ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 10 минути

111. Политика-Политичар

Да се занимаваш со политика, не треба само да ги знаеш основите на политикологијата, туку и да имаш широки познавања на сите области на животот; да си опитен, авторитетен, да си мислечка и творечка личност и да се имаш искажано и докажано со бележита животворност.

Да бидеш политичар, тоа најнапред значи да си докажан како чесен, искрен и достоинствен човек. И да си подготвен на саможртва за сегашноста и идинината на народот и државата.

За политика се политичари, а не попитиканти. Првите најнапред работат водејќи политика, а вторите политизираат работејќи.

Кои се за и со народот? Со политичарите народот си ја тера својата политика, а политикантите полека ги истерува на чистина додека не ги исчисти од пред себеси.

Македонски народни пословици и изреки

Ако го сакаш јадрото, скрши ја лушпата.

Зулум дури не биди, царсто не гинит.

Чекори полека за да не се дигне прашина.

Врви си со арџот со поевтино за да си платиш царското.

Не кревај се на големо пред царот и кнезот.

Силата на синџирот зависи од неговата најслаба карика.

Од уста в уста, на царо в уши.

Стара метла добро познава секое ќоше.

Цар се стори, пак не се благодари.

Цар се праи као петел на буниште.

Кучињата лаат, карванот си врви.

Природата на дождот е секогаш иста, па сепак од неа расте трње во пустелија и цвеќе во градина.

Пословици и изреки од народи на светот

Ако не можеш да ги победиш, придружи им се. (Српска)

Кој има сила зема со сила, кој нема сила зема со ум. (Кинеска)

Мали потоци прават големи реки. (Француска)

Кога умираш од жед доцна е да се размислува за копање бунар. (Јапонска)

Последниот костум се прави без џебови. (Италијанска)

Мирно море никогаш не создава вешти морнари. (Англиска)

Ако не сакаш да задоцниш, не ги чекај оние што одат по тебе, и немој да јуриш по оние кои одат пред тебе. (Германска)

Мирот доаѓа низ разбирање, а не низ договори. (Арапска)

Биди мудар на зборови, а уште помудар на дела. (Арапска)

Оние што немаат ни памет, ни духовност, ни милосрдие, ни верност, ни убаво однесување, ни добри навики-само ѝ се товар на земјата и одат како ѕверки во човечки облик. (Индиска)

Вчера бев паметен. Поради тоа сакав да го менувам светот. Денес сум мудар. Поради тоа се менувам себеси. (Индиска)

Латински изреки

Се плашам од Данајците и кога подароци носат. (Timeo Danaos et dona ferentes)

Кој се служи со сила, од сила и ќе загине. (Potentes potenter tormenta patientur)

Да ѝ се отвора пат на слободата. (Libertati viam facere)

Самостоен, независен човек. (Homo sui iuris)

И од непријателот треба да се учи. (Fas est et ab hoste doceri)

Раскарај и владеј. (Divide et impera)

Чесноста е најдобра политика.

Домисла, гесло, мисла водилка

Источната сила е прејака, а западното ветување несигурно.
Библија

Рекле, издумале

Политиката е како сфингата од басната: ги изедува сите оние кои нема да ги решат загатките.
Антоан де Риварол

Не е ли политиката само вештина да се лаже во вистински час?
ФрансоаМари Аруе Волтер

За успешно да ја врзете толпата, морате да се преправате како да носите исти окови.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Владата треба да има и пастири и месари.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Пактовите се за тоа за нив да се држат послабите.
Карел Чапек

Политиката е вештина на одвраќање на луѓето од водење сметка за она што се однесува на нив.
Пол Валери

Врз политиката не смеат да влијаат ниту соништата, ниту илузиите.
Кемал Ататурк

Политичарите ниту сакаат, ниту мразат: со нив владее интересот, а не чувството.
Филип Стенхоп Честерфилд

Да не заборавиме дека целта на политиката е да нè ослободи од политика.
Жан Пол Сартр

Сметам дека ќе дојде време кога луѓето политичкото ангажирање ќе го заменат со општествено и човечко. Човекот со тоа ќе добие, зашто ќе може да се изразува подобро и подлабоко.
Жан Пол Сартр

