33. Одново
Одново почнува штом завршува
ноќ пред ден во која несонот
сосе немир и возбуда
го престорил во игра бескрајна.
Одново завршува штом почнува
ден по ноќ во кој беше тој
и на небо и на земја
како што го знаат и се знае сам:
во убаво време зрак сончев,
во невреме секавица огнена.
Одново продолжува откога
ќе согледа уште колку е далеку
од својата највисока точка
на хоризонтот.