173. Внимание
Спрема сè, кон сè, пред сè, за сè и во сè човек мора со достатно внимание. Ни помало ни поголемо. Поради сè во животот, а најнапред поради личниот и колективниот-заедничкиот живот. Во името на квалитетот на животот.
Едно нужно разграничување: едно е да внимаваш, да си внимателен, а друго да си претпазлив. Да, претпазливоста ја содржи во себе и внимателноста, меѓу другото, но таа пред сè е предизвикана од некаква опасност, закана, загрозеност. Едновремено значи и одбрана и самоодбрана.
Едно нужно знаење: вниманието и внимателноста почнуваат со првиот чекор во животот, а завршуваат со неговото гаснење. При секое, при секакво дејствување и создавање, дури и при невоздржана, целосна доверба во друг или во други, кон друг или кон други.
Вниманието е немерливо и безгранично. Неговата вредност најмногу се докажува во однесувањето и напредувањето.
Македонски народни пословици и изреки
Ако внивамаш, ќе научиш.
Внимавај на срцето за да ти биди здраво.
Беднио појќе внимава шо се прај одошто богатио.
Внимавај со желбите си. Не им давај сите да ти се зберат наеднаш.
Внимавај оти имаш сал еден живот што го живејш.
Да се пазиш значи да си буден и знајш што прајш.
Не си го троши животецо на едно те исто.
Несреќите не траат долго, а ти варди се од секоја.
Оној што молчи кога други зборат, можеби слуша внимателно.
Пази ја убајната што је сегде околу тебе.
Пословици и изреки од народи на светот
Ако некого гледаш внимателно, ќе ти се открие неговата вистинска природа. (Кинеска)
Бидете внимателни спрема луѓето околу вас. (Индиска)
Љубовта е концентрирано внимание на некого. (Данска)
Меѓу голи луѓе се обраќа внимание на нивните лица. (Германска)
Внимавајте! Она што го посакувате може да се оствари. (Италијанска)
На големите луѓе секогаш им се обрнува најмногу внимание. (Норвешка)
Она на што обрнуваме најмногу внимание се умножува. (Романска)
Проблемот станува дел од тебе кога го гледаш долго внимателно. (Француска)
Латински изреки
Брзањето е невнимателно и слепо. (Festinatio improvida est et caeca.)
Вистинската љубов не создава грижи, туку вниманието го поставува пред сè.
Внимавајте да не паднете. (Cave ne cadas.)
Внимавајте што зборувате, кога и кому. (Cave, quid dicas, quando et cui.)
Гледај го крајот.-Внимавај за крајот. (Respice finem.)
Заборавањето е знак на невнимание. (Oblivium signum negligentiae.)
Јасно до внимание, внимание до резултат.
Месечината не обрнува внимание на лаењето на кучињата. (Luna latrantem canem non curat.)
Никогаш доволно внимание. Никогаш и премногу.
Присутен отсутен (невнимателен). (Praesens absens-Present absent.)
Работи го она што го работиш.
Секогаш победува вмнимателен. Не силен.
Страшливецот се нарекува себеси внимателен, а скржавецот штедлив. (Timidus vocat se cautum, parcum sordidus.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Бидете внимателни со чувствата. Може лесно да ги уништите.
Анонимус
Внимавај шегата да не ти биде погрешно разбрана.
Анонимус
Во материјалниот свет никој никому не му обрнува внимание.
Анонимус
Мозокот најмногу учи кога не внимаваме на него.
Анонимус
Ѕвечкаат со оружје за луѓето да престанат да внимаваат на личните животи.
Анонимус
Рекле, издумале
А шепотот привлекува многу повеќе внимание, отколку разговор со полн глас.
Олга Громико
Ако бегате од нешто, внимавајте да не избегате од себеси.
Камила Гриб
Ако внимаваме со искористувањето на дните, годините ќе се погрижат сами за себеси.
Освалд Сандерс
Ако во животот нема љубов, тогаш се задоволуваш со внимание. Тоа е фаустовска размена со ѓаволот што води неповратно кон пропаст.
Кони Палмен
Ако ги држев во свои раце сите мисли за светот, ќе внимавав да не ги отворам.
Бернар де Фонтенел
Ако ги земеме предвид сите околности, наскоро ќе ги исцрпиме неопходните околности за да внимаваме на сè.
Роберт Шекли
Ако го изгубите вниманието дури за момент, можете да ја сопрете целата линија, принудувајќи ги работниците на неприродна комбинација на досада и постојано внимание.
Кал Њупорт
Ако го разнесете своето внимание, нема да можете да почувствувате болка во исто време.
Стефани Стал
Ако доволно долго гледаш гола жена, ќе можеш да започнеш да обраќаш внимание на нејзиното лице.
Хенри Милер
Ако имате што да кажете, тогаш сакате некој да ви обрне внимание или барем да имате можност да ви каже да замолчите и да си одите.
Џони Ротен
Ако ја истражувате доволно внимателно реалноста, ако на некаков начин навистина, навистина стигнете до неа, таа станува фантастична.
Дијана Арбус
Ако лагата привлекува внимание, таа почнува да расте.
Вилијам Пол Јанг
Ако, набљудувајќи ја безграничната вселена, писателот е во состојба внимателно да го разгледа своето јас, како и другите, добиената прецизност од него далеку ќе ги надмине објективните описи на реалноста.
Гао Ксинџијан
Ако набљудуваш внимателно, ќе видиш дека морето е сино секој ден на различен начин.
Марија Пар
Ако не внимавме, ние се претвораме во она од што најмногу стравуваме.
Дин Орниш
Ако не внимавате, можете да го поминете целиот свој живот во потрага по она што сте го загубиле.
Мојра Фоли-Дојл
Ако не внимаваш, времето ти завршува.
Лора Дејв
Ако не знаете како да разрешите некој проблем во вашиот живот, обидете се со молитва. Кога ќе го насочите вниманието навнатре и искрено барате одговор, нешто свето во вас ја отклучува вратата на внатрешната мудрост.
Хејмин Суним
Ако не можете да разберете каква работа ви се допаѓа, обрнете внимание на она на што е лесно да се концентрирате и ви дава енергија наспроти она што ве тера да се прилагодите и да се чувствувате уморни.
Сем Алтман
Ако не можете да победите, променете ги правилата. Не можете да ги менувате правилата-не им обрнувајте внимание.
Вишен Лакијани
Ако не можеш да бидеш добродетелен, биди внимателен.
Алистер Кроули
Ако не му обраќаш внимание на добриот човек, тој станува поактивен, а лошиот попрестапен.
Салустиј
Ако не сте внимателни, ќе налетате на некој појадосан од вас.
Џенифер Нивен
Ако не сте многу внимателни, вашиот творечки бизнис, точно нешто што се надевавте дека ќе доведе до слобода и богатство, наместо тоа ќе ве зароби во пеколна сиромаштија.
Том Хоџкинсон
Ако некогаш сум направил некои вредни откритија, тоа се должи повеќе на трпеливото внимание, отколку на друг талент.
Исак Њутн
Ако немате алтруизам, внатрешна сила, внатрешен мир, внимание, тоа е траума. Тоа го прави тежок животот за вас и за другите.
Матје Рикар
Ако немаш идеална тежина, тоа не значи дека не си убава. Не обрнувај внимание на сите негативни зборови на твоја адреса.
Селена Гомез
Ако нешто ви го привлече вниманието, веројатно ќе го привлече вниманието и на другите.
Луис Хаус
Ако обрнеш внимание, секогаш се појавуваат решенија. Но, треба да си достатно храбра за да ги видиш.
Џули Кларк
Ако обрнувате внимание на знаците, но кога ќе обрнете внимание на тоа што тие значат?
Франсоа Рабле
Ако не обрнеме внимание на своите грешки, ние сме осудени да ги повторуваме.
Мајкл Роуботон
Ако не обрнувате внимание на малите проблеми, тие прераснуваат во големи, така што дури ако работите на тривијални ситуации, вие вршите многу важна работа.
Колин Типинг
Ако она што го правиме се врати да нè прогонува, да нè определува и промени, тогаш нема ли да беше подобро да внимаваме многу што создаваме?
Маркус Сеџвик
Ако пројавите капка внимание, ќе сретнете поглед на некој друг и веќе нема да сте сами.
Анжелик Барбера
Ако сакам да убедам некого, прво внимателно го слушам и се обидувам да го разберам. Дури да сум во право, тие нема да бидат убедени додека не се почувствуваат слушнати и уважувани.
Хејмин Суним
Ако сакате да знаете која фотелја е најудобна во куќата, погледнете го внимателно вашето куче-тоа ќе отиде да спие на неа.
Дарија Донцова
Ако сакате да обучите дете кое залутало, тогаш треба пред сè да го задржите вашето внимание фиксирано на пресекот на два маѓепсани круга.
Алфред Адлер
Ако сакате да ги покорите околностите, треба да се потчините на разумот. И не треба да обраќате внимание на чувствата. Како дошле, така си отишле.
Михаил Литвак
Ако сакате да го разберете духот, треба внимателно да го проучите мозокот, клетка по клетка.
Дик Сваб
Ако сакате да ги разоткриете човечките тајни-секогаш залагајте се на нешта што привлекуваат внимание.
Јуси Адлер-Улсен
Ако сакате да станете попродуктивни, управувањето со вашето време треба да го заземе задното место на тоа како управувате со вашата енергија и внимание.
Крис Бејли
Ако сакате повеќе успех, треба да почнете да обраќате внимание и да ги проширите нештата што ви даваат најголемо влијание.
Алан Диб
Ако сакате луѓето да не забележуваат ништо, не бидете внимателни.
Ерих Марија Ремарк
Ако сакаш да бидете умен, научи да прашуваш разумно, да слушаш внимателно, спокојно да одговараш и да престанеш да зборуваш кога нема што повеќе да кажеш.
Јохан Лаватер
Ако сакаш да постапуваш чесно, имај го предвид и верувај само во јавниот интерес. Личниот интерес често води до заблуда.
Клод Адријан Хелвециј
Ако само можевме да си претставиме каква сила имаат нашите зборови над нас, ќе бевме многу внимателни што зборуваме.
Луиз Хеј
Ако сепак треба да се справите со ѓаволот, подобро внимателно да ги проучите неговите навики.
Брент Викс
Ако учите од книга и се обидувате да слушате разговор во исто време, тоа се два одделни проекта, секој стартуван и поддржан од различни кола во мозокот. Обрнете повеќе внимание на едниот за момент и автоматски посветувате помало внимание на другиот.
Даниел Левитин
Ако се загледате внимателно, се испоставува дека сè е поврзано со смртта.
Скот Вестерфилд
Ако се загледате премногу внимателно во себеси, вие станувате кратковиди.
Марк Хеприн
Ако станете премногу тактични и внимателни кон искуствата на една жена, таа ќе започне со благодарност кон вас и ќе заврши со презир кон вас.
Најо Марш
Ако сте изразиле мислење и некој го зел предвид, имате морална обврска да се соочите со последиците.
Насим Талеб
Ако сте навикнале луѓето да гледаат покрај вас, или преку, или најчесто над вас, тогаш таквото внимание изгледа многу, многу чудно.
Пол Мареј
Ако ти имаше добри намери, тој би обрнал внимание на она што го сакаш. Не на она што таа го сака за тебе.
Пипа Грант
Ако треба да внимавате вашите мислења да не се разликуваат ни најмалку од мислењата на човекот со кој разговарате, може и да сте сами.
Јошида Кенко
Апсолутно е исправно внимателно да ги набљудуваме лидерите кои на крајот на краиштата ќе бидат во позиција на голема моќ.
Лиз Трас
Бавните луѓе само посветуваат големо внимание.
Ненси Фармер
Балансот се случува само при динамична напнатост. Балансот е да посветуваш не еднакво, туку соодветно внимание на секоја една од различните категории од вашиот живот.
Мајкл Хајат
Бебињата не обрнуваат внимание на часовникот.
Кристина Бејкер Клајн
Бев навистина длабоко, чесно и навистина вљубен во тоа луѓето да ми обрнуваат внимание.
Хенк Грин
Бедата не иде сама. Судбината секогаш нè предупредува на претстојни катастрофи, иако по правило ние сме невнимателни.
Даниела Тиле
Без да обраќам внимание на тоа дека мојата кариера знае низа невообичаени подеми, јас досега се чувствувам нерешителен и збунет кога ќе ми предлагаат нешто ново.
Винтон Греј Серф
Без оглед колку сме внимателни, оставаме мали честички од себе, додека ги минуваме нашите животи. Коса, пот, нокти, солзи…сето тоа може да биде тестирано. Никој не може да избега.
Јоко Огава
Без постојано внимание, дизајнот се распаѓа. Без активна поддршка, линиите што ги разграничуваат производите се заматуваат и кохерентноста се губи.
Ричард П. Румелт
Без разлика колку сме опкружени со љубов и внимание на блиските, ние доживуваме радост, страдање и копнеж сами.
Вирџини Грималди
Без разлика што гледате, ако го погледнете доволно внимателно, вие сте вовлечени во целиот универзум.
Мајкл Фарадеј
Без разлика што сте направиле за себе или за човештвото, ако не можете да погледнете наназад дека сте му дале љубов и внимание на сопственото семејство, што навистина сте постигнале?
Ли Јакока
Безгрижно невнимание, целосна природност-ете тоа го прават професионалните криминалци.
Алистер Меклејн
Безмилосниот полициски апарат, толку внимателно дизајниран, не е ништо повеќе од заштитно прикривање за високопоставени разбојници.
Мигел Отеро Силва
Безмилосност, шарм, фокус, ментална издржливост, бестрашност, внимателност (живеење во моментот) и акција. Кој не би имал корист во одредени моменти од нашите животи, ако клоца еден или двајца од оние на ниво? Важно беше да можеш да ги одбиеш.
Кевин Датон
Безумијата треба да се прават внимателно.
Анри де Монтерлан
Беше доволно млад, убав и богат; сето тоа, се испоставува, не помага да се живее, изјавив со чудење, но барем привлекува внимание.
Мишел Велбек
Беше чест да бидеш ислушан внимателно, да бидеш слушнат. Човек може да почитува некого, без да се согласува со него.
Мег Вајт Клејтон
Би било погрешно да бараме од еден критичар да биде постојано во центарот на вниманието; доволно е тој да остане во орбитата околу него.
Кингсли Амис
Би ѝ се предал на тагата, но се уверив дека не сум доволно силен за да го привлечам вниманието на оние кои мислат дека зборовите ќе ме натераат да се почувствувам подобро.
Адам Силвера
Бидејќи нашите дејствија имаат последици кои никогаш не завршуваат, треба да сме внимателни кога дејствуваме. Нашите избори никогаш не треба да се случајни.
Памела Бинингс Јуан
Бидејќи не можете да им правите добро на сите, треба да обрнете посебно внимание на оние кои поради случајност на времето, местото или околностите се во потесна врска со вас.
Свети Августин
Бидете внимателни-со цитати можете да проколнете сè.
Андре Малро
Бидете внимателни во вашите желби, последиците може да бидат неповратни.
Клаус Ј. Џул
Бидете внимателни во изборот на средината, бидејќи таа ве формира; бидете внимателни во изборот на пријатели, бидејќи ќе почнете да личите на нив.
Вилијам Клемент Стоун
Бидете внимателни за продолжување на кредитот и двојно внимавајте да одбиете да го продолжите.
Џин Волф
Бидете внимателни и ладнокрвни. Имајте ладна глава колку што е неопходно, како и горешто срце.
Џон Лубок
Бидете внимателни што правите добро, бидејќи ќе го правите до крајот на вашиот живот.
Габриел Хамилтон
Бидете внимателни со вашите желби. Можностите едноставно не се даваат, треба да платите за сè.
Мајкл Скот
Бидете внимателни со желбите.
Лорен Миракл
Бидете внимателни со мажите кои имаат нешто за докажување.
