободата.
Џулија Камерон
Колку лошо да ти оди животот, секогаш има некој што ти завидува. Тоа е еден вид космички сарказам.
Мануел Вилас
Колку повеќе завист предизвикува делото, толку посилно веруваш во неговото достоинство.
Дејвид Вајс
Културата не е само театар или балет, таа е и чисти предни простории, и еднаквост на сите пред законот, и минимална кражба од страна на чиновниците, и недостиг на завист, ароганција и грубост. Сето тоа подразбира љубов и почит кон другиот човек.
Сергеј Николаевич Лазарев
Лавицата не може да ѝ завидува на мувата.
Исак Сингер
Леле, колку стана тивко во куќата без мачка, си помисли.-Чудно чувство. Воопшто не им завидувам на оние кои немаат мачки.
Свен Нордквист
Луѓето започнуваат да завидуваат ако другите имаат нешто што тие го немаат.
Ерика Јохансен
Луѓето кои го постигнале она што го сакате не се предмет на завист, туку реален пример за тоа како можете и вие.
Ника Набокова
Луѓето му завидуваат на друг, а јас, напротив, им завидувам само на прекрасните ѕвезди-сакам само со нив да го заменам местото.
Михаил Лермонтов
Луѓето секогаш завидуваат на туѓиот успех.
Џејмс Боуен
Луѓето секогаш зборуваат лошо за она на што завидуваат.
Арчибалд Кронин
Луѓето секогаш ќе најдат повод за омраза-да речеме, сопствената глупост или завист.
Олга Громико
Луѓето се подготвени да завидуваат дури и на убави погреби.
Владислав Гжегорчик
Луѓето чувствуваат сè: напнатост, депресија, негодување и мака, алкохолизам, нечија омраза или горлива завист. Чувствувајте се невербално; но како точно-науката сè уште не разбрала. Ете како животните чувствуваат опасност или болест; тоа е надвор од свеста.
Ана Кирјанова
Љубовта гледа низ телескоп, зависта под микроскоп.
Хенри Шо
Љубовта е најпријатното, највистинското, најправилното нешто на светот. И не е важно дека плаќаш за неа. Важно е да не сте огорчени, да не завидувате…
Франсоаз Саган
Меѓу влијанијата што го скратуваат животот, на привилегирано место стојат страв, мрак, тага, мака, малодушност, завист и омраза.
Карл Гуцков
Ми завидуваат, ме мразат. Тоа е цената на успехот.
Ричард Морган
Минете низ животот без да се покажувате, да привлекувате внимание на себе или да правите раскошни гестови. Тие само ќе го привлечат непријателството на другите. Мудрите постигнуваат сè што сакаат без да предизвикаат завист или презир во другите.
Денг Минг-Дао
Младоста е малку жалосна, малку завидлива и многу досадна.
Софија Толстаја
Можеби е единствениот лек против љубомората да сфатиме дека луѓето на кои им замеруваме и им завидуваме што го имаат она што ни недостасува веројатно имаат свои рани и лузни. Може дури да ни позавидат.
Харолд Кушнер
Можеби просто старее. Чувствувајќи дека повеќе не треба да се докажува, дека знае точно која е. Завидувам поради тоа.
Луси Фоли
Можете да завидувате на она што е барем теоретски достапно, а не на она што е апсолутно недостижно.
Кшиштоф Кешловски
Мојот пристап е да раководам со чувство за цел и гордост од она што го правиме, а не со завист или борбеност.
Сатја Надела
Моралното негодување е завист што е ореол над главата.
Херберт Велс
Моралното незадоволство во повеќето случаи се состои од 2% морал, 48% незадоволство и 50% завист.
Виторио Де Сика
Моралот на средната класа е само маска за зависта.
Рут Рендал
Мртвите не им завидуваат на живите.
Џим Чајковски
Му завидував затоа што овој прост човек знаеше што треба да направи, додека јас замислено и нерешително се загледував во иднината.