Во политиката е како и во правописот: грешките што ги прават сите стануваат правило.
Андре Малро

Кога политичките басни зборуваат за животни-веројатно е времето нечовечко.
Станислав Јержи Лец

Во големите времиња можат да се сместат голем број мали луѓе.
Станислав Јержи Лец

Од што си настанал, зависи од генетиката-во што ќе се претвориш, од политиката.
Станислав Јержи Лец

Политика: трка на тројански коњи.
Станислав Јержи Лец

И маслиновото гранче може да се користи како стап.
Станислав Јержи Лец

Престани да бидеш водач на својата партија и ќе бидеш нејзин дезертер.
Жил Франсоа Симон

Светот на политиката е секогаш дваесет години зад светот на мислите.
Џорџ Чепмен

Многумина политичари потсетуваат на клавир-штимери: со зголемување на напнатоста настојуваат повторно да воспостават рамнотежа.
Валтер Липман

Политичката револуција напредува; државата-полицаец ѝ го отстапува местото на државата-производител.
Валтер Липман

Политиката е војна без пролевање крв; војната е крвава политика.
Мао Це-Тунг

Вештина во политиката е да се умее да се неутрализира противникот, а не да се создаде омраза против себеси.
Лазар од Витаниј (Праведниот Лазар, Лазар Четиридневниот)

Занесеноста и суровоста се главен материјал за ѓубрење на нивите на тоталитаризмот.
Евгениј Евтушенко

Оној што се става во служба на јавноста, треба себеси да се смета за општо добро.
Томас Џеферсон

Политиката е пресериозна работа за да им биде препуштена на политичарите.
Шарл Де Гол

За да стане господар, политичарот мора да се прикажува како слуга.
Шарл де Гол

Бидејќи политичарот никогаш не верува во она што го зборува, секогаш се изненадува кога други веруваат во тоа.
Шарл де Гол

Јас сум политичар на убедување, а не на консензус. Консензусот е процес во кој се отфрлаат убедувања, принципи и темелни вредности за да се постигне нешто што никој не го спори и во што никој не верува.
Маргарет Тачер

Тој не знае ништо, а мисли дека знае сè. Тоа јасно го упатува на политичка кариера.
Џорџ Бернард Шо

Честитоста во политиката е резултат на сила; лицемерието е резултат на слабост.
Владимир Илич Ленин

Ништо толку не му помага на сфаќањето на политичката суштина на појавите колку толкувањето кое за нив го даваат противниците (се разбира, ако тие противници не се безнадежно глупави).
Владимир Илич Ленин

На подрачјето кое бара најголема разборитост-во политиката-обично беснеат најжешки страсти.
Сигмунд Граф

Политиката е однесување со масите и соперниците.
Сигмунд Граф

Во политиката вистината мора да чека додека некому не му биде потребна.
Томаш Масарик

Лоши политичари бидуваат избрани благодарение на добри граѓани кои не излегуваат на избори.
Џорџ Џин Нејтан

Неволјата со политичарите е во тоа што премногу зборуваат, премалку слушаат и воопшто не стигнуваат да мислат!
Џорџ Џин Нејтан

Мој политички идеал е демократијата. Да почитуваме секој човек како суштество и да не правиме од никого идол.
Алберт Ајнштајн

Да не се прави никогаш ништо што се противи на вашата совест, па дури ако тоа од вас го бара и државата.
Алберт Ајнштајн

Политиката е потешка од физиката.
Алберт Ајнштајн

Политиката е за сегашност, но равенство за вечност.
Алберт Ајнштајн

Сите ние кои сакаме мир, триумф на разумот и правдата, мораме да бидеме свесни колку мало влијание разумот и чесноста имаат врз политичките настани.
Алберт Ајнштајн

Оригиналноста на политичарот му е корисна колку и дупка во главата.
Борислав Пекиќ

Политичарите се насекаде исти: ќе ветат дека ќе изградат мост и таму кај што река не минува.
Никита Хрушчов

Уметноста на војувањето е уметност на уништување на луѓе, а политиката е уметност на измамување.
Махатма Ганди

