Потребно време за читање: 5 минути

105. Совет

Од многу совети глава не боли? А од малку? A ако нешто друго заболи?

Јас совети не давам баш за некого да не го заболи глава, па да ме обвини и да ми побара лек, а не сум по лекарства. Дури и кога некој ќе ми побара, се разбира помлад од мене, не му давам, туку му препорачувам да познае, дознае, сознае, па после да провери, одмери и домери. И да не го заборави тоа, особено кога нема да го примени.

Јас совети не давам, туку само кажувам, покажувам, докажувам или откажувам. 

Македонски народни пословици и изреки

Кој совет дава, не го боли глава.

Секој само ум ти продаат, а никој не ти помогвит.

Сермијата сама го учи човека.

Паметта не е вов гората, она е по дуњата.

Сто душе ќе прашам, пак ќе изработам ја како што мислим.

Пословици и изреки од народи во светот

Она што треба да го направиш денеска, не го оставај за утре. Она што сакаш да го изедеш денеска, остави го за утре. (Руска)

Варди се од оној кој нема што да изгуби. (Италијанска)

Не кажувај сè што знаеш, не прави сè што можеш, не верувај во сè што ќе слушнеш. (Кинеска)

Барај и ќе најдеш, занемари и ќе изгубиш. (Кинеска)

Прави го најдоброто, останатото остави го. (Кинеска)

Не живеј таму кај што нема судија ни лекар. (Турска)

Не оди пред мудрец, ни зад будала. (Турска)

И други сослушај, и своја памет имај. (Српска)

Не тужи го будалиот, туку совет пружи му. (Српска)

Биди во мир со моќен, војувај со еднаков, направи брз препад против плашлив. (Индиска)

Латински изреки

Времето донесува совет. (Tempus ipsum affert consilium.)

Советувај како старец, донесувај одлуки како зрел човек, дејствувај како младич.

Домисла, гесло, мисла водилка

Ете, јас ве испраќам како овци меѓу волци: значи, бидете мудри како змии и доброќудни како гулаби.
Библија

Намерите се спроведуваат со совет; затоа размисли добро, па води војна!
Библија

Слушај совет и примај поука, за да станеш мудар во твоите последни денови.
Библија

Многумина сакаат да примат откровение, но се глуви за пораки.
Агни Јога

Оној што може да прави разлика меѓу добар и лош совет, нему совет не му е потребен.
Анонимус

Рекле, издумале

Старите ни даваат добри совети за да се утешат оти веќе не се во состојба да даваат лоши примери.
Франсоа Ла Рошфуко

Ништо не даваме толку великодушно како совети.
Франсоа Ла Рошфуко

Не му дели совети на оној кому му требаат пари.
Педро де ла Барка Калдерон

Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи го тоа со свој пример.
Фјодор Михајлович Достоевски

Не ѓубрете духовни пустини.
Станислав Јержи Лец

Од ниедна точка на гледање не треба да се биде слеп.
Станислав Јержи Лец

Кога ќе се најдеш со волк во иста јама, не му го покажувај своето омаловажување.
Станислав Јержи Лец

Оној што не претрпел ништо, не треба да дели совети.
Софокле

Бидете благодарни на совети, а не на пофалби.
Јохан Волфганг Гете

Најглупав занает со кој некој може да се занимава е да дава совети.
Јохан Волфганг Гете

Подобро е да ве советуваат одошто да ви ласкаат.
Николас Боало

Не прашувај од каде дошол советот, само ако е добар.
Конфучиј

Послушајте му го советот на оној што многу знае, а особено на оној што многу ве сака.
Артуро Граф

Бидете секогаш први: први прашајте, да не би морале да одговарате; први барајте, да не би морале да давате; први критикувајте, да не би морале сами да полагате сметка.
Душан Радовиќ