Курбан Саид
Му завидував на вашето куче: тоа има топол јазик и живее со вас.
Џули Бери
Му завидував; не идејата да имаш толку многу пари што да можеш да ги фрлаш, туку помислата да пораснеш во свет во кој некој толку многу се интересира за твојата среќа и толку малку за она што си постигнал во животот.
Кели Армстронг
На генијалните луѓе им се восхитуваат, на богатите луѓе им завидуваат, на луѓето на власт им се плашат; но им се верува само на луѓе со карактер.
Алфред Адлер
На едно ниво тие страдаат и последицата од тоа-цврстина, сила, тврда независност-е извор на гордост; од друга страна, е извор на завист.
Џон Ман
На овој свет има многу бесмислици: како да не им завидуваме на оние кои знаат каде да побрзаат!
Илја Бојашов
На триесет години сè уште не завидувајте на младоста.
Валентин Черних
Наеднаш започна да им завидува на луѓето кои чекаа некаде. Колку и да одиш бавно, сепак некаде ќе стигнеш. Каде?
Данил Корецки
Најодвратното нешто кај жените е ревноста и зависта.
Агата Кристи
Најопшто речено, зависта, огорченоста и самосожалувањето се погубни начини на размислување.
Чарли Мангер
Насекаде се среќаваат глупаци и завидливи луѓе.
Ги де Мопасан
Научете се да не ги забележувате луѓето кои не ви се допаѓаат. Затоа што луѓето на кои вие не им се допаѓате се два вида: или се глупаци или се завидливи. Глупаците за една година ќе ве засакаат, а завидливите ќе умрат, никогаш неразбирајќи ја вашата тајна за супериорноста над нив.
Џон Вилмот
Нашата грешна природа раѓа завист, самодоволност, право и престап. Зависта, самодоволноста, правото и престапот раѓаат изолација. Изолацијата раѓа животни проблеми (емоционални, поведувачки, релациски).
Хенри Клауд
Нашата завист е секогаш подолготрајна од туѓата среќа на другите на која завидуваме.
Франсоа Ла Рошфуко
Нашата завист е со размери многу поголеми од туѓите пари.
Валентина Беднова
Нашата завист секогаш трае подолго од среќата на оние на кои им завидуваме.
Франсоа Ла Рошфуко
Нашата почит некогаш беше взаемна. Но, тоа беше пред зависта.
Шелби Махурин
Не е вреден оној кому никој не му завидува.
Есхил
Не завидувајте на туѓата семејна среќа, под секој покрив има свои глувци, а вашите глодари не се од најзлите и најмрсните.
Дарија Донцова
Не завидувајте никому, наш пријателе, секој има свои сопствени недоумици и таги.
Жорис-Карл Уисманс
Не знам каква тајна завист ја пресекува нишката на нашите надежи.
Ирина Вајехо
Не е ли навистина чудно да страдаш од тоа дека мнозина ви завидуваат?
Лидија Чарскаја
Не е нужно да ги мразиш луѓето кои завидуваат затоа што ти признаваат дека си подобар.
Моника Белучи
Не му завидувај на оној што успеал премногу лесно, зашто тој набрзо заборава да се надмине.
Свами Хамсананда
Не му завидувајте на оној што е силен и богат. По изгрејсонцето секогаш иде зајдисонце.
Омар Кајам
Не му завидувам на ниеден човек кој не знае повеќе од мене, но ги жалам оние што знаат помалку.
Томас Браун
Не му завидувам на ниту едно животно, иако им завидувам на многу од нивните можности.
Луис Мекнис
Не му завидував на богатството што го опкружуваше. Не ни на неговите книги и играчки. Не, љубоморев што има мајка која толку нежно го сака.
Хектор Мало
Не можам да го променам мојот живот за да се сообразам со луѓето кои завидуваат. И не гледам причина зошто треба да го сторам тоа.