Човекот е по природа политичко животно.
Аристотел

Инфериорните прават револт за да станат еднакви, а еднаквите за да станат супериорни. Таква е состојбата на умовите кои креираат револуции.
Аристотел

Политичарите никогаш не можат да се опуштат. Тие секогаш се стремат кон нешто што е надвор од рамките на политиката, како моќ, слава или среќа.
Аристотел

Патриотизмот во политичкиот живот е она што е верата во религијата.
Џон Далберг-Актон

Секоја моќ се стреми да корумпира, а апсолутната моќ корумпира апсолутно.
Џон Далберг-Актон

Подлизурковците-тоа се за мене најлоши луѓе на светот, најштетни, најрасипани. Тие поддржуваат секоја власт, тие и се власт, тие сеат страв без милост, без каков било обѕир, студени како мраз, остри како нож, како пци верни на секоја држава, како курви неверни на секој поединец, најмалку луѓе од сите луѓе. Додека ги има нив нема среќа на светот, зашто ќе уништат сè што е вистинска човечка вредност.
Меша Селимовиќ

Политика-водење на јавни работи за приватна корист.
Емброуз Бирс

Конзервативец е државник кој е заплашен со модерни зла, додека либерал е политичар кој сака да ги замени со други.
Емброуз Бирс

Политичарите се како пелените. Треба да се менуваат редовно и поради иста причина.
Кен Дод

Политиката не е егзактна наука, туку уметност.
Ото фон Бизмарк

Чесен политичар е оној што кога е поткупен ќе остане поткупен.
Сајмон Камерон

Конечноста не е јазик на политиката.
Бенџамин Дизраели

Во политиката експериментите значат револуција.
Бенџамин Дизраели

Кој не е либерал на шеснаесет-нема срце. Кој не е конзервативец на шеесет-нема памет.
Бенџамин Дизраели

Политиката би требало да биде споредна професија на секој граѓанин.
Двајт Ајзенхауер

Една од казните за неучество во политиката е да завршите на крајот така што со вас ќе владеат нестручни.
Платон

Во науката често се случува научник да прифати своја грешка и да го промени мислењето. Не се сеќавам дека кога било сум видел нешто такво во политиката или религијата.
Карл Саган

Парите и издашните привилегии можат лесно да ги променат политичките погледи на некој човек. Идеологијата ги следи парите.
Лоренс К. Семјуелс

Политичките ветувања-со долга демократска традиција-се најнеобврзна форма на човечки врски.
Антонин Грегори Скалија

Целата уметност на политиката се состои од рационално управување над човечките ирационалности.
Карл Пол Рајнхолд Нибур

Светот грчевито се фатил за поимите десно и лево, а притоа заборавил дека постои и горе и долу.
Франц Верфел

Солзата не знае за политика. Но, ни политиката не знае за солза.
Марко Ристиќ

Треба да се навикнуваме да ја почитуваме волјата на мнозинството, без оглед што понекогаш практиката може да покаже дека малцинството било во право.
Крсте Црвенковски

Приврзаник сум единствено на таков политички систем кој ги усреќува луѓето.
Рихард Јакопич

Би требало политиката да биде грижа за доброто на народот. Според она, пак, што го посматраме од ден на ден, политиката е грижа за доброто на народните паразити.
Рихард Јакопич

Најголем политички фактор на светот е стомакот. Тоа е машина која придвижува сè.
Франо Супило

Политиката не е занает. Таа е борба на идеологии. Борба на христијанството против безбожништвото, реформацијата против папството, а и наша борба против фашизмот-сè е тоа политика.
Михај Кароји

Во политиката можеме да ги избираме само своите непријатели. Пријателите не.
Михај Кароји

Оние што издвоено ги третираат политиката и моралот, никогаш нема да го разберат ни едното ни другото.
Џон Морлеј

Аналите на сите народи сведочат дека потчинет народ секогаш посилно страда од своите по крв кои се во служба на освојувачот, одошто од самите освојувачи.
Едвард Аугустус Фримен

Политиката е егоизам преоблечен во чудовиште на љубов.
Серен Кјеркегорд

Политиката не е некоја одредена уметност како уметноста на цртање што ја создава одреден субјект, тоа е уметност полна со движење зашто настанува од мошне подвижна материја.
Карло Бини