Тејлор Џенкинс Рид
Бидете внимателни со надежите, понекогаш тие водат кон разочарувања.
Алексеј Пехов
Бидете внимателни, да не би некако да го изгоните својот демон, да го прогоните најдоброто нешто во себеси.
Фридрих Вилхелм Ниче
Бидете внимателни кога избирате партнер за себе. Можеби најдобриот партнер што можете да го најдете е вистината.
Ерл Стенли Гарднер
Бидете внимателни кога апелирате за божествената праведност, бидејќи дури и она што го имате сега може да ви биде одземено ако не било заслужено.
Џон Бејнс
Бидете внимателни кога луѓето ве сакаат-тоа сум го научил.
Меди Досон
Бидете внимателни, можете да поробите човек двапати: еднаш со вашето тело, еднаш со вашата душа.
Сју Монк Кид
Бидете внимателни, но бидете силни.
Томи Адејеми
Бидете внимателни: никнуваат и лоши семиња.
Бодо Шефер
Бидете внимателни: не знаете кој ве следи онлајн и како може да ја искористи оваа информација.
Томас Ериксон
Бидете во фокусот на сè, за разлика од моите соборци. Има премногу притисок да си во центарот на вниманието, премногу можности да зафркнете сè.
Хана Грејс
Бидете внимателен во гневот, умерен во гозбите и благоразумен во вашите постапки.
Василиј Јан
Бидете подготвени да го насочите вниманието кон она што ви служи.
Холи Пејн
Бидете скромни и внимателни додека не дојде време да ја отворите устата. Но, отворајќи ја, зборувајте уверено и гордо.
Умберто Еко
Бидете спокојни, имајте храброст и внимавајте на знаците.
Крег Џонсон
Биди внимателен за да не се остварат твоите мечти.
Пол Мареј
Биди внимателен што си посакуваш, бидејќи може да го добиеш.
Вилијам Вајмарк Џејкобс
Биди внимателен со сопствените желби, бидејќи наеднаш може и да се остварат.
Сидни Шелдон
Биди внимателен со успехот; тој има темна страна.
Роберт Редфорд
Биди внимателен со луѓето-тие се непредвидливи.
Даниел Пенак
Биди внимателен! Патувањата ги прошируваат границите на умот и ги релаксираат цревата.
Абрахам Вергезе
Биди внимателен кога си ја разголуваш душата. Биди внимателен, откривај се, но не на секој.
Пети Смит
Биди внимателна, биди мудра.
Пети Смит
Биди внимателна, избирај го оној што ќе го сакаш и кој ќе те сака.
Алис Хофман
Биди внимателна. Кога ќе земеш туѓо, има голема шанса тој да сака да си го врати назад.
Александра Кристо
Биди свој, момче, и не обраќај внимание на она што го мислат другите за тебе.
Робин Хоб
Битките се добиваат не само благодарение на хероизмот, туку и со внимателни пресметки.
Рафаел Сабатини
Блиските пријателства понекогаш се тешки за одржување. Тоа е како стар музички инструмент на кој треба да се свири внимателно. Секогаш ризикувате да скршите нешто.
Нил Патрик Харис
Богатството информации значи недостаток на внимание.
Даниел Големан
Боговите често се смеат на внимателно осмислените планови на луѓето.
Карен Есекс
Болката е симфонија-комплексна реакција која вклучува не само посебна сензација, туку и движечка активност, промена во емоцијата, фокусирање на вниманието, чисто нов спомен.
Атул Гаванде
Борбата учеше на лукавство, внимание, будност, храброст.
Валентин Катаев
Бракот е како одење по кревка лушпа од јајце: треба да се движите многу, многу внимателно.
Изабел Аљенде
Бродете по светот како лав на самоконтрола; внимавај жабите на слабоста да не те клоцаат.
Парамаханса Јогананда
Важно е да немаш идеологија, да не си член на политичка партија. Иако писателот може да има одредени политички ставови, тој треба да внимава да не му бидат врзани рацете.
Мануел Пуиг
Важно е не вниманието, туку колку вреди подарокот.
Кристофер Бакли
Вардете се од луѓе кои декларират дека ќе создадат рај на земјата; тие речиси секогаш создаваат пекол.
Франсоа Лелор
Вардете се од човек чии непријатели постојано исчезнуваат.
Керолајн Чери
Варди се од нејасниот и измамен предвечерен час, од чашата и цигарата, и од човек кој стои покрај тебе, ти се насмевнува в лице и зборува малку, развлекувајќи ги зборовите, а внимателно слуша што ти го кажуваш.
Иво Андриќ
Вашето внимание не е награда, туку од животно значење.
Лора Маркам
Вашето искуство да бидете жив не се состои од ништо друго, освен од збир на сè на што обрнувате внимание.
Оливер Беркман
Ве молам, обрнете внимание дека под зборот „џентлмен“ имам предвид човек со високи духовни квалитети и следствено секој што може да се издигне до таква височина може да стане џентлмен.
Чарлс Дикенс
Веднаш штом ќе ја напуштите цврстата основа на сегашноста и вашето внимание ќе се сврти кон вашата иднина, ќе ве обземе грижа и вознемиреност.
Фриц Перлс
Веднаш штом некој постави глупаво прашање, важно е да бидете внимателни и да не одговорите, инаку станувате толку глупави, колку оној што прашува.
Серен Кјеркегор
Велат дека сексот е како кислородот: кога е во изобилство, не обраќате многу внимание, но веднаш го забележувате неговиот недостаток.
Т.Р. Ричмонд
Видливиот неред ни помага да го одвлечеме вниманието од вистинскиот извор на растројството.
Мари Кондо
Вие ја подржувате сопствената реалност и овој процес протекува автоматски, додека не му обрнете внимание.
Стефани Стал
Вие можете да ги промените законите на народот, да ја ограничувате неговата слобода, но бидете внимателни да не ги допирате неговите задоволства.
Џакомо Казанова
Вие станувате оној со кој се опкружувате. Вие станувате она што го консумирате. Ако се најдете во криза или се чувствувате така, како да живеете во негативен простор, погледнете внимателно кого и што гледате секој ден.
Рејчел Холис
Вие сте контролиран родител? Посветувате ли премногу внимание на вашето дете? Ако одговорот е да, тогаш насочете дел од тоа внимание кон своите родители. Ако сте добри со сопствените родители, вашето дете ќе научи како да се однесува со вас во иднина.
Хејмин Суним
Вистина има дури во извалканото знаење, ако се чита внимателно.
Нора Кеита Џемисин
Вистината беше дека повеќето луѓе едноставно не заслужуваат внимание.
Јан Камерон Еселмонт
Вистинската уметност се труди да не го привлекува вниманието за да биде забележана.
Хозе Бергамин
Вистинскиот хероизам треба да биде внимателно планиран и треба да се избегнува со сите сили.
Стивен Бруст
Вистинското трпение изискува нежна подготвеност да оставиме животот да се развива со сопствено темпо. Оваа подготвеност од своја страна изискува внимателност.
Џоан Борисенко
Владеј внимателно.
Вилијам Николсон
Внатре во мене врескам, никој не обраќа внимание.
Далтон Трамбо
Внимавај што му покажуваш на светот. Никогаш не знаеш кога волкот гледа.
Џенифер Донели
Внимавај со твоите зборови во односите со божественото.
Скарлет Сент Клер
Внимавај: можеш преправајќи се дека си призрак да станеш таков.
Роже Кајоа
Внимавај да не стапнеш на прстите на учен идиот. Неговиот залак е неизлечив.
Пол Гоген
Внимавај на луѓето кои припаѓаат на твоето минато. Не ги пуштај да се вратат во вашиот живот.
Харлан Кобен
Внимавајте-нема сила помоќна од онаа на необузданата вообразба.
Мајкл Шејбон
Внимавајте да бидете чисти и јасни: вие сте прозорец низ кој се гледа целиот свет.
Шон Кови
Внимавајте да не ја потценувате силата на едноставноста.
Робин Шарма
Внимавајте на ситни напразни расходи, бидејќи мало истекување може да потопи голем брод.
Бенџамин Френклин
Внимавајте на интерпретациите со една причина-и вардете се од луѓето што ги обезбедуваат.
Џордан Питерсон
Внимавајте на компонентите, бидејќи збирот на нивните делови се расплетува како магија.
Лајонел Шрајвер
Внимавајте на темнината. Злото ретко се појавува на површината.
Кен Бруен
Внимавајте на луѓето кои ги мешаат целите и задачите, бидејќи ако не можат да го направат тоа разграничување не можете да им доверите одговорности.
Реј Далио
Внимавајте на луѓето кои се чувствуваат слаби. Може некој ден да сакаат да се почувствуваат силни и вие да не го преживеете тој момент.
Алина Бронски
Внимавајте на целта, продолжете да се движите кон вашата цел.
Т. Харв Екер
Внимавајте како го толкувате тоа што ви се случува. Ако немате објаснување што ви носи мир, не измислувајте.
Томас Наваро
Внимавајте како ја прифаќате надежта од друго човечко суштество.
Макс Ален Колинс
Внимавајте какви зборови кажувате кои следат по „Јас сум“. Така зборувајќи, вие го создавате својот живот.
Алан Коен
Внимавајте кого фалите и кому му се восхитувате. Внимавајте кого гледате од високо и сакате да избегнете да станете.
Морган Хаусел
Внимавајте колку брзо го раздавате вашиот оган.
Роберт Блај
Внимавајте од добивањето преголемо задоволство дека сте популарни или дури сакани.
Маргарет Фулер
Внимавајте со приказните што ги раскажувате за себеси.
Гленон Дојл
Внимавајте со оригиналноста; во женската мода оригиналноста може да доведе до маскенбал.
Коко Шанел
Внимавајте со тоа да барате премногу затоа што можете да го добиете!
Сузан Хил
Внимавајте што зборувате!
Грег Бек
Внимавајте на својата уста: јазикот што го користиме ја создава реалноста што ја преживуваме.
Мајкл Хајат
Внимавајте со човек кој не возвраќа на ваш удар-тој или не ви простува или не ве остава сам да си простите.
Џорџ Бернард Шо
Внимавајте на вашите мисли; стануваат зборови. Внимавајте на вашите зборови; стануваат дела. Гледајте си ги делата; тие стануваат навики. Внимавајте на вашите навики; тие стануваат ваш херој. Гледајте си го карактерот зашто тој станува ваша судбина.
Шарлот Лукас
Внимавајте со насловите кои ви кажуваат што е добро или лошо за вас. Проверете ги внимателно податоците пред да ги прифатите како догма.
Дејвид Ејгус
Внимавајте со советите на оние кои многу знаат, но пред сè со советите на оние кои многу ве сакаат.
Артуро Граф
Внимавајте ако нештата одат премногу добро.
Тери Бисон
Внимавајте, зашто јас сум бестрашен и следствено семоќен.
Мери Шели
Внимавајте кога ќе добиете сè што сакате. Свињите за гоење немаат среќа.
Џоел Чендлер Харис
Внимавајте, нема да бидете секогаш млади.
Марио Пузо
Внимавајте кога се борите со чудовишта, вие самите да не станете чудовиште.
Бери Ајслер
Внимавајте: сè избледува, сè исчезнува. Нешто треба да остане од нас.
Андре Бретон
Внимавајте, спојлер: „Тие живееја среќно до крајот на животот“.
Колин Хувер
Внимавам да не ги расфрлам моите енергии за да можам кога ќе дојде подобниот момент да се вмешам поставувајќи го правилното прашање.
Жак Делор
Внимание! Животот води до старост, болести и смрт.
Вил Фергусон
Внимание, информацијата може да нè ослободува, но исто така и да нè направи заробеници.
Џаспер Форд
Вниманието, се разбира, е нешто добро-но не можете да дозволите животот да се потроши поради него.
Ришел Мид
Внимание, ова е лекција што ја научивме и двајцата.
Су Лин Тан
Внимание: во процесот на пишувањето на оваа книга авторот можеби јадел ореви.
Џаспер Форд
Вниманието со зборовите е супериорна елоквентност.
Френсис Бејкон
Вниманието во својата највисока пројава е исто како молитвата.
Сајмон Вејл
Вниманието е важен квалитет на лидерот, но треба да биде претпазливост проследена со одлука. Претпазливоста проследена со амбивалентност може да биде слабост.
Леон Панета
Вниманието е дишење на разумот.
Жозеф Жубер
Вниманието е клуч за животот. На што и да го посветувате вашето внимание, вие станувате. Сè на што навистина се концентрирате ќе влезе во вашиот живот. Растеме во нешто кое толку неизбежно ги исполнува нашите мисли, колку што потокот најсетне се слева во океанот.
Емет Фокс
Вниманието е малку забележана и потценета умствена активност.
Даниел Големан
Вниманието е материјалот од кој е направена паметта, а паметта е акумулаторот на човечкиот гениј.
Роберт Лоуел
Вниманието е медитативно сознание кое ја култивира способноста да ги гледаме нештата токму онакви какви што се од момент во момент.
Тара Бенет-Голман
Вниманието е моќно својство на човечкиот ум.
Мигел Руиз
Вниманието е најважниот умствен ресурс на секој организам.
Даниел Левитин
Вниманието е најдоброто оружје.
Агата Кристи
Вниманието е основна психолошка добродетел. Од него зависат можеби другите основни добродетели, зашто тешко дека може да има вера, надеж или љубов кон што било, освен ако прво не добие внимание.
Џејмс Хилман
Вниманието е предност што понекогаш е потценета.
Џаспер Форд
Вниманието е сопирачка, а не двигател. Никој никогаш не патувал со сопирачка, како што никој не изградил нешто огромно со повишено внимание.
Лав Троцки
Вниманието е фонот на кој го живееме нашиот живот, каде и да отидеме и што и да правиме, дури и ако само ги забележуваме мислите во нашата глава.
Крис Бејли
Вниманието е убаво и достојно нешто кај секој монарх, но еден навистина голем владетел исто треба да знае кога да ризикува.
Алекс Радерфорд
Вниманието на деталите во огромен степен ја одредува успешната реализација на бизнис идеите.
Ричард Бренсон
Вниманието на ситниците е во противречност со големиот гениј од секаков вид.
Плотин
Вниманието лесно се одвлекува.
Дејвид Рок
Вниманието може да ви помогне да ги распознаете своите страшни мисли за да можете да видите дека тие се само мисли, а не реалност.
Тара Бенет-Голман
Вниманието може да убие луѓе, да скрши носеви и да стопи ледени брегови.
Карстен Дусе
Вниманието на родителите и силната емоционална врска со нив се основата за развивање чувство на сигурност кај децата.
Линдзи Гибсон
Вниманието на луѓето е секогаш обратно пропорционално на нивниот број на дадено место.
Јов Блум
Вниманието на читателот треба да биде фокусирано на размислувањата на авторот, а не на одлуката за тоа што сакал авторот да каже.
Дмитриј Лихачов
Вниманието не е концентрација.
Џиду Кришнамурти
Вниманието не е навредливо за никого.
Кевин Вејн Џетер
Вниманието не победува во војни.
Кон Иглдон
Вниманието никогаш не е излишно.
Лиза Макман
Вниманието никогаш не пречи.
Александар Грин
Вниманието обрнува внимание на многу работи, но кога вниманието обрнува внимание на вниманието, тогаш има спокој и тој спокој ве внесува во вашето Јас.
Муџи
Вниманието значи да гледаш јасно. • Вниманието ни овозможува да преминеме од реакција на одговор. • Вниманието нè буди за живот-не само предизвиците, туку и безграничната убавина.
Шауна Шапиро
Вниманието се насочи кон него како сончогледи кои се свртуваат кон сонцето.
Халед Хосеини
Вниманието се зголемува во присуство на огледала.
Тарјеи Весас
Вниманието како зрак на фенерче осветлува еден објект само за да затемни друг.
Ричард П. Румелт
Вниманието што некој го посветува на она што го прави се покажува во краен резултат, без разлика дали е очигледен или не.
