129. Чувствување, Човекољубие, Простување
Што чувствуваш? Чувствувам. Како секој друг. Да., човек што е човек не може да не чувствува. Нешто, што било, различно во секакви ситуации, премрежија, расположби и нерасположби. За едни едни поважни од други, за други само други. За сите едно, сплотувачко и жизнено: љубов.
Какво годе чувствување на човек и на човек спрема човек не оди без човештина, најпрвин без човекољубие. Просто, без човекољубие не си човек. Љуби го човекот и никогаш нема да станеш нечовек или да се покажеш нечовек. Не е работата само во спомагањето, на некој секогаш да си му при рака. Работата е секогаш да работиш и создаваш повеќе за друг одошто за себеси.
Секогаш без брзање и внимателно со простувањето, сеедно кога простуваш или кога ти се простува. Мери го, одмерувај го, разбери го па прифати го или отфрли го она што е за простување. Секое простување е само по себе човечко и големо, ама секое не е непоследично. Ако простуваш сè, може лесно и брзо да се простат од тебе. Значи да те фрлат и остават во заборав. Простувањето и заборавањето на простеното е доблест на големи, а не на дребни луѓе.
Македонски народни пословици и изреки
Ашколсун на чоештината што ја има.
Немал никаква чоештина; или: имал чоештина; на двата збора се вели.
Кој му праи на ѓаоло добрина, тој му се праи роднина.
Кој не го припознаа доброто, тој му је род на ѓаоло.
Триста добриња му напраи, и не му ји припознаат.
А за тоа, да ми простиш-нема (нема да дозволам).
Бог да го прости; Бог душа да му прости; Господ душата да му ја прости.
Бог да ми прости; Боже прости; Да ми прости лебот (трпезата).
За Бог да прости (раздава храна).
Го прости Господ-умре.
Простено и благосоено од Бога и од попо.
Проштаајте оти ракија немаме, а вино и леб не ни се згоди, тики повелете, ручајте лук без леб.
Пословици и изреки од народи на светот
Подобро е на пријател да му се прости, одошто да се изгуби. (Арапска)
Ако се надеваш на простување од оној што e над тебе, биди подготвен да им простиш на оние што се под тебе. (Арапска)
Му се простува сè на оној што на себеси ништо не си простува. (Кинеска)
Добрината и простувањето создаваат неблагодарници. (Португалска)
Латински изреки
Подобро е да се почувствува неправда одошто неправда да се создаде. (Accipere quam facere praestat iniuriam.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Кога ќе падне непријателот твој, немој да се радуваш. И кога ќе пропадне, нека не игра срцето твое.
Библија
Кој гледа со еднаков поглед на душманот свој и на својот пријател, на луѓето добри и зли, на роднините и туѓинците-вреден е за восхит. Кој туѓото блаженство и туѓите патила ги посвојува со срцето свое и како сопствен чувствува сечиј јад-навистина е вреден за восхит.
Бхагават Гита
О, сокриен животе што трепериш во секој атом. О, сокриена светлино што блескаш во секое суштество. О, сокриена љубов што обединуваш сè во едно. Нека секој што се чувствува себеси како едно со тебе знае дека поради тоа е и едно со секој. Целата вселена е храм на највисок дух. Единствено поклонението на светите места е чисто срце.
Класична мантра
Стани со Сонцето и помоли се. Моли се сам. Моли често. Големиот Дух ќе слуша, само ако ти зборуваш.
Индијанци
Рекле, издумале
Во конфликтот меѓу срцето и главата, слушај го срцето.
Свами Вивекананда
Владеј со своето чувствување, зашто тоа ако не слуша, заповеда.
Хорациј
Ако разумот го прави човекот, чувството го води.
Жан Жак Русо
Секој човек е секогаш убеден во она што го чувствува и ако не е убеден во она што го мисли.
Јован Дучиќ
Очаен човек личи на студена свеќа; загреј го, и тој ќе се стопи.
Козма Прутков
Чувствувањето вина и сожалување е аристократско чувствување. Чувствувањето навреда и завист е плебејско чувствување.
Николај Бердјаев
Хуманоста е целовита. Ако за едно важи, а за друго не, престанува да биде хуманост.
Меша Селимовиќ
Пријател кој ги сака сите луѓе не е според мојот вкус.
Молиер
Хуманоста се состои во тоа човек никогаш да не биде жртвуван за некоја цел.
Алберт Швајцер
Линијата на хуманизмот и урбанизмот никогаш не се поклопуваат.