Стинг
Не можете да изградите голема нација или човечко братство со распространување завист или омраза.
Маргарет Тачер
Не му вреди ништо на оној кому не му завидуваат.
Епихарм
Не, никогаш не сум одел на факултет. Секогаш жалев за тоа, секогаш им завидував на луѓето што го правеа тоа.
Сидни Полак
Не разбирав ништо од болеста, а сепак мислев дека имам лек: би ја сакал сестра ми како никогаш досега, со сеопфатна, несебична љубов, заборавајќи на зависта што секогаш ми ја причинуваше нејзиното совршенство.
Вејд Ратнер
Не сакајте ќелав фризер да ви ја потстрижи косата затоа што може да позавиди на густината на вашата коса.
Чарлс Мартин
Не се занимавајте со завидлив човек, бидејќи тој ќе ве мрази, а омразата од завист е неизлечива.
Михаил Литвак
Не се мислете, само изгледа дека сум сосем спокоен, всушност моите заби веќе подолго време поттупнуваат таков музички танц што многу танчери едноставно ќе се задават од завист. Само е жално што нема кој да ги оцени моите музички изведби.
Алекс Кош
Не секој има културно наследство на кое може да се потпре, а потоа се појавува завист кон оние во кои што го има.
Стивен Кинг
Не треба да им завидуваме на оние кои се богати и имаат моќ; а треба да се потсетиме на недобронамерноста и опасноста на кои се подложени, љубовта на сиромаштијата-мајката на спокојството.
Бабриј
Невозможно беше да не им завидуваме на странски племиња. Додека не ставите сè чисто на хартија, вашето сопствено племе изгледа како полна глупост.
Лили Кинг
Негативните емоции како осаменоста, зависта и вината играат важна улога во среќниот живот; тие се големи, светкави знаци дека нешто треба да се промени.
Гретчен Рубин
Недобронамерноста и зависта се неизбежниот сопатник на човек кој постигнал барем некаков успех во животот.
Владимир Санин
Независно од тоа дали се изложени на завист, восхит или потсмев, фасцинацијата на знаменитостите започнува како упразнување во замислата како би било да водиш побезгрижен и пријатен живот.
Џејкоб Вајсберг
Независно од тоа имам ли почит кон луѓето кои веруваат во задгробниот живот? Да, се разбира. Би можел да додадам, можеби дури и навестување на завист заради утехата.
Студс Теркел
Незнаењето е мајка на злобата, зависта, алчноста и сите останати понизни и груби пороци, а исто и гревови.
Галилео Галилеј
Нека возраста, а не зависта, нацртаат брчки на вашите образи.
Томас Браун
Нека озборуваат и измислуваат лаги. Понекогаш завидливите луѓе го чувствуваат нашиот успех пред нас самите. И страдаат неподносливо однапред. Им благодарам за убавите зборови!
Ана Кирјанова
Некои веруваат дека сите околу нив треба да ги препознаат по видување, да им завидуваат на богатството или да се восхитуваат на бројот на школските степени. Инсистирајќи на почит од другите, ние се осудуваме на страдање, бидејќи во тој случај нашата среќа е во рацете на другите.
Ендрју Метјуз
Некои просто завидуваат, некои не разбираат како можеш да уживаш да го правиш она што не им се допаѓа, други сакаат да те заштитат од болката од поразот со тоа што ќе ти предложат да се откажеш пред другите да го осудат тоа.
Јирген Волф
Нема ништо поништожно, глупаво, презирно, штетно, себично, злопаметно, завидливо и неблагодарно животно од Толпата.
Вилијам Хазлит
Нема полош затвор од тесноград и кратковид ум или срце исполнето со омраза, завист и незадоволство.
Џон Бејнс
Нема понесреќни земји од оние во кои им завидуваат на луѓето од постара возраст.
Нагиб Махфуз
Нема страст толку силно вкоренета во човечкото срце како зависта.
Ричард Шеридан
Немам сигурност, сигурноста е завидлив непријател на вистината.