Ерик Спикерман
Внимателен со пријатели, вешт, умешен во однесувањето, знаејќи каде и кога да дејствува, лесно може да се овладее дури недостапна жена.
Ватсајана Маланага
Внимателната игра ретко може да постигне добар резултат.
Мери Бартон
Внимателната анализа ќе покаже дека повеќето од овие секојдневни таканаречени „кризни ситуации“ воопшто не се прашање на живот или смрт, туку можности или да напредувате или да останете таму кај што сте.
Максвел Малц
Внимателниот избор на зборови е најважниот и можеби најзанемаруваниот инсртрумент во создавањето силни врски меѓу родител и дете, и всушност секоја здрава врска.
Робин Берман
Внимателниот читател секогаш ќе научи повеќе и побрзо од добрите автори, отколку од животот.
Ерве Ле Телие
Внимателните неопитни писатели се потчинуваат на правилата. Бунтовниците со малку образование ги прекршуваат. Мајсторот ја усовршува формата.
Роберт Макки
Внимателно избирајте ги непријателите. Но и пријателите-исто така, бидејќи и тие можат да станат непријатели.
Анри де Монтерлан
Внимателно обмислете секој предмет-тоа е начин да го развиете писателот во себе.
Вилијам Саројан
Внимателно се осврнувам на сите овие „било“ и „не било“. Впрочем, меѓу нив има само едно „или“.
Сигизмунд Кржижановски
Внимателно водиме дневник само за своите навреди.
Перихан Магден
Внимателно следете го составот и динамиката на тимот. • Дефинирајте ја, потсилете ја и безмилосно заштитувајте ја творечката автономија на тимот. • Внимателно слушајте ги неговите зборови бидејќи тој зборува помалку отколку што мисли и крие повеќе отколку што покажува.
Џон Коноли
Внимателно слушање е најдобриот противотров за „беше неопходно“, „беше возможно“, „требаше“.
Марк Гулстон
Внимателноста создава „мудро“ внимание, простор на јасност што се јавува кога го смируваме умот. Тоа нè прави поприемчиви за шепотења на нашата вродена интуитивна мудрост.
Тара Бенет-Голман
Внимателноста е важна, но мрзеливоста е опасна.
Ричард Бренсон
Внимателноста е еден од најпотценетите елементи на доброто лидерство. Тоа е процес на стекнување знаења, така што изразеното мислење или донесената одлука е поверодостојно и поверојатно да биде точно.
Роберт Ајгер
Внимателноста е како микроскоп; тоа не е ниту навредливо, ниту одбранбено оружје во однос на микробите што ги набљудуваме преку него. Функцијата на микроскопот е едноставно да прикаже јасно што има таму.
Чогјам Трунгпа
Внимателноста е начин да се спријателиме со себеси и со нашето искуство.
Џон Кабат-Зин
Внимателноста е форма на умствена дејност која го тренира умот да го осознае самото сознание и да обрне внимание на сопствената намера.
Даниел Сигел
Внимателноста и бестрашното присуство носат вистинска заштита.
Џек Корнфилд
Внимателноста на човекот е еднаква на неговиот ум.
Дина Рубина
Внимателноста не е размислување за она што го доживуваме, туку директно, голо внимание на самото искуство.
Тара Бенет-Голман
Внимателноста треба да биде ангажирана. Штом има визија, треба да има и дејствие. Инаку, каква е ползата од гледањето?
Тик Нахат Хан
Внимателното испитување ќе покаже дека повеќето „кризни ситуации“ се можности или да напредувате или да останете таму каде што сте.
Максвел Малц
Внимателното молчење е прибежиште на добриот разум.
Балтазар Грацијан
Внимателното повторување не може да се замени со ништо.
Даниел Којл
Внимателното почитување на надворешните форми на религија покажува недостиг на вера.
Џејмс Фенимор Купер
Во вниманието прифаќањето секогаш е на прво место, промената иде потоа.
Шамаш Алидина
Во денешни услови ништо не може да го оправда невниманието кон децата.
Масару Ибука
Во дигиталниот простор, вниманието е валута. Ние го заработуваме. Ние го трошиме.
Брајан Солис
Во довербата, се разбира, неопходно е внимание, но поважно е да бидете внимателен во недовербата.
Јожеф Етвош
Во една врска начинот за надминување на проблемите е да го сосредоточиме нашето внимание на повисоки принципи кои можат да ни помогнат да ги надминеме.
Радханат Свами
Во книгата ние со нетрпение го читаме она на што не обраќаме внимание во животот.
Емил Кротки
Во љубовта, како и во спортот, статусот на љубител треба внимателно да се чува.
Роберт Грејвс
Во многу ретки случаи, ако обрнувате навистина големо внимание животот не е гаден.
Џос Видон
Во нашата култура премногу се посветува внимание на надворешноста, возраста и социјалниот статус. А единственото што всушност има значење е љубовта.
Хелен Филдинг
Во наше време луѓето не посветуваат внимание на деталите.
Нора Робертс
Во нашето општество управува систем на вредности што јас го нарекувам „Идеален екстроверт“ или сеприсутното убедување дека идеалното „јас“ треба да биде општествено, доминантно и самоуверено, чувствувајќи се во центарот на вниманието.
Сузан Кејн
Во основата на успехот на секој потфат беше колку внимателно ги меревте сите вклучени во него.
Џон Џексон Милер
Во повеќето случаи, кога не успеваме да запомниме нешто, проблемот не е задржувањето, туку поскоро вниманието. Ако сериозно се занимавате со подобрување на вашата меморија, подгответе се да бидете вистински присутни во секоја ситуација во која сакате да запомните нешто.
Џим Квик
Во поширокиот размер на нештата, неговите мислења не се бројат на никаков начин. Политичарите ги носеа одлуките, а избирачите не обрнуваа внимание.
Џек МекДевит
Во првото дејствие го добивате вниманието на публиката-штом го имате ќе ви се исплати во второто. Играјте за смеење, ако треба. Тоа само ќе ја наведе публиката да поверува дека ги има толку многу што пропуштила неколку.
Ноел Каурд
Во самост може да преживее само оној што наоѓа начин да го регулира своето внимание и да не дозволи ентропијата да му го уништи разумот.
Михали Роберт Чиксентмихали
Во слободна држава должност на писателите е да не обраќаат внимание на должноста. Само под диктатура се очекува литературата да пројавува хармоничен дизајн или инспиративен тон.
Е. Б. Вајт
Во темнината се внимателни еден кон друг, како да знаат дека се кревки, како да знаат дека можат да се скршат.
Селест Инг
Во уметноста има едно нешто кое не добива доволно внимание. Елементот оставен на човечката волја не е ни приближно толку голем, колку што мислат луѓето.
Шарл Бодлер
Војната, рече претскажувачот, е еден вид змија што ја убиваме, без да ѝ стапнеме на глава. Малку невнимание и ете, таа се појавува одново во сокриените одаи.
Мија Коту
Волците се умни животни. Умни и внимателни.
Холи Веб
Воопшто не обраќа внимание на никого. Тој не зборува. Штеди енергија. Ги измива сите ненужни нешта. И од ден на ден сè повеќе и повеќе личи на ѕвер.
Ларс Сааби Кристенсен
Врви внимателно и внимателно по тесната и кривулеста патека на Доброто.
Томас Браун
Вреди да го насочите вашето внимание и вашата волја кон конкретна цел, бидејќи веднаш се појавуваат помошници.
Михаил Пришвин
Вреди ли да обрнуваш внимание на оние околу тебе кога си уверен дека постапуваш правилно?
Робин Шарма
Времето е највредното нешто од сè и најлесниот ресурс за губење, ако не сме внимателни.
Лорен Блејкли
Времето, присуството и физичкото внимание се нашите најосновни посредници за нешто што на крајот е недокажливо: дека сме разбрани.
Том Четфилд
Врските на фатаморгана можат да нè научат на деликатност, способноста да внимаваме на самодовербата на другиот. Тоа е нивната општествена смисла.
Игор Калинаускас
Вториот начин на кој вниманието ги лишува од владеење шематските мисли е поврзано со природата на самото внимание.
Тара Бенет-Голман
Генијалност-тоа е супериорна способност да го концентрираш вниманието на изучуваниот предмет.
Иван Павлов
Главно е да не привлекуваш внимание!
Франц Кафка
Гледате ли, шпанската култура е изградена на едно предупредување: внимавајте, сè е илузија.
Карлос Ејре
Глупавиот верува на секој збор, но благоразумниот е внимателен на своите патишта.
Леонид Андреев
Глупаците постигнуваат сè само во приказните. Така што тие треба да бидат предмет на внимателно изучување од страна на умните.
Виктор Шкловски
Годините внимателно се однесуваат со вас, но викендите се покажаа безмилосни.
Маријан Кис
Големиот поткупувач на јавниот човек е егото. Погледот кон огледалото го одвлекува вниманието на човекот од проблемот.
Дин Ачесон
Големите луѓе ретко обрнуваат внимание на својата облека.
Чарлс Дикенс
Големите луѓе се како ѕвезди. Ним им обрнуваат внимание само кога ќе изгаснат.
Јуриј Никитин
Големите несреќи не се продолжителни, а малите не привлекуваат внимание.
Џон Лубок
Го гледате само она на што обраќате внимание. Веројатно ќе ги проследите трагите на мечката сè до самата мечка.
Ендрју Мејн
Го оценувам фактот и се гордеам со тоа дека вниманието што го добивам е наменето повеќе за нашата земја, отколку за мене лично.
Јулисиз С. Грант
Го фокусирам своето внимание на љубовта што е околу мене и очекувам чудесија.
Габриел Бернштајн
Градот е опасно место, ако не внимавате.
Том Полок
Границата меѓу тоа да си премногу внимателен и да не си доволно внимателен е граница која треба да ја преминеш само веднаш.
Грејди Хендрикс
Грешките имаат неверојатен ефект: тие нè прават да бидеме внимателни и нè учат на смирение, а смирените луѓе учат побрзо од оние кои мислат дека ги знаат сите одговори.
Бодо Шефер
Грешките речиси секогаш кријат во себе скриена смисла! Никогаш не се стремете да ги поправате. Напротив, разберете ги и однесувајте се кон нив внимателно!
Салвадор Дали
Да бидеш внимателен слушател е најсигурниот начин да се спасиш себеси од несакани прашања.
В.С. Ендрјус
Да бидеш во сегашноста значи да го избегнуваш одвлекувањето и да обраќаш внимание на она што е важно сега. Вие создавате свое сопствено присуство со она на што обраќаш внимание денес.
Спенсер Џонсон
Да бидеш во сегашноста со некој друг е подарок. Дарбата на вниманието е можеби највредната и најзавидливата од сите, иако не секогаш го сфаќаме тоа.
Пјеро Феручи
Да бидеш глупав е сè уште дозволено, а не исклучено од зрелата возраст. Она што е исклучено од зрелата доба е непромисленоста, така што ќе бидете внимателни и глупави.
Хенк Грин
Да бидеш „интересен“ значи да си љубопитен и внимателен и да практикуваш „постојана проекција на интерес“. Кажано поедноставно: ако сакаш да си интересен, треба да се зинтересираш.
Остин Клиен
Да бидеш смирен значи да си толку сигурен во себе и во својата мисија, што да можеш да се откажеш од привлекување прекумерно внимание на себе и на својот статус.
Корнел Вест
Да го контролираш вниманието значи да го контролираш своето искуство, а со тоа и квалитетот на твојот живот.
Михај Чиксентмихали
Да го насочите вниманието на најдоброто, значи да се обградите со најдоброто и да станете најдобриот.
Валас Д. Вотлс
Да го издвоите своето позитивно или негативно внимание на нешто е начин да дадете енергија. Најштетната форма на однесување е да го задржите своето внимание.
Масару Емото
Да знаеш што да правиш додека правиш, е суштината на практиката на внимателност.
Џон Кабат-Зин
Да ја сакаш убавината е страдање, ако оние кои се до нас дури откажуваат да ѝ обрнат внимание.
Дарио Фо
Да, нужна ми е поддршка и внимание на маж. Само слабите жени ја потврдуваат својата независност и сила.
Арета Френклин
Да обрнете внимание на својата корист-тоа не е форма на мислење-тоа е инстинкт.
Џон Голсворти
Да, одличниот надворешен изглед ќе го привлече вниманието на жената, но на крајот на краиштата таа сака да биде убавата.
Бренди Енглер
Да посветите малку внимание со љубов не е себично. Разумно е. Ако се чувствувате сакани и ценети-дури и само од себе-тогаш ќе имате повеќе љубов да им дадете на другите.
Пенелопе Квест
Да пројавиш внимание, секогаш служи за добро оправдување.
Ромен Гари
Да се сакаш себеси значи да бидеш толку внимателен кон сопствените потреби, колку кон потребите на саканиот човек.
Ариел Форд
Да си центар на вниманието цело време е неверојатно заморно.
Хедер Вебер
Дама со минато нема што да изгуби. Но, жена со иднина не може да биде премногу внимателна.
Џејн Ен Кренц
Два квалитета се од суштинско значење за внимателноста: рамномерното внимание и упорноста.
Тара Бенет-Голман
Два од најважните принципи што ги користи филтерот за внимание се промената и важноста.
Даниел Левитин
Двајца луѓе кои седат еден до друг во една просторија не мора да се заедно. Да бидат заедно, значи да внимаваат еден на друг.
Гери Чепмен
Две души живеат во тебе цел живот. Едната е егото, дрдорењето, изискувањето, хистеричното, пресметливото; другата е скриеното духовно суштество чиј тих глас на мудрост ретко сте го слушнале или сте обрнале внимание.
Согјал Ринпоче
Денешните макроекономски проблеми изискуваат внимание кон пофундаменталните сили на индивидуалните стимулации и институционалната ригидност.
Мартин Фелдштајн
Деталите имаат еден недостаток-тие го одвлекуваат вниманието од главното.
Рајли Сагер
Децата лишени од човечко внимание умираат дури и кога ги добиваат сите неопходни хранливи материи. И сите стогодишници се одликуваат со висока социјална интеграција.
Оскар Хартман
Длабоката практика е потпомогната со постигнување примарна состојба, таква во која сме внимателни, гладни и фокусирани, дури и очајни.
Даниел Којл
Добрината е умеење за внимание кон другите луѓе и разбирање на нивните потреби.
Гери Чепмен
Добриот третман е неделив од внимателната грижа.
Јоханес Хајнрих фон Борстел
Добрите манири директно зависат од нашето внимание кон другите: луѓето околу нас треба да бидат сфатени сериозно, обидувајќи се да ги разберат нивните чувства и потреби.
Александар Мекол Смит
Добро. Внимавајте на моите зборови. Никогаш не дозволувајте маж кој не ви се допаѓа да донесува одлуки наместо вас.
Луси Скор
Добро е да имате желба. Но, изберете голема и изберете ја внимателно. Одбијте ги малите.
Тимоти Ферис
Добро облечен човек е оној што не обрнува внимание на облеката.
Вилијам Сомерсет Мом
Довербата е она што ја монетизира економијата на вниманието.
Дејвид Амерланд
Додека нашето внимание е насочено навнатре и нашата психичка енергија се троши од различни стремежи и грижи на егото, ние едноставно не ги забележуваме оние што нè опкружуваат.
Михаи Чиксентмихали
Допирањето на душата на друг човек секогаш треба да се прави со најголемо внимание.
Сузана Тамаро
Достојни за своето внимание тој ги сметаше само солзите.
Морис Лебланк
Друга сила што може да ја направи болката вредна е нејзината сила да го фокусира умот. Без оглед на негативностите на физичката болка-или на емоциите како ужас и одвратност-тие секако привлекуваат внимание.
Пол Блум
Дури и најмалата пројава на внимателност во секој еден момент може да роди интуиција или увид, што можат да бидат искличително трансформирачки.