Политиката е Несреќа.
Наполеон I Бонапарта

Во политиката апсурдноста не е хендикеп.
Наполеон I Бонапарта

Моралот и политиката творат една иста работа.
Франческо Доменико Гераци

Великодушноста во политиката не е ретко највистинска мудрост, а големо царство и мали умови тешко одат заедно.
Едмунд Берк

Уметноста на војната е умешност за уништување на луѓе, како што политиката е умешност тие да се измамат.
Жан л Ронд д`Алембер

Човек мора често да го менува своето мислење за секогаш да се согласува со мислењето на својата партија.
Жан-Франсоа д Рец

Луѓето во политииката, како и на болничка постела, се фрлаат од една страна на друга зашто веруваат дека така ќе лежат поудобно.
Јохан Волфганг Гете

Во политичките кризи на чесен човек не му е најтешко да ја врши својата должност; најтешко му е да сфати во што се состои таа.
Луј-Габриел Боналд

За да се води здрава и праведна политика, не е доволно да ги познаваме луѓето; потребно е уште да ги сакаме.
Артуро Граф

Практичната политика се состои во игнорирање на фактите.
Хенри Брукс Адамс

Најмрачните места во пеколот се резервирани за оние што ја задржуваат својата неутралност во кризни  времиња.
Данте Алигиери

Политиката нема никаква врска со моралот.
Николо Макијавели

Политиката не е лоша професија. Ако успеете, ве чекаат многу награди, ако се посрамотите, секогаш можете да напишете книга.
Роналд Реган

Постојат многу принципиелни луѓе во обете партии во Америка, но не постои ниедна принципиелна партија.
Алексис д Торквил

Ми се чини дека политиката веќе неколку години, или можеби дури и предолго, била премногу концентрирана на лево и десно наместо на исправно и неисправно.
Ричард Армур

Сврти се кон политиката или политиката ќе се сврти спрема тебе.
Ралф Надер

Деведесет насто од политичарите се виновни дека останатите десет насто имаат лоша репутација.
Хенри Кисинџер

Политичарот ќе направи сè за да ја задржи својата работа-дури ќе стане и патриот.
Вилијам Рандолф

Лошите политичари во Вашингтон станаа добри луѓе кои не гласале.
Вилијам Е. Сајмон

Наместо на политичарите да им давате градски клучеви, можеби би било подобро да ги промените бравите.
Даг Ларсон

Една од причините зопшто сите ги мразат политичарите е таа што вистината е ретко нивна цел. Но, затоа се моќта и изборите.
Кал Томас

Претпостави дека си идиот и претпостави дека си член на Конгресот. Чекај, пак се повторив.
Марк Твен

Политиката главно се состои од нерегуларности.
Далтон Камп

Политичката мафија триумфира зашто обединетото малцинство дејствуваше против поделеното мнозинство.
Вил Дурант

Политичарот е колега кој ќе ви го положи жиквотот за својата земја.
Тексас Гинан

Земете ги нашите политичари: тие се куп јо-јос-и. Перетседателството е сега крст помеѓу натпреварувањето на популарноста и средното училиште, со енциклопедија на клишеа на првата награда.
Сол Белоу

Тешко е и сериозно да биде стварно морално да се биде прав политичар.
Френсис Бекон

Политичар…оној што би го заобиколил Бога.
Вилјем Шекспир

Набави си стаклени очи и претворај се, како подол политичар, дека го гледаш она што не го гледаш.
Вилјем Шекспир

Лоша влада може да упропасти добра политика, но добра влада не може да спаси лоша политика.
Едлај II Стивенсон

Доста! Доаѓа врерме кога политиката ќе има поинакво значење.
Фридрих Вилхелм Ниче

Посветувајќи ѝ се на политиката интелектуалецот, ако е уметник, му дава печат на својот сензибилитет, ако е мислител на своите моќи на убедување, а во обата случаја својот морален углед.
Јулиен Бенда

Да се биде политичар е нешто како да се биде тренер на фудбал. Морате да бидете доволно паметни за да ја разберете играта, но доволно глупави да мислите дека е битна.
Еуген МекКарти