Гезуалдо Буфалино
Несреќата нè прави завидливи, а успехот-ненаситни.
Мејсон Кули
Ние ја бараме среќата надвор од себеси и во мислењето на луѓето кои ги познаваме како додворувачи, неискрени, неправедни, полни со завист, каприци и предрасуди.
Жан де Лабрие
Ние нема да се караме-нека ни завидуваат.
Александар Валентинович Вампилов
Никаква крвава или бескрвна промена на општеството не може да го искорени злото во човекот: додека има луѓе, ќе има злоба, завист и омраза, и затоа не може да има општество кое не искористува принудно ограничување.
Лео Штраус
Никогаш не ја потценувајте моќта на љубомората и моќта на зависта да разурнува. Никогаш не го потценувајте тоа.
Оливер Стоун
Никој не ви завидува на способностите, туку на успесите. Додека работите ве сметаат за будала, а кога нешто ќе постигнете ве сметаат за среќен.
Душан Радовиќ
Никој не го радува толку човекот, колку зависта на другите луѓе.
Марк Твен
Но, генерално не можете да му завидувате на Фридрих Ниче-тој го завршил животот во лудница.
Ана Кирјанова
Но, додека се обидував да ги остварам моите соништа, требаше да потонам во нечистотијата на секојдневјето, во калливото мочуриште на љубомората и зависта.
Жан-Кристоф Руфен
Но, зависта е негативна и насочена кон надвор, а не навнатре, така што знаев дека нема да нè одведе многу далеку на патот кон вистинско обновување.
Сатја Надела
Но, зависта не исчезнува сама од себеси кога ќе го добиете она што го сакате. Ако сте навикнале на тоа чувство, едноставно ќе најдете нешто друго за кое ќе завидувате. Прашањето не е во самата тема, прашањето е дека нешто пропуштате.
Мишел Харисон
Но, нели е јасно: блаженството и зависта-тоа се броител и именител на дропка наречена среќа.
Евгениј Замјатин
Но, треба да кажам дека ѝ завидував на оваа кучка-на нејзиното спокојство и рамнодушност.
Керолин Кепнес
Но, треба да признам дека му завидувам на терминот атом; бидејќи иако е многу лесно да се зборува за атоми, многу е тешко да се формира јасна претстава за нивната природа, особено кога се разгледуваат сложени тела.
Мајкл Фарадеј
О, Боже, не ми завидувај, јас си имам свои сопствени болки.
Барбра Стрејсенд
Обидете се да се насмеете, малку позагадочно. Тогаш вашите завидливци ќе се измачуваат удирајќи си ги главите за она што ви е на ум.
Фаина Раневска
Обични луѓе. Обични животи. И таа почувствува завист.
Семјуел Бјорк
Овците, завидувајќи на волкот,-волци во овчи кожи.
Жулиен де Фалкенаре
Од една страна, опкружен сум од алчните и неуките, кои се надеваат дека ќе остварат добивка следејќи ме, а од друга страна-од завидливите и престорено благочестивите побожност, чија полза е во моето уништување.
Јан Колдвел
Од сите страсти, зависта е најодвратна. Под знамињата на зависта маршираат омразата, предавството и интригите.
Клод Адријан Хелвециј
Од сè што суштествува денес, само просечноста не познава завист.
Џовани Бокачо
Од три нешта човекот не може да биде спасен од никого: од сомнеж, од лошо мислење и од завист.
Ал-Газали
Одбегнував сè што може да повлијае на мојот интелект или да ми предизвика завист и возбуда. Живеев со главата зариена во песок.
Отеса Мошфег
Одличното пишување ме исполнува со надежен ентузијазам и никогаш завист.
Хишам Матар
Озборувачите на овој свет се обидуваат да ја уништат убавината затоа што ѝ завидуваат, но лагата никогаш не ја издржува светлината на вистината.