Џон Кабат-Зин
Дури овде, во царството на сите мртви, сите, вклучително и чудовиштата имаат потреба од малку внимание.
Рик Риордан
Ѓаволот сам ги избира душите што сака да ги купи и никогаш не обрнува внимание на онаа што сама понизно се нуди за продажба.
Федерико Андахази
Е, во иднина внимавајте што сакате. Затоа што во иднина можете да го добиете.
Тони Парсонс
Е, за мене моите минати достигнувања не беа луди. Тие бараа многу вештини и внимателно планирање.
Феликс Баумгартнер
Евтиноста и незнаењето се зајакнуваат заедно. И тоа е краток пат од тоа да не знаеме кој е на другиот крај на вашиот синџир на исхрана, да не се грижиме-до невниманието како на производителите, така и на потрошувачите.
Мајкл Полан
Еден ден животот може да биде штедар. Но внимавајте-цената на животот е болка. Истата цена како љубовта.
Брендон Мул
Еден добро изживеан живот бара внимателно планирање за да се балансира финансиското и нефинансиското, економското и психолошкото, рационалното и емоционалното.
Линда Гратон
Еден необичен ум е нејасно дека неговата ефикасност зависи од два фактора: моделот на реалноста на светот и системот на живот. Умот внимателно ги избира најефикасните модели и системи и често ги актуализира.
Вишен Лакиани
Еден обичен живот, разгледан внимателно, се покажува како прочистен, сложен и исклучителен, на некаков начин успева да биде едновремено херојски и обичен.
Сузан Орлеан
Еден од големите парадокси на вниманието е тоа што како ја примаме болката, ние го намалуваме нашето страдање. Нашата резистентност кон болка го засилува и зголемува нашето страдање. Вниманието нè учи како да ги примаме камењата на животот.
Шауна Шапиро
Еден од законите на животот вели дека кога затвораме една врата се отвора друга. Но, неволјата е во тоа што додека ние гледаме кон затворената врата не обраќаме внимание на отворањето.
Андре Жид
Еден од клучните фактори за успешни групни решенија е да ги натерате луѓето да посветат многу помалку внимание на она што го зборуваат сите останати.
Џејмс Суровиецки
Еден разговор ја открива неговата првичност и вниманието раѓа пријатели. Затоа разговорот е сребрен, а молчењето-злато.
Михаил Пришвин
Еден човек треба да ги добие времето и вниманието што ги заработува.
Метју Хаси
Единствена мудрост на животот е концентрацијата, единствено зло е растурање и од мало значење е што нашите растурања се големи или возвишени.
Ралф Валдо Емерсон
Единствениот фактор, кој станува редок во еден свет на изобилство, е човечкото внимание.
Кевин Кели
Една од главните предности на богатството е тоа што ни дава способност да ја отстрануваме туѓата беда од нашето внимание.
Брам Стокер
Една од главните предности на богатството е тоа што ни дава можност да ги отстраниме несреќите на другите од нашето лично внимание.
Марија Корели
Една од нештата, на кои романите не обрнувале внимание низ вековите, е фактот дека луѓето читаат книги.
Џонатан Литам
Едно од најдобрите слушни апарати што може да ги има мажот е внимателна сопруга.
Граучо Маркс
Експертизата е едноставно мудрост што произлегува од клеточната грешка. Грешките не се нешта што треба да се обесхрабруваат. Напротив, тие треба да се култивираат и внимателно да се проучуваат.
Јона Лерер
Експертот е некој што можел да донесе поедноставни решенија и пресуди, знаејќи на што да обрне внимание и што да игнорира.
Едвард де Боно
Ете така функционира животот. Прво, врз нас се фрлаат мали камења за да направиме нешто како прво предупредување. Кога ќе ги пренепрегнеме овие камења, кон нас ќе полета тула. Не обрнувајте внимание на тулата и ќе бидете смачкани во прашина од огромен камен.
Ендрју Метјус
Еуфемизмите на согласноста веќе не можат да го одвлечат вниманието од голите факти: во капитализмот под надзор на капитализмот преносот обично е неовластен, едностран, лаком, таен и нагол.
Шошана Зубоф
Жедував за внимание, но откажав да се понижам молејќи го.
Отеса Мошфег
Жените кои не добиле доволно внимание од своите мајки се особено раздразливи и секогаш чувствуваат дека не им се обрнува внимание.
Мари-Луиз фон Франц
Жените обраќаат внимание не на убави мажи, туку на мажи со убави жени.
Милан Кундера
Жените разговараат меѓусебно. Исто така, како што мажите разговараат со мажи. Но, жените секогаш обрнуваат повеќе внимание на деталите.
Ејми Вајнхаус
Жените се доминантен пол. Мажите треба со секакви способности да докажуваат дека се достојни за вниманието на жените.
Камила Палија
Жените се посилни од нас, помалку внимателни и помалку подложни на чувство на вина.
Рут Рендал
Живеејќи до старост, сфатив дека вистинската почит не доаѓа од срцето, туку од вниманието кон едноставните правила на љубезност и смирение.
Орхан Памук
Живееме сè повеќе во систем во кој малку директно се обрнува внимание на објектот, функцијата, програмата, задачата, неопходноста; но огромно внимание на улогата, процедурата, престижот и добивката.
Пол Гудман
Живите исто заслужуваат внимание.
Алис Сиболд
Животот го следи твоето внимание. Каде и да погледнеш, на крајот заминуваш.
Марта Бек
Животот е премногу краток за да губиме време, да се јадосуваме поради старите рани кои брзо зараснуваат ако не им обраќаме внимание.
Сузан Елизабет Филипс
Животот е приклучение ако сме внимателни кон деталите. Малите детали се шарките на Вселената.
Моника Гутиерес
Животот е толку невнимателен што може и да сте оптимист.
Ренате Рубинштајн
Животот ни го одвлекува вниманието цело време; а ние дури не успеваме да видиме каков е.
Франц Кафка
Животот нè учи на зголемено внимание.
Џеф Линдзи
За да знаете што навистина мислат луѓето, обрнете внимание на она што го прават, а не на она што го кажуваат.
Рене Декарт
За да ја отелотворите сокриената желба, посветете ѝ го целото внимание.
Соња Чокет
За да негувате радост, обрнете внимание на она што ви се допаѓа.
Ени Кеган
За да може внимателноста да работи за нас, треба да се потрудиме да ја засилиме нашата способност да бидеме свесни.
Тара Бенет-Голман
За да се надградите себеси, треба едновремено да обрнете внимание на духовните, емоционалните, когнитивните и физичките делови од животот.
Дејв Аспреј
За да ја наметнете вашата гледна точка на публиката, треба да обрнете големо внимание на изборот на зборови, примери, цитати и факти.
Џејмс Борг
За да постигне чистота на умот, човек треба постојано да ја негува свесноста со тоа што ќе биде внимателен цело време. Човек секогаш треба да е на јасно со своите мисли.
Свами Рама
За да бидеме посвесни, потребно е само да слушаме и да се ослободиме од мислите кои ни го крадат вниманието.
Гај Финли
За да се одржи и да процвета, секое ново убедување изискува време и внимание.
Џон Кехо
Заборавете на вештачката интелигенција-во храбриот нов свет на големи податоци треба да внимаваме на вештачкиот идиотизам.
Том Четфилд
Заедно со староста секогаш иде вниманието-ете што сум забележал.
Роберт де Ниро
Запомнете: она на што се фокусирате се раширува. Како што често велам на нашите курсеви: „Таму кај што се насочува вниманието, тече енергијата и се појавуваат резултатите“.
Т. Харв Екер
Затворената врата секогаш го привлекува вниманието.
Џанин Каминс
Затоа што на крајот на краиштата, ако внимателноста треба да се мери во минути, а дисциплината се мери со часови, тогаш недоследноста треба да се мери со години.
Ејмер Таулс
Зачувај го спокојството. Биди храбар. Внимавај на знаците.
Крег Џонсон
Зборовите избрзуваат и ме престигнуваат, ме залажуваат и ме менуваат, а ако не внимавам ќе биде предоцна: нештата ќе бидат кажани без јас да сум ги кажала.
Кларис Лиспектор
Зборувајте нежно, но внимавајте на вашите права.
Кристин де Пиза
Зграпчете ја иднината или иднината ќе ве зграпчи вас-бидете внимателни.
Патрик Диксон
Знаете, многу луѓе мислат дека ако не обрнат внимание на проблемите, тие ќе исчезнат сами.
Чарлс де Линт
Знаење-тоа е историја на вниманието спрема природата!
Михаил Задорнов
И во бизнисот и во политиката публиката не обрнува внимание на оние кои тивко лежат на дното.
Кристофер Мур
И мислам дека сега судбината се обликува половина од очекување, половина од невнимание.
Ејми Тан
И не, не сум способен да ја изживеам сегашноста со истото внимание на деталите. Но, штом сегашноста стане минато, се чини дека немам проблем да се занимавам со него опсесивно.
Мелани Гидеон
И предвидливоста и претпазливоста се еднакво важни: предвидливоста за да се забележат тешкотиите навреме, а претпазливоста-за да можете највнимателно да се подготвите за соочување со нив.
Роалд Амундсен
И сепак, мажот останува слеп за илјадниците секојдневни дребнулии кои бараат внимание на жената.
Мери Шели
И така го дигнав лицето и завивав. Тој не обрна внимание и не беше важно. Тоа е едноставно-добро е да завивате кога сте очајни.
Роџер Зелазни
И тогаш ќе мине време и луѓето брзо ќе заборават на сè. Луѓето обично не обрнуваат особено внимание на ништо.
Дона Тарт
И токму така сите ме гледаа. Ако знаев дека ми е судено да добијам толку многу внимание, можеби ќе си ја средев.
Олвин Хамилтон
Иако вниманието не мора да го менува она што се случува, тоа го менува нашиот однос кон она што се случува.
Шауна Шапиро
Играта е насекаде, само е нужно да се загледаш повнимателно.
Франк Тилие
Изберете ги вашите пријателства внимателно. Соберете луѓе околу вас кои ќе го подобрат вашиот начин на живот.
Ден Бутнер
Избирај ги непријателите многу повнимателно од твоите пријатели. Непријателите ќе бидат со тебе многу подолго.
Џо Аберкромби
Или сте пофално иницијативни или непромислено невнимателни.
Кевин Вејн Џетер
Има вистини на кои треба да го задржиме нашето внимание и има такви што треба да се избегнуваат.
Алберт Санчез Пињол
Има еден огромен недостаток во тоа што се обраќа толку малку внимание на апстрактната идеја за времето, но тоа е тоа што силно го ограничува она што можете да го постигнете.
Оливер Беркман
Има нешта кои, без оглед колку внимателно ги кажувате, сè уште предизвикуваат шок.
Хари Харисон
Има само еден чекор од преправање до вистинско внимание.
Радислав Гандапас
Има само три збора со кои треба да живееш, синко: почит, уважување и толеранција.
Оливер Џеферс
Имам доволно внимание за да се чувствувам блескотна и важна.
Дајан Лејн
Имам старомодно верување дека читањето е задоволство што треба внимателно да се чува.
Џени Колган
Имаме тенденција да обраќаме внимание на непријатностите и тоа нè принудува да мислиме дека светот умислено создава проблеми за нас.
Ричард Докинс
Имате секунди да го грабнете вниманието на својот аудиториум и само минути за да го задржите.
Џон Медина
Имаш мозок и две раце, побарај го одговорот сам. Сакаш ли да знаеш како да поминеш низ животот? Обрни внимание.
Вики Ванг
Интелигентноста е вратата кон слободата, а вниманието е мајката на интелигентноста.
Џон Кабат-Зин
Информираноста изискува само да обраќаме внимание и да ги гледаме нештата такви, какви што се. Не изискува да менуваме нешто.
Џон Кабат-Зин
Историјата на слободните народи е единствената тема достојна за внимание на историчарот; историјата на народите угнетени од деспоти е само збирка анегдоти.
Николас Себастијан Шамфорт
Итрината е во тоа да си создадете име на сметка на други. Предмет на кражбата е вашето внимание и вашата доверба.
Рајан Холидеј
Ја гледате ли мојата мисла? Бидејќи нашите постапки имаат последици кои никогаш не завршуваат, треба да бидеме внимателни кога дејствуваме. Нашите избори никогаш не треба да се случајни. Досега мојот живот сигурно бил случаен.
Памела Бинингс Јуан
Јас бев срамежлив. Потоа паднав во центарот на вниманието и научив да се справувам со тоа.
Ал Пачино
Јас сум писател, инспекторе. Внимателно си ги избирам зборовите.
Ен Кливс
Јас сум сензационалист. Јас сум голема уста. Привлекувам внимание. Во овој свет треба-ако сакате претставување на масовен пазар, треба да привлечете внимание.
Бил О’Рајли
Јас сум толку беден што не можам да ви платам за вниманието.
Том Вејтс
Кажете „Не“ на она што го одвлекува вашето внимание.
Робин Шарма
Кажи што имаш предвид за да го разбереш она што го имаш предвид. Исполнете го она што го кажувате за да разберете што се случува. Тогаш обрнете внимание. Обрнете внимание на вашите грешки.
Џордан Петерсон
Кај што е насочено вниманието, се појавуваат енергетски потоци и резултати.
Т. Харв Екер
Како беше чувството да не се налага да мислиш треба за секое ваше движење, да не бидеш внимателно следен за сè што ќe направш, да не треба да лажеш секој ден?
Гарард Конли
Како и да е, во светот на евтини персонални компјутери и брзи Интернет конекции ние постојано откриваме дека единствениот вистински ограничувачки ресурс е квалифицираното внимание.
Ерик Рејмонд
Како и да е, не обрнувајте внимание на гласовите во вашата глава.
Кери Смит
Како лидер, треба да обрнете големо внимание на резултатите и напорот.
Џон Хувер
Како многу луѓе, сакам да набљудувам луѓе, но понекогаш си мислам дека се гледаме премногу внимателно. Тоа раѓа корозивна завист.
Џенет Скеслин Чарлс
Како сите сурови луѓе, вие сте сентиментални; како сите сентиментални вие сте внимателни.
Брајан Алдис
Како што материјата и енергијата најнакрај се сведуваат на еден единствен извор-животот, така сите видови таленти се сведуваат на еден единствен извор на креативно внимание.
Михаил Пришвин
Како што семето расте со топлината на сонцето, така и нашите позитивни квалитети растат кога го насочуваме вниманието кон нив.
Ариел Форд
Квалитетот е резултат на внимателно изградена културна средина. Таа треба да биде ткаенина на организацијата, а не дел од ткаенината.
Филип Крозби
Квалитетот на животот е секогаш пропорционален на способноста даа уживаш. А способноста да се радуваш е подарок за внимание.
Џулија Камерон
Клучот за добар живот е внимателно игнорирање на вистината.
Сајмон ван Буј
Клучот за консолидација на паметта е вниманието.
Николас Кар
Книгата е единица за внимание.
Кевин Кели
Книгите треба да се читаат бавно и внимателно, како што биле напишани.
Хенри Дејвид Торо
Кога губиме време, ние одолговлекуваме. Кога не можеме добро да управуваме со нашето внимание, ние сме расеани. И кога не ги негуваме нашите енергетски нивоа, ние сме уморни или „изгорени“.
Крис Бејли
Кога ѓаволот ќе го погреши вашето размислување, треба да обрнете внимание.
Сузан Енох
Кога животот ќе ве доведе до целосен круг, обрнете внимание. Таму има лекција.
Менди Хејл
Кога зборувате искрено и отворено, другите ве слушаат. Тие не ви веруваат, но барем вие го добивате нивното внимание.
Кевин Алан Милн
Кога ќе го насочите вниманието на она што можете да го контролирате, ќе можете да преземете ефективни дејства.
Метју Џ. Ван Ната
Кога ќе почнете внимателно да ги проучувате цртите на нечие лице, тоа веднаш добива посебен израз.