Не се сметам за достоен да расправам за политиката, но нека ми биде простено да додадам дека немам доверба во демократијата, таа чудна злоупотреба на статистиката.
Хорхе Луис Борхес

Мораме секаде да се сосредоточиме исклучиво на нашите непосредни национални цели. Не смееме да се залажуваме со тоа дека денес можеме да си го овозможиме на себеси луксузот на алтруизмот и светското доброчинителство.
Џорџ Фицџералд Кенеди

Ако сакаш да се занимаваш со политика, да преговараш со владетели, мораш да научиш да го презираш привидот и да не судиш за работите според нивниот надворешен изглед.
Амин Малоуф

Политиката е најблагородна професија. Се откажувате од приватниот живот за да им служите на други.
Беназир Буто

Стравот е изум, религиија, верување, илузија. Ако нема ништо толку илузорно како што е совршен ред и беспрекорна сигурност која ни ја предаваат политичарите, а поради која ја губиме слободата.
Џемјс Хилман

Сите наши парламентарни партии велат да одат натаму, но ниедна од нив нема јасни улични светла на патот по кој имаат намера да тргнат.
Пол Нируп Росмусен

Секое политичко пријателство има своја цел. Штом е постигнато, тоа се распаѓа, а од променетите прилики се создаваат нови врски.
Леополд фон Ранке

Политичарите никогаш не призиваат духови поради ништо; секогаш поради најлошо.
Луис Л. Ламбрих

Политиката нуди вчерашни одговори на денешни проблеми.
Маршал МекЛуан

Стварите на смислата на политиката се втемелување, трајно зацврстување и самоодржување на слободата во облик на држава. Политиката во таа смисла сака слобода за сите.
Карл Јасперс

Политиката ја одредува моралот.
Плотин

Не е важно за кого гласате-две партии се всушност една партија која застапува четири насто луѓе.
Гор Видал

Цел на политиката е праведност, заедно со праведноста мир.
Јозеф Рацингер (Папа Бенедикт XVI)

Конкретна задача на политиката е моќта да ја стави под закрила на правото, управувајќи така со нејзината правилна употреба.
Јозеф Рацингер (Папа Бенедикт XVI)

Дивиот капитализам донесува див индивидуализам.
Валериј Фјодоров

Јас никогаш не ја критикувам својата земја кога сум во странство. Затоа тоа изобилно го надоместувам кога ќе се вратам.
Винстон Черчил

Ако сме обединети, ништо не е неможно. Ако сме поделени, ќе пропаднеме.
Винстон Черчил

Политиката е суров спорт и не ми пречеа ударите од мртов агол.
Барак Обама

Да се биде претседател и да се биде управител на гробишта е мошне слично. Имаш многу луѓе под себеси, а никој не те слуша.
Бил Клинтон

Политиката не е ни наука ни уметност, туку игра за власт и игра со власт. Таа игра не е забава, туку смртно важна работа, и затоа во неа смртта, фанатизмот и калкулациите почесто се јавуваат одошто хумор и смеа.
Карел Косик

Политиката за модерното човештво стана судбина и секој човек низ политички прашања во извесна мера ја разјаснува смислата на својата егзистенција.
Карел Косик

Модрите очи на револуцијата сјајат со нужна суровост.
Луј Арагон

Најголем политички фактор на светот е стомакот. Тој е  машина која придвижува сè.
Луј Арагон

Бидете упорни во добрата вера и праведноста спрема сите земји; бидете во мир и слога со сите; ако религијата и моралот пропишуваат такво однесување, тогаш сигурно така треба да постапува и делотворната политика.
Џорџ Вашингтон

Кога политичар со прст го боде воздухот и зборува за мирољубивата соработка, верувајте на неговиот прст, а не на неговите зборови.
Дезмонд Морис

Стабилноста не значи неподвижност.
Кој не е против нас, тој е за нас.
Јанош Кадар

Ако не можете да ги убедите, збунете ги.
Артур Блох

Под секој камен се крие политичар.
Аристофан

Луѓето чии постапки се мотивирани единствено од корист се наклонети кон переправање; во верата се лицемери, во однесувањето ласкавци, а во политиката превртливци.
Имануел Кант

Leave the first comment