Георг Кристоф Лихтенберг
Подолги размислувања нè наведуваат да се прашаме дали добродетелството не му нанесе на човештвото по веќе зла одошто добра.
Волтер Багеот
Секогаш кога сакаш да заборавиш на злото што ти е сторено, уште едно зло на светот умрело.
Буда
Простувајќи, човекот се крева над оние што го навредуваат.
Наполеон I Бонапарта
Кога човек разбира сè, тој сè и простува.
Лав Николаевич Толстој
На пријателите лесно им ги простуваме грешките што не нè засегаат.
Лав Николаевич Толстој
Сè додека луѓето не ги сметаат сите други луѓе браќа, а животот највисоко од сите добра, секогаш од лични интереси ќе се уништува животот на други луѓе.
Лав Николаевич Толстој
Треба да трпиш и да простуваш сè, како Мајка Земја.
Рабиндранат Тагоре
Премногу простувајќи им на оние што грешат, им правиш неправда на оние што не грешат.
Балдасар Кастилионе
Да им се прости на сите е исто така погрешно како и да не му се прости никому.
Абе д Ла Рош
Прво: на своите пријатели простувај им сè и имај разбирање за нивните мани. Второ: постапувај секогаш така што никогаш да не мораш да молиш за нивно простување.
Абдурахман Џами
Добродетелствата треба да се врежат во бронза, а неправдите во воздух.
Галилео Галилеј
На луѓето со големи особини најтешко им ги простуваме нивните мали грешки.
Мари фон-Ебнер Ешенбах
Додека се сака, дотогаш и се простува.
Франсоа Ла Рошфуко
Потешко е да се прикријат чувствувањата што ги имаме, одошто да се глумат оние што ги немаме.
Франсоа Ла Рошфуко
Често им простуваме на оние што ни досадуваат, но никогаш не можеме да им простиме на оние на кои ние самите сме им досадни.
Франсоа Ла Рошфуко
Да се прости па да се заборави, значи стекнатите искуства да се фрлат низ прозорец.
Артур Шопенхауер
На пријателите лесно им ги простуваме грешките кои нè погодуваат.
Артур Шопенхауер
Човек што не страдал не умее ниту да простува.
Николо Томасео
Тешко е да се прости навреда што ве спуштила. За да си олесните на себеси, помислете дали сте поставени на вистинското место.
Симон Вејл
Да се разбере сè, значи да се прости сè.
Томас Кемпис
Додека сакаме, дотогаш простуваме.
Владета Јеротиќ
Кој нема да поверува дека е „подобро да разбираш и простуваш, одошто да казнуваш“-му нема спас.
Десанка Максимовиќ
Ако се надеваш на простување од оној што е над тебе, биди подготвен и ти да му простиш на твојот подреден.
Ширази Саади
Ги обзеде љубов-чувство уште потешко и посурово од глад.
Џек Лондон
Чувствата што ги доживуваме не нè трансформираат, туку ни ја сугерираат идејата на трансформација. Значи, љубовта не нè ослободува од себичноста, туку нè освестува и нè потсетува на нашата далечна татковина, кај што за себичноста нема место.
Албер Ками
Љубовта спрема овој или оној град е условена од чувствата што човек мора да ги доживее во него, а не од самиот град.
Марлен Дитрих
Само човекот го прави светот мислечки-сè уште сме зафатени со тоа; и ако еднаш го разбрал, чувствува дека светот сега е негова креација-ах, а сега мора, како секој творец, да ја сака својата креација.
Фридрих Вилхелм Ниче
Возвишените луѓе не ги прави силата на високи чувства, туку нивното траење.
Фридрих Вилхелм Ниче
Сето наше умување се сведува на тоа да им попуштаме на чувствувањата.
Блез Паскал
Сочувствувањето не е чувство, туку е тоа благородно расположение на душата, подготвено да прими љубов, милост и други честити чувства,
Данте Алигиери
Три добродетелства ја красат душата: убавина, мудрост и љубов. Човек треба да ги почитува и да се труди да ги сфати.
Хорхе Ангел Ливрага
Сакајте ги луѓето, често помогнете им и секогаш пожалете ги, зашто сите луѓе ни се потребни.
Иво Андриќ
Да бидеме пред сè добри, потоа чесни, а после-да не се заборавиме меѓусебно.
Фјодор Михајлович Достоевски
Да, кога сме несреќни ние ја чувствуваме посилно и несреќата на други; чувствата не се распарчуваат, се сосредоточуваат.