Шан Са
Омразата е активно незадоволство, а зависта пасивно; поради тоа не смееме да се чудиме што зависта толку брзо минува во омраза.
Јохан Волфганг Гете
Осознавањето на својата надмоќ го направи осамен-тие му завидуваа, го избегнуваа и не го сакаа.
Артур Хејли
Подобро да предизвикуваш завист, отколку сожалување.
Емил Зола
Подобро да сте предмет на завист, отколку на сожалување.
Херодот
Подобро е да бидете предмет на завист, отколку на страдање.
Емпедокле
Политиката е сплет од интриги, завист, предавство, корист и суета.
Машадо де Асис
Понекогаш им завидувам на мртвите: тие се полни со слободно време.
Роберт де Ниро
Понекогаш кога слушам некои од моите стари снимки, им завидувам на уметниците кои едноставно можат да ги изгорат сликите што не ги сакаат. Не можам.
Херберт фон Карајан
Почитувањето на правата на другите е возвишен принцип; но зависта е исконски порив.
Медлин Олбрајт
Пред големите зависта често се влече.
Софокле
При завист нема празници.
Френсис Бејкон
При средби со завидливи или суетни луѓе не е ли бескорисно да се објаснува нешто што се случило во други времиња или што се случува на други места во моментот?
Томас Мор
При овие услови луѓето започнуваат да си завидуваат еден на друг, значи да си конкурираат. Градот ги обединува луѓето за заедничка работа.
Гај Кавасаки
Приврзаникот на еднаквоста кој не е завидлив може да биде таков само затоа што е глупав.
Николас Гомез-Давила
Причината поради која често добиваме лоши совети е затоа што е тешко да се најде човек кој секогаш ќе го има нашиот најдобар интерес во срцето, нема да завидува на никаков начин и нема на никое ниво да мисли дека знае што е најдобро за вас.
Дејвид Либерман
Пробивам пат низ нив, им завидувам на младоста, нивната среќа, нивната драма и дрдорењето. Животот сè уште не ги допрел. Не реалниот живот.
Рајли Сејгер
Просечниот човек ништо не мрази толку како надмоќ на духот. Во ова наше време тоа е прва причина за омраза.
Стендал
Просечноста и незнаењето живеат во состојба на вечна завист.
Карлос Сафон
Радоста е обично минлива, особено кога ќе се разбуди зависта кај просечните.
Марио Ескобар
Раниот брак ги прави мажите сексуално завидливи.
Јуриј Полјаков
Ревноста не исчезнува само кога ќе го добиете она што го сакате. Ако сте се навикнале на тоа чувство, едноставно ќе најдете нешто друго за кое ќе му завидувате. Не станува збор за самата тема. Работата е таму кај што нешто пропушташ.
Мишел Харисон
Ревноста во основа беше „Го сакам тоа што го имаш“, додека зависта беше „Го сакам тоа што го имаш, но исто така сакам да го одземам за да не можеш да го имаш“.
Мег Волицер
Рекламата е процес на производство на блесок. Блесокот е состојба на завист меѓу луѓето околу вас. На овој начин рекламата им ветува на луѓето состојба на среќа што настапува кога другите ви завидуваат.
Даниел Естулин
Ретко ги сакаме оние на кои нема за што да завидуваме.
Труман Капоти
Само глупак го искушува демонот да завидува, да се фали со своите победи.
Роберт Грин
Само немите му завидуваат на зборлестите.
Калил Џибран
Само оној може да се разбира себеси за слободен од завист, кој никогаш не се изучувал себеси.
Клод Адријан Хелвециј
Светот е поделен на оние на кои им завидуваат, на оние кои завидуваат и на оние кои се вдахновени од успесите на другите за лични постигнувања.
Ричард Темплар
Светот не се раководи од алчност. Се движи од завист. Ја победив зависта во мојот сопствен живот. Никому не му завидувам. Не ми е гајле што има некој друг. Но, други луѓе полудуваат од тоа.