Сузан Кејсон
Кога ќе почнете да се загледувате внимателно во човек, ќе најдете многу изненадувања кои ја уништуваат веќе постоечката слика.
Јуриј Нагибин
Кога се пренебрегнува мудроста, глупоста не може да се жали на недостиг на внимание.
Рафаел Сабатини
Кога на политичките права не им се посветува неопходно внимание, тие секогаш се нарушуваат.
Адам Фергусон
Кога повторно ќе помислите дека никого не го интересира дали сте жив или мртов, обидете се да го пропуштите крајнiот рок за плаќање на долгот неколку пати. И веднаш ќе привлечете многу внимание.
Ден Арили
Кога твојот пациент е посимпатичен, ти дејствуваш повнимателно, отколку кога работиш едноставно по навика.
Хајнрих Бел
Кога посакувате нешто, треба да внимавате: одеднаш го добивате она што сте го посакале.
Џефри Дивер
Кога ќе разберете дека сè што купувате е закупено со дел од вашиот живот, тоа треба да ве направи повнимателни со искористувањето на пари.
Џејмс Добсон
Кога се ангажирате со една врска, вие го вложувате вниманието и својата енергија подлабоко, затоа што сега ја испитувате сопственоста на таа врска.
Барбара Де Анџелис
Кога се вљубувам, се вљубувам силно и брзо. Ете зошто внимавам во што се впуштам.
Брајан Фримен
Кога си сигурен во она што го гледаш, погледни повнимателно.
Ричард Пауерс
Кога се споредуваат деца и возрасни, важно е да обрнете внимание на фактот дека едните имаат предност пред другите.
Глен Доман
Кога сте во средината на вашата депресија, обрнете внимание на тоа, бидејќи никогаш не знаете каде може да ве доведе.
Гвинет Луис
Кога сте она што тие очекуваат да бидете, тие никогаш не се загледуваат многу внимателно. Ако сте бесни, нека биде гориво.
Рошани Чокши
Кога човек е надарен, тој е невнимателен кон своите ремек-дела, способен да ги изгуби.
Луј-Фердинанд Селин
Кога човек е среќен, нема време да се уморува; за да бидеш среќен го трошиш целото внимание.
Е.Ф.Бенсон
Кога човек те пцуе, тоа е или негово вообичаено однесување или на тој начин ја сака твојата љубов. Само се обидува да привлече внимание на себеси.
Виталиј Гиберт
Кога човек треба да обрне внимание на такви нешта, ситниците, реалноста-реалност, ви велам-избледува.
Џозеф Конрад
Кој е внимателен во своите ветувања, тој е точен во нивното исполнување.
Жан-Жак Русо
Кој кажал дека нема такво нешто како глупаво прашање, никогаш внимателно не разгледал стандардизиран тест.
Алфи Кон
Кој може да оспори дека целата научна работа треба да се изучува внимателно и критички? И да имаш отворен ум е исто така предност, но не толку отворен за да ти испадне мозокот.
Камерон М. Смит
Кој си ти сега? Кој си решил да станеш? Земи го тоа решение сознателно. Направи го тоа внимателно. Направи го моќно. Потоа дејствувај врз него.
Ентони Робинс
Колку внимателно служиме, ние што само седиме и чекаме.
Кетрин Маникс
Колку е лесно и едноставно да бидеш невнимателен, кога си млад и не разбираш дека некои штети се вечни.
Џенел Браун
Колку повеќе внимание посветуваат луѓето на своите стравови, отколку на своите спомени!
Стејси Шиф
Колку пати сум пропуштил неверојатна вска, која би можела да биде остварена, затоа што бев на мојот телефон наместо да обраќам внимание на луѓето околу мене?
Адам Браун
Колку често заборавате нечие име веднаш штом ќе го слушнете? Причината е веројатно што сосем не сте обрнале внимание кога сте го слушнале тоа име.
Џим Квик
Колку повиновна се чувствувам пред мажот, толку повеќе внимание пројавувам кон него.
Брижит Бардо
Колку е подлабока вашата концентрација, толку е подлабок потенцијалот за внимателност.
Џон Кабат-Зин
Колку помалку читате, толку повнимателно ќе ги избирате своите книги.
Жан-Жак Русо
Колку повеќе сакаш да поверуваш, толку повеќе ти е нужно поголемо внимание.
Карл Саган
Колку човек посилно вика за својата чесност, толку повнимателно го држите паричникот.
Роберт Џордан
Колку е послаб човекот, толку повнимателно се стреми да ги почитува сите надворешни правила на пристојност и морал.
Вадим Кожевников
Колку е човек посреќен, толку помалку внимание обрнува на она што го прават другите.
Соња Лубомирски
Колку повеќе внимание мозокот обрнува на даден стимул, толку поподробно информацијата ќе биде кодирана-и сочувана.
Џон Медина
Колку повеќе внимание издвојувате за она што се случува во вас, толку повеќе можности имате за да станете свесни, да запрете и внимателно да погледате наоколу.
Дејвид Рок
Колку повеќе можеме да управуваме со нашето внимание со намера, толку пофокусирани, продуктивни и креативни стануваме.
Крис Бејли
Колку повеќе издвојуваме внимание на совпаѓањата, толку тие стануваат почести.
Владимир Набоков
Контролирајќи колку време трошите за некоја задача, вие контролирате колку енергија и внимание одделувате на неа.
Крис Бејли
Концентрацијата е обраќање внимание на избрана мисла.
Вилијам Вокер Аткинсон
Критиката е како болка. Не е забавно, но ако не боли никој не обраќа внимание.
Ејми Блум
Критиката е како лек. Таа е отров, освен ако се користи внимателно во правилна доза.
Мајкл Хајат
Критичкото мислење е активно барање на разбирање на реалната состојба на нештата преку внимателна оценка на информација, идеи и аргументи-како и длабоко разбирање на процесот на мислење како таков.
Том Четфилд
Лагата треба да биде испитана на место каде што таа ќе го привлече вниманието на светот.
Ариел Шарон
Лагите и тајните го одвлекуваа вниманието.
Холи Џексон
Лагите се вредна валута-треба да внимавате како и каде ги трошите.
Ричард Морган
Лекарот треба да внимава не само на законитостите, туку и на случајностите.
Хипократ
Лекцијата е јасна: ако точноста е важна, не треба да го делите вниманието.
Дејвид Рок
Лидерството се врти околу неопходноста од ефективно привлекување и насочување на колективното внимание.
Даниел Големан
Лицемерот е критичар кој ги прикрива сопствените недостатоци кога го фокусира вниманието на недостатоците на другите.
Мајкл Шермер
Личните емоции треба да бидат внимателно набљудувани. Емоционалните врски треба да се искористат, но никогаш да не се чувствуваат.
Мет Кинд
Лошиот знак е предупредување. Знак за застанување и преиспитување. Продолжете со зголемено внимание.
Кели Армстронг
Луѓето ви кажуваат кои се всушност, ако слушате и обраќате внимание.
Меди Досон
Луѓето во поголемиот дел минуваат покрај најубавите нешта во животот, без да обрнат внимание.
Роза Луксембург
Луѓето во светот не обрнуваат многу внимание на причините во кои учествуваат нивните сопствени интереси.
Тереза Авилска
Луѓето губат премногу време обидувајќи се да го создадат новото и да го разрушат старото. Тие треба да обрнат внимание на она што било и ќе биде вечно.
Ен Фајн
Луѓето кои знаат како да управуваат со своето внимание и кои вообичаено градат стабилни ментални модели, се склони да заработуваат повеќе пари и да добиваат подобри оценки.
Чарлс Дјуиг
Луѓето кои многу сакаат да бидат добри и внимателни многу го усложнуваат животот.
Андре Нортон
Луѓето кои навистина се почитуваат себеси никогаш не се фалат; немаат потреба од тоа. Тие не бараат внимание на себе. И не сакаат секогаш да се „во право“. Кога ќе видите некој кој е „секогаш во право“, треба да сфатите дека тој е уплашен човек кому му треба охрабрување од другите.
Кристин Хелмстетер
Луѓето кои не го одобруваат вашиот живот не се достојни за вашето внимание.
Клариса Пинкола Естес
Луѓето мразат кога се невнимателни кон нив.
Жан Кокто
Луѓето не обрнуваат внимание на она што не можат да го разберат.
Шарл де Линт
Луѓето обожаваат да зборуваат за себеси, ако внимателно ги слушаат и не спорат со нив.
Џон Ле Каре
Луѓето обрнуваат внимание на твоите постапки само тогаш, кога им придаваш преголемо значење.
Ришел Мид
Луѓето обрнуваат внимание само на надворешноста. А кога ќе се навикнеш на човек, веќе не ти е важно како изгледа. Некои се убави, некои не толку. Тоа не е главното.
Александра Флин
Луѓето просто ќе ги споделат нештата кои ја потврдуваат нивната идеологија, и тие нешта секогаш ќе постојат. Нашата реалност не е за она што е реално, туку за она на што обрнуваме внимание.
Хенк Грин
Луѓето ретко обрнуваат внимание на другите, ако не им дадат повод.
Ерин Моргенштерн
Луѓето се дрдорливи и се склони да обраќаат внимание на темните страни на секоја приказна.
Брам Стокер
Луѓето се склони да ги воспримаат членовите на една и иста етничка група како едно хомогено цело. Но, ако погледнете повнимателно, почнувате да ги забележувате индивидуалните разлики.
Кен Моџи
Луѓето се толку зафатени да мислат на себеси и толку се тревожат што другите ќе помислат за нив, што немаат време да обрнат внимание на околните.
Лајл Лоундс
Луѓето секогаш обрнуваат внимание на она што не ги засега.
Карлос Сафон
Луѓето ќе седнат и ќе ви обрнат внимание, ако вие седнете и забележите што ги тера да седнат и да забележат.
Хари Гордон Селфриџ
Љубовта, дури и најкратката, секогаш започнала со внимание. Вниманието е акумулатор на желбата.
Арнон Грунберг
Љубовта е внимание без напор.
Гај Финли
Љубовта на жената кон мажот умира кога мажот ќе престане да ѝ обрнува внимание.
Стив Олтон
Мажите од целиот свет се речиси исти, без разлика на која раса припаѓаат. Тие секогаш веруваат дека се објект на целосно, неподелено внимание на секое женско суштество кое случајно е во една иста просторија со нив.
Лиз Бразвел
Мажите водат војна за да добијат внимание. Сите убиства се израз на самоомраза.
Алис Вокер
Малата соба го сосредоточува умот; големата го растура.
Леонардо да Винчи
Малите знаци на внимание водат до големо пријателство!
Ромен Гари
Малку магија е полоша од никаква затоа што привлекува погрешен вид внимание.
Урсула Вернон
Малку внимание е подобро од големо разочарување.
Џорџ Клејсон
Математиката не е внимателен поход по добро расчистена магистрала, туку патување во чудна пустина каде што истражувачите често се губат.
Амир Аксел
Материјалниот успех е само дел од животот, но човек го посветува целото свое внимание на неговото постигнување, заборавајќи на останатото.
Џон Бејнс
Медитацијата е фокусирано внимание, и колку повеќе го практикуваме фокусирањето на нашиот мозок, толку повеќе врски градиме.
Филипа Пери
Метафизиката, бидејќи открива неограничен поглед на можности, треба да внимава никогаш да не го изгуби од вид неискажливото, што всушност ја сочинува самата нејзина суштина.
Рене Генон
Мечтите се како јавни соопштенија од вашата душа. Единствениот начин да ги надминеме е да обрнеме внимание на она што ни го кажуваат.
Барбара Дејвис
Ми кажаа дека добриот раскажувач може да го привлече вниманието на публиката со една фраза.
Рене Ахдие
Милиони уметници творат, само неколку илјади од нив предизвикуваат дискусија и прифаќање од публиката, а уште помалку го фокусираат вниманието на потомците.
Марсел Дишан
Милосрдието во буквална смисла на зборот значи љубов, љубов која е способна за внимание, која не е просто делење на имашноста, туку со вистинска симпатија и милосрдие им помага на луѓето да си помогнат сами.
Франклин Рузвелт
Минете низ животот без да се покажувате, да привлекувате внимание кон себе или да правите раскошни гестови. Тие само ќе го привлечат непријателството на другите. Мудрите постигнуваат сè што сакаат без да предизвикаат завист или презир кај другите.
Денг Минг-Дао
Мирот е желба, војната е факт; а историјата никогаш не обрнувала внимание на човечките желби и идеали.
Освалд Шпенглер
Мислам дека во секој од нас е сокриен практично бесконечен потенцијал. Ако внимателно се однесуваме кон сопствениот живот, порано или подоцна ќе го откриеме во себеси.
Џејк Гиленхал
Мислам дека животот е приказна за она на што обрнуваме внимание. Останатото е само патарина.
Едвард Сент Обин
Мислам дека има уште многу нешта што треба да бидат откриени. Само треба да внимаваш.
Морган Матсон
Мислам дека она што книгата го направи како дополнение на нејзината практична употреба е тоа што ни даде повнимателен начин на размислување.
Николас Кар
Мислам дека треба да размислите внимателно пред да донесете решение за што било.
Арчибалд Кронин
Младите луѓе не обрнуваат многу внимание на возрасните, бидејќи тие „живеат во други времиња“.
Ерих фон Деникен
Младите луѓе, мислам, треба да бидат многу повнимателни со читањето книги, отколку старците со храната. Не треба да голтаат сè по ред и треба внимателно да го џвакаат прочитаното.
Винстон Черчил
Многу внимавам со зборовите.
Џејмс Хилман
Многу војни никогаш немаше да избијат, ако луѓето не обрнуваа внимание на туѓите грешки.
Роберт Џордан
Многу малку се мажи кои го заслужуваат пеколот низ кој те подложиле. Така што многу внимавај кому му го даваш срцето и телото. На крајот на краиштата може да преземат повеќе, отколку што можете да поднесете.
Кејт Стјуарт
Многу убави жени поминуваат улица, без да обрнат внимание на автомобилите-знаат дека сите коли ќе застанат.
Франческо Пиколо
Многубројни студии потврдуваат дека ниските нивоа на шеќер во крвта доведуваат до нарушено внимание, како и до тешкотии при регулирање на емоциите и однесувањето.
Оливија Фокс Кабејн
Моделите ни помагаат да избереме каде да го насочиме нашето внимание, за да можеме да донесуваме решенија, а не само да реагираме.
Чарлс Дјуиг
Моето внимание го определува длабочината и квалитетот на моето искуство.
Карен Кингстон
Можеби најдобриот начин да се оттргнете од мислите за еден човек е да обрнете внимание на друг.
Ришел Мид
Можете да ја замислите концентрацијата како способност на умот да поддржува непоколебливо внимание на еден објект на набљудување.
Џон Кабат-Зин
Можете да уживате во нешто само ако издвоите малку време за да го оцените и да му обрнете внимание.
Лили Синг
Мозокот не обрнува внимание на здодевните нешта.
Џон Медина
Мојата мечта: да продолжувам да се восхитувам на себеси, без да обраќам внимание на публиката.
Том Хидлстон
Мојот вистински татко кажуваше дека ако обраќате внимание на премногу нешта, ќе треба да се борите со нив во текот на целиот свој живот.
Габриел Зевин
Моралот е дека луѓето обрнуваат помалку внимание на вас, отколку што верувате.
Ричард Тејлор
На еден отворен пазар за внимание помрачните емоции привлекуваат повеќе очи отколку позитивните и конструктивни мисли.
Кал Њупорт
На крајот на вашиот живот, гледајќи назад, она што го привлекувало вашето внимание од момент во момент е едноставно каков ќе биде вашиот живот.
Оливер Беркман
На некои луѓе им треба многу внимание и тие се достојни за тоа внимание и сè уште истоштуваат.
Ен Пачет
На оние кои бегаат од светот и се каат ѓаволот посветува особено внимание.