Фјодор Михајлович Достоевски
Толку малку има љубов меѓу луѓето. Кој умее да сака, не би требало да работи ништо друго.
Душан Радовиќ
Љубовта спрема Бога и љубовта спрема ближниот се две крила на иста врата кои се отвораат и затвораат само заедно.
Серен Кјеркегор
На цветот му е потребно сонце за да стане цвет, а на човекот љубов за да стане човек.
Фил Босманс
Да се сакаме-не со збор или јазик, туку со дело и вистина.
Апостол Јован
Ако ве повреди некој, можете да заборавите; ако вие повредите некого, тоа секогаш ќе го паметите.
Калил Џибран
Да се греши е човечки, да се простува божествено.
Александер Поуп
Простувањето е повторно наоѓање на отуѓена сопственост-мизантропија, продолжено самоубиство; егоизам, најголема беда на едно суштество.
Фридрих Шилер
Кога нè љубат, жените ни простуваат сè, дури и нашите злосторства. А кога не нè љубат, не ни простуваат ништо. Дури ни нашите добродетелства.
Оноре де Балзак
Кој простува злосторство, станува соучесник во него.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Љуби ја вистината, но простувај ја заблудата.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Лесно ќе му простиме на дете што се плаши од мрак. Вистинска трагедија се луѓе кои се плашат од светлина.
Платон
Луѓето простуваат сè освен искреност.
Антун Густав Матош
Можам да простам, но не можам и да заборавам, е втор начин да кажете не можам да простам.
Хенри Вард Бичер
Не постои одмазда слатка како што е простувањето.
Џорџ Билингс
Никогаш не простувам, но секогаш заборавам.
Артур Џејмс Балфур
Ништо не е така попонижувачко како да се сака некој до таа мера што да можете да му простите.
Џери Феј Хол
Да си простиш на себеси? Не, тоа не успева: треба да ни биде простено. Но, тоа е единствено можно ако ние самите можеме да простиме.
Даг Хамаршелд
Простете им на непријателите, но не им ги заборавајте имињата.
Џон Фицџералд Кенеди
Секогаш простувај му на друг, но на себеси никогаш.
Луциј Анеј Сенека
Нека лесно простува оној кому му е потребно простување.
Луциј Анеј Сенека
На добрите им штети оној што на лошите им простува.
Луциј Анеј Сенека
Вистинското помирување никогаш не е евтино, зашто тоа се базира на простување, кое е скапо. Простувањето, пак, зависи од каењето кое се базира на спознанието на лошо делување, а со тоа и на разоткривање на вистината. Човек не може да го прости она што не го знае.
Дезмонд Туту
Слаби не можат да простуваат. Простувањето е одлика на големи.
Махатма Ганди
Бог секогаш нè чека, мисли на нас и не се уморува од простување.
Хорхе Марио Бергољо-Папа Франциск
Ако молчиш-молчи од љубов; ако зборуваш-зборувај од љубов; ако опоменуваш-опоменувај од љубов; ако простуваш-простувај од љубов.
Свети Августин
Да се биде друштвен, значи да се простува.
Роберт Фрост
Кога простувате, на никаков начин не го менувате минатото, но сигурно ја менувате иднината.
Бернард Мелцер
Лесно е да му се прости на непријател кој пукал во нашите деца. Како да ни се прости нам што пукавме во неговите.
Голда Меир
Полесно е да му се прости на непријател одошто на пријател.
Вилијам Блејк
Ништо не инспирира простување како одмаздата!
Скот Рејмонд Адамс
Оној што не може да им прости на други, урива мост преку кој мора сам да мине. Зашто секој човек има потреба да му се прости.
Томас Фулер
Простувањето му помага и на оној што простува и на оној кому му се простува.
Џон Маркс Темплтон
Простувањето е мирис кој синоличката го остава на стапалото што ја здробило.
Марк Твен
Простете додека го љубам небото.
Џими Хендрикс
Речено е дека во Холивуд секогаш треба да им се прости на своите непријатели, зашто никогаш не знаете кога ќе морате да работите со нив.
Лана Тарнер
Секој мисли дека простувањето е убава идеја додека тој не мора нешто да прости.
Клајв Стејплс Луис
Сите гревови во себе веќе носат простување.
Херман Хесе
Ако сакате некој да чувствува емоции, морате да ги пуштите. Слушањето некој е чин на предавање.