Чарли Мангер
Сега стигнавме до моментот во кој секој има моќ, но во исто време страдаат од угнетување. Стариот инстинкт на разделување и изолација сега живее само како бледа завист и ревност.
Лојцен Егбертус Јан Браувер
Седиме малку молчаливо и јас завидувам на ритуалниот ритам на пушачот на луле, со кој човек изгледа замислен и преокупиран, дури кога не прави ништо и не мисли.
Стеф Пени
Седумте смртни гревови на христијанската црква се: алчност, гордост, завист, гнев, лакомост, страст и мрзеливост. Сатанизмот се залага за попуштање на секој од овие „гревови“ бидејќи сите тие водат до физичко, ментално или емоционално задоволство.
Антон Шандор Ла Веј
Секогаш и секаде беше најубава. Тоа ѝ донесе многу љубов, но заедно со тоа и многу завист.
Карстен Хен
Секогаш кога ќе помислам на распнувањето на Христос, јас паѓам во грев од завист.
Сајмон Вејл
Секогаш кога ќе се заљубиме се издигаме кон рајот. Секој пат кога мразиме, завидуваме или се караме со некого, се спуштаме право во огновите на пеколот.
Елиф Шафак
Секогаш со извесна завист гледаме на крилестите суштества. Ни недостасува уметноста на летање. Сепак, не знаеме дека има и други методи на летање. А еден од нив, наједноставен и достапен, е да дозволиме да бидеме маѓепсани од нивните тајни приказни.
Мија Коту
Секогаш сум завидувал на способноста на некои луѓе за сознателна амнезија. Во умеењето да се затворат очите пред реалноста, што да не може со нив да се спореди еден ној.
Амели Нотомб
Секогаш сум завидувала на талентот.
Фаина Раневска
Секогаш сум им завидувала на луѓето на кои им е разбирлив туѓиот живот.
Дина Рубина
Секогаш сум им завидувал на моите пријатели кои имаа постари браќа и сестри кои можеа да ги пренесат низ тинејџерската пустош.
Роб Шефилд
Секогаш сум ја мразел ревноста; таа премногу личи на зависта.
Николај Огарев
Се восхитував на невиноста на кучињата и на чистотата на нивната приврзаност. Кучињата никогаш не би ги сокриле своите чувства. Тие едноставно постојат и секогаш остануваат она што се. Им завидував на едноставноста и благодатта на кучешкото постоење.
Бенџамин Алире Саенз
Сите завидуваат, дури бебињата и кучињата.
Мери Кубица
Сите превосходства со кои се гордеат западњаците се чисто вообразености, со единствен исклучок на материјалното превосходство; тоа дека е премногу реално, никој не им го оспорува, а и во принцип никој не им завидува; но несреќата е дека тоа го злоупотребуваат.
Рене Генон
Симптомот на најлошо опаѓање е кога ќе почнеме да им завидуваме на луѓето кои живеат во илузии.
Станислав Игнаси Виткиевич
Синџирот од завист ги поврзуваше, покажувајќи му го на секој она што недостасуваше во животот, но и нудејќи утеха дека среќата е присутна во соседството, во животот на соседот, елемент од истото општество.
Аравинд Адига
Склон сум кон завист. Тоа е една од моите три стандардни емоции, а другите се алчноста и јароста. Јас исто така сум доживеал страдање и штедрост, но само минливо и обично додека сум пијан, така што имам малку памет.
Огастин Бароуз
Склоноста кон кавги, навреди и завист се сопатници на празните луѓе.
Пиндар
Скржавиот се купува, глупавиот се мами, мудриот се убедува; силните се победени или елиминирани. А страшливците се исполнети со завист? Што да се прави со нив?!
Хенри Лајон Олди
Следете си ја зависта-таа ви покажува што сакате.
Лори Готлиб
Следниот пат, кога ќе видите восхитувачки квалитети во друг човек: благородност, умеење, штедрост, добронамерност, не завидувајте. Вдахновете се. Кажете си: ете човек кој ми дава пример и јас ќе се обидам да бидам како него.