Херман Хесе
На повеќето богати луѓе нема да им требаат нивните банкарски сметки, ако никој не им обрне внимание и нема кој да ги пофали.
Стив Бидулф
На самотноста се обрнува сè повеќе внимание, но тоа не значи дека самотноста на која се обрнува внимание се зголемила.
Ларш Свенсен
На светот нема ништо поужасно од човек кој го продава своето срце и нежното внимание-со исклучок на жената која го купува.
Жан-Жак Русо
Навиките го намалуваат когнитивното оптоварување и го ослободуваат умствениот капацитет, така што ќе можете да го насочите своето внимание на други задачи.
Џејмс Клир
Навистина не сме обраќале многу внимание на мислата како процес. Се занимававме со мисли, но сме обраќале внимание само на содржината, а не на процесот.
Дејвид Бом
Надворешната убавина може да привлече внимание, но внатрешната убавина го плени срцето.
Џиџи Хадид
Надежта го прави човекот невнимателен.
Корнелија Функе
Најважните моменти во разговорот се случуваат кога еден човек активно, внимателно слуша.
Даниел Којл
Најважно е колку внимание посветувате на нешто наједноставно, најсуштинско-на пример љубовта.
Никол М. Келби
Највредниот подарок што можеме да му го понудиме некому е нашето внимание. Кога вниманието ќе ги опфати оние што ги сакаме, тие ќе цветаат како цвеќиња.
Тик Најат Хан
Најдобар начин да го измамиш противникот е да го нахраниш со внимателно измерена доза горчлива вистина.
Дру Карпишин
Најлесен начин да се надминат пречките е да не им обрнувате внимание.
Марион Котијар
Најпосакуваниот подарок не се дијаманти, не се рози и не е чоколадо. Главно е вниманието.
Рик Ворен
Намерата го управува вниманието, а вниманието покажува реални физички ефекти врз динамиката на мозокот.
Џефри Шварц
Наместо да биде зафатено и заробено од мисла или чувство, вниманието постојано ги набљудува тие мисли и чувства кога идат и си одат.
Тара Бенет-Голман
Наместо да ја гради иднината, човекот почнува да копа во минатото. Овие пребарувања перфектно го отклонуваат вниманието, но порано или подоцна ги разбиваат надежите.
Мики Нокс
Наместо да се заплеткувате со она што е веќе создадено, пренасочете го вашето внимание и создавајте одново.
Мајк Дули
Наместо да станувате и да гледате социјални медиуми, имејловите или да се грижите за сите други-само издвојте малку време и дајте си ја истата љубов, поткрепа и внимание на себеси.
Мел Робинс
Наместо да чекаме нашето внимание да биде привлечено кон нешто невообичаено, можеме да поставиме рамки за „насочување“ на нашето внимание на свесен начин.
Едвард де Боно
Насилството е средство за привлекување внимание кон себеси.
Рју Мураками
Насочувањето на вашето внимание кон најважниот објект по ваш избор-и потоа поддржувањето на тоа внимание-е најпоследователното решение што ќе го донесете во текот на целиот ден. Ние сме она на што обрнуваме внимание.
Крис Бејли
Насочувањето на вниманието кон местото каде што треба да се отиде е првостепена задача на лидерството.
Даниел Големан
Научете да не бидете внимание кон она што го зборува другиот и задлабочете се, доколку можете, во душата на говорникот.
Марко Аврелиј
Научив да го користам зборот „невозможно“ со огромно внимание.
Вернер фон Браун
Начинот на кој живееме се менува. Секоја година, нашето слободно време се намалува малку повеќе бидејќи компјутерите бараат сè поголем процент од нашето внимание.
Рут Рајшил
Начинот на кој нештата постојат и се случуваат го сочинува она што се нарекува природа на нештата; и внимателното набљудување на природата на нештата е единствената основа на целата вистина.
Жан Батист Сај
Нашето внимание е фокусирано на класифицирање, анализирање и одредување на нивоа на неправилност, а не на она што нам и на другите ни треба и не го добиваме.
Маршал Розенберг
Нашето општество е навикнато да обраќа внимание само на резултатот, а не на процесот.
Џулија Камерон
Нашите мисли ја создаваат нашата реалност-онаму кон што го насочуваме нашето внимание е насоката кон која сме склони да одиме.
Питер Меквилијамс
На мраз секогаш паѓа оној што е премногу внимателен.
Сара Пинбера
Не барајте ги рефлекторите, ако не можете да се справите со вниманието.
Мелиса Хил
Не барам внимание во кариерата, повеќе успех, повеќе пари. Само пеам песни што сум ги избрала затоа што ги сакам.
Селин Дион
Не дека не сум благодарен за сето тоа внимание. Само славата и богатството треба да се повеќе од слава и богатство.
Роберт Фулам
Не е изненадувачки, бидејќи преголемото внимание на еден предмет води до одвраќање, дека еден предмет прикрива сè друго и кога ќе се фокусираме на една точка на мапата, знаеме дека сите други точки ни бегаат.
Витолд Гомбрович
Не жедував за внимание, туку за анонимност.
Роџер Хобс
Не заборавај дека вниманието е една од најдобрите женски добродетели.
Филипа Григориј
Не заборавајте дека ако некој каже дека ве сака, проверете внимателно.
Курт Вонегат
Не значи ли тоа да остариш-да видиш сè појасно и појасно од она што претходно си пропуштал без внимание.
Торнтон Вајлдер
Не изгледа правилно некој да привлекува толку многу внимание.
Аунг Сан Су Чи
Не ја негирам претпазливоста, но исто така треба да внимавате со претпазливоста, бидејќи има фаза кога се претвора во парализа.
Јаир Лапид
Не ми обрнувајте внимание. Сите знаат дека јас едноставно не постојам.
Семјуел Бекет
Не можеме да ги контролираме мислите што се појавуваат во нашето сознание, но имаме контрола врз рефлекторите на нашето внимание.
Џули Смит
Не можеш да бидеш премногу внимателен на работа. Тоа е најопасната навика позната на медицинската наука.
Јуџин О’Нил
Не му обрнувајте внимание. Тој е добродушен еднаш во годината и тој ден веќе помина.
Александра Бракен
Не недостасуваат нешта за кои треба да бидете благодарни, ако си спомните да обрнете внимание.
Џен Синкро
Не обраќај внимание на тоа како се однесуваат луѓето кон тебе, туку обрни внимание на тоа како ти се однесуваш со нив.
Хан Сјанѕи
Не обраќајте внимание на лошите и фокусирајте се на добрите минути.
Курт Вонегат
Не обраќрајте внимание на никого, правете како мислите дека е правилно.
Франц Кафка
Не обраќајте внимание на ничија пофалба или вина. Само следете ги сопствените чувства.
Волфганг Амадеус Моцарт
Не обраќајте внимание на разочарувањето. Солената вода ќе го измие. Ќе бидете изненадени колку безначајно ќе изгледа по една недела-како сè ќе си дојде на свое место.
Патрик О’Брајан
Не обраќајте внимание на она што го кажуваат критичарите. Никогаш не е подигната статуа во чест на критичар.
Јан Сибелиус
Не обраќајте внимание на човекот зад завесата!
Ноел Ланглеј
Не обраќајте внимание на падот по издигнувањето на душата, бидејќи такви се закономерните обрти на спиралите на движењето, како и на сета останата материја.
Иван Ефремов
Не привлекувајте општо и бескорисно внимание, жртвувајте го вниманието што го сакате.
Клод Хопкинс
Не сакам да обраќам внимание на она што го мислат другите, но понекогаш треба да го правам тоа.
Овен Вилсон
Не слушајте само што велат луѓето; обрнете внимание на она што не го кажуваат.
Питер Манделсон
Неверојатно е колку многу можете да постигнете од човек, ако се однесувате со внимание спрема неговите вкусови, слабости, желби.
Теодор Драјзер
Неверојатно е колку многу луѓе гледаат настрана, без да обратат внимание на очигледното.
Бриџит Кемерер
Невниманието кон деталите раѓа грешки.
Сергеј Минаев
Невниманието на пораснатите деца кон родителите се граничи со чист егоизам.
Марк Леви
Невниманието значи рамнодушност. Или непочитување.
Питер Вотс
Невнимателноста ги претвора во шутови дури најдобрите од нас.
Орсон Кард
Неговата внимателно пресметана искреност речиси не се разликува од вистинската.
Ричард Русо
Недостатокот на внимание главно е знак на недостаток на намера.
Жозеф Мари Девондел
Независно од тоа колку внимателно е планиран системот, некој ден тој ќе се влоши и ќе умре.
Пол Андерсон
Нека нештата, оние што се општи, не се радуваат на помалиот дел од нашето внимание.
Плиниј Постариот
Некаде меѓу детството и зрелоста можеме да го изгубиме чувството за совест, ако не сме внимателни.
Алисон Дубоа
Некои уметници не обрнуваат внимание на она што се случува околу нив.
Луис Си Кеј
Некои зборови, кога се изречени, ослободуваат демони дури и од внимателно скриени ковчези.
Лејла Атар
Нели ти е срам дека целото внимание го посветуваш на стекнување толку пари, колку што можеш, без да мислиш на вистината и разбирањето и на совршенството на твојата душа?
Дона Леон
Нема внимание-нема комуникација, нема резултат.
Џејмс Борг
Нема никаква тајна формула или метод. Вие учите да сакате- обрнувате внимание на другите луѓе и го правите она што е за нив неопходно.
Олдос Хаксли
Нема потреба силните да обрнуваат внимание на наводно навредливите зборови на слабите.
Ник Перумов
Нема смисла да се надевате дека другите ќе ве осудат за вашиот карактер и личност, без да внимавате на тоа како изгледате.
Брајан Трејси
Неопходно е панорамско внимание за да се оценат интеракциите на системско ниво.
Даниел Големан
Неопходно е толкаво внимание за да се каже вистината, колку што да се сокрие.
Балтазар Грацијан
Неповратни расходи? Им обраќаме премногу внимание.
Ричард Тејлор
Непознатите, особено слатките, секогаш го привлекуваат вниманието.
Мишел Харисон
Несигурните луѓе по својата природа бараат внимание, тие се како слободни орадија.
Лорен Блејкли
Ние одиме напред, внимателно носејќи ги спомените на оние што сме ги изгубиле.
Џоџо Мојс
Ние веруваме дека го гледаме светот сосем добро, додека не ни биде обрнато внимание дека не е така.
Дејвид Иглман
Ние ги занемаруваме оние нешта што ни се пред очи, а без да обрнеме внимание на нештата што стигнуваат до нас, ги следиме оние што се далеку.
Плиниј Постариот
Ние кажуваме и правиме непријатни работи за да го привлечеме вниманието на оние што најмногу ги сакаме.
Кевин Алан Милн
Ние не избираме што треба да ни го привлече вниманието. Напротив, тие нè избираат нас.
Тимоти Финдлеј
Ние не се однесуваме толку внимателно кон ништо, па ни кон човечкиот живот, колку кон митовите за себе.
Светлана Алексиевич
Ние прифаќаме или отфрламе одредени работи воопшто, не затоа што сме ги обмислиле внимателно, туку затоа што едноставно не можеме да направиме други.
Дик Сваб
Ние потекнуваме од луѓе кои внимавале на опасните работи во околната средина. Луѓето кои не обрнуваат внимание на опасните работи во околната средина не успеваат да преживеат и да се размножуваат.
Џереми Вејд
Ние сепак не можеме да внимаваме на деталите и тоа претставува мал интерес.
Георг Фридрих Хегел
Ние сме семејство со внимателно чувани тајни кои нè убиваат порано или подоцна.
Пат Конрој
Ние сме она што го имитираме и затоа треба да внимаваме што имитираме.
Марк-Уве Клинг
Никаде не е кој е секаде.
Луциј Анеј Сенека
Никогаш не би бил добар научник-моето внимание е прекратко за тоа.
Октавија Е. Батлер
Никогаш немало медиум кој како Интернетот бил програмиран така широко да го распрсне нашето внимание и да го прави толку настојчиво.
Николас Кар
Никогаш не обрнувам внимание на гласините.
Софи Марсо
Никогаш нема да си ја вратиш оваа слобода штом луѓето ќе почнат да ти обрнуваат внимание и особено кога ќе почнат да ти плаќаат пари.
Остин Клиен
Никој не обрнува внимание на небото додека не се вљуби.
Алесандро д’Авенија
Никој не обрнува внимание на сенките, а тие носат повеќе придобивки отколку што повеќето луѓе сфаќаат.
Лекси Рајан
Ниту едно столетие не било позагрижено од нашето да ја надмине војната: тоа се покажа јавно неуспешно. Премалку внимание се посветува на феноменот дека внатрешната политика станува сè повоинствена.
Бертранд де Жувенел
Ништо толку не вознесува толку високо, колку вниманието на моќните непријатели. Можеби затоа темата за заговори е толку популарна кај оние кои не постигнале успех во животот.
Дејвид Брин
Ништо не е здодевно, освен за луѓе кои всушност не обрнуваат внимание.
Мајкл Шабон
Ништо не е толку мало или тривијално за да го избегне вниманието на Божјата суверена контрола; ништо не е толку големо што не е надвор од Неговата моќ да го контролира.
Џери Бриџис
Ништо не привлекува повеќе внимание од непријатната миризба наменета да ја маскира.
Отеса Мошфег
Ништо не го фокусира вниманието на луѓето повеќе од сознанието дека следното утро ќе бидат обесени.
Елијаху М. Голдрат
Но, ако се загледате внимателно ќе ја откриете убавината и во грдоста.
Лихи Џ. Шен
Но, за вниманието е нужно да платиш со искреност.
Тамара Крјукова
Но, каква е користа од проповедањето на Евангелието на луѓе чие цело внимание е насочено кон луда, очајна борба да останат живи?
Вилијам Бут
Но, кога некој изгледа внимателен, никогаш не го повишува тонот и изгледа дека го има предвид секој ваш интерес, како е можно тоа да е злоупотреба?
Рејчел Абот
Но понекогаш, кога си премногу внимателен, тоа едноставно се претвора во различен вид небрежност.
Марлон Џејмс
Но, сакам да ве предупредам-треба да сонувате многу внимателно, многу внимателно: нашите желби се склони да се остварат рано или доцна, на еден друг начин. Размислете за тоа.
Ричард Темплар
Но, харизмата само го освојува вниманието на луѓето. Откако ќе го привлечете нивното внимание, треба да имате што да им кажете.
Даниел Квин
Нормалната жена заслужува многу повеќе од законски дел од вниманието.
Кејлеб Кар
О, но мислам дека внимателноста и манирите се сè.
Дијана Вриланд
Обидете се да го фокусирате вашето внимание исклучиво на оние мисли кои ве поддржуваат со својата енергија.
Луиз Хеј
Обично среќници се оние кои прават сè како што треба. Внимателно, без да пропуштат ниту еден детал.
Луис Ривера
Обраќајте ѝ се на жената внимателно! Таа е направена од криво ребро-Бог не успеал да ја создаде од право. Ако посакаш да го исправиш-тоа ќе се скрши, ако го оставиш на мира-тоа ќе биде уште покриво.
Јохан Волфганг Гете
Обрнете внимание на вашите непријатели затоа што тие се првите што ги откриваат вашите грешки.
Вилијам Б. Ирвин
Обрнете внимание на своите соништа затоа што се вашите најдобри советници.
Сузан Фрејзер Кинг
Обрнете внимание на нештата кои ве возбудуваат. Ќе ви раскажат многу за вас.
Тери Мекмилан
Обрнете внимание на својата добрина. Како ќе ја видиш добрината на другиот, ако не сакаш да ја видиш својата сопствена?
Аму Мом
Обрнете внимание на она што го барате, бидејќи тоа ве бара вас.
Џејмс Елрој
Обрнете внимание на луѓето кои напредуваат во области во кои вие сакате да напредувате.