Брајан Ино
Човекот не знае да живее; не мисли, не размислува, не смета ако не чувствува; не може непрестано да чувствува ако не замислува; а не може ни да чувствува ни да замислува без страсти, илузии и заблуди.
Уго Фосколо
Човек мора да се вежба во умереност и надзор на нашите сетила и наклоности во кој било поглед, така одржувајќи се себеси млад во телото и разумот. Воздржувањето не ми било секогаш според вкусот, но моите лагодни искуства се голема награда.
Никола Тесла
До најдлабоките и најчистите вистини попрво се доаѓа со чувство, одошто со размислување.
Анатол Франс
Ништожноста е едно бескрајно ништо, и тоа ништо нè опкружува. Од неа доаѓаме, во неа заминуваме. Таа е нешто што не можеме да го сфатиме, а сепак постои.
Анатол Франс
Јас сум очигледно ранлив на тие ваши страсни и нестабилни односи. Јас се обидувам да не бидам толку чувствителен.
Салман Ружди
Кога ја ковеш својата среќа, не удирај ги ближните по прстите.
Ибн Зафар ал-Сикили
Кога нема болка, тоа е крај на чувствата. Секое наше задоволство е трговија со ѓаволот.
Чарлс Буковски
Кога луѓето гледаат добро, тие очекуваат добро, а јас не сакам да живеам според нечии очекувања.
Јан Сомерхалдер
Мојата работа изразува вљубеност со човечки суштества. Јас не верувам дека за разбирање е нужно да се прости, но чувството дека се разбираме прави еден заборав да не може да се прости.
Ребека Вест
Никогаш не сум се чувствувал удобно со себеси, зашто никогаш не сум бил дел од мнозинството.
Стивен Спилберг
Не сум навикнал на чувството како да ми е местото кај што сум јас.
Роберт Дауни Помладиот
Ништо не е комично, сè е трагично. Ништо не е трагично, сè е комично, сè е стварно, нестварно, невозможно, појмливо, непојмливо. Сè е тегобно, сè е лесно.
Ежен Јонеско
Очите и ушите се лоши сведоци ако духот не ти е школуван.
Хераклит
Чувствувањата понекогаш можат да нè измамат, паметно е да не се послуша повеќе никогаш во целост оној што макар еднаш нè измамил.
Рене Декарт
Еден ден ја почувствував сета немоќ на нашиот живот и замрсеноста на нашата судбина. Видов дека никој не оди кај што сака и забележав врски, досега непосматрани.
Милош Црњански
Поетите се чувствување, а филозофите разум на човештвото.
Семјуел Бекет
Всушност, поезијата е чувство за детал.
Брајан Д`Амато
Политичарите ниту сакаат, ниту мраат. Интересот, а не чувството управува со нив.
Филип Стенхоуп
Понекогаш се чувствувам како плод на мојата сопствена фантазија.
Лили Томлин
Предноста на чувствувањата е што нè водат на крив пат, додека науката има предност зашто нема никаква врска со чувствителноста.
Оскар Фингал Вајлд
Сликарството е занает на слепец кој не го слика она што го гледа, туку она што го чувствува, она што самиот на себе си го кажува за она што го видел.
Пабло Пикасо
Староста е работа на чувствата, а не на годините.
Пјер Абелар
Срамот е последица на чувство на чест.
Имануел Кант
Страста има сила и над човечката природа. Таа шири чувство: кловнот го прави нежен, а на кукавицата му дава храброст. Во најјадните и најпрезрените таа им внесува срце и храброст да му се спротивстават на светот, само ако ги потсети на саканото суштество. Едно суштество му дава на друго, но уште повеќе се дава себеси на самиот себе. Тој е нов човек, со нови забележувања, нови и јасни намери и религиозна сериозност во карактерот и целите. Тој повеќе не им припаѓа на своето семејство и општеството. Тој е нешто. Тој е личност. Тој е душа.
Ралф Валдо Емерсон
Секое наше спознание почнува со чувствата.
Леонардо Да Винчи
Сите свои одлуки ги донесуваме во расположение или во состојба на духот кои сигурно ќе се променат.
Марсел Пруст
Светот е пластично место без ни малку душа и морал, кај што вистинското чувство стана вистинска реткост.
Курт Кобејн
Кој ги менува мислењата, има променливи и чувства.
Жозеф Жубер
Секогаш запишувам како се чувствувам.
Аделе
Верувај во она што го чувствуваш.
Серена Гомез