Не трчајте по жени за да не се соочите со оние што бегаат од нив.
Душан Радовиќ

Научи се да работиш сам.
Никогаш не ја ведни главата пред друг.
Води мирен живот и гледај право.
Слушај што ти говорат други,
а прави го она што го сакаш ти.
Максим Горки

На човек во несреќа секој му дава совети, но нека некој се осмели да му ги дава на човек кој плива во среќа и слава!
Бенџамин Франклин

На мудар човек не му треба совет. Будалиот нема да го прифати.
Бенџамин Франклин

Советите примај ги со вино, а употребувај ги со вода.
Бенџамин Франклин

Не го растурајте златото на своите денови: не слушајте здодевни; не обидувајте се да им ја поправате судбината на оние што го промашиле својот живот; не им го подарувајте својот живот на незнајковци, простаци и обични! Тоа се болни цели, лажни идеали.
Оскар Фингал Вајлд

Добар совет секогаш само проследувам. Мене никогаш не ми помага.
Оскар Фингал Вајлд

Запомни дека секој совет што постари им го даваат на млади е пристрасен и оти светот им припаѓа на оние што се бунат.
Џорџ Бернард Шо

Женски совет не е којзнае што, но е глупав оној што нема да го послуша.
Мигел де Сервантес

Да се чувствува и да се размислува, со мало да се биде задоволен, да не се симнуваат очите од метата, да се сочуваат чисти раце и ум, никогаш да не се биде роб, немирење со подлеци, светоста на вистината никогаш да не се издава, да не се искаже никогаш збор кој фали порок или исмева вистина.
Карло Имбонати

Што било да работиш, работи го со својата сила. Погледот вперувај го секогаш горе. Испитувај што е непознато. Труди се секогаш да напредуваш.
Луј Пастер

Разговори и совети има секогаш, освен тогаш кога ни е тоа најпотребно.
Иво Андриќ

Совети се бараат единствено затоа за да не се послушаат: или, ако се послушаат, да се има кому да му се префрлува што ги дал.
Александар Дима Таткото

Никогаш не верувај на совет на човек во неволја.
Езоп

Барај совет од оној што добро владее со себе.
Леонардо да Винчи

Успешен сум само затоа што секогаш послушувам добар совет и потоа го правам токму спротивното.
Гилберт Кит Честертон

Не постои човечки проблем кој не може да се реши ако луѓето едноставно ќе направат како што сум советувал.
Гор Видал

Го правам само она што ми го вели храброста. Мислам дека е паметно да се слушаат совети на други, но на крајот од денот ти си единствениот кој може да каже што е добро за тебе.
Џенифер Лин Лопез

Еден совет, пријателе: не чекај го Судниот ден-секој ден е суден.
Албер Ками

Лоши луѓе даваат најдобри совети.
Агата Кристи

Најважен совет можете да му дадете некому, а тоа е да се појави на ТВ. Тоа е неверојатно празноверно-биди она што си.
Дејвид Фрост

На паметни луѓе не морате да им давате совети.
Бил Козби

Се обидов да избегнам ситуации кај што требаше да давам совети!
Скот Рејмонд Адамс

Понекогаш помага да се караш себеси, да си даваш совети на себеси.
Роберт Лоренс Стајн

Совет на добар пријател е добар совет.
Хомер

Луѓето знаат да советуваат и успешно да зборуваат за јадовите додека сами не ги почувствуваат.
Вилјем Шекспир

Секој проблем може да се реши ако малку размислите, ако побарате совет и работите ги посматрате од вистинска перспектива.
Кенет Бланшард

Потешко е да се прими совет одошто да се одбие подарок.
Жорж Санд

Кој ништо не претрпел, не може да ве советува.
Луциј Анеј Сенека

Бараме совет, а сакаме одобрување.
Чарлс Колтон

Запознај се самиот себеси-е прекрасен и корисен совет; штета е само што старите не се сетиле да ни покажат како да се користиме со тој совет.
Антон Павлович Чехов

Брзањето е лош советник.
Перијандар

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here