Габриел Бернштајн
Обрнете внимание на фактот дека највулгарната непристојност на луѓето секогаш доаѓа само од очај.
Франц Верфел
Обрнувам внимание на малите нешта затоа што тие често се најголемите индиции за тоа кој е всушност човекот.
Алис Фини
Од големата непријатност умеј да направиш мала, а на малата воопшто не обрнувај внимание. Кој го следи тоа правило, тој напредува.
Цао Сјуеќин
Од друга страна, да го фокусираш своето внимание на најдоброто значи да се обградиш со најдоброто и да станеш најдобриот.
Валас Д. Вотлс
Од егоцентризмот човек ја губи својата способност да ја согледа ситуацијата со целосно внимание, правилно да ја оцени и да дејствува целисходно.
Макс Лишер
Од сите пројави на човечкото творештво, прекрасни и највредни за внимание-тоа се книгите.
Томас Карлајл
Одбележуваме чувства и утврдуваме дека тие продолжуваат само неколку секунди. Обрнуваме внимание на мислите и откриваме дека тие се ефемерни, дека доаѓаат и си одат, непоканети, како облаци.
Џек Корнфилд
Одржувај со внимание и ќе задржиш, занемари и ќе изгубиш.
Конфучиј
Озборувањето е само одвлекување на вниманието за луѓето кои немаат ништо подобро за да направат љубомора од оние неколкумина од нас кои сè уште имаат благородни срца.
Ана Годберсон
Омаѓосани сме од материјализмот. Сегашниот материјализам е колосален, длабоко обмислен и внимателно организиран магичен акт.
Полина Дашкова
Омразата е забавен стар збор и имено ти треба да го употребуваш што е можно повнимателно.
Ервин Велш
Опкружувајќи го другиот со внимание, обидувајќи се да го развеселиме ние го заглушувамње сопствениот страв.
Дејвид Фоенкинос
Опстанокот е јасност на сознанието, а јасноста на ссознанието е внимание.
Џулија Камерон
Оптимистот ја гледа розата, а не нејзиното трње; песимистот зјапа во трњето, не обраќајќи внимание на розата.
Калил Џибран
Основната цел на Интернет се промени од поддршка на економијата на знаењето кон растечката економика на вниманието.
Даглас Рушкоф
Основниот наш проблем е што внимаваме на дејствијата, а не на нивната причина.
Мајкл Лајтман
Основното достигнување на волјата е да се грижиш за еден предмет и да го држиш јасен и силен пред умот, оставајќи ги сите други-неговите соперници за внимание и последователни дејствија-да избледеат како ѕвездена светлина покриена со сјајот на Сонцето.
Џефри Шварц
Особено треба да ја научиме уметноста да го насочуваме вниманието кон затворените области на нашиот живот.
Џек Корнфилд
Очигледно е дека сме повнимателни во однесувањата на самите со себе, отколку во однесувањата со другите.
Томас Ман
Парите ви купуваат време, а времето ви купува внимание.
Кетрин Стедман
Писателот е лекар кој обрнува внимание само на терминални случаи-на границата меѓу животот и смртта.
Џон Ирвинг
Пишаните зборови, ако се внимателно поставени, го претставуваат цивилизираниот идеал на разумот.
Брајан Херберт
Пишувајте внимателно, дејствувајте решително.
Гај Кавасаки
Пишувањето е напорна работа. Создавањето приказни што ќе го привлечат вниманието на луѓето и ќе го задржат е многу тешко.
Дејвид Огден Стирс
Планирајте ги внимателно дејностите за секој ден и можете да ги достигнете сите височини кон кои се стремите.
Вилијам Вокер Аткинсон
По мое мислење, од сè што ви дозволува да постигнете навистина голем успех во продажбите и консултациите, најважна е способноста да слушате внимателно.
Сузан Кејн
Победникот треба да биде внимателен. Моралните победи често им штетат на оние кои ги добиваат.
Џон Голсворти
Повеќето историчари го одвлекуваат вниманието на читателот од вистинските настани што се случиле.
Френк Херберт
Погледнав внимателно, како мојата судбина да беше испишана на нејзиното лице.
Станислав Лем
Подарете го направеното од вашите раце и не е важно каков е подарокот, главно е вашето внимание.
Џим Рон
Подобро да кажам нешто за вас, отколку воопшто да не обрнувате внимание.
Кристофер Гортнер
Подобро е да не го привлекувате вниманието кон себе во толпата.
Џулиет Бензони
Под вниманието беше страв и нешто друго. Гнев, омраза-инстинктивно отфрлање на неподнослива вистина.
Ли Брекет
Поетот ја ужива неспоредливата привилегија да може да биде тој и другите како што сака.
Шарл Бодлер
Политиката е театар. Не е важно дали ќе победите. Вие давате изјава. Велите: „Тука сум, обрнете ми внимание“.
Харви Милк
Понекогаш дури и интелигентните и многу внимателни луѓе се полоши од слепите.
Алексеј Пехов
Понекогаш малку и подносливо пелтечење или друг говорен дефект помага да се привлече вниманието на публиката.
Борис Џонсон
Понекогаш не можеш едновремено да си умен, смел и внимателен. Понекогаш треба да избереш едно.
Рајли Сејгер
Понекогаш невниманието кон проблемите на другите луѓе е дар божји.
Касандра Клер
Понекогаш посветуваме премногу внимание на недостатоците на другите за да ги превидиме нашите.
Сузан Елизабет Филипс
Понекогаш причината да не го гледаме одговорот е затоа што го разгледуваме прашањето премногу внимателно.
Пол Мареј
Понекогаш треба да внимавате што сакате на овој свет.
Синтија Идн
Понекогаш, обидувајќи се да се оправдаме, го создаваме обратниот впечаток. Вниманието на дребнулиите може да им придаде значење.
Жан Жак Русо
Посветете им внимание на вашата страст, од вас посакуваниот идентитет и вашите вредности: како тие можат да создадат основа за вашите причини.
Џим Квик
Почетокот е деликатно време, со него треба да бидеш внимателен.
Франк Херберт
Почетокот на љубовта е во вниманието, потоа во изборите, потоа во достигнувањата, потоа љубовта без дела е мртва.
Михаил Пришвин
Правото да биде внимателен, да размислува и да си ги проверува мислите многукратно е на оној што е уверен во своето утре.
Дмитриј Биленкин
Практиките за внимателност се корисни кога ги започнувате, а не кога размислувате за нив.
Џули Смит
Првото нешто што му дава смисла на животот е проект кој го бара вашето внимание.
Луис Хаус
Прекумерниот цинизам и сарказам е знак за затворен човек кој се плаши од блиска комуникација и бара емоционална заштита, концентрирајќи го своето внимание на негативното.
Линдзи Гибсон
Прекумерното внимание на гостинот иритира не помалку од недоволното.
Артур Хејли
Премногу внимателната совест никому не му носи добро.
Арчибалд Кронин
Пренебрегнувањето е за оние кои не се достојни за внимание.
Френсис Хардинг
Престанете да внимавате на малите нешта, животот е премногу краток.
Симон Елкелес
Престанувам да обрнувам внимание, бидејќи колку што ја сакам убавината ја мразам глупоста, и кога ги гледам двете заедно ме разбеснува.
Такер Макс
Претполагам дека кога ќе се најдат моите непознати елементи, повеќе луѓе ќе ни обрнат внимание.
Дмитриј Менделеев
Претпоставка за емпатија е едноставно да се обрне внимание на болниот.
Даниел Големан
Пријателството гледа сè и не обрнува внимание на ништо. Љубовта обрнува внимание на сè и не гледа ништо.
Дон Аминадо
Природата има толку многу сила, ако само обрнеме внимание.
Ребека Серл
Проблемот на нашето семејство е што обрнуваме премногу внимание на она што другите го прават или мислат.
Џудит МекНот
Променете ги животите на другите со големо внимание. А дали тоа ќе биде промена на подобро или на полошо, зависи од нас.
Хју Лофтинг
Простиот чин на обрнување внимание може да ве одведе на долг пат.
Кијану Ривс
Просто кажано, внимателноста е сознавање од секој момент до момент.
Џон Кабат-Зин
Просто треба да бидете внимателни и претпазливи.
Анатолиј Иванов
Противречноста треба да предизвика внимание, а не чувства.
Томас Фулер
Протокот на животните сили секогаш ќе го следи фокусот на вниманието.
Дајан Форчн
Проучувањата покажуваат дека луѓето со синдром на дефицит на вниманието (СДВ) се покреативни.
Ерик Баркер
Психичкото здравје има потреба од големо внимание. Тоа е последното табу и треба да се соочиме со него и со него да се справиме.
Адам Ант
Публиката обрнува внимание само додека знаете каде одите.
Филип Крозби
Разбирањето и одговарањето на желбите на човек е еден од најмоќните инструменти за привлекување внимание на човек, независно дали е во бизнисот или во личниот живот.
Марк Гулстон
Разбрав дека одењето таму кај што всушност ќе бидам странец може да го одвлече вниманието на луѓето од поинтимната природа на мојата определена другост.
Ендрју Соломон
Развивајќи навика да си раскажуваме приказни за тоа што се случува околу нас, ние учиме да го насочиме нашето внимание кон тоа.
Чарлс Дувиг
Размислувајте внимателно, а дејствувајте решително.
Џигоро Кано
Располагате со ограничен буџет на вниманието, што можете да го издвоите за дејности, и ако се обидете да го надминете ќе пропаднете.
Даниел Канеман
Реалноста е само премногу внимателно исчешлана фантазија.
Горан Петровиќ
Реинженерингот не може да се планира внимателно и да се спроведе со мали и претпазливи чекори. Тоа е предлог за сè или ништо со несигурен резултат.
Мајкл Хамер
Религијата е одговор на најголемите прашања на човекот. Во моментот во кој престануваме да обраќаме внимание на основните прашања, религијата станува неумесна и настанува нејзината криза.
Абрахам Џошуа Хешел
Рефлексијата е внимателно и макотрпно размислување и внимателно внимание, насочено кон пријатниот ефект на нечиј план. Пронајдокот, од друга страна, е решавањето сложени проблеми и откривањето нови принципи преку блесок и еластичност.
Витрувиј
Решавачка улога во внимателната грижа за деталите таму кај што корисникот не очекува. На тоа често се заборава.
Џони Ајв
Решете да обраќате внимание на идеите, не само на политиката.
Артур К. Брукс
Родителите кои постојано обрнуваат внимание-особено во тие рани години-ги одгледуваат статистички најсреќните деца.
Џон Медина
Сакам да бидам во центарот на вниманието.
Џон Мејер
Сакам да кажам, не обрнувајте внимание на она што го говорат луѓето. Тие никогаш нема да ја разберат душата на некој друг.
Томас Севиџ
Сакате да бидете многу внимателни со интензивната идеологија. Тоа претставува голема опасност за единствениот ум што некогаш ќе го имате.
Чарли Мангер
Сакаш да бидеш некој. Ако сакаш да отидеш некаде, треба да се разбудиш и да обрнеш внимание.
Вупи Голдберг
Само внимателниот читател може да се нарече читател.
Даниел Рондо
Само иднината ќе може да постави сè на свое место и само внимателниот поглед во минатото ќе ви дозволи да го видите магливиот проблесок на правилниот одговор. Таа ќе чека.
Мартина Кол
Само невниманието и невниманието можат да ни обезбедат какво било излекување. Поради оваа причина целосно се потпирам на нив.
Дејвид Хјум
Само некој кој внимателно се подготвил има можност да импровизира.
Ингмар Бергман
Само преку внимателна ментална подготовка можеме постојано да донесуваме мудри решенија.
Џим Рон
Самосвеста, накратко, значи да бидеш внимателен кон внатрешните состојби, без да реагираш на нив и без да ги осудуваш.
Даниел Голман
Светот е убав и во него живеат интересни луѓе. Просто треба да погледнете внимателно.
Џесика Парк
Секогаш е корисно да имаш еден светол детал на облеката-да го привлекува вниманието на другите и да им го одвлекува нивното внимание од тебе.
Кацуџо Ниши
Секогаш има нешто што бара внимание кога поседувате имот.
Дејв Ремзи
Секогаш кога обмислувате нова цел, обрнете внимание на ефектот што таа го има врз вашата моментална реалност.
Стив Павлина
Секогаш постои причина поради која ние го привлекуваме вниманието на луѓето.
Донато Каризи
Секогаш сме премногу занесени во она што е околу нас и не обрнуваме ни малку внимание на она што сме самите ние.
Кетрин Фишер
Секогаш треба да сме на штрек и да внимаваме на грешките во мислењето. Вечната будност е клучна фраза не само за слободата, туку и за мислењето.
Мајкл Шермер
Секогаш ќе се најдат луѓе кои ќе ви причинуваат болка. Нужно е да продолжувате да верувате во луѓето, само бидете малку повнимателни.
Габриел Гарсија Маркез
Секој е слободен да фантазира за што сака. Но, тогаш тој е должен да обрне внимание на своите фантазии, дека тие се само фантазии. Ако тој не го стори тоа, ќе ги излаже, а тогаш фантазиите имаат право да го убијат.
Јустен Гордер
Секој миг нашиот ум добива неколку милиони честички информација, но обрнува внимание само на она што нè интересира или што е дел од нашите илузии или мечти.
Маријан Рохас Естапе
Секој писател на кој му се восхитувам е мојот учител. Ако го погледнете и ако сакате да читате доволно внимателно и да читате и препрочитате текст, ќе научите нешто за занаетот.
Сандра Циснерос
Секој спортист или музичар кој го заслужува внимание ќе ви каже дека главната работа е правилно да го изберете времето.
Шехан Карунатилака
Секој со стаклена глава треба да внимава на камењата.
Елизабета Фримантл
Секој човек поопфатно и повнимателно го изучува она што веќе го знае.
Андреј Рубанов
Секоја мисла се пројавува надворешно, ако вниманието е премногу сосредоточено на неа.
Иван Ефремов
Секоја пресуда, и обвинувачка и ослободителна, треба да ја слушаш со подеднакво внимание.
Доминик Строс-Кан
Секојдневниот живот не ги зема предвид нашите чувства и упорно нè принудува да се потчинуваме на неговата волја.
Хариет Бичер Стоу
Сè во мојот живот, сè што порано беше забавно сега е исто така остро. Ако не внимавам, ќе се пресечам.
Ана Волц
Сè на што го насочувате вашето внимание расте и се развива.
Ендрју Метјус
Сè си има граници, по извесно време едноставно престануваш да му обраќаш внимание.
Лиз Мареј
Сите нешта што заслужуваат внимание се чудни.
Кетрин Валенте
Сите правиме глупости кога сме повредени за да го привлечеме вниманието на луѓето кои нè повредиле.
Лаура Гајего
Се грижам дека светот станува се похаотичен секој ден. Се возбудувам што повеќе луѓе кои обрнуваат внимание на „Помалку, но подобро“ би можеле да помогнат во решавањето на нашите растечки проблеми.
Дитер Рамс
Се радувам што издвоив толку малку внимание на добрите совети; ако ги бев следела, би избегнала некои од моите највредни грешки.
Една Сен-Винсент Милеј
Се разбира, нашите навики се многу силни и нема да се променат преку ноќ. Но, веднаш штом ќе ни се променат ориентирите, веднаш штом ќе го насочиме нашето внимание од заблуда кон јасност, семињата на будењето ќе почнат да никнуваат.
Јонги Мингјур Ринпоче
Склони сме да обрнуваме многу помалку внимание на тоа како се чувствуваме. Но, како се чувствувате е најраниот индикатор за вашето здравје на клеточно ниво.
Кејти Бауман
Скромен не е оној што е рамнодушен кон пофалбите, туку оној што е внимателен кон осудите.
Жан Пол
Слушањето со неподелено внимание и безусловна љубов е можеби најголемиот подарок што можеме да им го подариме на другите.