Ерик Бертран Ларсен
Со текот на годините се справував поуспешно со љубовта, отколку со зависта.
Енди Ворхол
Сојузниците меѓусебно се однесуваа со недоверба и завист, многу подлабоко од омразата спрема освојувачите.
Џек МекДевит
Сокривајќи ја својата среќа, избегнуваш завист без да предизвикуваш сожалување.
Питак
Сомнеж-обично се појавува во форма на објаснувања и извинувања, предназначени да ги покријат и оправдаат своите неуспеси; понекогаш во комбинација со завист кон успесите на другите или со нивната критика.
Наполеон Хил
Сочувството е мака за туѓата несреќа, зависта е мака за туѓата среќа.
Плутарх
Сочувството е задоволена завист.
Никита Михалков
Сочувството се дава бесплатно, зависта треба да се заслужи.
Роберт Лембке
Социјализмот е политизирана завист.
Раусас Ј. Рашдуни
Способните завидуваат, талентираните наштетуваат, генијалните се одмаздуваат.
Николо Паганини
Способноста да даваш и спасуваш живот се чувствува како најголем подарок, следствено творечката способност предизвикува најголема завист.
Мелани Клајн
Спротивно од она што може да ви се каже во другите сфери на животот, кога ја набљудувате Вселената размерот има значење што често води до учтивата „завист на телескопот“ на собири на аматерски астрономи.
Нил Деграс Тајсон
Сребро. Пари. Тие ќе се извалкаат и ќе ја искриват најсветлата мисла. Од нив-гнасна трговија. И нееднаквост. И завист. И предавство. И смртта.
Владимир Караткевич
Среброљубието раѓа завист, црв што вечно гризе, дозволувајќи им на среброљупците да не се насладуваат ниту на своето, ниту на туѓото богатство.
Катерина Сиенска
Среќното незнаење понекогаш не може да не позавиди.
Џон Кристофер
Таа завидуваше на неговата невиност и за првпат не почувствува презир.
Пјер Леметр
Таа научи брзо дека не е добро да биде премногу различна. Големите разлики предизвикаа завист, сомнеж, страв, обвиненија за вештерство.
Октавија Е. Батлер
Таа сметаше дека зависта е најпогубната емоција. Ги разјадуваше внатрешностите и твојот мозок и те спречуваше да мислиш трезвено. Завист и љубомора.
Ен Кливс
Таму кај што владее зависта, добродетелта не може да постои, а штедроста не оди со подлоста.
Мигел де Сервантес Сааведра
Твојот брат е мртов, а ти сè уште завидуваш!
Карсон Мекалерс
Теоремите често ни кажуваат сложени вистини за едноставните нешта, но ретко ни кажуваат едноставни вистини за сложените. Да верувам во спротивното е посакувано мислење или „математичка завист“.
Марвин Мински
Тие кои се сметаат себеси за најниски и скромни, обично се најамбициозни и завидливи.
Барух Спиноза
Ти се восхитувам и ти завидувам…Или можеш да се восхитуваш на нешто на кое не му завидуваш? Или можеш да завидуваш на нешто на кое не му се восхитуваш?
Алберт Еспиноза
Ти секогаш си подготвен да пристапиш со баналност за да обопштиш катастрофа. Завидувам на твоите способности да си бесчувствителен пред лицето на Судбината.
Џералд Дарел
Тоа е банална завист. Премногу распространета појава.
Маријам Петросјан
Тоа сепак не е изненадувачко: човек со такви исклучителни податоци дури не би си помислил да докажува нешто некому, да завидува или да се обиде да се издигне над некого. Нему едноставно не му треба тоа.
Олег Рој
Тој беше толку завидлив, што дури и на сопствениот погреб му завидуваше на починатиот кој лежеше во соседството во скап простран гроб.
Јуриј Полјаков
Тој веќе не им завидуваше на другите; напротив, отсега натаму другите би можеле да му завидуваат и затоа тој ги имаше сите причини да се чувствува среќен.
Морис Дрион
Тој е пијан пијаница затоа што тоа му помага да ја заглуши болката. Тој нема ниту волја да живее, ниту волја да умре. На таков не завидувате.
Триша Левенселер
Тој заборави дека колку повеќе успех, толку повеќе завист.
Александар Солженицин
Тој нема потреба од ништо. Јас не можам да го разберам тоа чувство. Јас му завидувам.
Андре Ациман
Тој што му завидува на талентот на другиот, секогаш сака да го уништи.
Ирвинг Стоун
Толку ме болеше главата, што не можеше да се опише со зборови. Им завидував на дождовните црви кои, како што е познато, немаат глави-само две задници.
Владимир Василев
Треба да живееме така, што да ни завидуваат нашите внуци.
Виктор Черномирдин
Треба да признам, ви завидувам. Професионалните книжевни критичари понекогаш треба да се справат со несимпатични ликови и многу сомнителни текстови. Тоа е работата. И секогаш можете да ја затворите книгата и да стоите настрана од неа.
Томас Фостер
Треба да се чуваме од каква било пројава на завист, како страст која секогаш претполага инфериорност каде и да се најде.
Плиниј Постариот
Туѓата завист е најдобрата утеха.
Дидие ван Коелер
Туѓата слава е основа на зависта.
Френк Херберт
Тука неговата завист нема да нè изгони оттука. Тука можеме да царуваме безбедни; и според мојот избор. Да владееш заслужува амбиција, макар и во пеколот. Подобро да царуваш во пеколот, отколку да служиш во рајот.
Џон Милтон
Убавината, како секој особен знак што ве издвојува од другите, ве прави неповторливи и ранливи за непријателство и завист.
Филип Рот
Убавината станува она што го правиш од неа. Останува само еден поглед, во кој гледаме дека ја пуштил материјата, онаа материја што ја нарекуваме живот, радост, завист. Повеќе надеж, повеќе смеа, многу умор. Досаден човек.
Валери Перен
Ужасна е киселината на зависта.
Јуриј Олеша
Управуваат на светот три лица. Се нарекуваат: Завист, Ревност, Злоба.
Себастијан Брант
Успехот на некој друг ги прогонува другите. Зависта е најлошиот отров. Тој проникнува во срцата на луѓето и ги претвора во подлеци и никаквеци.
Робин Јанг
Црквата греши. Очајот не е најлошиот од смртните гревови. Зависта е најлошото нешто.
Ребека Велс
Чествувањата се најобмислената форма на завист.
Јулијан Тувим
Човекот како по правило или ги почитува великите или им завидува.
Николај Велимирович
Човек кој го привлекува вниманието е проследуван од завист, но ретко му се дава слобода. Дури за себе човек не може да стане слободен, бидејќи човек кој е навикнат да биде во очите на секој сам си ги определува границите на своето однесување.
Ен Хикон
Човекот сам по себе не знае што е тоа завист додека не го научат на тоа чувство.
Жил Мишеле
Човечката завист не ја отчитува реалноста.
Тадеуш Доленга-Мостович
Човечката слава започнува по смртта. Знаеш ли зошто? Затоа што зависта живее со телото и умира со телото.
Франческо Петрарка
Човечките судови се различни и често зли кога се водени од завист.
Џорџо Вазари
Чудно е што и вообразените можат да бидат завидливци.
Гезуалдо Буфалино
Ќе дојде ден на гневот, кога сите вие ќе им завидувате на мртвите.
Моник Витиг
Шармот на љубовта кон убава жена лежи во тоа што тој секогаш предизвикува завист во опкружувањето.
Чарлс Перси Сноу
Што е завидливецот кој му завидува на друг човек, освен бедник кој му завидува на друг бедник!
Артуро Граф