Џералд Јамполски
Сметам дека ништо што може да се изрази со математиката не може да се изрази со внимателна употреба на литературни зборови.
Пол Самјуелсон
Сметате ли дека е лесно да бидете внимателни?
Владимир Богомолов
Смешно е да обраќаш внимание на зборовите на идиот.
Дафне де Мориер
Советите се единственото нешто што се дава бесплатно, но запомни дека е нужно да ги прифатиш само оние совети што заслужуваат внимание.
Џорџ Клејсон
Современиот култивиран човек постепено се оддалечува од природните нешта и животот му станува сè поапстрактен. Природните (надворешни) нешта стануваат сè поавтоматски и ние набљудуваме дека нашето жизнено внимание се насочува сè повеќе кон внатрешните нешта.
Пит Мондријан
Солзите не помагаат ништо. Секој обид да се привлече вниманието на луѓето кон околностите во вашиот живот само ја отежнува ситуацијата.
Стиг Ларшон
Соништата се случуваат на најчудни места. Внимавајте на нив.
Лиза Мекман
Сонот е како мачката: иде тогаш, кога ќе престанеш да му обрнуваш внимание.
Џилијан Флин
Сонувај внимателно-соништата можат да се остварат.
Александра Потер
Состојбата на умот на човекот е три четвртини од она што има значење, така што треба да биде внимателно потхранувано, ако сакате да направите нешто големо и трајно.
Пол Гоген
Сочувството започнува со внимание.
Даниел Големан
Сочувството понекогаш боли повеќе од невниманието.
Робин Бенвеј
Со годините човек сè помалку обраќа внимание на она што ги дразни другите.
Леонора Карингтон
Со големите имиња се исплати да бидеш внимателни; не можеш ниту да ги игнорираш, ниту да ги оставиш да те ослепат.
Џулија Камерон
Со добрината треба да се однесуваш внимателно. Глупавите луѓе обично ја сметаат за слабост.
Клајв Баркер
Со сето изобилство од компјутери, што го имаме, она што е недостатно е човечкото внимание и време.
Сатја Надела
Со сеќавањето на детството треба да постапуваме внимателно.
Џилијан Флин
Со способноста да научиме да разликуваме на што да обрнеме внимание и што да игнорираме, ќе имаме еден од најважните клучеви за убаво размислување.
Томас Наваро
Спокојството е длабок квалитет на вниманието што ја негува способноста за отпуштање. Ладнокрвно можеме да признаеме дека нештата се какви што се, дури и да не се сака друго.
Тара Бенет-Голман
Според мене, премногу внимание на времето води до нестабилност на карактерот.
Елизабет Гауџ
Способноста да се фокусира вниманието на важни нешта е определувачка карактеристика на интелигенцијата.
Роберт Шилер
Срам и чест-како крпа: колку е позапоставена, толку сте поневнимателни кон неа.
Луцију Апулеј
Среќата на човештвото-ете колку е дејствувачки важно, а судбината на поединецот во принцип не заслужува особено внимание.
Стив Павлина
Стариот човек не станува попаметен-тој само станува повнимателен.
Ернест Хемингвеј
Староста не е толку страшна работа, ако ја земеме под внимание можната алтернатива.
Морис Шевалие
Стравот е балон надуен од нашето воспримање. Се храни со енергијата на нашето внимание.
Виталиј Гиберт
Судбината се оформува половина од очекување, половина од невнимание.
Ејми Тан
Суетата е вреден ресурс. Суетниот човек е внимателен спрема себе и спрема опкружувањето.
Елена Феранте
Сум забележал дека колку станувам постар, толку повнимателно ме слушаат, макар и да го кажувам истото како порано.
Петар Устинов
Суштествуваат различни тонови на менталниот живот или, со други зборови, нашиот ментален живот може да се живее на различни височини, ту поблиску до дејствието, ту подалеку од него, според степенот на нашето внимание спрема животот.
Анри Бергсон
Тајни, тајни, тајни. Ако се загледнете внимателно, луѓето се полни со тајни.
Сара Пинбера
Така што, поради невнимание вие го жртвувате вашето здравје и поради нешта кои не заслужуваат.
Франц Кафка
Такво на прв поглед едноставно дејствие како „внимание кон она што се случува“ води до реални и дури радикални промени во мозокот.
Џилијан Рајли
Тврдоста ги плаши сонувачите и страшливите, оставајќи повеќе можности за оние како нас кои сакаат да издвојат време за да го изработат внимателно најдобриот пат напред и потоа самоуверено да преземат дејствија.
Кал Њупорт
Тие кои не обрнуваат внимамие на своите чекори, не можат да се спознаат себеси и не можат да знаат каде им оди животот.
Шунмио Масуно
Ти не си таму кај што беше, и не си таму кај што одиш. Тука си, затоа внимавај!
Мерироуз Вуд
Тинејџерите не би можеле да обрнат внимание на ништо друго, освен на сексуалноста што се издигнува еден од друг како пареа.
Селест Инг
Toa е карактеристично за луѓето: повеќе внимание издвојуваат на загадочното и двосмисленото, отколку на јасното и разбирливото.
Николај Велимирович
Тоа невнимание кон опкружувачите не е ли најдобриот доказ за вљубеноста?
Џејн Остин
Тоа патување ми даде еден сјаен пример за тоа колку е лесно да се пренебрегнат дури најзабележителните појави, ако никој друг сè уште не им обрнал внимание.
Чарлс Дарвин
Тоа што доаѓа во светот да обеспокои ништо, не заслужува ниту внимание, ниту трпение.
Роне Шар
Тоа што на прв поглед се чини дека е глупост, при повнимателно разгледување не е така.
Екатерина Барсова
Тој говореше самоуверено за сопствените дела, но во исто време поставуваше многу практични прашања и со најголемо внимание ги слушаше одговорите.
Џаред Дајмонд
Тој квалитет да ги гледаш нештата свежи, како за прв пат, лежи во основата на вниманието.
Тара Бенет-Голман
Тој што внимателно располага со ресурсите успешно ги преживува дури најтешките времиња.
Џулија Ендерс
Тој откри дека можете да слушате пеење без да внимавате на зборовите.
Џон Д. Мекдоналд
Тој помисли дека треба да извлече поука од тоа: вниманието на надворешните детали нè лишува од разбирање на суштината.
Лусиус Шепард
Толку внимаваме за да не настрада никој. Односно никој, освен ние самите.
Мелоди Бити
Точно како што физичката болка ни кажува да ги тргнеме рацете од огнот, нашиот страв ни кажува-откако ќе се изгориме-да бидеме внимателни со огнот следниот пат.
Хариет Лернер
Траорот, чинот на справување со тагата, бараше внимание. Досега ги имаше сите итни причина да се избрише секое внимание, што инаку би можело да биде обратно, да се прогони мислата, да се внесе свеж адреналин во кризата на денот.
Џоан Дидион
Треба внимателно да ги водите луѓето кон она што веќе знаат дека е правилно.
Филип Крозби
Треба внимателно да ги избирате луѓето со кои го поминувате вашето време.
Џо Витале
Треба да бидеме внимателни при избор на зборови и изрази. Зборовите исто имаат остри агли.
Минеко Ивасаки
Треба да бидеме многу внимателни за да го препознаеме придушениот звук на напукната керамика во гестовите на други луѓе.
Микела Мурџа
Треба да бидете многу внимателни кога работите на продолжение бидејќи тоа треба да биде продолжение на она што сте го правеле претходно.
Хидео Коџима
Треба да внимавам што кажувам бидејќи зборовите значат различни нешта за различни луѓе и вашата приказна лесно може да се претвори во оружје што може да се сврти против вас.
Надја Мурад
Треба да внимавате да не ја лишите песната од нејзиното диво потекло.
Стенли Кјуниц
Треба да внимавате кому му верувате и во што верувате.
Мишел Харисон
Треба да внимавате со парите. Не дозволувајте да владеат.
Ричард Осман
Треба да внимавате кога ги прашувате луѓето дали се среќни; тоа е прашање што може многу да ги вознемири.
Франсоа Лелор
Треба да внимаваш што мислиш дека знаеш.
Симон Синек
Треба да верувате во себе повеќе од другите. Обрнете внимание на вашиот внатрешен глас-тој ќе ви каже дали, како и во што инвестирате е соодветно за вас.
Сузи Орман
Треба да гледаме многу внимателно. Во спротивно, нема да видите ништо.
Дејвид Алмонд
Треба да имаме многу примитивна идеја за вечноста ако посветиме многу внимание на умирањето на триесет или сто години.
Гезуалдо Буфалино
Треба да ги избирате зборовите многу внимателно и не заборавајте да го кажете точно она што имате намера да го кажете.
Нортон Џастер
Треба да се загледаме внимателно во нашата сенка и да ја осветлиме.
Габриел Бернштајн
Треба да се внимава на две нешта: сопствената глупост и туѓата мудрост.
Ерик Берн
Треба да сме во состојба да се помириме со околностите: кога се добри-дотолку подобро, а кога се лоши не треба да обрнуваме внимание на тоа.
Жил Верн
Треба да сме исклучително внимателни кон семето што ќе го посее нашата рака; љубовта на љубовта ќе никне, омразата на омразата ќе расте.
Вилијам Мекдоналд
Треба да сте многу внимателни кога зборувате за нарушувања на личноста. Затоа што секој има индивидуалност.
Кевин Датон
Треба да сте многу, многу внимателни со ограничувањата. Затоа што секакви забрани ја искривуваат реалноста.
Роман Злотников
Трезвените се премногу внимателни со зборовите.
Питер Мејл
Ќе барам мудрост. Ќе си ги изберам пријателите внимателно.
Енди Ендрјус
Ќе треба да сме многу внимателни како дозволуваме нашите потреби да нè оформат.
Октавија Е. Батлер
Убавите нешта не бараат внимание.
Џејмс Турбер
Убаво нешто се случува кога ќе почнеме да обраќаме внимание еден на друг. Имено, како учествуваш повеќе во вашата врска, вдишуваш живот во неа.
Стив Мараболи
Увото е некорисно ако мислата скита.
Рабиндрнат Тагоре
Ужасна комбинација на невнимание и решителност.
Џеси Бартон
Умеам да слушам внимателно. Особено она што не ме засега.
Трејси Шевалие
Умеењето внимателно да избираш со кого да бидеш е една од најважните и најкорисните навики. Треба да го заштитите вашето сознание од надворешна негативност.
Кристин Хелмстетер
Уметникот треба да биде егоист. Тој е должен да внимава на секоја секунда од своето време.
Ирвинг Стоун
Уметноста да бидеш мудар се состои во умешноста да знаеш на што не треба да обраќаш внимание.
Вилијам Џејмс
Умот е како фантом и фактички никогаш не постои во сегашноста. Неговата единствена моќ се состои во освојување на твоето внимание од сегашноста.
Даниел Милман
Управувањето со времето треба да отстапи место на управувањето со вниманието и енергијата.
Крис Бејли
Усогласувањето бара присуство, но е процес на фокусирано внимание и јасна перцепција.
Даниел Сигел
Успехот има тенденција да ги благослови оние кои се најангажирани да му посветат најголемо внимание.
Грант Кардон
Учиме најдобро со фокусирано внимание. Додека се фокусираме на она што го учиме, мозокот ја мапира информацијата за она што веќе го знаеме, создавајќи нови невронски врски.
Даниел Големан
Учителот, ако е искрен, секогаш е должен да биде внимателен со ученикот.
Максим Горки
Уште еден плус на популарноста: не обрнувате внимание на тоа дека ти обрнуваат внимание.
Лорен Оливер
Факт е дека и пофалбиата и казната треба да се користат многу внимателно.
Масару Ибука
Фокус: тоа вклучува стеснување на рефлекторите на вашето внимание за да се сосредоточите на задачата која ви претстои, што ви помага да работите поефикасно.
Крис Бејли
Формулата за способност за управување со вниманието: расеано + брзо вратено=навика.
Крис Бејли
Хронолошките линии обезбедуваат структура која ни овозможува да се сосредоточиме на целите кои го бараат нашето внимание, додека сè останато може да биде одложено до друг ден-или едноставно да биде исфрлено.
Џеф Сандерс
Хуморот е богата наградувачки за човекот кој го користи. Има извесна вредност за привлекување и задржување на вниманието, но нема никаква убедлива вредност.
Џон Кенет Галбрајт
Цивилизацијата се забрзува толку многу, што периодот во кој човек може да го задржи вниманието фокусирано на нешто е патолошки краток.
Карл Оноре
Часовите на криза често бараат жртви. Што се однесува на последиците, кога сомнежот и стравот го дале најдобриот совет? Зошто да не обрнеме внимание на верата, храброста и честа?
Брендон Мул
Чесниот човек е внимателен, тој ги забележува туѓите недостатоци, но никогаш не зборува за нив.
Пјер-Клод-Виктор-Боист
Често користиме зборови на штетен начин не затоа што сме лоши луѓе, туку едноставно затоа што не обрнуваме внимание. Никој никогаш не нè научил колку всушност се моќни зборовите.
Џек Канфилд
Човек достатно голем за да биде смирен изгледа поуверен од несигурниот човек кој се чувствува принуден да обрне внимание на своите достигнувања. Човек кој е занесен (било од патриотска дејност, или од реформативна дејност, или од научна дејност, или дури од уметност), обраќа малку внимание на своето семејство, на своето богатство, на својот просперитет, дури на своето здравје. Тој ги жртвува и во исто време е среќен!
Лев Гумиљов
Човек кој е страстен за својот живот, радувајќи се на некои победи во различни области, блескав и сигурен во себе, продолжува да го привлекува вниманието на партнерот дури по долги години заедно.
Ника Набокова
Човек кој малку зборува, но е способен внимателно да го слуша собеседникот, во девет од десет случаи е многу поефикасен агент од оној кој благодарение на сопствената елоквентност умее лесно да одржува разговор.
Кетрин Веб
Човек кој нема внимателно да ги слуша искрено дадените совети е глупак. Се разбира, човек кој слепо прима секој совет што ќе го добие е поголем глупак.
Тад Вилијамс
Човек секогаш се движи напред со повишено внимание, но бега од опасноста можно најбрзо.
Дејвид Рок
Човек треба да се грижи внимателно за стравот и очајот на силните. Тие многу добро го разбираат потенцијалниот дострел на „ултимативното оружје“ и само се надеваат дека оние што бараат послободен и праведен свет нема да го добијат истото разбирање и ефективно да го користат.
Ноам Чомски
Човечкиот ум има способност да создава еден вид психички Интернет, дозволувајќи ви да влезете во контакт со сè во секој момент. Сè што треба да направиме е фокусирање на вниманието.
Лин Мектагарт
Човечките очи се знаковен јазик на мозокот. Ако ги набљудувате внимателно, можете да ја видите разиграната вистина, сурова и незаштитена.
Тарин Фишер
Човечките суштества обрнуваат многу малку внимание на она што им се кажува, освен ако веќе не знаат нешто за тоа.
Кристофер Морли
Човечкото невнимание, како што знаете, нема граници. Понекогаш дури може да биде корисно, но почесто е токму спротивното.
Тим Паркс
Чувствителен човек е оној кој пројавува внимание кон сите односи со животот: растенија, животни, реки или мориња, возрасни или деца, ѕвезди или пустини, музика или тишина, оброци или здравици, живи или мртви.
Енрике Марискал
Чувството дека те слушаат внимателно, без да пропуштат ниту еден збор е не помалку важно од нежноста.
Јануш Вишневски
Чудно нешто е староста! Вие сте опкружени со внимание, љубов и почит. Но, колку е жално дека тоа не трае долго.
Емил Ожие
Што и да се случи на Земјата, останатиот дел од Вселената нема да обрне внимание на тоа.
Стивен Хокинг
Што може човечкото внимание против семоќните раце на судбината?
Жорж Санд
Штом ќе го привлечете вниманието на луѓето, имате поголема одговорност да им кажете нешто вредно.
Тобијас Форџ